Значи тебе ти се оксидирани само круговите бакар околу дупчињата? Во тој случај внимателно ќе ги истриеш само нив додека не светнат, а не целата плочка иначе ќе го симнеш лакот. Ако не излегува оксидираното пробај механички да го исчистиш, на пр. со некое ноже, врв од штрафцигер или сл., бакарот мора да биде чист и сјаен за да можеш како што треба да залемиш на него.