Македонски форум за електроника
Електронски уреди => Видео опрема => Topic started by: Otpor on 22.04.2017, Saturday, 20:32:57
-
Здраво колеги ;)
Ми треба мала помош ....Канончево го имам 12 год. ,до сега вадеше стакло слики ама во последно сликиве ги дава со линии...дали е оптиката или е нешто до електрониката,односно дали има чаре или да го спремам за фото замка....
Оти ова апаративе не ги одбирам многу па затоа ве барам за мислење
(https://s17.postimg.cc/jabvv61tr/IMG_0103_1.jpg)
-
Мислам сензорот т.е. баш камерата. Мали се шансите да е некој флет кабел или конектор.
Не можам да ти гарантирам 100% дека е тоа али по моја лохика на така ми дои раборава.
-
И мене ми изгледа како да е сензорот. Можно е и софтвер да е, нешто да обработува што не треба, ама некако по веројатно ми е да е сензорот. Види ако има нешто software update, пробај да го update-уваш.
-
Ништо од апдејтот,сензорот е ....го има на Али ама не се исплати и цената и чекањето
Ќе оди на викендица за фото склопка
Како и дае фала за советите :)
-
Имаш сега Кинески фото апарати no name со Li-Ion-ски батерии за смешни пари ;).
http://www.ebay.com/itm/371637040267
И ова е скапо. Еве ти камера HD Ready со 16MP фото апарат за 15 долари ;).
http://www.ebay.com/itm/322487899969
-
Ништо од апдејтот,сензорот е ....го има на Али ама не се исплати и цената и чекањето
Ќе оди на викендица за фото склопка
Како и дае фала за советите :)
Дај кажи што може да се направи, и јас имам еден апарат дома расипан е механизмот за зумирање, иначе електрониката е ОК.
-
Можи да на мојов апарат се намести твојот сензор..тоа е наједноставно.А да ја поправаш механиката на зумот или пак електрониката или пак можеби моторчето нема шанси,едноставно не се исплати,за друго да не правиме муабет ;).Мислам ако е исто како моево Канонче,ако не..... ???
-
Дај кажи што може да се направи, и јас имам еден апарат дома расипан е механизмот за зумирање, иначе електрониката е ОК.
Си го носел на плажа а ;D?
Нов механизам, нема друго решение... без разлика дали е оштетен механизмот од песок или од пад. Ги има не ebay, се наоѓаат ;). Расклопувањето им е многу тешко, а да ги склопиш пак назад... треба да погодиш се на место и по правилен распоред, леќи, шрафчиња... еднаш имам расклопено... не успеав да го склопам пак назад ;D. А и да го склопиш, сигурно за нијанса ќе бидат изместени центрите на леќите и најверојатно нема да може да фокусира како што треба.
-
Мислам ако е исто како моево Канонче,ако не..... Молам?
А па кај сите исто е Отпор сите се со механизам ептен неможе сум отворил неколку апарати толку им е зумот ако отиде ако отиде сензорот тоа е 8) 8)
-
Дај кажи што може да се направи, и јас имам еден апарат дома расипан е механизмот за зумирање, иначе електрониката е ОК.
Си го носел на плажа а ;D?
...
Абе со деца краставици кога садиш... :)
имам мало дете, го начекал апаратот и најверојатно пробувал да го сопре објективот кога излегува (кога ке го уклучиш апаратот), и тоа е тоа :'( :'( го сопре засекогаш
Иначе и јас пробував да го направам, ама што викаш тоа деловите ептен ситни се, мали запчаничиња, и штрафчиња минијатурни... нема шанси да ги погодиш
@Otpor
Не ми е Canon, Nikon ми е апартот :) :)
-
@Otpor
Не ми е Canon, Nikon ми е апартот :) :)
Аиии, уште поскап ;D.
Ништо, само Кинезиве ако те спасат со заменски објектив.
Обично песок знае да се заглави, тоа ми беше муабетот со плажата ;). Ситни камченца во механизмот и... и отиде преносот :S.