Македонски форум за електроника

Електронски уреди => Бела техника => Topic started by: kiko_juve on 29.07.2013, Monday, 00:44:29

Title: Чудни звуци од електрични апарати. ПОМОШ!
Post by: kiko_juve on 29.07.2013, Monday, 00:44:29
Здраво,
Имам проблем со телевизорот Samsung CZ-21S43N Кога ќе го вклучам по некојси 5-6минути почнува да вади некој звуци (неподносливи за увото) и кога е телевизорот на MUTE. По некојси половина час се губи тој пискотлив звук и се нормализира... но тој половина час е неподносливо.
Истото ми се случува и на 2 неонки (од помалите 60цм) кога ќе ја уклучам истото се случува како и кај телевизорот и кога ќе ја потчукнам се губи тој звук но по некое време пак истото.(реагира на удар)

Ме интересира кој електронски елемент (кондензатор, транзистор....) може да произведува ваков пискотлив звук кој е неподнослив за човечкото уво?

Ви Благодарам однапред!
Title: Одг: Чудни звуци од електрични апарати. ПОМОШ!
Post by: MetallicA on 29.07.2013, Monday, 01:11:21
кај телевизорот овој звук се произведува од вн каскада каде што има осцилации со фрекфенција од околку 16к херзи што е граница на слушниот опсег кај лугето затоа е и неподносливо  ;) hope this helps.....
Title: Одг: Чудни звуци од електрични апарати. ПОМОШ!
Post by: Toma on 29.07.2013, Monday, 01:41:37
Кај ТВ најчесто „пиштењето“ доаѓа од овие (и слични по облик и изведба индуктивитети) елементи а најмалку (многу ретко) од Високонапоскиот трансформатор!
(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/coil_01.jpg) (http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/coil_02.jpg) (http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/coil_03.jpg)
Title: Одг: Чудни звуци од електрични апарати. ПОМОШ!
Post by: GigaWatt on 29.07.2013, Monday, 04:19:11
Во право е Toma, овие звуци најчесто доаѓаат од малку „разгодени“ трансформаторчиња или калеми. Сепак, провери да не случајно има некои суви кондензатори, бидејќи ако се суви, можно е, ако се дел од некое осцилаторно коло, да се има сменето фреквенцијата на осцилирање на осцилаторното коло, а кога ќе загреат малку, по некое време работа, да се враќа (до некаде) во „нормала“ оваа фреквенција, односно, надвор од чујниот опсег ;).

Неонките имаат електронско или класично палење?
Title: Одг: Чудни звуци од електрични апарати. ПОМОШ!
Post by: Lux on 29.07.2013, Monday, 11:53:24
Во некои случаи додека работев со тв на ваквите калемчина им ставав течна пластика одозгора или отстрана при што пиштењето на некои го снемуваше.пробај додека пишти тв со едно пластично цефче да ги допреш да видиш на кои калеми го менува пиштењето да дознаеш во кој калем е штурчето.поз.
Title: Одг: Чудни звуци од електрични апарати. ПОМОШ!
Post by: kiko_juve on 29.07.2013, Monday, 13:45:13
Фала ви многу ќе проверам и ќе ви кажам што бил проблемот.

А неонките се со класично палење не се со стартер... поззз
Title: Одг: Чудни звуци од електрични апарати. ПОМОШ!
Post by: GigaWatt on 29.07.2013, Monday, 16:01:40
А неонките се со класично палење не се со стартер... поззз

Хмммм... чудно. Една од моите исто зуе, ама поради лошата пригушница (не е квалитетна) и не генерира високи фреквенции, туку го има она класично зуење на 50Hz.

Имаше некои шеми за подобрување на работата на неонки со класично палење. Повеќето имаа само еден високонапонски кондензатор од неколку uF додадено во шемата за палење на неонката. Не ми текнува каде се додаваше кондензаторот. Ако некој помни во која тема беа овие шеми, нека стави линк ;).
Title: Одг: Чудни звуци од електрични апарати. ПОМОШ!
Post by: bore on 30.07.2013, Tuesday, 01:05:13
Од кога ќе го лоцираш кое калемче ти зуе најефикасно за решавање на проблемот е со ставање на супер лепак  ;)