Македонски форум за електроника

Аналогна електроника => Сè останато => Topic started by: DS on 12.10.2020, Monday, 22:59:23

Title: Прашање за поврзување на проточен бојлер
Post by: DS on 12.10.2020, Monday, 22:59:23
Во бањата моментално имам 2kW 80l  бојлер монофазен(кој е поврзан на две чешми, онаа со туш и чешма во лабавото. сакам да поврзам проточен бојлер. дали е можно? која јачина? ми рекоа наводно требало дозвола од евн... се работи за нова зграда.

Ви благодарам :)
Title: Re: Прашање за поврзување на проточен бојлер
Post by: bicikle on 13.10.2020, Tuesday, 02:06:38
Е за дозвола не знам, ќе ти треба 17-24kw бољер и нови кавли од табла до него, 3 фази.
Title: Re: Прашање за поврзување на проточен бојлер
Post by: DS on 13.10.2020, Tuesday, 02:15:47
гледам има монофазни 8kW. тие нема да вршат работа?
Title: Re: Прашање за поврзување на проточен бојлер
Post by: krema on 13.10.2020, Tuesday, 02:53:44
Зависи каков кабел има моментално од од табла до бојлерот.
Title: Re: Прашање за поврзување на проточен бојлер
Post by: GigaWatt on 13.10.2020, Tuesday, 11:10:29
Зависи каков кабел има моментално од од табла до бојлерот.

Па и не само тој кабел... зависи колку се дебели и каблите до таблите. Ако се користи заеднички за до сите станови на спратот, зависи колку е дебел доводниот... а и оној кој ја врзува зградата за градската мрежа. Ако е нова зграда, нема да ме чуди да се штедело од тој аспект.
Title: Re: Прашање за поврзување на проточен бојлер
Post by: Bojan on 13.10.2020, Tuesday, 11:26:46
обично такви бојлери се поврзуваат со 5х4мм^2 кабел што не ми се верува дека има таков кабел пуштен до вц а за тоа дозвола од евн дека треба за тоа првпат слушам...
Title: Re: Прашање за поврзување на проточен бојлер
Post by: MarkoMK on 14.10.2020, Wednesday, 21:49:27
Провери колкави ти се главните осигурачи кај струјомерите што се.

Од ЕВН, во зависност од побараната моќност од инвеститорот на зградата се ставаат соодветни главни осигурачи.

Пр. Ако инвеститорот побарал 10 kW по броило, ограничен си со пр.25 А осигурачи (ова како пример немора да се точни бројките). Е сега ти ако повлечеш 24 kW ќе ја надминеш одобрената моќност.  Веројатно ќе треба да побараш од ЕВН поголема моќност, односно да ги сменат осигурачите со поголеми, ако задоволуваат другите компоненти (довод, кабел до стан итн..)
Title: Re: Прашање за поврзување на проточен бојлер
Post by: bicikle on 15.10.2020, Thursday, 12:02:23
гледам има монофазни 8kW. тие нема да вршат работа?
не
барај трифазен
мораш нов кабел од табла до бољер, освен ако нема веќе  5х4мм^2 како што кажаја. na 2,5mm^ можеш максимум 6kw и тоа со пазење
Title: Re: Прашање за поврзување на проточен бојлер
Post by: milika on 17.10.2020, Saturday, 09:08:59
Акo ти е стaрa згрaдaтa oбaвезнo мoјaтa oд 62рa пo25 пo фaзa.Акo е стaрa oбaвезнo нoв дoвoд a тoa чини
Title: Re: Прашање за поврзување на проточен бојлер
Post by: trouble92 on 14.08.2022, Sunday, 00:23:23
Здраво, сакам да се надоврзам на темата, а воедно и да прашам. Сакам да поставам проточен бојлер (сеуште не знам колку kW) но околу поврзувањето и проводниците... планирам да пуштам кабел 5x6mm од таблата со осигурачи до бојлерот, па и да се стави бојлер со поголема моќност да нема проблем(тоа 21/24 kW). Сега... ако ставам бојлер со моќност 21/24 kW ќе ставам осигурачи од 40 ампери на секоја фаза, а ако биде помал како 15/18 kW планирам да ставам 32 ампери осигурачи. Што мислите околу ФИД склопката дали да ја поврзам на цел стан заедно со проточниот бојлер и колку ампери да биде таа или 2 фид склопки да ставам посебно за бојлерот посебно за се останато и колку ампери би биле тие. Исто така што мислите околу 3 те главни осигурачи за доводод до таблата со осигурачи колку ампери би ги ставил тие... ? инаку доводод до таблата со осигурачи мислам дека беше 5x6mm. Ви благодарам
Title: Re: Прашање за поврзување на проточен бојлер
Post by: LordZi on 14.08.2022, Sunday, 10:14:39
Не сум електричар, но имам на неколку места сретнато дека е пожелно бањата да има своја посебна фид склопка, така да јас доколку сум во можност би играл така. Пресекот на кабелот мислам дека ти е соодветен према моќноста. За другото нека каже некој попаметен...
Title: Re: Прашање за поврзување на проточен бојлер
Post by: mikromk on 14.08.2022, Sunday, 19:56:08
Не сум попаметен ,но постар сум.Не сум ни електричар,но техничко лице сум.
Прво провери точно кој пресек е доводниот кабел и дали е Бакарен или алуминиумски,
Второ проври ги главните осигурачи колкави се,
Трето провери за колку ампери (снага) е броилото,обично се 40А,
Проточен бојлер од 24Кв со напон 400в влеци над 35А,овие податоцитреба да ги имаво упутството,
Фид исклуциво посебно за бојлерот осетливост од 20-50мА
Нема логика да се купува проточен бојлер над 18Кв
Title: Re: Прашање за поврзување на проточен бојлер
Post by: trouble92 on 15.08.2022, Monday, 00:46:42
Доводниот кабел до таблата со осигурачи? Бакарен е и мислам дека е со пресек од 6 mm². Главните осигурачи се стари за секоја фаза по 25A, но ќе ги заменам со нови најверојатно 40А  бидејќи ако е 18 kW проточниот бојлер на секоја фаза би требало да има по 32 А осигурач само за него... Проблемот е што не знам дали би имало место за 2 фид склопки а тешко према просторот дека ќе може да се постави поголема табла за осигурачи... И јас би се одлучил за 2 фуд инаку... Што мислите дали е сето ова во ред и што мислите околу фид склопката дали би била доволна 20-50 mA(мислам да се одлучам за 30mA) 40А за цел стан заедно со проточниот? Во таблата би имало околу 20тина осигурачи значи 24ка табла.
Title: Re: Прашање за поврзување на проточен бојлер
Post by: mikromk on 15.08.2022, Monday, 13:17:15
Нешто е нелогично ,25А осигурачи за кабел 6 мм2.Осигурачите го ститат кабелот од преоптеретување.Провери го пресекот на кабелот.
Јас  би го намалил бројот на осигурачи и би ставил два фида, еден стандарден од 300 до 500 мА ,а друг за бојлерот од 30 мА
Title: Re: Прашање за поврзување на проточен бојлер
Post by: trouble92 on 15.08.2022, Monday, 19:01:49
Да, проверив од главните осигурачи до таблата доводот е 5x6mm², моменталните главни осигурачи се топливи осигурачи 25 А, броилото е 60А
Title: Re: Прашање за поврзување на проточен бојлер
Post by: ace1903 on 16.08.2022, Tuesday, 17:06:45
Од искуство проточен бојлер од 21/24кВ со вода како скопската многу брзо станува непроточен бојлер. Можеби во Битола Крушево ќе потрае нешто повеќе.
Имаш ли потреба од толкава моќност? Во фабрика за прехрамбени производи каде има многу вработени а и опремата се чисти има инсталирано 28кВ и сосема задоволува.
И да, хемиски се чисти секои два до три месеци. 
Подобро консултирај се со некој кој веќе има бојлер колку снага ти е навистина потребно. Можеби 8КВ ќе ти брка работа а и нема да имаш главоболки со кабли и осигурачи.
Снажен бојлер со мал проток на вода многу брзо развива таканаречени жешки точки и горат греачите.
Доколку сепак се одлучиш за 20кВ моја препорака е да инвестираш и во некој систем за омекнување на водата пред да дојде во бојлерот.
Title: Re: Прашање за поврзување на проточен бојлер
Post by: trouble92 on 16.08.2022, Tuesday, 22:30:54
Се работи за во Битола... Можеби 18kW би било најдобро, инаку ти благодарам за советот со водата ќе го имам и тоа во предвид.