Македонски форум за електроника
Аналогна електроника => Аудио техника => Звучници => Topic started by: bumbar on 16.04.2019, Tuesday, 21:06:13
-
..Почнувам со изработка на звучни кутии според дизајн на Sonus Faber Extrema.
...Ми треба мала помош при купување на басовите. Во оригиналните вградени се басови од 200 мм (190 мм).
За високотонци одбрав Visaton SC 10 N (oд Логинг). Ако имате друга опција - пишете само ако сте биле сведок на добар звук...
Зошто го правам тоа кога на огласи можам да си купам звучници IQ за 9.000 денари?
Пред неколку недели прочитав текст на српско-хрватски форум за тоа дека со евтините SAL звучници може да се добие одличен звук само и само доколку се подесат скретницата, волуменот, дампирањето...Всушност текстот е од 2004 година, но успеав да се убедам дека може да се направат такви звучници...Па, си реков - ај да видиме, лебати. И да се надевам дека од нив нема да излезе звук како Голф-двојка што има сида...
Прошетав низ три продавници во Скопје каде нудат „голи“ звучници и огласи по интернет во МКД, но Visaton басовите ми се скапи за таква авантура, така што предвид доаѓаат поевтини.
На пример Fenton 902.426 (Зец-електроникс) што чини 2.200 денари...Има ли некој искуство со тоа парче звучник?
Предлози?
-
Басот...
FENTON 902.426
2.200,00 ден
Details
Hi-Fi band-pass woofers with reinforced Kevlar cones that can easily handle power peaks. Heat resistant 4 layer voice coil. Impedance 8 Ohm.
Large magnet
Vented, heat-resistent voice coil
Rubber surround
Kevlar cone
Additional Information
Power max. 500W
Power rms 250W
Speaker size 8 inch (200mm)
Impedance 8 Ohm
Frequency response 27Hz – 6KHz
SPL @ 1W/1m 85,5dB
Voice coil 4 Layer
Magnet weight 40 oz – 1.1kg
Високотонецот
Звучник-високотонец за во кутија SC 10 N
VS-SC-10N
Номинална RMS моќност 100 W
Максимална RMS моќност 150 W
Номинална импеданса 8 Ω
Фреквентен опсег 1000-20000 Hz
Ниво на притисок (1W/1m) 90 dB
Резонантна фреквенција fs 1.500 Hz
Магнетна индукција 1,3 T
Mагнетен флукс 210 µWb
Дијаметар на намотката 25 mm
Димензија на отворот за монтажа 85 mm
Тежина 0,55 kg
D.C. отпорност Rdc 6,9 Ω
Ефективна подвижна површина Sd 5 cm²
Динамичка тежина Mms 0,1 g
Индуктивност 0,04 mH
-
Да ти каже Батка- прво, пред да купиш прочитај неколку постови одмене или од други форумџии како да одбереш звучници и направиш звучни кутии. Има многу табели и совети за одбирање на резната фреквенција,а најбитно е да не го промашиш потребниот волумен на кутијата. Басот е со кевлар мембрана со многу висока горна фреквенција од 6 Кхз ( скоро ги полни средните!) , па внимателно со свртницата! Високотонецот со долна фреквенција од 1Кхз е малку нелогична направија и ке ти треба не добар прорачун(формула) ,ами добро уво ! Ако се одлучиш за ова варијанта, посоветувај се со некој кој малку се одбира од звук и звучници од непосредната твоја околина. И она- се одлучив според дизајн на Sonus Faber Extrema, не држи. Тој дизајн е за други драјвери, сигурно!
-
...Batka - знам дека дизајнот не е за секој звучник и дека одзади тој звучник има пасивен радијатор и дека нему свртницата му е отпорник/калем.кондензатор....
Затоа и насловот на оваа тема е - „Сонус од Скопје“...
За скретницата имам намера да ја направам по мерења на двата звучника....наспроти овие дадени во спецификациите.
Сакам да направам звучници од евтини драјвери од кои може да се слуша звук што не мора да ја обои мојата аура, но може да придонесе за колорит на звуци во собата...
-
Во ред- евтини звучници. Само не очекувај премногу. Ако сакаш рез од 2000 до 3500 хз пази на резонантната фреквенција од 2700 хз. Басот вака гледано би одговарал на компресиона кутија, а свртницата......... треба многу полека и внимателно. Битно е да ти легне на увце.
-
Зошто го правам тоа кога на огласи можам да си купам звучници IQ за 9.000 денари?
Пред неколку недели прочитав текст на српско-хрватски форум за тоа дека со евтините SAL звучници може да се добие одличен звук само и само доколку се подесат скретницата, волуменот, дампирањето...Всушност текстот е од 2004 година, но успеав да се убедам дека може да се направат такви звучници...Па, си реков - ај да видиме, лебати.
Не е дека не се во право. Со „штимање“ на кутијата и свртницата всушност тоа се прави - се вади максимум од евтините звучници ;). Не дека на скапите ќе им пречи ако им направиш добра свртница и кутија ;D, туку муабетот е дека, генерално, ако е добар звучникот, не може да звучи катастрофално дури и ако промашиш нешто ;).
За понатаму, би го оставил batka да коментира, јас сум одамна надвор од овие води :P :D.
-
Еве нешто па прво прочитај , бидејќи во спецификацијата за звучниците не се дадени никакви Thiele-Small параметри , па да не пресметуваш формули и слични глупости ке ти дададм некои смерници.
Прво- табела со пресметан волумен на кутијата спрема големината на басот. Во обзир идат за твојот втората и третата пресметка. Овие пресметки се за бас рефлекс кутија.Другото прочитај го , па ке дискутираме.
-
...Batka - Имаш право за т.н. бас кој оди „у средно“ поради 6kHz како и високотонецот што „почнува“ од 1 кHz...Но, тој на прв поглед ми изгледаше ОК (видов дека има магнет за разлика од останатите каде магнетот е тенок колку и пишиите на мојата свекрва)...Фала за ова што си го поставил во атачменти ...читав и твоја дискусија и на МТ на овој форум......
Гигават - Скап звучник сигирно дека нема да “олади“ при свирење, но замислата ми е - поевтини звучници за вградување...Се надевам дека ќе погодам после се...
Значи - НИКОЈ нема искуство со тој бас или високотонец, ниту пак понуди некој друг звучник со цена „под милион“...
-
Што си се запнал со искуство за тој звучник!?? Без да го видам ти кажав што мислам за него: кевлар мембрана, широк опсег до 6 кхз, бас- среднотонец во најлош случај. Прескап за парите, очаен високотонец ( високотонец со долна фреквенција 1 Кхз !?????) Страотија. Ама, ако толку ги бендиса ти пишав - гледаај да не ја утнеш многу литражата на кутијата. Она скица за 8 инчна кутија засечена наназад со два бас рефлексни отвори во вид на тријаголник на страните би ти одговарала.Треба малку столарска вештина. За свртница - експериментирај малку.