Прво, такви осцилатори со NAND (НИЛИ) порти како што опишува бугаринот имаат еден куп хармоници без разлика на тоа што се едноставни. Ова на шемата има далеку почист носител. Иначе еве слика од предавателчето меѓутоа го залив со пластика за да видам дали ќе има ефект пластиката на 1MHz и нема, работи исто како да нема пластика. Иначе НИКАКО да не заливате предавател над 10MHz со пластика бидејќи ќе се пореметат сите намотки (намотка во воздух и во пластика има различен индуктивитет!).
Предавателот е минијатурен, направен со мали исравено поставени отпорници, транзисторите се блиску, кристал од далечинско (802MHz) (зелен на сликата) и излезниот калем не е присутен (треба да биде екстерен) ама работи релативно добро и вака (без калем) само е далеку послаб, т.е. послабо зрачи.