Ако телото на ласерот е од пластика, очекувај дека ќе грее. Рачунај дека за 200 миливати зелена светлина ласерот внатре има инфрацрвена ласер диода која е барем 700 - 800 миливати. Зелените ласери работат на овој принцип, фреквенцијата на инфрацрвена ласер диода се дуплира и се добива зелена светлина нешо слично како кај множењето на фреквенцијата на кристалите во радио техниката. Овој процес на дуплирање не е многу ефикасен и затоа инфрацрвената диодата мора да биде многу посилна за да се добијат тие 200 миливати на излез. На некои ласери телото им е направено од алуминиум и ласер диодата е во термална спрега со него па така самото тело служи како ладилник и следствено многу помалку се загреваат, ако е од пластика ќе грее многу повеќе зошто пластиката е изолатор а не спроводник на топлина како алуминиумот.