Македонски форум за електроника

Аналогна електроника => Радио техника => Приемници => Topic started by: BOBAN on 19.03.2011, Saturday, 19:19:51

Title: Како може да се промене фрекфренцијата на мало радивце ?
Post by: BOBAN on 19.03.2011, Saturday, 19:19:51
 ;)
Вака имам едно мало радивце и е на фрекфренција фм 88-108 MHz тука тегде е фрекфренцијата е сеа како може да ја дотерам до 150 Mhz или поточно за авио банд за леталата да можам да ги слушам
незнам на која фрекфренција беја, ако може пишете ако не пак пишете да знам :)
Title: Одг: Како може да се промене фрекфренцијата на мало радивце ?
Post by: batka on 19.03.2011, Saturday, 19:35:16
Прво,ако можеш сликај или побарај шема.Ако немаш општо правило ( и најлесно е!) да додадеш кондензаторче 10-20 пф паралелно со променливиот  кондензатор (оној со кој се бираат станици,ако го има!).Ако принципот е друг ( автоматско бирање!) тогаш е нешто посложена постапката! Види дали има 1-2-3 меѓуфреквентни трансформатори ( ако е суперхетеродински  приемник!!),па по боја треба да видиш кој е за локалниот осцилатор и со вртење на јадрото да го раздесиш,односно да отидеш во + или - од основната фреквенција.За точно да го изработиш тоа,треба да имаш барем некој фреквенц метар или друг уред...
Title: Одг: Како може да се промене фрекфренцијата на мало радивце ?
Post by: BOBAN on 19.03.2011, Saturday, 19:41:07
Ова е мало радивце и станиците се бираат на 3-те кочиња/дугмина како што е на сликата, а за шема тешко е да се најде овие изгледа кинески се.
Пробав со растегнување на калемот да ја променам фрекфренцијата но слабо некако пак се слушаат овие фб станици  :) А за кондензатор негледам никаков, освен само одоздола има IC па во него ако има  ;D ;D ;D
Title: Одг: Како може да се промене фрекфренцијата на мало радивце ?
Post by: DX-er on 19.03.2011, Saturday, 20:17:11
Имам вакво радивце. Мислам дека не се исплати да се пробува бидејки резултатот највероватно ке е 0
Title: Одг: Како може да се промене фрекфренцијата на мало радивце ?
Post by: batka on 19.03.2011, Saturday, 20:36:20
Најди некое постаро радивце ( транзисторче) со обичен кондензатор за барање на станици,полесно  се раздесува... ;)
Title: Одг: Како може да се промене фрекфренцијата на мало радивце ?
Post by: BOBAN on 19.03.2011, Saturday, 20:40:50
Мислиш со потенциометарче ?
Title: Одг: Како може да се промене фрекфренцијата на мало радивце ?
Post by: Steff_Maja on 19.03.2011, Saturday, 23:04:42
Quote
Мислиш со потенциометарче ?

Да. Во првиот пост има кажано дека за ваквите автоматски е посложено.
Title: Одг: Како може да се промене фрекфренцијата на мало радивце ?
Post by: Urahara on 19.03.2011, Saturday, 23:06:06
Авио-бандот е од 108-137 MHz, нема ништо на 150 MHz.
Title: Одг: Како може да се промене фрекфренцијата на мало радивце ?
Post by: DX-er on 19.03.2011, Saturday, 23:08:30
Од 108-180 МХз има многу за слушање, тамо се таксисти, некои фирми, авио банд, радио аматери. Порано тамо биле и службите ама сега се префрлени на дигитални уреди
Title: Одг: Како може да се промене фрекфренцијата на мало радивце ?
Post by: BOBAN on 19.03.2011, Saturday, 23:38:22
Фала што се потрудивте, ќе побарам такво и радивце  ;D ;D ;)
Темава ја затворам  :)
Title: Одг: Како може да се промене фрекфренцијата на мало радивце ?
Post by: BOBAN on 11.06.2011, Saturday, 21:06:11
Еве само што најдов такво радивце со потенциометарче, има АМ и ФМ .
На сликиве се гледа дека има 2 променливи кондензаторчиња е сега на кое да ставам паралелно 2 кондензатори од по 10-20 пф ?
И дали може од 22 пф, дека немам во моментов затоа  :)

Сликите на радивцето:
(http://pic.mk/images/slika01307818895.jpg)
(http://pic.mk/images/slika0025.jpg)
(http://pic.mk/images/slika0026.jpg)
(http://pic.mk/images/slika01307819076.jpg)
(http://pic.mk/images/slika0028.jpg)
(http://pic.mk/images/slika0029.jpg)
(http://pic.mk/images/slika0030.jpg)
Title: Одг: Како може да се промене фрекфренцијата на мало радивце ?
Post by: JovanOH on 12.06.2011, Sunday, 10:46:56
Кондензаторите што треба да се стават од по 10-20pF треба да се електролитски или...?
Title: Одг: Како може да се промене фрекфренцијата на мало радивце ?
Post by: ShAdOw on 12.06.2011, Sunday, 10:57:53
Кондензаторите што треба да се стават од по 10-20pF треба да се електролитски или...?

Не, тие треба да се керамички кондензатори ;).

(http://pic.mk/images/2921253.jpg)
Title: Одг: Како може да се промене фрекфренцијата на мало радивце ?
Post by: BOBAN on 12.06.2011, Sunday, 12:21:30
абе има 2 пром.. кондензатори, го најдов тој за Фм и како сеа да му го клам кондензаторчево од 22 пф, ги допрев сите водови со водовите на кондензаторчето и нејќи ;D
Title: Одг: Како може да се промене фрекфренцијата на мало радивце ?
Post by: Devil on 12.06.2011, Sunday, 12:39:28
тие со црвено и жолто штрафче не се кондензатори, тоа се калеми :)
треба да го измениш и тој големиот калемот на ферит што е, најверојатно треба да се домотаат уште намотки, исто така има и некои намотки низ него на плоча, тие трба да се стеснат или расшират, а кондензаторите променливи се во внатрешноста на тој големиот за промена на фреквенција, односно на тој за бирање канал, извади го тоа капачето црно и ќе забележиш дека во секој ќош има по едно штрафче и малечки променливи кондензатори, со нив се менува осетливоста на тој големиот :)
Title: Одг: Како може да се промене фрекфренцијата на мало радивце ?
Post by: Malecko on 12.06.2011, Sunday, 12:41:34
Weekend Project: Aircraft Band Receiver (http://www.youtube.com/watch?v=5kvxjNeWMxs#)
Title: Одг: Како може да се промене фрекфренцијата на мало радивце ?
Post by: BOBAN on 12.06.2011, Sunday, 12:51:27
ахм  ;D
Title: Одг: Како може да се промене фрекфренцијата на мало радивце ?
Post by: JovanOH on 12.06.2011, Sunday, 19:56:24
Ке може да се измери фрекфенцијата на радиото што ја прима. И ако може како?
Title: Одг: Како може да се промене фрекфренцијата на мало радивце ?
Post by: ivica.s on 12.06.2011, Sunday, 20:32:20
Ке може да се измери фрекфенцијата на радиото што ја прима. И ако може како?

Ти треба мерач на фреквенција кој може да работи безконтакнто т.е. само ќе го приближиш до радивцето и ќе ја покаже фреквенцијата на локалниот осцилатор. Е сега, фреквенцијата што ја прима радивцето е фреквенцијата што ја покажува мерачот на фреквенција минус 10.7 MHz за ФМ опсегот, или фреквенцијата минус 455 KHz за АМ опсегот.
Title: Одг: Како може да се промене фрекфренцијата на мало радивце ?
Post by: JovanOH on 12.06.2011, Sunday, 20:43:40
Значи со мултиметар тешко  :'(
Title: Одг: Како може да се промене фрекфренцијата на мало радивце ?
Post by: GigaWatt on 12.06.2011, Sunday, 20:55:13
Значи со мултиметар тешко  :'(

Нема теорија. Во RF подрачјето напонот и струјата како концепт малку се „губат“, ако можам така да се изразам ;).
Title: Одг: Како може да се промене фрекфренцијата на мало радивце ?
Post by: DX-er on 12.06.2011, Sunday, 21:51:23
Е сега, фреквенцијата што ја прима радивцето е фреквенцијата што ја покажува мерачот на фреквенција минус 10.7 MHz за ФМ опсегот, или фреквенцијата минус 455 KHz за АМ опсегот.
Како ова? Не сваќам
Title: Одг: Како може да се промене фрекфренцијата на мало радивце ?
Post by: ivica.s on 12.06.2011, Sunday, 23:15:36
Е сега, фреквенцијата што ја прима радивцето е фреквенцијата што ја покажува мерачот на фреквенција минус 10.7 MHz за ФМ опсегот, или фреквенцијата минус 455 KHz за АМ опсегот.
Како ова? Не сваќам

Еве како, на пример ти сакаш да слушаш радиостаница на фреквенција од 100 MHz на ФМ опсегот, и овој сигнал доаѓа до антената од радиото.

Во радиоприемникот имаш локален осцилатор чија фреквенција ја менуваш со копчето за бирање на станици.

Фреквенцијата на овој локален осцилатор е за 10.7 MHz повисока него ли фреквенцијата која сакаш да ја слушаш, значи ќе биде 110.7 MHz во случајов.

Зошто?

Еве зошто, овие два сигнали (од антената 100 МHz и од локалниот осцилатор 110.7 MHz) одат во мешачот (миксерот) и овој склоп создава два сигнали, 110,7 + 100 МHz=210.7 MHz и уште еден 110,7 MHz - 100 MHz=10.7 МHz. (значи создава збир и разлика од фреквенциите)

Првиот сигнал не важен превисока му е фреквенцијата, важен е вториот од 10,7 MHz.

Е сега на крај зошто оваа компликација ја има во приемниците, е затоа што на времето било тешко да се засилуваат директно сигналите од антената, 100 MHz било превисока фреквенција за засилување, немало такви ламби и транзистори што можеле да засилуваат на таа фреквенција, мислам имало ама биле скапи и ретки и сл.

10.7 МHz било многу полесно да се засили, него ли 100 МHz.

Покрај тоа што денеска има транзистори што можат да засилуаваат многу добро на овие фреквенции ова е нешто останато како традиција од тогаш, и има овој систем и некои други предности, на пример голема селективност и осетливост и сл.

Слична ситуација е и за АМ опсегот.

Се надевам дека е појасно, или не е.  ;D

За повеќе информации:

Code: [Select]
http://en.wikipedia.org/wiki/Super_Heterodyne_receiver
Title: Одг: Како може да се промене фрекфренцијата на мало радивце ?
Post by: batka on 12.06.2011, Sunday, 23:44:55
Е,помеша некои работи : Влезниот дел на УКТ приемниците е широкопојасен,прима фреквенции во многу поширок опсег од декларираниот.Кога ке се засили се носи во мешачот кој е врзан со локалниот осцилатор.Овој локален осцилатор  работи на пониска фреквенција од приемната и тоа точно за 10,7м Мхз.Постори продукт детектор кој ја детектира разликата и го носи сигналот на МФ појачувачот со точно 10,7 Мхз пропусливост (ако има стерео сигнал тој се декодира посебно) .Понатаму се детектира НФ сигналот и се носи на НФ појачувач и звучник.На антената на приемникот доаѓаат многу сигнали ,со ниска и повисока фрекв. меѓутоа локалниот осц.( или ПЛЛ-от) е тој кој дава фреквенција која се одзема и се добива точно меѓуфреквенцијата.Не знам дали ме разбра,ама локалниот осц. нема 10,7 мхз и не ја подигнува фрекв. во случајов.Постојат приемници со директна конверзија каде постои продукт детектор кој може да даде двојна фреквенција,па можеш да ја одбираш дорната или долната,ама тоа е друга приказна.
Title: Одг: Како може да се промене фрекфренцијата на мало радивце ?
Post by: ivica.s on 13.06.2011, Monday, 12:32:04
Quote
Влезниот дел на УКТ приемниците е широкопојасен,прима фреквенции во многу поширок опсег од декларираниот.

Ова е точно само за некои приемници. Кај повеќето влезниот дел е составен од предпојачало кое има резонантно коло, значи засилува  само една (теоретски) фреквенција. Со променливиот кондезатор се мести и фреквенцијата на предпојачалото и фреквенцијата на локалниот осцилатор, ако е еден тој е составен од повеќе секции, кои се вртат заедно.

(http://pic.mk/thumbs/am1004copy.jpg) (http://pic.mk/?v=am1004copy.jpg)


Quote
Овој локален осцилатор секогаш работи на пониска фреквенција од приемната и тоа точно за 10,7м Мхз.

batka, кај 99 % од приемниците за ФМ опсегот локалниот осцилатор работи на фреквенција која е за 10,7 MHz повисока од приемната.

Ако не веруваш земи два радио приемници (ама постари да бидат со рачно местење на станиците, а не дигитално)  и едниот намести го точно на 90 MHz a вториот донеси го блиску до првиот и некаде на 100.7 MHz треба да слушнеш сигнал, т.е. шуштењето треба да престане, ама нема звук, ова ти е сигналот од локалниот осцилатор на првиот приемник.

Поновите приемници од мобилните телефони на пример, работат со многу пониска меѓу  фреквенција од 70 до 300 KHz, слично на TDA7000.
Title: Одг: Како може да се промене фрекфренцијата на мало радивце ?
Post by: DX-er on 13.06.2011, Monday, 12:36:50
Поновите приемници од мобилните телефони на пример, работат со многу пониска меѓу  фреквенција од 70 до 300 KHz, слично на TDA7000.
Зошто новите се на уште пониска фрекфенција кога сега фетовите за засилување на 100MHz се евтини ?
Ме интересира и ова, нели модулираниот сигнал кај ФМ станиците е некаде 70 или 250KHz, и како модулација со таква фрекфенција ке ја смалиш на 70 до 300КХз носечки сигнал без да се изобличи звукот и да настане лош звук?
Title: Одг: Како може да се промене фрекфренцијата на мало радивце ?
Post by: ivica.s on 13.06.2011, Monday, 12:51:59
Поновите приемници од мобилните телефони на пример, работат со многу пониска меѓу  фреквенција од 70 до 300 KHz, слично на TDA7000.
Зошто новите се на уште пониска фрекфенција кога сега фетовите за засилување на 100MHz се евтини ?
Ме интересира и ова, нели модулираниот сигнал кај ФМ станиците е некаде 70 или 250KHz, и како модулација со таква фрекфенција ке ја смалиш на 70 до 300КХз носечки сигнал без да се изобличи звукот и да настане лош звук?

Затоа што за оваа меѓуфреквенција ти треба филтер кој ќе ја пропушта само неа, филтер за 70 до 300 КХз може да се направи и со отпорници и кондензтори значи ќе биде без намотка и ќе биде многу помал него овај за 10.7 МХз за кој мора да има подесива намотка.

Друго бидејќи е составен само од отпорници и кондензатори може и дирекно да се стави на чип, ставање на намотки со голема индуктивност на чип е невозможно.

Значи поради помали димензии и помала цена.  ;D
Title: Одг: Како може да се промене фрекфренцијата на мало радивце ?
Post by: GigaWatt on 13.06.2011, Monday, 14:27:55
Затоа што за оваа меѓуфреквенција ти треба филтер кој ќе ја пропушта само неа, филтер за 70 до 300 КХз може да се направи и со отпорници и кондезтори значи ќе биде без намотка и ќе биде многу помал него овај за 10.7 МХз за кој мора да има подесива намотка.

Друго бидејќи е составен само од отпорници и кондензатори може и дирекно да се стави на чип, ставање на намотки со голема индуктивност на чип е невозможно.

Значи поради помали димензии и помала цена.  ;D

Претпоставувам ова е една од причините поради кои нема интегрирани тјунери за телевизори ;D. Само модули има ;) ;D.
Title: Одг: Како може да се промене фрекфренцијата на мало радивце ?
Post by: ivica.s on 13.06.2011, Monday, 14:29:44
Затоа што за оваа меѓуфреквенција ти треба филтер кој ќе ја пропушта само неа, филтер за 70 до 300 КХз може да се направи и со отпорници и кондезтори значи ќе биде без намотка и ќе биде многу помал него овај за 10.7 МХз за кој мора да има подесива намотка.

Друго бидејќи е составен само од отпорници и кондензатори може и дирекно да се стави на чип, ставање на намотки со голема индуктивност на чип е невозможно.

Значи поради помали димензии и помала цена.  ;D

Претпоставувам ова е една од причините поради кои нема интегрирани тјунери за телевизори ;D. Само модули има ;) ;D.

Веројатно тоа е.  :)