Македонски форум за електроника
Други технологии => Автоелектроника => Topic started by: 386ka on 13.08.2013, Tuesday, 01:32:39
-
Здраво, имам потреба од квалитетни подебели кабли за пренос на јака струја. Се работи за инсталација во автомобил, каде има голем проток на струја со понизок напон (врзување алтернатор, клима, алансер и слично). Има ли некој идеја каде би можел да набавам такви кабли?
Ви благодарам
-
Провери по железарите, кај нив има, или пак ако не најдеш, земи повеке помали кабли со помал дијаметар и поврзи ги во паралела така ке добиеш појак кабел. ;)
-
Некој поконкретен предлог? :) ПС, ми треба да биде со изолација поотпорна на топлина.
-
Во Електроелемент имаш избор на лицнести проводници со ПВЦ изолација до 16 квадратни mm пресек. Работат до температура до 75 степени. Ако сакаш поотпорни на температура ќе треба да употребиш проводник со гумена изолација. Такви немаш таму ама во Меркур имаш кабли за заварување со пресек од 25 квадрати со гумена изолација. Незнам колку е, сметај на цена од 350 ден за метар па нагоре.
-
по овие аудио оп0рема за кола што продаваат има силиконски кабли али одат еен 5 метри и еен метар јас имам земено за појачало 20мм... А би требало да има и по овие за електроматеријали... и од тамо имам земано 16-ка, би требало да има и 20-ка
-
Ви благодарам на предлозите, се снабдивме со квалитетни кабли од Лира, во Тафталиџе, позади Веро. :)
-
А да не знае некој каде може да се најде од онаа таканаречена *телефонска жица*. Тоа се пар полни бакарни проводници со дијаметар од 0,6 до 1mm и PVC изолација -едната плава другата бела. Порано се користеа исклучиво за поврзување телефони. Тоа кога телефоните беа со тркало :).
-
Баш со сина и со бела изолација, не знам каде да најдеш. Ако одговара било која друга боја, добра замена се Ethernet каблите ;).
-
Да, да тоа и ми го понудија по продавниците меѓутоа мене ми требаат овие со малку поголем дијаметар 0,8mm или 1mm. Овие имаат и многу подобра изолација.
-
Знам, знам, и јас имав сличен проблем :S. Да, париците од Ethernet каблите се потенки и имаат потенка изолација :S. На крајот ставив такви бидејќи немав избор :S.
Во Електроелемент пробај. Ако таму не најдеш, не верувам дека на друго место ќе најдеш :S.
А во Телеком да прашаш ;D? Знам дека е малку глупаво, но можеби имаат останато некој котур, а нив и онака веќе не им требаат, сега на оптика се префрлуваат, па можно е и да ти дадат дел од него ;).
-
Можеби на некој од пазариве ке најдеш, обично од времето што имале, ако им останало на залиха :)
-
@Muro
Колку ти треба од таа плаво-бела жица?