Моја препорака е да користиш 9 волтна батерија, барем додека ја подесуваш бубата...
Незнам дали ја читаше од почеток темата, во еден од првите постови Борче БТ кажа дека ако користиш 12 волти фреквенцијата „шета“.
Абе знам дека со напонот се поместува и фрекфенцијата, ама не е можно до толку да е, башка и после додавање уште еден кондензатор паралелно со калемот сеуште не влезе во фрекфентен опсег на FM.
Разгледував што може да е проблемот и изгледа поради несовршеностите на водовите ("цел живот вежбаме пеглање и пак второ место" работава...) намалена е индуктивноста на калемот. Ај сепак нека стигне SDR-ов од кина па ќе ја дебагираме каде е проблемот и ќе пишам што испаднало. Многу е проблематично што е наштимана на 107 мегахерци, ако малце отиде нагоре - отидено е скроз.
UPDATE:
Прво, FM буба на switching напајање е неверојатно лоша идеја бидејки прави толку брум што мислиш дека не фаќаш ништо и дека бубата не работи. Работела на ~105MHz
Второ, бубата е сосема издржлива на надворешни фактори како приближување кон метали, но напонот и прави солидни промени, 3.7V батерија ја симна фрекфенцијата конечно на рамно 108 MHz, успеав да ја фатам на радио. 14,7pF кондензатор наместо 12pF ќе ја симне негде до кај 102MHz.
Трето, тример кондензатор на бубава е одлична идеја наместо фиксниот од 12pF за ако ја закачите на 12V од акумулатор на кола да може да ја спуштите фрекфенцијата пропорционално.
И да, лошо испечатен калем прави разлика, бидете добри во пеглање