-
Мозгање погодување размислување нагаѓање мудрување ...
........................................................................................
Од сликата каде е 0.00 часот, потребно е во реалноста да преместите само две чкорчиња и да добиете да се види дека е 4.30 часот!
(https://i.postimg.cc/QNJPgbXj/0-00-4-30.png)
-
Јас изглеа глуп сум, не разбирам :P :D. Како може 1, 2, 3 и 4 часот да се наредени така, нема логика ???.
-
Чкорчињата формираат 0:00 часот.
Треба да се напишат/формираат бројките 4:30, а не да покажуват 4:30. Бројките 1 2 3 4 ги обележуваат чкорчињата а не саатот.
-
Чкорчето бр.1 од часовите се става исправено под бр.2
Чкорчето бр.4 од минутите се става легнато кон бр.2
-
(https://i.imgur.com/w2NP3X1.jpg)
-
Така е! 4️⃣.3️⃣0️⃣
(https://i.postimg.cc/7hL2C49q/430-reseno11.jpg)
-
Koj филџан ќе се наполни прв.
(https://i.postimg.cc/2yLZLLW9/Koja-prvo-ke-se-napolni.jpg)
-
9
-
9
9
Затнато е. 5 по мое.
-
Само еден филџан ке се наполни, број 5
-
Затнато е. 5 по мое.
Не ли гледаш дека според бојата ова е ферохлорид, прво ќе ја разјаде затката кај 9 пошто има поголема површина од другите затки и таму ќе протече прво ;) 8)
-
Кафе е, "chemex coffee".
-
хехе, пластична е затката :) А може да е ферохлорид, не велам не :)
-
А кој ќе се наполни втор? 😜
-
Ако е ферохлорид и се разјадуваат затки и се прават дупки прв ќе се ннаполни број 4 бидејки ферохлоридот ќе дојде прво во контакт со затката од број 4.
-
А кој ќе се наполни втор? 😜
ќе снемат кафе за втор ;)
4-ката е со пластична тапа затната :)
Него, што мислите, на што кореспондира множењето матрици?
-
Така е bicikle, четворката е со пластична затка, деветката е бакарна или алуминиумска и таа едино ќе се разјаде и ќе протече 8).
-
Која крава гледа во фотоапаратот А или В
(https://i.postimg.cc/q7Gn8yjr/Koja-krava-gleda-u-kameru-A-ili-B.jpg)
-
B
:)
-
Анатомски и морфолошки не ми личат на крави... ;) ;D
-
Можеби грешам, B има изглед на бик. Повеќе сум сигурен дека е А.
-
B на вол ми личи
-
Тва е трик прачане. Зависи как кој си гледе и прцепира.
-
Кој часовник е вистински ??? :) ;) акој е играчка ??? :) ;)
(https://i.postimg.cc/fTbN90Tv/Koj-casovnik-e-vistinski.jpg)
-
се предава, мада вторипт ради што стрелките му се мутави :)
-
1 - вистински
2 - fake
-
Првиот играчка вториот вистински, на првиот стрелката за минутите е премногу долга и ќе заглави пред 12ката
-
За преходното точно е 2 !
.........................................................
Ново!
Кој е следниот број
(https://i.postimg.cc/J4hwrNMw/Koj-e-sledniot-broj-vo-redot.jpg)
-
За преходното точно е 2 !
.........................................................
Ново!
Кој е следниот број
(https://i.postimg.cc/J4hwrNMw/Koj-e-sledniot-broj-vo-redot.jpg)
677
x2+1
-
Колку квадрати гледате во сликата
(https://i.postimg.cc/zX7vQ4xK/Kolku-kvadsati-gledate-na-slikata.jpg)
-
Многу :D
-
26
-
29
-
Многу повеќа од 26 и 29 ...
-
Решението треба да е 40
(https://i.postimg.cc/ZqRw3kMc/Kolku-kvadsati-gledate-na-slikata-resenie-40.jpg)
-
??? Бројот е 5008. Кој е најголемиот можен број што можете да го добиете со разместување на само две чкорчиња! (http://elektronika.mk/Themes/CleanTek/images/post/exclamation.gif)
(https://i.postimg.cc/BbJ5BfFJ/Najgolem-6-cifren.jpg)
-
19000
-
511 081
-
5110811
-
Зошто брановата должина е брзина на светлината врз фрекфенција ?
-
511081
5110811
I don't think so (https://i.pinimg.com/564x/92/2e/a6/922ea65c4ff7aebef3d62ef9d34dab07.jpg) ...
Близу е сепак не е тоа!
-
511081
5110811
I don't think so (https://i.pinimg.com/564x/92/2e/a6/922ea65c4ff7aebef3d62ef9d34dab07.jpg) ...
Близу е сепак не е тоа!
Блиску до помалиот или поголемиот број?
-
Бројот е со шест цифри (шестоцифрен).
-
51002
-
911081
-
511081
5110811
911081
I don't think so (https://i.pinimg.com/564x/92/2e/a6/922ea65c4ff7aebef3d62ef9d34dab07.jpg) ...
Како го доби бројот 911080 (https://i.pinimg.com/564x/92/2e/a6/922ea65c4ff7aebef3d62ef9d34dab07.jpg) со разместување на само две чкорчиња!!
-
Ајде размисли ти како го добив. :) И не е 911080 туку 911081.
Едит:
еве вака
(https://i.imgur.com/NAyVY38.jpg)
-
Беше напишал 91080, нејсе не е важно!
Последната “единица“ не е цела така да не е тоа бројот.
“единицата“ на таков начин (колку мене ми е позната спаѓа во математички води и се пресметува за мене непознат начин).
Едноставно е, само две чкорчиња треба да прават “цел“ број!
-
151108 или 51х108, однчкотчињата да го напрајш знакот х, а бројот да е представен како производ, ко е прифатливо.
-
98118
Од втората нула едното(горното) чкорче на 5 се добива 9, другото(долното) на првата нула се добива 8 овд втората нула чкорчињата прават две 11 и последната останува 8.
-
^
Бројот е со шест цифри (шестоцифрен).
-
511108
од првата нула се прават 3 единици другите остануваат исти
-
Точно 511108
(https://i.postimg.cc/nhWbfw0K/Najgolem-6-cifren-R.jpg)
Истата слика како “трик“ прашање кој поголем број ќе го испише?
-
Ваљда 51111118 :)
-
Ако две чкорчиња прават една бројка
111111111111
според мене е најголемиот број кој може да се напише
-
Од првата слика го најдовме резултатот!
Бидејќи за втората слика поставив “трик“ прашање, трикот се состои во тоа истата слика да се ротира за 1800 и ќе се добие резултат
801115
(https://i.postimg.cc/sDmCTQvL/Najgolem-6-cifren-R.jpg)
-
Кој е бројот (резултатот) што следува.
(https://i.postimg.cc/wjGLChR0/koj-broj-sledi.jpg)
-
90.
-
Како го доби тој резултат ?
-
Следните два ги множиш. 3= 4х5, 5=6х7....
-
Уште две решенија!
3=20 20+10=30
4=30 30+12=42
5=42 42+14=56
6=56 56+16=72
7=72 72+18=90
8=90
3x6+2=20
4x7+2=30
5x8+2=42
6x9+2=56
7x10+2=72
8x11+2=90
-
Не работи. Зошто...
(http://www.mediafire.com/convkey/9cf6/z9c2j2b9y2apfe0zg.jpg)
-
Различни subnets.
IP Address и Gateway IP треба да бидат на иста subnet, 192.168.1.х или 192.168.2.х
-
Не мора да се во ист subnet ако маската не го ограничува тоа. Во конкретниов случај, маската го ограничува клиентот да гледа до максимум 192.168.1.x, не и над тоа. Но, со маска 255.255.253.0 (или било што поголемо од тоа, на пример, 255.255.0.0), нема да има никаков проблем ;).
Но да, пожелно е да се во ист subnet, особено ако нема повеќе од 100 клиенти во subnet-от ;).
-
Расипано да не е ? xD И јас помислив дека не се софпаѓаат адресите...
-
Не е 6 (шест). Што е?!
(https://i.postimg.cc/tCGYpyGP/mf12.jpg)
-
R
-
LOL :D... ја ќе пишев 6.
Се глеа колку возам кола ;D.
-
(https://i.postimg.cc/fLZW6RGx/mf12R1.jpg)
-
Оваа загатка ја поставувале кинезите во основното училиште!
Има и' точно колку е!
Колку е часот
а. меѓу 3 и 4
б. меѓу 6 и 7
в. меѓу 8 и 9
г. меѓу 10 и 11
(https://i.postimg.cc/prQfzjTD/3.jpg)
-
Помеѓу 10 и 11
12 мин до 11
-
Не е 12 мин до 11 туку "10 часот и 48 мин" ;) :) :P
-
Кои два броја недостасуваат (десно и доле) :P
(https://i.postimg.cc/Bnp43jRz/Tri-pati-tri-a1m.jpg)
-
Резултатот е ... ???
(https://i.postimg.cc/XqXCxVKs/1.jpg)
-
109
-
Пробај со !
(https://www.geopolitica.ru/sites/default/files/styles/medium/public/cos-e-il-seo.jpg?itok=5sAoiNTK)
-
He.
-
Резултатот не е 109!
Не мислам преку Google да бараш решение!
Лупата служи за зголемување па „зумирај“ за да видиш подобро!
-
Грешник сум :)
Резултатот е 32.
-
Не е 32!
Зумирај!
-
Се откажувам, немам друга идеја.
-
56
-
Не е ниту 56!
-
Џаба лупата, саат време ми требаше да ги видам двете метли во вториот ред и двете стапчиња со ѕвезда во последниот ред.
Конечен одговор 73
-
Токму така, 73.
(https://i.postimg.cc/jWzJQZRJ/11122.jpg) (https://postimg.cc/jWzJQZRJ)
-
Од претходната загатка решението е 14 и 28
(https://i.postimg.cc/6366kdHT/Tri-pati-tri-a1mr.jpg)
-
Дали девојката што го води коњот доаѓа или си оди?!
(https://i.postimg.cc/d0G3HS5N/Devojka.jpg)
-
Ко да идит
-
И коњот и девојката се свртени со грб према камерата.
-
Нема дециден одговор ниту на нет!
Едни велат дека задникот на коњот е поголем затоа што е поблиску до камерата, што би рекло дека си одат, а други пак велат дека стопалата на девојката откриваат дека се движи кон камерата!
Со мали “преработки“ на сликата јас ги гледам копитата од предната страна а исто и гледам очи од коњот, и затоа мислам дека се движат кон камерата.
-
Погледни ја фризурата на девојката, се гледаат прамени коса кои неможат да се видат доколку девојката е свртена со лицето према камерата.
-
Од друга страна, може праменит3 да бидат напред, а на десниот дел на лицето и се гпедаат контуритекако да е свртена на кај камерата.
-
Косата и е фатена во реп/топка, за да паѓаат прамените напред треба репот/топката да и е на челото
-
И стрчит некое влакно попреку
-
Малку “играње“ со сликата !™
(https://i.postimg.cc/nLzFk0Bh/Devojka22.jpg)
-
Проверете си ја својата перцепција за “симетрија и складност“ T-llusion!
https://michaelbach.de/ot/sze-tIllusion/index.html
-
(https://i.postimg.cc/mrVk0VWJ/1.jpg)
-
26
-
Ако е “трик“ прашање дали резултатот е тој ?
-
Според мое мозгање резултатот е тој.
-
Јас најдов неко решение на нет дека е 17
x+x+x=21
y+y+x=19
z+y+x=15
x+2z+y=?
3x7=21
x=7
2y+7=19
y=6
15=7+6+z
z=2
7+2x2+6=17
Ако оваа не е точно, можеш ли да објасниш и напишеш како си дошол до резултатот 26.
-
Ја би почнал одовде:
3x+3y=7;
2z+(x+y)=19;
2y+z+x=15;
Со помош на замена на една непозната би го решил, ама некоја мрза ме има фатено последниве 30 години xD
-
Пробај со !
(https://www.geopolitica.ru/sites/default/files/styles/medium/public/cos-e-il-seo.jpg?itok=5sAoiNTK)
Пробај со ова. :)
-
Елката е со 6 гранки(другите се со 5), дупла ѕвезда и тркало со 5 краци ( другите се со 6 краци), ќе дојде 26 и по мое.
Една гранка од елката има вредност 1, ѕвездите се по 2, еден крак од тркалото е 1.
-
^This :)
-
Резултатот е...
Пожелно е да се напише како сте дошле до резултатот, за оние кои не го решиле, да ја видат логиката и постапката!
(https://i.postimg.cc/J4qcBrYS/mozgalica-22.jpg)
-
140
(https://i.imgur.com/oSkcF9c.jpg)
-
Добро срочено. 💡 Бројот е 140.
.....................................................
Која е 🔑 шифрата за катанецот ?
(https://i.postimg.cc/yxy5t624/kod.jpg)
-
042?
-
042?
Такоџе :)
-
Логично 🔑 042
.......................................
Најдете ја разликата за пет секунди
(https://i.postimg.cc/k5LKwcYk/image.jpg)
-
Очите на слика 2. :)
-
Искористете две чкорчиња да добиете 6 (шест) триаголници
(https://i.postimg.cc/500Mcf0G/pitanje-mozgalica.jpg)
-
Ајде стручњаци, кој ќе го реши ова коло...?
(https://i.postimg.cc/W4XFPDFs/Screenshot-2020-05-14-Paper-Circuits-Summary.png) (https://postimg.cc/yJ3Ym8yG)
-
еее тие се многу добри инструмеенти ,Ciat-Lonbarde ..генијалец! изгледа дека и може не се толку комплицирани за правење ама има некој екстра симболи шо не му ги разбирам , и се откажав ;D
-
Lil Sidrassi Test
https://soundcloud.com/thephantasm/lil-sidrassi-test
-
Не сфатив, имаше непознати симболи што требаше да се решат?
-
ако ја погледнеш шемата погоре ,ќе заабележиш некој симболи што всушност претставуваат точки каде се допира колото и така се свири , но не е еден тип на симболи ,ги има повеќе ,така да не можам да му ги разберам кој симбол што е ..има некое објаснување кај него на страната но не е потполно ..така да не сум се обидел да направам некое од тие ,да ги знам одма би пробал ,колата се како секој други , дури на многу места тој користи произволни вредности заа некој кондензатори и отпорници ..
-
Дел од симболите се објаснети овде:
http://www.ciat-lonbarde.net/TIMARACURRICULUM/TIMARATERIALS/cirques/index.html
-
Знам ,сум ја посетил страната многу пати ,и сум ги разгледал колата убаво ,мене не ми е се јасно ,нешто е објаснето нешто до пола ,затоа и многу малку луѓе ги изработуваат ,а популарни се каако инструменти ,аако разгледаш убаво ..како што кажа и ти ,само дел се објаснети
-
Во принцип може да експериментираш со тие вредности што не се дадени, можда ќе добиеш уште поинтересни резултати ;)
-
искрено ..малку бегам од експериментирање ,ова испадна малку скапо хоби ..така да внимавам да правам кола што сум веќе сигурен дека работат како шо се нацртани
-
Не ми е јасно зошто вака изгледат плочките како пајажина, нели може сега со модерните програми за цртање на PCB да се направи да изгледа убаво подредено?
-
Намерно се такви :)
-
Значи тоа му е на еден начин препознатливост (потпис) на самиот автор на електричните склопови.
-
Па да, намерно се такви хаотични.
-
Практично си има свој стил човеков.
-
Решение за „Искористете две чкорчиња да добиете 6 (шест) триаголници“
(https://i.postimg.cc/2SXgkP9M/image.jpg)
-
Помеѓу октоподите се крие една риба! Каде?
(https://i.postimg.cc/K86yb1YC/hobotnica.png)
-
Еве ја.
(https://i.postimg.cc/zvBQKNBn/hobotnica-res.png)
-
По ѓаволите.... :)
-
Внимание! Има трик со броевите!
(https://i.postimg.cc/1twBk3Rk/1.jpg)
-
Ова со децимали некако одеше....
-
11,1×13,9 +5, сигурно има и др комбонации
-
Трикот е само во броевите, додека аритметичките операции (+,−, ×, ÷) не се менуваат.
-
Плус треба да е, по гршка сум стајл х... ако го стајш + наместо х ќе добиеш 30..
-
Во квадратите само еден цел број од долу дадените (може пример во првиот и вториот/третиот квадрат да е ист број)!
puzzle
-
Бидејќи загатката е “трик“ загатка, решението е во тоа да бројот 9 се ротира за 180° и се добива бројот 6 и истиот се става во првиот квадрат, во вториот се става 11 а во третиот 13!
6+11+13=30
-
Колку е резултатот?
Ако сте дошле до решение напишете како!
(https://i.postimg.cc/26v51HXt/mozga.jpg)
-
9+(9*12)=117
за предходната, ами ако е така, 5-ката да ја пишиме 6ка, пошто 5г=бил гејц.
-
Колку е резултатот?
Ако сте дошле до решение напишете како!
(https://i.postimg.cc/26v51HXt/mozga.jpg)
Часовникот = 9
Калкулаторот = 9
Сијалици = 3*12=36
9+9*36=333
-
9+(9*12)=117
за предходната, ами ако е така, 5-ката да ја пишиме 6ка, пошто 5г=бил гејц.
Не е 117
Може 5 да ја пишеме 6 ама тогаш ќе имаме Ковид-192
Часовникот = 9
Калкулаторот = 9
Сијалици = 3*12=36
9+9*36=333
Не е 333
-
Според мојата теорија е толку, ако имаш друго решение - објасни.
-
Е помачи се малку де! “Логика бе батка“ !
-
Ако не е ова ондак чорба.
Часовникот = 9
Калкулаторот = 9
Сијалици = 3*12=36
9+9*(12+16+16)=405
-
Е ако де и ковид 19 на квадрат да имаме, немам против...
Зш да можи 6 ката ја пишиш 9ка а не 5катс шестка? 9 и 6 се исто разлиично како и З(како Земја) и 3(три).
Крема , како доби 3х12 ? Или (4х4)⁴ можда се сијалиците ?
-
Часовникот = 9
Калкулаторот = 9
Сијалици = 3*12=36
Оваа 3*12=36 не штима (ако се однесува на последниот ред), пишуваш (12+16+16), малку е нејасно!
-
Логика бе батка :)
Лупа уклучи.
Часовникот = 9
Калкулаторот = 9
Сијалици во четврти ред 12+16+16=44 (број на прстени од навојот * број на црти над сијалицата).
9+9*(12+16+16)=405
п.с. во мојот претходен пост имам ненамерни грешки.
-
™ Да, сега е се' во ред, со/без логика батка и со лупа или зум! :)
(https://pbs.twimg.com/profile_images/1196493084638502913/JBwUGQLc_200x200.jpg)
-
Колку е резултатот
За вежбање на логиката да не се консултираме со “ Google“ ! ;D
(https://i.postimg.cc/zvHmwBTd/602.jpg)
-
Решението е ?
(https://i.postimg.cc/SKBFj0nF/11.jpg)
-
Што е тоа што прво ви паѓа на ум, што е тоа што прво согледувате?
(https://i.postimg.cc/TwtwK6F3/image.jpg)
-
Дама и човек во поодминати год. Дамата е одолугла.
-
Кај ја виде дамата жити се ;D ;D ;D.
-
Решението од оваа загатка (https://i.postimg.cc/SKBFj0nF/11.jpg) е!
(https://i.postimg.cc/bJ2mNxKR/111.jpg)
-
Кај ја виде дамата жити се ;D ;D ;D.
Белото, или па вазна е..
-
Вазна, да, ама дама никаде не видов :D.
-
Илузија или вистина ?! Која од димензиите во целина, по вертикала или хоризонтала е во “предност“ !
(https://i.postimg.cc/50PKbrpy/Ilu.jpg)
-
Решение на загатката
(https://i.postimg.cc/zvHmwBTd/602.jpg)
е 72
Начина на решавње е
1+5=18
(3x1)+(3x5)=18
2+10=36
(3x2)+(3x10)=36
5+15=36
(3x3)+(3x15)=54
4+20=72
(3x4)+(3x20)=72
-
Илузија или вистина ?! Која од димензиите во целина, по вертикала или хоризонтала е во “предност“ !
(https://i.postimg.cc/50PKbrpy/Ilu.jpg)
хоризонталниот е подолг.
-
Хоризонталниот не е подолг, измери!
-
Во паинт проверив
-
Бидејќи темата е за забава ама и за ...размислување...мудрување ... без претензии за наметнување или сугерирање, нека секој си извлече своја поента од долу напишаната приказна
Ви споделувам една приказна со намера (кој како милува) да осознае дел од вредностите на животот.
Јас: Господе, може да те прашам за некои мои случувања?
Бог: Секако
Јас: Зошто дозволи толку многу работи да ми се случат денеска?
Бог: Што сакаш да кажеш?
Јас: Па, се разбудив утрово доцна..
Бог: Да
Јас: Мојата кола не можеше да запали!
Бог: Добро
Јас: За ручек ми направија погрешен сендвич и морав да чекам
Бог: Хммм
Јас: Кога се враќав накај дома, ми се исклучи телефонот баш кога сакав да се јавам
Бог: Во ред
Јас: Згора на тоа, сакав да си ги релаксирам нозете со новиот масажер, но не работеше. Сега кажи ми, зошто се случија такви работи денес?
Бог: Да видам! Да, ангелот на смртта беше во твојот кревет утрово и морав да пратам еден ангел да се бори со него за твојот живот. Мораше да го преспиеш тоа.
Јас Ох...
Бог: Не дозволив да запали твојата кола бидејќи имаше пијан возач на твојот пат кој ќе удреше во тебе на патот.
Јас: Лелеее...
Бог: Првата личност од сендвичарата која ти направи сендвич денеска беше болна од ковид-19 и не сакав и ти да се разболиш од истиот, знам дека не можеш да се излекуваш од тој вирус.
Јас: Добро
Бог: Телефонот се исклучи бидејќи личноста која те бараше сакаше да земе лажна изјава од тебе со тој повик, но вака беше покриен од лажно понижување…
Јас : Сфаќам
Бог: А за тој масажерот за нозе, не работеше бидејќи имаше краток спој ,и ќе ја исклучеше сета струја во куќата, и не сакав да седиш во мракот…
Јас: Жалам, прости ми!
Бог: Не жали, туку научи да веруваш…. Во сите работи, Добри или Лоши.
Јас: Ќе верувам.
Бог: И не се сомневај дека некој друг позитивен план за тебе е подобар од твојот план за денеска.
Јас: Нема. Само да кажам, благодарам сум за сето тоа позитивно што ми се случи денеска...
-
Колку е висока масата?
(https://i.postimg.cc/7Z6C0qdR/Eaz-h0x-Wk-AAi-Yq6.jpg) (https://postimages.org/)
-
140
-
(https://i.postimg.cc/fRcVL8nM/104319678-301072277609688-646342474704274489-o.jpg) (https://postimg.cc/mPrLpNgn)
-
b) Црвена, a) Зелена.
-
Отпичка варка. :)
-
b) Zelena > е црвена
-
Колку е висока масата?
150 cm (https://www.youtube.com/watch?v=BPRueCu3fXU)
(https://i.postimg.cc/SNMCPyhL/5A.jpg)
-
Кој е бројот под возилото?
(https://i.postimg.cc/fW6JVZsr/images.jpg)
-
87
-
Се согласувам со @dr-mr "87"
Броевите се со редослед. :)
(https://i.imgur.com/KfaouOM.jpg)
-
Колку броеви има нацртано на сликата и кои се тие ?
(https://i.postimg.cc/2yhWHxTB/2.jpg)
-
0. 1. 2. 3. 4. 6. 8. 9
-
Има повеќе решенија, што не значи дека сите се во право!
(https://image.apost.com/media/articletranslation/2017/11/07/11/02a5a0e842babb8d471eb60ca976b97c_500x1.jpg)
(https://i1.wp.com/wakeupyourmind.net/wp-content/uploads/2019/05/onb.jpg?resize=650%2C379&ssl=1)
-
Има “натрапник“ но каде е?
(https://i.postimg.cc/66PxPX3r/Najdete.jpg)
-
(https://i.imgur.com/EvqEt0P.jpg)
-
Некој лаже!
(https://i.postimg.cc/SNdg1x5K/Kade-e-avto131.jpg)
-
Toma лаже, кај може кола да собере у толкацка кутија... ;) 8)
-
2
со сирова сила, едно по едно ги испитував...
-
Кој број недостасува и кој е начинот на решение?!
(https://i.postimg.cc/Y0Y343kC/mozg.jpg)
-
Колку тактен е двоцилиндричниот двотактен мотор?
-
2
-
Не би рекол дека се 2 (два). Се ми се чини дека се повеќе !
-
двотактен мотор?
Во прашањето е одговорот.
-
Ако се два такта лебди прашање што се случува во првиот такт а што во вториот!
-
-
Колку тактен е двоцилиндричниот двотактен мотор?
Ако се два такта плус тоа се два цилиндри се мислам како може да работи, ако се знае дека се потребни 4 циклуси за да може моторот да работи.
-
Како мислиш 4 циклуси?
Ако мислиш на четирите операции кои ги извршува моторот (вшмукување, компресија, експлозија, издувување), кај двотактните мотори тие операции се вршат само во два циклуси (една ротација на коленестрото вратило).Кај двотактните мотори кога се врши експлозија клипот оди надоле со тоа од едната страна го отвара издувниот канал и гасовите излегуваат, од другата страна на цилиндерот клипот отвара друг канал кој го полни компресиониот простор со гориво, кога клипот оди нагоре се врши компресија на горивото во компресиониот простор, истовремено се отвара канал кај коленестото вратило кој внесува гориво во блокот.
Доколку се два цилинди, ги прават истите циклуси/операции само еден по друг.
-
4 циклуси кај ото моторите се:
вшумукување
компресија
согорување
издув
Како се поделени циклусите или по колку циклуси има во еден такт (пример во еден такт има 1, 2 или 3 циклуси)?
Јас добивам впечаток дека едниот такт содржи три циклус а другиот само еден!
Бидејќи видеото од тебе е на англиски, за оние што не го познаваат јазикот е неразбирливо и тешко можат да разберат како работи двотактниот мотор.
Еве јас најдов едно видео многу поразбирливо (во однос на јазикот) но и таму тешко се доловува како работи двотактниот мотор!
И едно на англиски ама посликовито по прегледно !
Додадено видео со подобра прегледност за работата на двотактниот мотор!
-
Во еден циклус кај двотактните мотори има два такта.
-
Ако е така, се јавува дилемата кои циклуси би биле во едниот а кои во другиот такт.
Мојот впечаток сепак е дека едниот такт содржи три циклуси а другиот само еден (од нешто што сум читал и слушал од автомеханичари).
-
Ако е така, се јавува дилемата кои циклуси би биле во едниот а кои во другиот такт.
Мојот впечаток сепак е дека едниот такт содржи три циклуси а другиот само еден (од нешто што сум читал и слушал од автомеханичари).
Кај двотактните мотори кога се врши експлозија клипот оди надоле со тоа од едната страна го отвара издувниот канал и гасовите излегуваат, од другата страна на цилиндерот клипот отвара друг канал кој го полни компресиониот простор со гориво, кога клипот оди нагоре се врши компресија на горивото во компресиониот простор, истовремено се отвара канал кај коленестото вратило кој внесува гориво во блокот.
Доколку се два цилиндри, ги прават истите циклуси/операции само еден по друг.
Првиот такт е движењето на клипот нагоре, вториот такт е движењето на клипот надоле. Четиритактните мотори го пофторуваат тоа движење два пати(горе, доле, горе, доле)
-
Ако е така, се јавува дилемата кои циклуси би биле во едниот а кои во другиот такт.
Или подобро кои од циклусите би биле (да речеме во првиот такт дали би биле, пример, вшумукување и компресија или пак согорување и издув или пак обратно, дали тоа би важело за вториот такт)?!
-
Вшмукувањето е секогаш во првиот такт и е прв циклус, без гориво неможе да се извршат другите циклуси, во првиот такт кога клипот оди нагоре и во вториот такт кога клипот оди надоле.
Кога клипот оди нагоре (првиот такт) врши компресија на горивото во цилиндерот, движењето на клипот нагоре отвара канал кој внесува ново гориво во куќиштето со коленестото вратило(радалицата).Кога клипот е во крајна горна положба завршува циклусот-компресија, свеќичката фрла искра и се пали горивото, со тоа почнува циклусот-експлозија/експанзија на горивото и
движењето на клипот надоле(вториот такт). Кога клипот се движи надоле се отвараат канали по страната на цилиндерот, прв се отвара каналот за издувување, со тоа завршува циклусот-експлозија и започнува циклусот-издувувањ на гасовите од цилиндерот. Со истото движење надоле се отвара и друг канал од другата страна на цилиндерот кој го префрла горивото од куќиштето на коленестото вратило внатре во компресиониот простор на цилиндерот со тоа завршува вториот такт, и клипот почнува да се враќа нагоре да го повтори првиот такт.
-
движењето на клипот нагоре отвара канал кој внесува ново гориво во куќиштето со коленестото вратило(радалицата)
-( значи почнува првиот циклус)
Кога клипот е во крајна горна положба завршува циклусот-компресија
-(значи тоа е вториот циклус),
свеќичката фрла искра и се пали горивото
-(значи тоа е третиот циклус)
со тоа почнува циклусот-експлозија/експанзија на горивото и
движењето на клипот надоле(вториот такт)
-(значи тоа е четвртиот циклус)
И според тоа логично би било да се дојде до заклучок дека во “првиот“ такт има три циклуси а во “вториот“ такт има само еден циклус ...!
-
Не. Кај е клучот односно што испушти др-мр. Кога оди клипот надоле зад него ствара притисок односно картерот го користи како комора во која се набива воздухот. Значи имаш воздух под притисок. Сега, ќе почнам од "средина", како би го доловил моментот што е "tricky". Замисли дека почнуваме од моментот кога свеќицата фрла искра, смесата се пали, согорува, ствара притисок на челото од клипот и ако е све во ред ( не стиснеш на кочница на пример, се наоѓаш на угорница во несоодветна брзина или слично) притисокот го турка клипот на доле ( што овозмошува зад клипот да направиш притисок, оти се смалува вплуменот зад клипот) до момент кога клипот наидува на отвор, кој дозволува зплената смеса да излезе од просторот ограничен со клипот и цилиндарот и да се одведен надвор ( низ ауспух). Потоа нели, по инерција на замаецот клипот почнува да оди на горе. Е сега кога ќе почне да се ослободува согорениот гас под притисок, ќе остане оној дел од гасот кој нема притисок, односно е ист со атмосверскиот притисок. Значи, исто како да имаш шише до пола полно со газирана течност, и ко клатиш. Ќе се створи притисок. Го отвараш капачето, дел од газираното ( цо2 ) ќе излези надвор, но нели еден дел ќе остане внатре. Сега како да ја исфрлиме согорена смеса додека а да не губиме цикус ? Кога ќе постигниме рамнотежа со надворешниот притисок, додека сеуште клипот е на отворот, го пуштаме овај воздух што предходно го набивме во картерот. Пошто, нели е под притисок, го издувува согорениот гас, а комората се полни со новиот воздух ( во кој е додаден бензин, или се додава од после). До сега 2 такта-согорување и издувување. Сега е битно при полнењето што е можно помлце да се измешаат согорената и новата смеса, но пошто новата несогорена смеса е под притисок, па може да излезе низ отворот ( клипот сеуште се наоѓа кај отворот) ла затоа има насочувачи на воздух, одреден дизајн на ауспухот како би стварал соодветен отпор, како не би довело до одлевање на несогорен воздух и соодветна количина на нов воздух. Знчи тоа е такт на вшмукување.
Исто така битна поента е, еве змисли воздух од едно шише од литар сме го компресирале во едно зрно ориз. Во шишето сме наполниле чад од цигари. Зрното кога ќе се ослободи, нели ќе исполни точно колку што е шишето, но како да го пуштиме за да истисниме повеќе чад, и да го замениме со чист воздух ? За тоа служат тие канали и регулацијат на проток низ граната т.е. ауспухот. Оти нели ако го пуштиш свежиот воздух без везе, пола ќе се измеша со чадот, а по една половина од чадот и од свежиот воздух ќе излезат надвор ( во примерот стехиметријата е одокативна ). Сега имаме цилиндар наполнет со свеж воздух, и треба да ги набиеме ( за поголема ефикасност ) и да го заплиме. Клипот почнува да се движи нагоре, со што го поминува отворот и имаме затворен простор. ( заборавив да пишам дека свежиот воздух се пушта низ вентил, во моментот кога клипот сеуште е на отворот). Како се движи на горе (четврт такт, такт на компресија) просторот се смалува и кога ќе дојде скоро најгоре, свеќичката пали искра ( на искрата и треба "малце" време да ја зпли смесата) со што идиме до почетната точка на плење, од кај што кинисавме и нели процесот се повротува.
-
Еве и едно малку попрегледно и поразбирливо видео за тоа како работи двотактниот мотор!
Од досегашните излагања не добивме некоја слика како и кој од четирите такта кај четиритактниот мотор, кој од четирите циклуси се вклучени во двотактниот мотор и како!?
-
Исти се тактовите, кај двотактниот се 2 во еден ход ( `од) кај четиритактниот секој такт си има 'од.
Надолу согорување + издубување, на горе зема воздух ( од каналот, или од вентил) плус компреија се прави.
-
Ако е така тогаш напиши кои два циклуси се во едниот такт (“ход“) а кои други два циклуси се во другиот такт (“ход“), зашто
И според тоа логично би било да се дојде до заклучок дека во “првиот“ такт има три циклуси а во “вториот“ такт има само еден циклус ...!
.А може и обратно да е, не знам!
-
Пишав, согорување и издувување се случува кога клипот оди надолу, кога ќе почне да оди нагоре се полни со свеж возрух и го компресира. Потоа се пали искра и па настанува согорување и додека оди клипот надолу кога ќе дојде до каналот з издув настанува издувување. Почнува да се движи па нагоре при што се полни, кога ќе го узмине каналот за доток на воздух ( или вентил) почнува татктот на компресија и пак одново и одново. ...
-
Малку мешате циклуси со тактови, според мене во еден циклус се двата такта, а во секој такт што се случува кај двотактните мотори е опишано погоре.
-
Еден циклус-180 степени на радилица, или од една крајна положба до друга.
-
Ако е така правилно тогаш во ред, а тоа би значело еден циклус = еден такт кај двотактните мотори.
-
Коментар на сликата со подтекст на тоа кога се врши запалување на смешата
вшумукување
компресија
согорување
издув
(https://ucimotehnicko.files.wordpress.com/2013/03/dvotaktni-oto-motor.jpg)
https://ucimotehnicko.wordpress.com/2013/03/10/%d0%bf%d0%be%d0%b3%d0%be%d0%bd%d1%81%d0%ba%d0%b5-%d0%bc%d0%b0%d1%88%d0%b8%d0%bd%d0%b5-%d0%bc%d0%be%d1%82%d0%be%d1%80%d0%b8/dvotaktni-oto-motor/
Исто така и оваа како илустрација
(https://www.vrijemena2kotaca.com/images/Zweitaktmotor_iliti_dvotaktni_motor_20180405_2.jpg)
Načelo rada dvotaktnog motora
Kada klip putuje prema dolje vrši trostruku akciju: izbacuje sagorjele plinove, djelomice sabija gorivu smjesu u karteru koju u isto vrijeme kroz poseban priključni tunel gura u gornji dio cilindra. Goriva smjesa prilikom ulaska ispire i hladi cilindar. Ispire? Ispire od čega? Pa od gareži koja je zaostala nakon sagorijevanja ulja. Odakle sad ulje? E pa vlasnik dvotaktnog motora ga je ulio u gorivo. Zašto? Jednostavno – to ulje u gorivu služi za podmazivanje i ono djelomice sagori te odatle onaj plavičasti dim iza Wartburga! U karteru ili kućištu radilice dvotaktnog motora nema ulja! Kada klip krene gore izbacit će još malo sagorjelih plinova, ali i gorive smjese! Vrlo malo. I tu počinje priča o žderaču goriva. Kada klip zatvori ispušni kanal počinje prava kompresija ali i onaj najzanimljiviji dio rada dvotaktnog motora! Kada je klip odmakao prema gore, otvara se usisni kanal i podtlak u karteru uvlači novi paket gorive smjese u karter! Kada je klip došao do gornje mrtve točke ili vrlo blizu, završava prvi takt.
Na početku drugog takta se vrši paljenje gorive smjese i ekspanzije, klip juriša prema donjoj mrtvoj točci, u jednom trenutku otvara ispušni kanal, sagorjeli plinovi krenu van, goriva smjesa u karteru se djelomice sabije, klip dolazi u donju mrtvu točku i tu završava drugi takt.
Ima tu još posebna priča o auspusima. Dvotaktni motori zahtijevaju posebnu konstrukciju auspuha koji će omogućiti bolje izvlačenje ispušnih plinova i spriječiti njihovo vraćanje prema cilindru.
(https://www.vrijemena2kotaca.com/images/Zweitaktmotor_iliti_dvotaktni_motor_20180405_0.gif)
-
Колку тактен е двоцилиндричниот двотактен мотор?
2
Значи сепак мојот одговор е точен дека има два такта.
-
Коментар на оваа
Kada klip putuje prema dolje vrši trostruku akciju: izbacuje sagorjele plinove, djelomice sabija gorivu smjesu u karteru koju u isto vrijeme kroz poseban priključni tunel gura u gornji dio cilindra.
-
Според мене нема трострука акција тука , клипот кога се движи надоле не го компресира горивото во куќиштето на коленестото вратило, притисокот кој се ствара го бутка/префрла горивото од куќиштето на коленестото вратило во компресиониот простор на цилиндерот.
-
Да не остане недоречено
Бројот кој недостасува е = 4 (четири)
Секој број на квадрат па збир на сите броеви.
1² + 7² + 5² + 3² = 84
8² + 2² + 4² + 6² = 120
6² + 5² + 2² + 4² = 81
(https://i.postimg.cc/Y0Y343kC/mozg.jpg)
-
Колку тактен е двоцилиндричниот двотактен мотор?
Малце касно се вклучувам во темава, ама според мене, такт е нешто што се случува во правилен ритам - како такт во музиката на пример, така да двотактен мотор секако има 2 такта. Движење на клипот нагоре и движење надоле, во кои се завршува целиот циклус, и почнува одпочеток во правилни интервали. А тоа колку акции или дејствија се случуваат во кој дел од тактот, дали на почеток на тактот, дали на крај и во кој такт (прв или втор) е друго прашање...
-
Колку тактен е двоцилиндричниот двотактен мотор?
Прашањето е поставено како “трик“ за забуна ама и за размислување како и што да се одговори!
За изразот, поимот, името такт (кој како сака нека го толкува, сметам дека тоа во темата е ирелевантно ) на нет има различни толкувања, а впрочем за ото моторите општо прифатен е поимот такт (четиритактен, двотактен...)!
https://mk.glosbe.com/mk/mk/%D1%82%D0%B0%D0%BA%D1%82
И од овде
http://recnik.365.com.mk/
такт лат. tactus допирање
муз. секој еднаков дел од ритамот на една музичка мелодија што се повторува рамномерно;
фиг. чувство на мера за пристојност во однесувањето и во работата;
редење на рамномерни движења едноподруго.
Јас лично не добив впечаток дека е опишано како точно тече процесот во тие два такта!
Ако некој добро ја познава работата на предметниот мотор, еве јас предлагам да почне од „смешата е запалена“ и почнуваме со тоа што се случува понатаму илити како тече процесот понатаму за да се дојде повторно до „смешата е запалена“ !?.
А тоа колку акции или дејствија се случуваат во кој дел од тактот, дали на почеток на тактот, дали на крај и во кој такт (прв или втор) е друго прашање...
Се сложувам дека е друго прашање, ама од тие два такта произлегува дискусија пример, кои, како, кога каде итн...
-
Тома, можда подобро ќе биде да разгледаме 4 тактните како работат?
-
Токму така, 73.
(https://i.postimg.cc/jWzJQZRJ/11122.jpg) (https://postimg.cc/jWzJQZRJ)
Овие мозгалки на почетокот беа стрикно математички, сега повеќе треба да се внимава на детали да се гледа „под лупа“, пообитно е тоа него математиката..
Јас тврдам дека ако уште подетално се разгледа, резултатот не е ни 73 !
-
Јас тврдам дека ако уште подетално се разгледа, резултатот не е ни 73 !
Затоа не ни пробувам да ги решам :P :D. Практично се сведува на база на „интерпретација“ што она што го има или нема во една или друга слика значи и како каква математичка операција треба да се смета.
-
Еве за конкретнава задача, едно решение од мене ;) што мислам дека има логика
(https://i.postimg.cc/VNkDdq0M/1.jpg)
-
Нема трик, само логика и малку математика!
(https://i.postimg.cc/pXLtfjmN/11.jpg)
-
Според мене Г - 28
Во првиот круг се броеви од првата декада, во вториот од втората декада, по таа логика во третиот круг би требало да бидат од третата.
Согласно ова, единствен од понудените одговори е 28.. или можда грешам :) :)
-
Не грешиш решението е Г - 28.
.............................................
Која кошула е женска и зошто мислите дека е таа вистинската
(https://i.postimg.cc/hjMnpWwD/12.jpg)
-
Ептен лесно, оставам друг да го реши ова со кошулата. :)
-
Мислам дека е начинот на закопчување... нешто имаше, машки се од една страна, женски од друга... барем така мислам.
-
Пробајте со пантолони!
Кои пантолони се машки и зошто мислите дека тие се вистинските?
(https://i.postimg.cc/SNkwsTCF/Maz.jpg)
-
Исто како со кошулите, мада со денешниве генерации за жал нема правило.
-
Исто како со кошулите...
А како е со кошулите (кога веќе неме кој да се изјасни)?
...денешниве генерации за жал нема правило.
Да не е тренд
(https://www.novamakedonija.com.mk/wp-content/uploads/2020/04/vonozito-3.jpg)
-
Па @GigaWatt кажа, различноста е во копчињата, кај машките копчињата се на дофат со десна рака а кај женските е обратно.
(https://i.imgur.com/SIIqgHy.jpg)
-
Исто како со кошулите, мада со денешниве генерации за жал нема правило.
Напредни се.
-
Можете ли!
(https://i.postimg.cc/bwGFqhnm/image.jpg)
-
Нулите можда ?
-
🚀 Научници откриле дека можда постоел живот на месечината Европа на планетата Јупитер! 🚀
-
И постоел ?
-
Можда постоел а можеби и ја нашле грешката!
-
Можете ли!
(https://i.postimg.cc/bwGFqhnm/image.jpg)
Па чим е прашање треба да има прашалник а не извичник
Можете ли да ја најдете грешката ?
-
Секако дека е така !
(http://www.mediafire.com/convkey/351f/0jvb6mtqxs34lhjzg.jpg)
После повеќе од 350 прегледи се најде некој кој размислува логички и го познава правописот.
Само да напоменам дека кај многу членови владее мислење дека правописот не е важен па така ќе треба да се подразбира или да се праша што мисли писателот!
-
Секако дека е така !
(http://www.mediafire.com/convkey/351f/0jvb6mtqxs34lhjzg.jpg)
После повеќе од 350 прегледи се најде некој кој размислува логички и го познава правописот.
Само да напоменам дека кај многу членови владее мислење дека правописот не е важен па така ќе треба да се подразбира или да се праша што мисли писателот!
Фала фала :)
I'm trying to...
-
Можда постоел а можеби и ја нашле грешката!
и ? Ја нашле згрешката?
-
Згрешката не ја нашле, ама затоа ја нашле грешката а таа била во извичникот (“прашалникот“)!
-
Ти фали една запирка во реченицата, ако толку веќе тераш правопис ;)
-
Без претензии дека сум писмен, но, пишаното погоре се однесува на „Можете ли!“ (https://i.postimg.cc/bwGFqhnm/image.jpg)
;) Човек оди по тротоар и се судри со дрво! Тоа е случајност.
Човекот утредента оди по истиот тротоар и се судри со истото дрво!! Тоа е намера.
Ако тераш грешка, ќе тераш коњ!
Ако бараш грешка, ќе најдеш запирка! ;)
-
Чекаме нова мозгалица!
-
Згрешката не ја нашле, ама затоа ја нашле грешката а таа била во извичникот (“прашалникот“)!
бавооо
-
Има натрапници!
(https://i.postimg.cc/HsGTB1zH/Untitled420.jpg)
-
Вирусине или вентилаторон?
Втор ред првата бројка е покрива лифче иначе е 8
-
Само вирусине !
Не е 8.
Натрапници (мн) се, не е натрапник (едн)!
-
2 вируси забележав !!!11
-
Важат само тие 21 ,,"тројки" . Барај ги "натрапниците".
-
Решението е буквата З
(https://i.postimg.cc/pdpMvyzm/Untitled420-1.jpg)
®™
-
Рекпв дека така првата втор ред е сумљива...
-
Бајсикле. Се работи за бројки и букви!
Сите зелени тројки се бројки (3 како три или тројка во кошарка), а сите црвени “тројки“ се букви (з) (“з“ како зае*ан). Нема осмици нема друг трик!
“ДУ ју андерстенд нау“?
-
А која е дефиницијата за тројка и за буква З? Како да ги распознаваме лесно?
-
Еве ги зголемени!
Линк и слика.
https://i.postimg.cc/bwWgr4PL/belo.jpg
(https://i.postimg.cc/bwWgr4PL/belo.jpg)
-
Значи најлесно би било по аголот во средина, ако е под прав агол е буква.
(https://i.imgur.com/wtR8xsQ.jpg)
-
А во кој фонт се овие З и З...? 8)
-
Дадена е слика за мозгање со броеви и букви во одреден ист фонт, па според тоа за мене битна е сликата која се перцепира, разгледува а не фонт-от.
Инаку, за да не останам должен фонт-от е Ariаl Black.
-
Да беа Ќирили и Методи членој 100 % ќе погодеа.
-
Да беа Ќирили и Методи членој 100 % ќе погодеа, ама ете не се членој.
Впрочем еве го нивниот фонт, така да нема шанси да користеле латиница и Ariаl Black.
Ако не се лажам фонтовите се продукт на сосема друга основа!
(https://upload.wikimedia.org/wikipedia/mk/6/6e/Jazik_slovenski_izvorno.PNG)
-
На школо З и 3 исто ги пишувавме и не трева да се прави разлика или треба да се препрајт програмата да не иде до забуна меѓу 33( триесет и тли) и ЗЗ( како Зоран Заев).Секоја сличност со лца од реалниот живот е случајна или ненамерна, исто како пола чирилица со некое друго писмо.
-
Kаде е магарето?
(https://i.postimg.cc/d07hhzHW/00.jpg)
-
Ја го ја :)
(https://i.postimg.cc/MK8PWfLg/007.jpg)
-
И ja на него мислев, ама не можам да цртам од тел...
-
Тоа што го најдовте беше магарица :) :) :), ама нејсе!
........................................
А сега. Има ли нешто чудно или погрешно во сликата?
(https://i.postimg.cc/3RSzsS14/Untitled.jpg)
-
А царица а магарица xD O e 0 и прибидејќи е цифра не припаѓа во низата од букви.
-
Наместо буквата О стои бројот 0 (нула)
.......................................................................................
Резултатот е?
(https://i.postimg.cc/yx2gFThS/REDDD.jpg)
-
113,3
-
Не е 113.3
-
100?
-
Пожелно е секој што сака да учествува и да го искаже мислењето, истото да го образложи, што и како мисли и зошто така мисли?!
Оваа од причина што секој што би прочитал, да ја разбере суштината и начинот на кој се дошло до решението.
Дали си сигурен дека е 100?
Ти постави прашалник (после 100), дали тоа значи дека не си сигурен или само прашуваш! Затоа и јас сега прашувам! 100?
-
Чим има прашалник значи прашувам.
(https://i.imgur.com/fbhz2dZ.jpg)
-
Црвено јаболко 30
Пола зелено јаболко 33.3
Портокалово јаболко 80
66.6-30+80=116.6
-
Не е 116.6 !
-
Дали можете да ја пронајдете грешката?
(https://i.postimg.cc/2Sb2vMPC/EA.jpg)
-
Њутн нема врска ни со бројките ни со енглески а е во позадина
-
Еве ви една загатка и од мене:
Стево има 69 години, девојка му Ана 22. Колку евра е тежок Стево?
-
69! ( факториел) xD
-
Бараме конкретна бројка во евра...
-
> 1000000 €
-
Не претеруј сега... :D
Хинт: Стево вози Порше Кајен поново годиште, ама купен на старо. Жена му на Стево (не девојка му Ана) вози Е-класа редизајн, исто купен половен.
-
> 1000000 € (еден милион евра) не се многу пари.
> 100,000 €
-
Ако ги имаш може не се многу, ако не... ::)
Значи сумата е меѓу 1.000.000 и 100.000.
-
Повеќе од 100 илјади евра.
Кога се работи за спонзоруши/старлети мислчам дека 1 милјон е минимумот за кој некоја атрактивна спонзоруша/старлета(орос..ја) ќе се закачи за некој.
-
Тоа може на запад негде, кај нас се лепат и за многу помалку од 1М.
Иначе нигде не пишува дека Ана (22) е атрактивна, пре би рекле млада и симпатична девојка што не сака да станува секое сабајле у 7 за на работа... ;)
-
236.512? Имај тој предходно и други сметки, ама во еуродтандард му биле, па морал да се сведи на некоја селанка xD
-
Блиску беше.
Одговорот е 225.000, ама пошто ќе го обештетат до 30.000 од Еуростандард ќе дојдеме до 255.000 вкупно :).
Бонус прашање: Што му кажала Жена му на Стево, 62години, откако дознала за Ана, а самата си фатила 20 годишен дечко?
-
Никој не знае што му рекла Жена му на Стево, а...? 8)
Хинт: Жена му на Стево е математичар по професија.
-
Дека најдобра комбинација е искустбо и младо месо ? ? ?
-
20 во 62 иде три пати, 69 во 22 ниеднаш... ;D
-
Ќе напнит малу ќе влезит 0.31 % :D
-
Њутн нема врска ни со бројките ни со енглески а е во позадина
Нема логика, ама има грешка!
Дали можете да ја пронајдете грешката?
(https://i.postimg.cc/2Sb2vMPC/EA.jpg)
-
Само 4 не е прос број
И 6
-
Ех бајсикле! Прашањето е во еднина (спротивно од множина), што значи има само една грешка!
-
Една грешка на 2 пати ;)
Наместо пронајдете треба најдете !?
-
За да не остане недоречено!
На сликата се гледа една единствена грешка!
(https://i.postimg.cc/NGKwVxRG/EB1.jpg)
-
Не е 116.6 !
Кога веќе преминуваш на друга "загатка" кажи го одговорот за оваа
-
Резултатот е 100
Еве го решението!
http://elektronika.mk/index.php?topic=14818.msg132158#msg132158
(https://i.imgur.com/fbhz2dZ.jpg)
-
Како може една и половина зелени јаболки да бидат 100 а само едно зелено јаболко 50 ??
Резултатот е лажам ти манго децата или мижи митре толумби врнат, било кој е соодветниот резултат.
-
Резултатот е 100.
30 + (2 х 50) + (2 х 50) = 230
30 + 100 + 100 = 230
...
-
Едно црвено јаболко е 30, една и половина зелена јаболка се 100, едно жолто јаболко е 80.
Од каде излегуваат 30 + (2 х 50) + (2 х 50) = 230?
Нема две исти јаболка на едно место, кои се тие 2X50.
-
Од каде излегуваат 30 + (2 х 50) + (2 х 50) = 230?
Од резултот 230 !
Може и вака
30 + (4 х 50) = 230 (во оваа равенка има 4 четири зелени јаболки, како и во оваа 30 + (2 х 50) + (2 х 50) = 230)
-
Сакаш да кажеш дека на сликата од стотката (или 2х50) гледаш две зелени јаболки?
-
Не гледам туку има 2 две зелени јаболки.
Логиката произлегува од резултатот 230. (бана ми)
-
Како мислиш логиката колку јаболки има произлегува од резултатот? Па нели прашањето е колку е резултатот според тоа колку јаболка има? Како сега логиката колку јаболка има произлегува од резултатот?
Треба да гледаме нечија логика за да го добиеме резултатот или сликата?
Јас на сликата на вториот ред гледам на 2 места по една цела и една половина зелена јаболка, а не по 2 цели јаболка.мислам дека знам како изгледа цело јаболко и половина(пресечено) јаболко.
Јас од сликата гледам 30+(3×33.33333)+(3×33,33333).
Ако прашањето беше колку е резултатот според тоа што се гледа на сликат тогаш резултатот е 116.6.
Ако прашањето беше колку е резултато од тоа што се гледа на сликата според нечија логика тогаш резултатот можеби е 100 според нечија логика, но не и според сликата.
-
-
Не гледам туку има 2 две зелени јаболки.
Логиката произлегува од резултатот 230. (бана ми)
Е како така на едно место се фаќаш за некоја микроскопска разлика измеѓу З и З што не е ни гледа со голо око, а ваму ти фали пола јаболко и никому ништо, тоа е у реду... ???
Многу неозбилно ми е ова, да не речам играње ку..ашак.
-
Микроскопската разлика се решава многу лесно. ;)
Бројките и буквите 3 З (од сликата) ги ставиш под микроскоп и ете го резултатот! :)
А за второто мене не ми фали половина јаболко (имам цела гајба), а исто така загатката ја измислил некој кој размислува како што размислува, а друг некој се потрудил да ја реши загатката како на видеото. ;D
Изумот не е мој! :)
-
Кај стотката има едно и пол јаболко на сликата.
Во право сум или не?
-
Во право сум или не?
Зависи како ги перцепираш нештата (полуполно или полупразно шише со жолта).
Мислам дека повеќемина на прв поглед би рекле дека си во право, меѓутоа логиката од равенката ти ја дава вистината !
-
Не ми врти како киша око Крагујевца... ;)
Чекам конкретен одговор, батали равенки, видеа и сл., дали на сликата има едно и пол јаболко или не?
-
Ќе го завртам дождот накај Скопје па ќе ти кажам: Меродавна е равенката и точка! :)
-
Како што напишав и предходно, точниот одговор е: Мижи Митре тулумби врнат.
-
И јас како што напишав претходно, единствено логично и точно решение е 100 и точка! :)
А тулумбите не ги јадам имат многу бел шеќер и бело брашно, а тоа не е здраво за телото и умот! ;D
-
И 100 точки да ставиш на сликата пак ќе има едно и пол јаболко. :)
Дали сум во право?
(Ова е реторичко прашање, знам дека нема да одговориш... ;))
-
Не си во право, во криво си! :)
-
Значи ти тврдиш дека на сликата од стотката нема едно и пол јаболко?
-
Прво морам да се извинам за тоа што ќе го напишам, зашто твојата "стратегија" и мојата не се совпаѓаат.
За решение е битна равенката а не сликата.
Нема додавано ни точка ни запирка (алд'ми).
-
Ајде тогаш, чим не знаеш да одговориш колку јаболки има на сликата, ќе идеме со равенката...
Што значи 30 + 4 х 50?
Конкретно ова 4 х 50 на што се однесува?
-
Навистина ме изненадуваш!!
Реши ја равенката па ќе дознаеш што е тоа 30 + (4 х 50).
-
Едно црвено (30) и четири зелени (4х50) даваат 230
или математички:
30 + 4 х 50 = 230
или
30 + 200 = 230
Така?
-
Така ами како!
-
Колку зелени јаболки има на сликата?
-
За решение е битна равенката а не сликата
Карикирам!
Дали ја гледаш струјата во проводникот а сепк постои!
-
А равенката на кој основ ја изведена ако не од сликата?
-
Карикирам!
Дали ја гледаш струјата во проводникот а сепк постои!
-
Па така кажи, дента кога ја пишувал авторот загатката имало акција на јаболки у локалниот маркет, купи три добиј четири, затоа нацртал три, а у ствари имало четири, сега е јасно!
-
Акцијата била 'купи една, другата е гратис' ( каква-таква).
-
И сеа, уште не ни е јасно, EPROM е со едно или со пола јаболко Toma? ;D
-
Епа требал авторот да пише дека овие јаболките се налик на струјата у проводникот, не се гледаат на сликата ама постојат во формулата.
-
Според "логиката" на авторот, ако гледаш половина од нешто и мислиш дека тоа е цело а не половина тогаш тоа се рачуна како цело, одлична логика.
Ако наоолнам половина резервоар бензин и мислам дека сум наполнил цел резервоар бензин според логиката треба да извозам како за цел резервоар бензин иако имам само половина резервоар.
Каде функционира таа логика? Одма се селам таму.
-
Секој си има своја интерпретација и мислења за нештата околу себе (што е легитимно)!
Во предметната загатка единствена логика (според мене, а верувам и многу други) се равенките во истата, и нема потреба од развлекување на “прашалникот“!
-
Каде функционира таа логика? Одма се селам таму.
Прашај го Toma, он очигледно живее таму. ;D ;D ;D
Секој си има своја интерпретација и мислења за нештата околу себе (што е легитимно)!
А така ли. ;D ;D ;D Истото важи изгледа и во математика. ;D ;D ;D Слободна интерпретација, 2 + 3.5 = 5. Зошто? Па тоа е моја интерпетација, јас така сакам да биде, зошто па да не биде, математика е отворена за интерпретација ;D ;D ;D... сепак, вид на уметност е бе луѓе, ако јас гледам 5, не значи дека сите мораат да гледаат 5, на вас може ви се гледа 69 ;D ;D ;D.
-
Е како така за овде имаш една интерпретација и логика, на сликата јасно се гледа 1 1/2 јаболко, ама не убедуваш дека тоа не е битно и во формулата се брои како 2, а претходно во друга загатка кај тоа човечето имаше спротивна интерпретација и логика, таму се броеа сите ситници и дрангулии што држи човечето во рацете...?
Да не зборам за тоа што според тебе има логика да приметуваш некои минимални разлики меѓу 3 и 3 или u и u, и тоа ракописни (во случај кога постојат милион такви разни фонтови?), а ваму очи боде што фали пола јаболко, ама тоа не е битно, пошто у формулата магично е цело???
Многу неозбилно за мајстор од твој калибар... ???
-
LordZi. 99% од загатките се од интернет и таму има илјадници исти одговори за исти прашања, така да прашањето не ти на место!
Многу неозбилно за мајстор од твој калибар
Првото е многу сериозно обвинување а за второто се негираш самиот себе дека како мајстор од калибар имам јак интегритет!
-
На фб се лечат вагинално со лук, така да не би ти препорачал в крпче да ги врзуваш советите од фб...
-
Исто така на facebook некои хемороидите ги лечат со компир, ама сепак не сите се' излекуваат!
-
На youtube видеото со решението што го постира Toma има неколку коментари, кој сака да го знае одговорот нека ги прочита и нека си донесе решение.
-
Убаво е да имаш интегритет, ама уште поубаво е да имаш и доблест да признаеш кога не си во право за нешто, наместо упорно да избегнуваш едноставен одговор на едноставно прашање.
Разочарувачки, во секој случај... ::)
-
LordZi. Да разочарувачки, во секој случај!
Прочитај еден (а ги има многу мои такви прашања) и никој нема дециден одговор!
Е сега се поставува прашањето каде беше ти (иако не си инволвиран директно) да одговориш децидно!
И кој прв почна?
Навистина разочарувачки...
http://elektronika.mk/index.php?topic=14713.msg128553#msg128553
се работи за изменично напојување!
Во право сум или не!
-
Батали други прашања, не е тоа тема на интерес овде, мене конкретно ме занима да ми кажеш колку јаболки гледаш на сликата, просто и едноставно, ама еве веќе четврти-пети пат те прашувам, упорно не одговараш него ми го вртиш муабетот на друга страна... ::)
-
Нема потреба од тоа да ти кажам колку јаболки гледам од причина што сега јас ти поставувам прашање:
Кад е го гледаш пресекот (пресеченото јаболко) па да тврдиш на основа на сликата дека гледаш 1 1/2 јаболко.?
Не извртувам ништо затоа што сликата е тотално ирелевантна во однос на тоа како да се реши загатката, а таа единствено се решава со равенка. Толку.
А ти колку јаболки гледаш на сликата
(https://img.pastureone.com/img/selo-2019/krasivie-plodi-i-zamechatelnij-vkus-sort-yablon-krasnij-rannij-3.jpg)
-
Прво ти да одговориш на моето прашање, па после јас ќе одговорам на твоето, пошто од општа култура знаеме дека на прашање не се одговара со друго прашање... ::)
-
Јас гледам 2 + 2.
Ајде сега ти.
Колку јаболки гледаш на претходната слика?
-
Погледни ја уште еднаш сликата од загатката што си ја ставил, ако гледаш 2+2 целата логика во загатката, формулата и крајниот резултат ти се погрешни.
Пошто не може да знае решавачот дека авторот нацртал 1 1/2, а у ствари мислел на две...
-
Еве бе, и оние кои ја поставиле загатката признаваат дека и така може да се гледа на работите (1.5 јаболка, а не 2)... ама не Toma уште ќе тврди дека се тоа 2 јаболка. Ах, пусти инат... ::)
(https://i.postimg.cc/nH8tRsN6/SHOT039.png)
-
Сите загатки на Тома во оваа тема се по некоја негова логика и се безвеза, во една загатка ги брои и цртките и број на навој на сијалици, а во друга пола јаболка = цела јаболка...
-
Абе тоа одамна е јасно... ај што е тоа така, не е тоа проблем, секој различно гледа на некои работи, он така, јас овака, ти онака... ама проблемот е што не признава друго гледиште на работите ;D. Само он што ќе пише, само тоа е точно и ништо друго ;D.
Да беа загатките баш со променливи, x, y, z, ОК, тогаш решението сигурно е недвосмислено. Ама вака, со сликички, па половина јаболко, не цело, па имало ова, немало тоа... решавањето и решението се апсолутно отворени за интерпретација.
Не за џабе луѓето решиле променливи да ги обележуваат со букви, за да нема двосмисленост ;D. Може и јаболка, круши и банани да цртаме наместо x, y, z, ама во вакви ситуации, ај кажи „само ова е точно решение и ништо друго“ ;D.
-
Добро. Тома е глуп, инаетчија, недоквакан, дрзок, без мозок, неписмен и уште која сакате негативна квалификација и епитет...
Ајде сега ви е тројацата учени, разумни, со логичко размислување и нормални луѓе (LordZi, GigaWatt и Napsterce) интерпретирајте ја сликата!
Колку јаболки гледате на сликата
(https://img.pastureone.com/img/selo-2019/krasivie-plodi-i-zamechatelnij-vkus-sort-yablon-krasnij-rannij-3.jpg)
-
Немој да се нервираш, наведените епитети (освен можда инаетџија) никој не ти ги кажал, самиот си ги напиша... :)
Ајде сега, да не речеш дека и јас избегавам одговор, еве:
На сликата, која патем нема ама баш никаква врска со твојата загатка, јас гледам 1 7/8 јаболки.
ЕДИТ:
Мојот лош брат бизнак, ZiLord, пак ме убедува дека на сликата имало 4 јаболки...? ???
Кој е сега во право, јас или ZiLord???
-
На сликата, која патем нема ама баш никаква врска со твојата загатка
Има индирекна (безжична)врска и тоа многу кореспондира со загатката :D
Треба со Тома да се сретнеш во четири очи па да видиш дека сите епитети за мене (пишани и непишани од вас) се ваша имагинација, ама погрешна!
А сега јас по твојот терк.
Објасни како тоа гледаш 1 7/8 јаболки, кога тие не се толку, направи ја математиката да излезе резултатот 1 7/8 ?
-
Ма јок, никаква врска нема, освен во твојата глава можда... :D
Не знам како викаш не се толку, кога на сликата гледам една цела и уште три парчиња што вкупно сочинуваат 7/8.
Ако прашаш колку вкупно има на сликата, некој може другачие ќе ти одговори.
Него, мене повише оваа слика ме занима, конкретно заокруженото, јас тука гледам 1 1/2, ZiLord ме убедува дека немам имагинација и сум требало да замислам оти се две? А дури и резот убаво се гледа кај што е пресечена едната...
ZiLord вика дека сум пивнал вчера на ручек па ми се гледа 1/4 помалку, ама ја ко што знам би требало дупло да ми се гледа, а не помалку???
(https://i.postimg.cc/2Sn7FYbX/Screenshot-2020-08-31.png) (https://postimages.org/)
-
кога на сликата гледам една цела и уште три парчиња што вкупно сочинуваат 7/8
Како ја постави равенката за да го добиеш резултатот од сликата што ја гледаше?
Ма јок, никаква врска нема, освен во твојата глава можда...
Или во твојата “нелогичност“ можда...
btw
јок = Југословенски опинчарски комбинат. :D
-
Ете, кој носел (о)пинци знае... :D
Кој рече дека сум изведувал равенка? Ти за се што ќе видиш равенки пишуваш??? ???
Него, тоа заокруженото што упорно го избегаваш :), пресечено е едното јаболко на пола или не, што мислиш?
-
Да. Тие што носеле пинци, денес управуваат со државата и знаат се', ама тие што не носеле знаат “повеќе“ и кога ќе ја отворат устата излегува свеж планински воздух! :)
А со што е пресвечено јаболкото и зошто упорно тврдиш дека е “пресечено“ !
-
Затоа што ако е пресечено равенката треба да биде 30 + 3 х 50, а не 30 + 4 х 50, има разлика, нели?
А пресечено е најверојатно со лош фотошоп или едитор за слики, авторот изгледа не го бивало доволно за да нацрта две јаболки во расположивиот простор, како што не го бива и да смислува загатки. :)
-
А со што е пресечено јаболкото и зошто упорно тврдиш дека е “пресечено“ !
Прво одговори па “отом-потом“!
А со што е пресечено јаболкото?
-
Веќе ти одговорив:
А пресечено е најверојатно со лош фотошоп или едитор за слики, авторот изгледа не го бивало доволно за да нацрта две јаболки во расположивиот простор, како што не го бива и да смислува загатки.
-
А пресечено е најверојатно со лош фотошоп или едитор за слики, авторот изгледа не го бивало доволно за да нацрта две јаболки во расположивиот простор, како што не го бива и да смислува загатки.
Добар ден!
Бидејќи во насловот на целата тема има и „мудрување“ дозволено е секој со својата имагинација, логика ,интелигенција, да мудрува, претпоставува, мисли и итн итн...
Сега, значи најверојатно дека ти гледаш 1 1/2 јаболко ама немаш доказ, па според тоа не тврди за нешто што претпоставуваш а немаш доказ!
И сега кај стасавме? (Anladım)
-
Па ти си бил роден пУлитичар, при очи ме убедуваш дека на сликата има две јаболки, кога гледам нешто друго... :D
Најверојатно и на другите членови им се причинило истото, кУјзнае... ::)
ПС. Имаш ли ти можеби „доказ“ дека има две јаболки на сликата, освен што така стои во паушално напишаната формула, втемелена на лично „видување и толкување“ на многупрочуениот Ентелигентен и премудар автор, почетник во фотошоп, и неговите следбеници? :D
-
Нема потреба од визуелен доказ, Доволен дока се двете равенки.
Мојата логика е таа, а ако не ти се допаѓа тоа е твој проблем.
Исто така од каде си сигурен дека јаболкото е 100% симетрично од секој агол па да тврдиш дека се 1 1/2
(https://i.postimg.cc/FHRTbkFd/1.png)
ПП.
Па ти си бил роден реалист,навистина браво. При наочари ме убедуваш дека на сликата со јаболките од сликата (https://img.pastureone.com/img/selo-2019/krasivie-plodi-i-zamechatelnij-vkus-sort-yablon-krasnij-rannij-3.jpg) има 1 7/8 јаболки! :)
-
Го знаеш вицот со бугарите, „тази дупка не е дупка“, е таква е и твојата логика во случајот... :D
-
Според тоа твојата перцепција на просторот со сликата (https://img.pastureone.com/img/selo-2019/krasivie-plodi-i-zamechatelnij-vkus-sort-yablon-krasnij-rannij-3.jpg)е “тази дупка е половин дупка“ со 1 7/8 јаболки! :)
-
Џабе бегаш од вистината, твојата логика е погрешна, иако егото не ти дава да признаеш, а мојата е исправна.
И точка. :D
-
Џабе мислиш и преферираш дека имаш подобро логичко размислување од мене. Вистината боли ама треба да се носиме со неа. :)
ПП
Мојата циганка се реинкарнира и ме фали секаде кај ќе стигне, и луѓето доаѓаат да проверат и си одат како попарени со врела вода!! :D :D :D
-
Се виде твоето логичко размислување, после вакви аматерски грешки џабе ти е сега и цела Шутка да те фали... :P
-
Во ред. Да се виде (многу го видоа посебно оние што се гости) моето логично размислување. Благодарам на признанието.
Сепак се виде и твоето тврдо неточно и нелогично размислување.
А Шутка е кај тебе па побарај си циганка да те фали, оваа мојата не ја давам за ништо на светот! :)
И уште нешто. 100% сум убеден дека ниеден член (што не е модератор или администратор) нема да стои на твоја страна освен некој апологет. :)
-
Да не почна да носиш гости од други форуми да лобираат за тебе? ::)
Јас пак 102,3% сум убеден дека ниеден член (што не е сега зачленет, можеби по нарачка ::)) нема да стои на твоја страна освен, некој апологет :D
-
„Repetitio mater studiorum est”. :)
-
Еден “фотошоп“ за сите а посебно за LordZi
(https://i.postimg.cc/25Gb2FQd/2.jpg)
-
Repetitio за тебе едино часовите по математика... :D
ПС. Поздравче од Саја и Клеопатра, првите големи мачки со фотошоп диплома ;)
https://www.bloglovin.com/blogs/my-modern-met-1170172/photographer-waits-6-days-to-capture-perfect-7582849827
-
Repetitio за тебе единствено добар професор за часови по логика!!! :D
People who think they are smarter than me they are in good position to kiss my ass!!! :)
-
Јас на Тебе не ти упатувам навреди од типот дека можеш да ми го бациш газот, затоа ќе Те замолам да се однесуваш културно и како што ти доликува на годините.
-
Јас како постар еве за твоја сатисфакција Се извинувам ако се осеќаш погоден!
Оваа најдолу е твој цитат од твојот потпис и е ставен на форум и важи за сите членови, меѓу кои е и мојата маленкост и се чуствувам понижен од секој твој пост кој е реплика на мој пост!
Ај сега да видам што ќе одговориш!
Во право сум или не?
People who talk behind my back are in good position to kiss my ass!!!
-
Го прифаќам извинувањето.
Што се однесува до другото, дали ти ми збориш позади грб? Ако не, нема причина да се осеќаш понижен, пошто тоа е однесува на тие што зборат зад грб, нели...
-
Според мене без разлика дали јас или некој друг ти збори зад грб, за модератор со достоинство и морална одговорност како “раководител“ на фирма или форум (како сакаш), не доликува!
-
Исто така на facebook некои хемороидите ги лечат со компир, ама сепак не сите се' излекуваат!
Така е, твое право е дали ќе се лечиш на фб или на доктор.
-
...Според мене...
Според тебе... Никој друг не ми се пожалил до сега.
-
Ме чуди зошто така размислуваш и очекуваш дека некој ќе ти се пожали а не се пожалил досега!
Па кој има “муда“ да му се пожали на администратор или модератор (посебно на овој форум) кога го следува БАН и тоа без предупредување!
Мене сакавте да ме БАН-ирате затоа што “не“ бев на линијата на административната тактика за работата на форумот а која според мене се покажа и докажа дека не дава резултати, и затоа има десетина “активни“ членови.
Моја мана е што немам влакно на јазикот и го пишувам онаа што мислам дека е исправно и точно.
Тоа беше еден мал off topic!
Заборавете дека сум го напишал или избришете го зашто и така јас сум единствената црна и дрска овца на овој форум.
-
Десет години сум модератор на овој форум и членовите добро ме знаат, многу од нив и лично, никогаш не сум банирал некого без предупредување, освен ботови и спамери од странство.
Исто така не е точно дека сме сакале (множина?) да те банираме поради причините што ги наведе, па тоа е бар едноставно, да сакавме едно сабајле само ќе добиеше порака дека не можеш да се најавиш и толку ќе беше... ::)
-
Иако во темата имаше “варници“ сепак можеме да разговараме. Жал ми ама не знаеш се што се случувало за да го напишам онаа што го напишав погоре!Сепак сум сигурен дека не сакаше да завземеш страна и да се спротивставиш на твоите од администрацијата! Јас не видов дека имаш свое јас и да ме подржиш каде бев во право или да ме критикуваш ако сметаше дека не сум во право. Било па поминало а сега Тома се релаксира и нема ни малку да ме допре и да добијам БАН.
Некаде имам напишано дека мене не ми треба форумот туку јас сум му потребен на форумот!
Модератор сум повеќе од десетина години и тоа на форум кој има толку многу и квалитетни податоци што е жално за наш македонски форум да брка членови со знаење и податоци.
Навистина жално!
-
Превише офф отиде темата, али ај накратко, нема мои-твои од администрација, во последно време практично сме само Гига и јас, не сум те поддржал пошто не бевте у право за тоа што се бунтувавте, не сум те критикувал пошто веќе беше кажано се што треба и се останато ќе беше само дуплирање. Тоа што имаш знаење од одредени области не те апсолвира за да го „тупиш“ (не е ова пишано во навредлива смисла ;)) за секакви ситници што ти мислиш дека се битни. Форумот ни е таков како што е и е одраз на целокупната состојба во државата, дали тебе ќе те има на него (или мене) нема да смени многу во квалитетот, за жал.
-
И уште нешто. 100% сум убеден дека ниеден член (што не е модератор или администратор) нема да стои на твоја страна освен некој апологет. :)
Чоек... ја не знам како не ти е јасно до сега дека скоро сите членови на форумот не ти го поднесуваат карактерот... не го измислувам јас ова, од post-вите е очигледно.
Па кој има “муда“ да му се пожали на администратор или модератор (посебно на овој форум) кога го следува БАН и тоа без предупредување!
Аман... ::) ::) ::)... до сега барем едно 10-тина пати си бил за бан, па никогаш не си бил баниран.
Мене сакавте да ме БАН-ирате затоа што “не“ бев на линијата на административната тактика за работата на форумот а која според мене се покажа и докажа дека не дава резултати, и затоа има десетина “активни“ членови.
Молам ???... кога се случло ова? Немаше апсолутно никаков предлог од твоја страна за зголемување на членството на форумот. Предлог за подобра функционалност, за „лажно прикажување“ (не е лажно ако прочиташ што пишува во fine print) на бројот на активни членови на форумот во определен временски интервал, да, ама освен тоа... ништо друго.
Факт: некоја конкретна тактика, немаше никогаш предложено.
Беше тргнат од администрацијата бидејќи беше дрзок и непотребно се мешаше со правила од други форуми во тема во која е активен друг член од администрацијата. Можеше да пишеш во секцијата за администрација дека сметаш дека „ова и ова не е во ред во оваа тема“ па да се развие дискусија, ама не. Ти и batka решивте директно вие да се справите со „лошиот нов член“, иако admin е активно инволвиран во post-ирање во таа тема. Па дури и да беше друг модератор, сметаш дека е тоа исправно? Па да... зошто воопшто прашувам ::). Сигурно сметаш дека е штом така постапи ::).
Моја мана е што немам влакно на јазикот и го пишувам онаа што мислам дека е исправно и точно.
Мислити и срати и цвече брати није исто.
Десет години сум модератор на овој форум и членовите добро ме знаат, многу од нив и лично, никогаш не сум банирал некого без предупредување, освен ботови и спамери од странство.
Уште еден факт. Јас сум член и пред да станам модератор и админ. LordZi беше модератор пред јас да станам... без разлика, комуникацијата и консултацијата секогаш ни била на ниво... апсолутно немам на што да се пожалам од професионалната соработка со него.
Од друга страна, не можам истото да го кажам за тебе.
Некаде имам напишано дека мене не ми треба форумот туку јас сум му потребен на форумот!
Во последно време, искрено... само на секцијата за забава и требаш... ако воопшто има потреба од некој кој post-ира само во неа... не е забрането да post-ираш само таму, ама апсолуно никаква корист нема од неа... таа е баш тоа... забава.
Модератор сум повеќе од десетина години и тоа на форум кој има толку многу и квалитетни податоци што е жално за наш македонски форум да брка членови со знаење и податоци.
Терај си таму, никој не ти брани.
Да не праам муабет што тој форум е Балкански (значи членови има од цела бивша Југославија), плус е наменет исклучиво за професионални сервисери, не и за аматери. Сосема нормално дека ќе има активни членови.
А зошто и наши post-ираат по Ex YU форуми и кршат јазик, навистина не ми е јасно... кажи ми да ти кажам... истото можам да го прашам и за луѓе од сите останати Ex YU простори кои не сакаат да бидат дел од форумов... ваква беше приказната и пред ти да станеш модератор и пред 7, 8 години кога форумот беше во подем. Само наши имаше на форумов. Кешки doca (Др. Бора) што чат-пат по нешто ќе пишеше, толку.
Форумот ни е таков како што е и е одраз на целокупната состојба во државата, дали тебе ќе те има на него (или мене) нема да смени многу во квалитетот, за жал.
Проблемот е што Toma ова не успева да го свати.
Toma, не знам колку ти е јасно... знаеш кој труд треба да се вложи за форумов да личи на EDAboard или некој сличен? Треба платен персонал да има кој секојдневно ќе работи на него. Тоа е неизводоливо во ситуацијата во која моментално се наоѓа форумот... а во таа ситуација беше и кога почна пред 11 години. Група на луѓе кои имаат вложено нешто труд во customizing на free и open source софтвер за форуми, толку. За да тргнеш од таа точка нанапред, треба капитал, труд и време да се вложи, нешто што никој од нас го нема на располагање во огромни количини... и нема да го има без да се плати за тоа.
Не знам како не ти е јасно тоа ???.
Ова и се понатаму (а и post-ови пред овој) ќе се сечат и нова тема ќе се отвори.
-
"А зошто и наши post-ираат по Ex YU форуми и кршат јазик, навистина не ми е јасно... кажи ми да ти кажам... истото можам да го прашам и за луѓе од сите останати Ex YU простори кои не сакаат да бидат дел од форумов... ваква беше приказната и пред ти да станеш модератор и пред 7, 8 години кога форумот беше во подем. Само наши имаше на форумов. Кешки doca (Др. Бора) што чат-пат по нешто ќе пишеше, толку."
Мал (и расипан) народ сме, нема што да понудуме, се плашиме дакажиме нешто, оти претежно тоа е се' што знаеме, се банираме за банални причини, школството ни е стрАње и мора да се лижиме кај другите. Секако има исклучоци ама се 1%
-
Постираат и прашуваат по екс YU форуми затоа што, за жал, повеќето се подобри од нашиот и тоа не е тајна.
Моментално според мене бр.1 е yu3ma.net, иако знам дека Гига не го мириса многу :D, таму се собрани одлични стручњаци за разни области од електроника со огромно познавање и искуство, и што е најбитно, несебично го споделуваат. Кај нас многу малку има такви луѓе, уште помалку што сакаат да споделат нешто и затоа сме таму кај што сме.
-
Јас не знам како не е јасно... сосема е нормално дека ќе бидат подобри бидејќи има кадар од цел Балкан. Македонски не беше официјален јазик во бивша Југославија, беше Српско-Хрватски, што практично значи дека Срби, Црно-Горци, Босанци и Хрвати се разбираа скоро перфектно. За разлика од нив Македонски и Словенечки беа the odd-balls out... и никој не сакаше да ги научи, а ние пак од друга страна, прилично сервилни бевме од овој аспект, па им зборувавме на сите на Српско-Хрватски (кршевме јазик да бидам искрен) и сосема е логично дека прво што ќе им падне на памет е „еј, отвориле форум Македонциве... ОК, нивна работа“... од друга страна, оние кои ги биваше од кај нас, или се отселија, или фатија друга работа, или сосема заборавија дека постои ваква област (електроника, техника, итн.) и дојдовме до ситуацијата до која дојдовме. Нема активни членови бидејќи нема квалитетна содржина, а квалитена содржина се прави со квалитетен кадар, т.е. луѓе кои имаат познавања од областа.
Во иста ситуација се и Словенците. Кажете еден Словенечки форум за електроника, освен Фанзо (не сум сигурен дали Словенец е основачот, ама мислам дека е така... и тоа е успешен, само поради тоа што се комуницира на официјалниот јазик во бивша Југославија, а мајчин им е на барем 4 националности) кој е наменет за електроника и успешен... нема. Фактите се тие. Милион пати е правен муабетот и милион пати е донесуван истиот заклучок. Свети реклами стави, ма кај сакаш, нема да има членство. Ќе се зголеми краткотрајно и толку... после пак ќе падне.
И не е дека „не го мирисам yu3ma.net“. Гледам дека е пред се наменет за аудио, а одамна сум излезен од тие води. Плус, треба да пишувам на Српски, а не ми се пишува од пусти инат што истото не им се прави и на сите останати Ex YU народи на нашиот форум... притоа, не се приморани да пишуваат на Македонски, тоа и во правилата стои, може и на ниниот мајчин јазик, ама ете, пак не сакаат... епа ние ако на нив не им требаме, зошто па јас да им пополнува содржина на нивните форуми. Не гледам причина.
А и една тема отворив за CH341A, 300, 400 прегледи, само еден одговор... и тоа јасно ми беше и зошто, бидејќи текстот ми беше пишан на Македонски, и тоа намерно, за да им угодам на сите, на латиница... епа извини, јас ако можам да разберам што сте пишале, зошто да не ме удостоите со некој одговор или коментар... не на Македонски, на кој сакаш јазик, не е проблем, јас ќе се снајдам... ама не, пусти инат се и националисти се „шо бара Македончево сега да пишува на Македонски, нека си пише на Српски па и да га Бог разуме ;)“.
Извини, ама не идам кај што не ме сакаат. И на работа истиот муабет им го праам. Ако комуницирам со некој од бившиве YU простори, секогаш ми викаат „не те разумем...“. Нема проблем, се шалтаме на Англиски? Ако речат да, ОК, ако не... извини, ја не знам Српски (ова не е точно, ама намерно така викам). Да видиш како кршат Англиски ако мораат.
Ме фаќа инат за вакви работи бидејќи сите од Ex YU што зборат Српски/Хрватски по default очекуваат ако си од некоја Ex YU република на која не и бил мајчин јазик некој „дијалект“ на Српски/Хрватски (практично, тоа се само Македонија и Словенија), да се прешалташ на Српски/Хрватски. Епа од мене нема тоа да го добијат, од други, не знам... секој за себе си знае.
-
Скупскиов дијалект е пола србски, има лиѓе шѕо живеат овде по 40 години и ушре не разумат Македонски, а кинезине што дојдоја за патон за 3-4 год научија мкд.
Онда имаме мн малце литература на мкд, скоро и да немаме научни институции ( кои се бават со наука, не со политика)...
-
@Гига
верувај нема национализам таму, не е проблем ако пишеш на македонски, ни на хрватски, има некои членови Хрвати цепаат на некој далматински дијалект што едвај го разбирам па никому ништо, плус си идат на гости, едните на Триода фестивал во Хрватска, другите на собирот во Крагујевац, така да не верувам дека намерно те игнорирале во темата што ја имаш отворено ;).
Иначе, уз муабет дознав и дека добар дел од србите таму, постарите генерации особено, имаат работено (живеено) во МК (Скопје, Кавадарци - Фени, Штип...) и многу солидно зборат македонски, а разбираат малтене 100%. Исто прошлата недела на мејл ми пиша и еден член од Фанзо форумот да му пратам некои скенови од Емитер, човекот е од Белград, ама живеел во Скопје и знае одлично македонски. :)
Словенците иначе имаат одличен форум, ама порано беше зезнато да се регистрираш пошто прашањата им беа на словенски, се мачев на времето и баталив, може погрешно ги разбирав прашањата, може и самиот форум имаше некој баг цело време ме вртеше во круг, којзнае, сега не знам каква е ситуацијата...
-
Скупскиов дијалект е пола србски, има лиѓе шѕо живеат овде по 40 години и ушре не разумат Македонски, а кинезине што дојдоја за патон за 3-4 год научија мкд.
Дијалектот е таков. Не значи дека зборуваат на Српски.
А тоа за Србите во Македонија, општо познато е. Ќе умрат, нема да научат Македонски. ::)
Онда имаме мн малце литература на мкд, скоро и да немаме научни институции ( кои се бават со наука, не со политика)...
И оваа тема е разглобувана до смрт... нема и нема да има... нема кој да ја пишува. Старите кадри што ги биваше се во пензија или починати, нови кадри нема. Тоа е тоа, ако сакате, Англиска литература, ако не, тоа е тоа.
верувај нема национализам таму, не е проблем ако пишеш на македонски, ни на хрватски, има некои членови Хрвати цепаат на некој далматински дијалект што едвај го разбирам па никому ништо, плус си идат на гости, едните на Триода фестивал во Хрватска, другите на собирот во Крагујевац, така да не верувам дека намерно те игнорирале во темата што ја имаш отворено ;).
Можно е... не знам, ти почесто си присутен на тој форум.
Иначе, уз муабет дознав и дека добар дел од србите таму, постарите генерации особено, имаат работено (живеено) во МК (Скопје, Кавадарци - Фени, Штип...) и многу солидно зборат македонски, а разбираат малтене 100%. Исто прошлата недела на мејл ми пиша и еден член од Фанзо форумот да му пратам некои скенови од Емитер, човекот е од Белград, ама живеел во Скопје и знае одлично македонски. :)
Добро, можно е погрешно да сум го интерпретирал немањето на одговори... не знам... можно е да си во право.
Словенците иначе имаат одличен форум, ама порано беше зезнато да се регистрираш пошто прашањата им беа на словенски, се мачев на времето и баталив, може погрешно ги разбирав прашањата, може и самиот форум имаше некој баг цело време ме вртеше во круг, којзнае, сега не знам каква е ситуацијата...
Епа очигледно тогаш само нас не не бива... како и за се останато... не знам што да кажам.
Видете, еве и јавно ќе пишам, ако некој мисли дека може подобро да го води, нема проблем, му предавам credentials, бујрум, немам проблем со тоа. Тогаш таква беше ситуацијата, Devil немаше слободно време и немаше кој друг. Ако има сега некој со познавање и да знае да го администрира, како од социјален, така и од технички аспект (сервер, подесувања, code tweaking), бујрум... нема проблем.
-
"
Дијалектот е таков. Не значи дека зборуваат на Српски
"
Србизми се, не сум против дијалекти, него пеотив србизми, не веривам дека пред 150-200 год бил ваков
-
(https://i.postimg.cc/wBys9pG0/bla.jpg)
-
Грешката ти е погрешна :D
-
Грешката не може да биде погрешна затоа што не е една! :D
-
ГрешкаТА... Членувано ;)
-
Грешката не може да биде погрешна затоа што не е една! :D
Членувано или не (ГрешкаТА) има повеќе грешки.
Мозгањето е да се напишат кои се тие?
Do you understand me?
-
Ајде, чим сакаш описно, едното the ти е вишок, место the mistaces! треба mistakes?...
А ако сакаш да идеш у крајности може да кажеш и дека наместо првото bla треба да стои Bla.
-
Ајде, чим сакаш описно, едното the ти е вишок, наместо the mistaces! треба mistakes?...
Тоа се трите грешки ;)
А ако сакаш да идеш у крајности може да кажеш и дека наместо првото bla треба да стои Bla
Ако имам епитет Дрскиот Toma (апсолутно незаслужено) не треба да ми додаваш и други епитети со кои ќе се воздигнувам и ќе сум легенда на форумот :D :D :D
-
Иначе, ги дискриминираш тие што не знаат англиски да не можат да го решат ова ;).
Ако имам епитет Дрскиот Toma (апсолутно незаслужено) не треба да ми додаваш и други епитети со кои ќе се воздигнувам и ќе сум легенда на форумот :D :D :D
Не те разбрав баш сакаше да кажеш.
-
Иначе, ги дискриминираш тие што не знаат англиски да не можат да го решат ова ;).
Па, не би рекол дека некого дискриминирам, зошто? Затоа што 94.639% од членовите имаат учено англиски јазик! Впрочем како ги користат компјутерите, лаптопите, телефоните, услугите на Гуглето итн, итн...ако не го познаваат англискиот јазик, па најпосле имаат и преведувач од Гуглето.
Инаку најдискриминирана личност и сеуште член е “Дрскиот“ Toma (апсолутно незаслужено и тенденциозно)
Не те разбрав баш сакаше да кажеш.
Еве и јас сега не те разбрав што сакаше да ме прашаш! ;)
-
Затоа што 94.639% од членовите имаат учено англиски јазик
Ова е базирано на некои истражувања, анкети, докази, или онака паушално...?
-
yu3ma е единствен форум каде што не можеш да се зачлениш...
-
Не е единствен, има и други, sonsivri на пример.
-
Чоек... ја не знам како не ти е јасно до сега дека скоро сите членови на форумот не ти го поднесуваат карактерот... не го измислувам јас ова, од post-вите е очигледно.
Без никава статистика и од ракав, се разбира паушално.
Ова е базирано на некои истражувања, анкети, докази, или онака паушално...?
И јас исто онака од ракав паушално. :D
-
Работата искача ја тебе ти мене, а...? :D
-
Ако веќе забраниле пристап, барем нека дозволат гледање на шемите/скиците.
-
Ако имам епитет Дрскиот Toma (апсолутно незаслужено)...
Апсолуно незаслужено ???...
(https://i.postimg.cc/tJCLhLBP/what.gif)
Те молам образложи...
...не треба да ми додаваш и други епитети со кои ќе се воздигнувам и ќе сум легенда на форумот :D :D :D
А и без тоа си ти легнеда, не се секирај ;D ;D ;D.
Инаку најдискриминирана личност и сеуште член е “Дрскиот“ Toma (апсолутно незаслужено и тенденциозно)
Please continue...
(https://i.postimg.cc/76pKLdpw/the-dude.gif)
Без никава статистика и од ракав, се разбира паушално.
Сакаш да отворам анкета? Не е проблем, за минута се прави ;).
yu3ma е единствен форум каде што не можеш да се зачлениш...
Да, ти треба invite.
И да не ти се верува популарен е ;D ;D ;D.
Можеби и ние тука така треба да направиме... кој знае. Забранетото јаболко е секогаш послатко ;).
Не е единствен, има и други, sonsivri на пример.
Да, со тоа што на sonsivri може да се зачлениш ако се докажеш или ако некој член „гарантира“ за тебе.
Ако веќе забраниле пристап, барем нека дозволат гледање на шемите/скиците.
Еееееееееее, и нас не критикуваа останатите Ex YU форуми затоа што не можеше да се гледаат темите освен ако не си член на форумот... и да, и јас сметав дека е тоа нефер (а и други од администрацијата, тогашната администрација) и сменивме да може да се гледаат. Видиш, можеби требаше и ние да забраниме регистрации и да го направиме комплетно приватен.
-
Колку и кои поединечни бројки се содржат во цртежот
(https://i.postimg.cc/8czng2jp/222-1.jpg)
-
Реприза?
http://elektronika.mk/index.php?topic=14818.msg131873#msg131873
-
Можда ова ти е поправен? :)
-
Можда. :D
"Repetitio est mater studiorum" ;)
-
:D
-
Да. "Repetitio est mater studiorum" :D
Колку броеви има нацртано на сликата и кои се тие ?
Колку и кои поединечни бројки се содржат во цртежот
Каде е трикот? ;)
-
Сите
-
На сликата има 5 (пет) грешки (разлики) и две жешки. Се бараат под дрво и камен двете жешки ама сепак загатаката е каде се петте грешки (разлики).
(https://i.postimg.cc/664Tym28/001-634x353.jpg)
-
(https://i.imgur.com/6jCN9Lo.jpg)
-
Можете ли да ја најдете грешката
(https://i.postimg.cc/Cx6rXLG1/K1A.jpg)
-
(https://i.imgur.com/BuVhJmt.jpg)
-
He.
(https://image.shutterstock.com/image-vector/depressed-sad-emoticon-hands-on-260nw-292269200.jpg)
-
Нула наместо о.
(https://i.imgur.com/C6xiqFZ.jpg)
-
F i N D
-
Да, може да се толкува и како „Нула наместо о“, меѓутоа бидејќи се бара една грешка, логичното решение е во латиничното i во fⅠnd и mistake.