Македонски форум за електроника
Електронски уреди => Бела техника => Topic started by: Mkdsime on 14.08.2019, Wednesday, 19:36:56
-
На микрото ми изгоре високо напонскиот кондензаторот(има кус спој) со вредност 0.92uF +-3% 2100V (со толеранцијата би бил некаде 0.89-0.95uF), моментално имам еден половен да го заменам но со малку поголема капацитивност 1.05uF +-4% 2100V (измерен 1.07uF). Дали одговара да го заменам?
-
На твое место јас би го сменил без многу размислување, блиску се со вредноста, ама нека пише некој што повише се разбира во оваа тематика... :)
-
Фала за одговорот. Го сменив проработе, но ја пробав со помала јачина, ставив на 600W од 800W max. И вака грее брзо.
За во иднина да знам дали има некоја проценка за високо напонски кондензатори колку би било во ред да се отстапи од дадената капацитивност?
-
Немам некое искуство со микробранови, но... си пробал да го мериш напонот на краевите на кондензаторот? Можеби е на граница, можеби е блиску до максималниот пробивен напон на кондензаторот, затоа грее ;).
-
Грее микробрановата, не кондензаторот ;).
Иначе на него има 2000V, обичните мултиметри одат до 1000V максимум, треба високонапонска сонда или да се импровизира некој разделник на напон.
-
Иначе на него има 2000V, обичните мултиметри одат до 1000V максимум, треба високонапонска сонда или да се импровизира некој разделник на напон.
Па на тоа и мислев... освен тоа, најверојатно ќе треба да се користи осцилоскоп бидејќи станува збор за микро-бранови, напон и струја со многу висока фреквенција. За да измериш, класичен мултиметар, дури и ако е True RMS, нема да заврши работа за волку високи фреквенции :-\.
-
кондензаторот е за да резонира магнетронот, чим грее во ред е, иначе ќе ја изместиш фрекфенцијата со што ќе се намали ефикасноста.
-
Хм... интересна информација :).
-
кондензаторот е за да резонира магнетронот, чим грее во ред е, иначе ќе ја изместиш фрекфенцијата со што ќе се намали ефикасноста.
Мала исправка, кондензаторот, заедно со високонапонската диода, и самото својство на магнетронот да се однесува како диода, формираат прост полубранов удвојувач на напон. Порано бев фасциниран колку биле паметни да искористат внатрешно својство на магнетронот како компонента во колото што треба да го напојува истиот... Еве подетално:
https://deanostoybox.com/mot_power_supply.htm
-
Хммм... интересен текст, со огромен број на симулации ;). Си го зачував во doc, еве го ако некој сака да го симне ;).
https://cloud.mail.ru/public/4fTw/2HwXTMiU2
https://www.asuswebstorage.com/navigate/a/#/s/245DF76FA49A4AF98FCFD6D030CC7520Y
https://app.box.com/s/rl700hd61kgozmwtbvqx3emdlftcuk0e
-
Не сфатив дека не одговорив на прашањето.
Дали одговара да го заменам?
Било кој кондензатор над 2000V и над 800nF ќе заврши работа, менувај без размислување. ;)
-
Било кој кондензатор над 2000V и над 800nF ќе заврши работа, менувај без размислување. ;)
Сменето. Веќе една недела работи без проблем.
Фала за во иднина нема да се двоумам толку :)