Македонски форум за електроника

Електронски уреди => Видео опрема => Topic started by: vrukiot on 04.07.2011, Monday, 23:45:22

Title: Проблем со PANASONIC TV !!!
Post by: vrukiot on 04.07.2011, Monday, 23:45:22
Значи вака колеги си купив нов LG телевизор и стариов што го гледав до вчера 52 е мислам панасоник го симнав доле во работилница и несака да се запали а до вчера работеше  ;D мислев нешто до напон на стуја ова она да не е но дефинитивно има нешто цркнато.Го качив кај што стоеше предходно повтоно го пуштам и не работи  :(.Прашањето ми е дали некој кондензатор ми е поебан или ???
Ви благодарам на одговорите однапред  :D
Title: Одг: Проблем со PANASONIC TV !!!
Post by: Devil on 05.07.2011, Tuesday, 00:00:30
вака мора да нагањаме што може да му е
прво ќе провериш напојувањето осигурачот дали е исправен, дали има оптички траги некакви на проблем
провери ја хоризонталата, доколку во неа се добиваат поголем дел од напоните за повеќето степени во апаратот исклучувај ги еден по еден нивните напојувања да провериш дали има проблем со некој од ним, најди си сервисна шема за уредот
Title: Одг: Проблем со PANASONIC TV !!!
Post by: vrukiot on 05.07.2011, Tuesday, 00:05:16
Аха ок ќе побарам само не се доискажав можеби нешто би значело  ;D значи го ставам приклучокот во штеќер (приклушница) и сијаличката на него што е светнува и стискам на далечинскиот управувач за да се пушти и пушта и одма гаси не ни појавува слика ништо и си стои како изгасен.
Title: Одг: Проблем со PANASONIC TV !!!
Post by: Devil on 05.07.2011, Tuesday, 00:11:06
напојување има, значи нешто влечи голема струја и се уклучува заштитата и ти го гасни тв-то, најди сервисна шема, види дел по дел исклучувај од степените кога ќе престани да се исклучува тв-то ќе знаеш во кој степен е проблемот и полесно ќе можеш да го решиш
Title: Одг: Проблем со PANASONIC TV !!!
Post by: GigaWatt on 05.07.2011, Tuesday, 00:33:20
Тоа што го рече Devil, тоа направи го ;). Не е лошо во насловот да пишеше кој модел е телевизорот. И не мора да ги ставаш извичниците и големите букви, ќе ти се помогне и ако немаш извичници во насловот.

Напојувачките степени се гасат еден по еден (наједоставно) преку вадењето на калемите за пеглање на напонот по flyback трансформаторот (switching напојувањето на телевизорот, малку се разликува од напојувањата на компјутерите ;)). Напоните кои треба да ги има во телевизорот (најчесто, доколку е микропроцесорки контролиран) се 5V, 12V, 24-45V (можно е и да го нема овој напон, а можно е да биде и малку помал, зависи од изведба до изведба), 80-150V (напон за хоризонталата, висината на напонот зависи од изведба до изведба). Најдобро е да си симнеш сервисна шема, да видиш кои и се колкави се напоните и да бараш каде е проблемот со исклучување на степен по степен ;). Кога ќе најдеш каде е проблемот (со гасење на кој напон се пушта телевизорот), продолжуваш да го бараш проблемот во таа секција ;).
Title: Одг: Проблем со PANASONIC TV !!!
Post by: filipmkd on 05.07.2011, Tuesday, 16:50:02
Би сакал да помогнам околу поправката оти и јас се занимавам со тоа но нема доволно податоци за да можам да ти помогнам
Title: Одг: Проблем со PANASONIC TV !!!
Post by: ivica.s on 05.07.2011, Tuesday, 19:51:08
Quote
Аха ок ќе побарам само не се доискажав можеби нешто би значело
значи го ставам приклучокот во штеќер (приклушница) и сијаличката на него што е светнува и стискам на далечинскиот управувач за да се пушти и пушта и одма гаси не ни појавува слика ништо и си стои како изгасен.

По ова што го кажуваш имаш некој проблем со хоризонталата или  транзисторот што го драјвува високонапонското трафо е изгорен или пак самото трафо, кога ќе го вклучиш телевизорот некој дел во хоризонталата се однесува како краток спој и се вклучува заштитата. Постои можност и самите греачи во екранот, намотки за дефлекција и сл.  да се однесуват како краток спој оти сите овие работи се напојуваат од хоризонталата.

Не знам колку имаш искуство со електроника и поправка на телевизори, ама јас бити препорачал да го однесеш телевизорот на мајстор, оти во него има опасни напони и поправката на телевизори не е баш за аматери, ова ти го велам најдобронамерно, не ме сваќај погрешно.  
Title: Одг: Проблем со PANASONIC TV !!!
Post by: GigaWatt on 06.07.2011, Wednesday, 12:20:09
Би сакал да помогнам околу поправката оти и јас се занимавам со тоа но нема доволно податоци за да можам да ти помогнам

Не е лошо во насловот да пишеше кој модел е телевизорот.

Па тоа ми беше и мене поентата, да имавме модел и сервисна шема, ќе можевме да посочиме и кои компоненти да ги провери, но... :S.
Title: Одг: Проблем со PANASONIC TV !!!
Post by: vrukiot on 07.07.2011, Thursday, 00:47:55
Колеги заминувам на одмор прво да одморам па здравје боже од 25-ти ќе го сервисирам :) Поздрав до сите.
Title: Одг: Проблем со PANASONIC TV !!!
Post by: didy on 31.07.2011, Sunday, 19:14:46
Здраво
како што кажа Ивица,проблемот е во хоризонталниот степен, ако е здрав транзисторот BU208, или BU 508, тогаш е каскадата, како што го опиша сигурно е постар модел и каскадата е како посебен елемент, не е заедно како целина со хоризонталното трафо.
Отвори го капакот, прочитај ги деловите од тој степен.
Исто ме интересира од кога го исклучи апатаѕоѕ и повторно го вклучи во работичница колку време помина? Мислам на суви електролити, и ова се случува после исклучување од напојување. ако сликата е добра на екранот вреди да се поправа, ако не во кош (штета што кај нас нема отпад за рециклажа на електронски делови ;)