Македонски форум за електроника
Други технологии => Автоелектроника => Topic started by: .DVL on 08.12.2010, Wednesday, 20:06:47
-
епа вака како што кажува и насловот сакам да поврзам свирката на акумулатори 24В на камионот.Капакот кај што се акумулаторите да има тастер кога ке се крени капакот да свири свирката и да бегаат крадците >:( дали ке можи вака и ако има некој некоја друга идеја нека кажи оти досега ми имаат украдено 6 акумулатори :-\
-
може да се изведе со прекинувач од којсе користи кај гепекот,или предните врати.
-
може да се стави микро прекинувач!Тој да биде во положба кога е затворен тој не свири а кога е отворен тој свири!Да се стави и НЕ555 и да имаш права сирена!Купи ја од пазар некоја хорна има ем да оглуве крадецот ем да го истепаш и да го фатиш! ;D
-
Исто така можеш да ставиш и онаков прекинувач за микробранова,тој на вратата што е...
На ваков прекинувач мислам http://www.electronix.com/images/47-505.jpg
и штом ти се отвори хаубата преку него да ти ја уклучи свирката,а ти за тоа време ќе си ја земеш безбол палката и има да го/ги направиш џигери! :D :D ;) 8)
-
Можиш и нешто вакно
http://www.instructables.com/id/How-to-build-the-Worlds-Smallest-Electronic-Shock/?ALLSTEPS
па кога ке го кренат капакот да ги здрма малце па кога ке слушнеш оф оф оф викање ке си се изнасмееш а можеби и ке ги фатиш
-
Можиш и нешто вакно
http://www.instructables.com/id/How-to-build-the-Worlds-Smallest-Electronic-Shock/?ALLSTEPS
па кога ке го кренат капакот да ги здрма малце па кога ке слушнеш оф оф оф викање ке си се изнасмееш а можеби и ке ги фатиш
Нема шанси со ова кај има сила ова да те „штипне“.Јас го имам ова направено и само прави мал грч во мускулот ништо повеќе од тоа,а и плус не можеш ова да го поврзеш на хаубата или што и да е метално!Не е ова како бобина или па flyback трансформатор,па само со една жица да опнеш на колата па кој ќе се фати да го издрма.Ова ако ги ставиш двете ноџиња т.е излезите само ќе се спржи транзисторчето и ништо повеќе од тоа. ;D :D :D
-
најдобро решение ти е катанец од најголемите :D :D :D
-
епа вака катанец од поголемите не можи оти имаше сакам со микро тастер со мало мрднување на капакот да почни да свири..... ми треба сирена што ке работи на 24В оти на камион се 2 акумулатори по 12В и дали ке издржи тастерот 320А ???
-
епа вака катанец од поголемите не можи оти имаше сакам со микро тастер со мало мрднување на капакот да почни да свири..... ми треба сирена што ке работи на 24В оти на камион се 2 акумулатори по 12В и дали ке издржи тастерот 320А ???
Ќе издржи,ваљда свирката не е 5KW па да влече 320А :D,не ми се верува да влече повеќе од 16А како што е означено на прекинувачот.И ти не мораш баш свирката и на двата акомулатори да ја поврзеш можеш само на едниот, + и -. ;)
-
Можиш да ја поврзиш свирката на еден акомулатор (12V)
прекинувачите тастерите стави ги паралелно и направи ИЛИ коло со тоа што кога еден нормално затворен прекинувач тастер ќе се активира, ќе засвири.
(http://www.pic.mk/images/sirena.gif)
-
Можиш да ја поврзиш свирката на еден акомулатор (12V) прекинувачите стави ги паралелно и направи ИЛИ коло со тоа што кога еден нормално затворен прекинувач ќе се активира, ќе засвири.
(http://www.pic.mk/images/sirena.gif)
ке пробам само наместо вака како со ти е на сликата мози да се стават 2 тастери паралелно барем еден да се уклучи да свири
-
нели на камионите 2та акумулатори се врзани паралелно како тогаш 24волти или се лажам
-
нели на камионите 2та акумулатори се врзани паралелно како тогаш 24волти или се лажам
да да паралелно се врзани 2 х 12В