Македонски форум за електроника

Други технологии => Автоелектроника => Topic started by: batka on 25.09.2010, Saturday, 18:03:21

Title: Аларм на потрес за скутер
Post by: batka on 25.09.2010, Saturday, 18:03:21
Имам размислување да направам аларм на потрес за скутер,поради големиот интерес за тоа.Иако времето се расипа,до пролет верувам дека идејата ке ја реализирам. :D :D :DОснова на уредот е пиезо
базер кој се леми на плочката,а на него се лепи тег од 10-20-30 гр. во вид на цилиндер кој при придвижување дава (ствара) напон на краевите.Овој напон го придвижува ИК па се активира транзисторот и релето.Релето треба да биде врзано со + на аку.и сирената на скутерот.Има ли некој друг поинаква  идеја!?
Title: Одг: Аларм на потрес за скутер
Post by: Bojan on 25.09.2010, Saturday, 18:13:41
па нема ли напонот што ке го прави базерот да биде многу мал???
Title: Одг: Аларм на потрес за скутер
Post by: LordZi on 25.09.2010, Saturday, 18:34:56
Јас имав направено таков, со години работеше беспрекорно на мојот мотор (MZ250), иначе мојот беше со два тастер-прекинувачи за тилт, извадени од стар pinball флипер, а електрониката беше со NE555. Комплетната документација ја пратив во Емитер и го објавија овој аларм во бројот 6/1999. Ако не можеш да најдеш вакви тастер-прекинувачи, можеш да си направиш исти од парченце еластичен челик со штраф на крајот и со додавање и одземање мутери на штрафот можеш да го дотераш да реагира (да дава контакт) на потреси како што сакаш (на пр. симнување од штендер на моторот, качување на него и сл.)
Title: Одг: Аларм на потрес за скутер
Post by: batka on 25.09.2010, Saturday, 20:54:30
Ја знам шемата.Редовен сум,навлечен на *ЕМИТЕР* (поздрав на Главниот уредник,ако чита) и мене ми објавија само еден наслов  :D Повеќе ,во  тоа време немав време да цртам шеми, не испратив  :(
Добро,јас случајно ова го видов, а има и една друга шема од САМ СВОЈ МАЈСТОР,ама моментално го немам тој број.Во секој случај ке ја испробам особено поради експеримент со пиезото :)
Title: Одг: Аларм на потрес за скутер
Post by: Bojan on 25.09.2010, Saturday, 21:06:44
некој засилувач стај му после него, да има барем некој поголем напон кој што ке можеш да го користиш ;D
Title: Одг: Аларм на потрес за скутер
Post by: batka on 25.09.2010, Saturday, 21:22:26
Најдобро да се врзе на самата сирена на скутерот!!!!
Title: Одг: Аларм на потрес за скутер
Post by: LordZi on 25.09.2010, Saturday, 22:14:35
Епа најверојатно е истата шема од САМ зашто на времето и јас ја најдов од таму, само што таму имаше живин прекинувач осетлив на потрес кој го сменив со оној за тилт.
Title: Одг: Аларм на потрес за скутер
Post by: batka on 25.09.2010, Saturday, 22:34:36
Имам на некое ЦД уште неколку шеми со слична содржина,ама немам време сега да барам.Точно,има и со живин прекидач,со магнетен прекидач,со фото сензор.... :D .Конкретно имаше во ИНФОЕЛЕКТРОНИКА  сличен со пиезо.

Споено мислење: [time]26 Септември 2010, 13:46:49[/time]
Еве налетав и на една проста шема со ИК и базер,а во основа е пиезо плочка со тег.ЕДноставна работа,а може да се разработи со малку повеке делови,дури и тајмер да се вгради.

(http://elektronika-mk.net/index.php?action=dlattach;topic=2114.0;attach=1177)
Title: Одг: Аларм на потрес за скутер
Post by: Jove on 14.10.2010, Thursday, 12:07:42
батка прввата сема горе со магнетот функционира но напонот на работа е 6 волти а скутерот се напојува со акумулатор 12 волти 5.7 ампер часови со знаци за скутер не функциониора функционира само за томос мотори тие имаат 6 волти а втората сема работи на 3 волти батерија и таа некористи на скутер

EDIT koristi ako gi napojuvas so nekakvi bateriii
Title: Одг: Аларм на потрес за скутер
Post by: danix01 on 14.10.2010, Thursday, 12:14:07
батка прввата сема горе со магнетот функционира но напонот на работа е 6 волти а скутерот се напојува со акумулатор 12 волти 5.7 ампер часови со знаци за скутер не функциониора функционира само за томос мотори тие имаат 6 волти а втората сема работи на 3 волти батерија и таа некористи на скутер

EDIT koristi ako gi napojuvas so nekakvi bateriii
мозе да искористиш стабилизатор ЛМ7806 кој е за 6 волти. што значи од 12 ке добиеш 6 волти
Title: Одг: Аларм на потрес за скутер
Post by: Baze on 15.10.2010, Friday, 02:34:57
Тоа може да се реши и со два електролитски кондензатори врзано сериски.....
Title: Одг: Аларм на потрес за скутер
Post by: batka on 23.10.2010, Saturday, 13:28:29
Ти кажаа добро: стабилизирај го напонот и се ке биде во ред.Битно е да го направиш уредот и да функционира на маса,а после е лесно да се адаптира на скутер,автомобил и сл.