Македонски форум за електроника
Дигитална електроника => Микроконтролери => Topic started by: BorceBT on 14.01.2010, Thursday, 02:49:49
-
Конечно нова верзија на ЛЕД пораката и тоа со многу подобрувања:
1. Потребен е само 1 дел: PIC16F628 и ЛЕД матрицата;
2. Зголемена ЛЕД матрица на дури 10х5 ЛЕД диоди;
3. Пишување на пораката директно во EEPROM меморијата на PIC16F628 и тоа преку тастатура директно во ASCII код;
4. Дополнителни контролни ASCII наредби за брзина, трепкање и застанување на дисплејот;
5. 128 букви максимална должина на пораката;
6. Комплетна латиница, кирилица и плус специјални знаци и ASCII сликички.
Да почнеме со шемата:
(http://elektronika-mk.net/index.php?action=dlattach;topic=420.0;attach=12691)
HEX кодот (програмот) за PIC16F628 е најдолу во атачмент.
Да преминеме на тоа кои се букви, знаци, сликички и контролни знаци ги содржи програмата:
(http://elektronika-mk.net/index.php?action=dlattach;topic=420.0;attach=12695)
Како се употребува. Значи, во ICProg го вчитувате HEX кодот (програмот) за PIC16F628. Во долниот дел на програмот ICProg ги гледате и податоците што ќе се запишат во EEPROM меморијата на PIC16F628 при програмирањето. Тука го пишувате вашиот текст диреткно преку тастатура (во десниот дел) или преку HEX кодови (во левиот дел). Најдобро е текстот да го внесувате преку тастатура во десниот дел а контролните кодови (како на пример 1B за застанување и 0D за трепкање) да ги пишувате во левиот дел како броеви.
Напомена дека кога пишувате со големи букви пишувате со латиница а кога пишувате со мали букви пишувате на кирилица (ке излегува кирилица на уредот). Исто така кириличните букви што се плус од латиничните како Ш Ѓ Ч Ж се на копчињата (нормално) [ ] ~ \ Стандардно Љ Њ Ѕ Џ се на: q w y x.
Како ова изгледа во еден пример е илустрирано на следнава слика од ICProg кога е спремано видео демото за овој уред:
(http://elektronika-mk.net/index.php?action=dlattach;topic=420.0;attach=12693)
Објаснување на контролните кодови:
- кодот 00 значи повторување на цел текст и тој се става на крајот на текстот доколку сакате да се повторува. Да не заборавите да ставите неколку празни места за текстот на крајот да замине пред да се повтори.
- кодот 0А е за подесување на брзината на движење. Тоа се прави со ставање на бројка после оваа команда. Значи 0A 2F значи сетирај брзина 2F. Нормалната (default) брзина на програмот е 1F. Помала бројка е побрзо, поголема бројка е побавно.
- кодот 0D прави дисплејот (тоа што е моментално прикажано на матрицата) да трепне 2 пати (пауза default од 0.5 сек, значи се трае 2 секунди).
- кодот 1В прави дисплејот да застане 0.5 секунди. со ставање на повеќе кодови едноподруго можете да го застанете дисплејот и подолго.
Демо снимка од уредот (за жал камерата не може толку реално да ја долови сликата и на снимката движењето изгледа полошо отколку што навистина е во живо):
10x5 LED message with PIC16F628 (http://www.youtube.com/watch?v=LoKtFxNa-1c#)
Напомена дека на снимката се гледаат некои тастери и кондензатор... тастерите се заменети со контролните кодови и нема потреба од нив (беа предвидени за регулирање на брзината) а кондензаторот на напојувањето може а и немора да го има доколку уредот се напојува од стабилизиран исправувач или батерија.
-
Да се пофалам дека го направив ова и супер е !!!
За слики подоцна ќе има
околу програмирањето, јас со мојов програматор немав никаков проблем да го програмирам колото, иако програматорот ми е без никакви надградби 2 пати го програмирав со различен текст и таман беше
-
Слики и видео! :)
-
Јас ќе го правам ова во блиска иднина, кога ќе ја расчистам работната маса од лампи и трансформатори... ;D :o
-
еве видео ама не е тоа тоа
elektronika_mk_net.3gp (http://www.youtube.com/watch?v=2tqLtY9Vujo#)
поубаво е во природа :)
-
е сега прашање :
како да го програмирам преку ICSP, некоја измена нешто
пошто вака на секое вади стваи ехехе , дроп ќе му ги направам нозете :D
-
Секоја чест за сработеното ;) убаво изгледа а се надевам дека ќе си најде и примена некаде . Или е направено по некоја потреба ? Како и да е СУПЕР
-
Многу интересно. Го изработив и јас, морам дека признам дека не е лесно да се направи мрежата, ми одзеде повеќе часови но се исплати. Супер е, на прво проработи и кај мене. Еве слики и видео:
10x5 LED Display (http://www.youtube.com/watch?v=vAKmb7ymveA#)
(http://pic.mk/thumbs/dsc01587.jpg) (http://pic.mk/?v=dsc01587.jpg)
(http://pic.mk/thumbs/dsc01589.jpg) (http://pic.mk/?v=dsc01589.jpg)
-
Извинете за офтопиков
дечки видете го ова чудо
ова изгледа се некои LED со три бои штом покажува колор слика :)
Е ова веке не знам дали е правено со LED или е некој LCD екран
-
Да тоа се 3 бојни лед диоди RGB кој мислам дека неможе да се набават кај нас :(
-
Со RGB лед-диода може да се прикажат многу повеќе од три бои ;), а иначе точно е дека ги нема да се купат кај нас, иако пред некој ден видов во ЕМИ Медиа во излог некои украсни трепкачки светла со RGB лед-диоди, не прашав колку коштаат, ако не се скапи може да се искористат диодите.
-
Да со тие RGB (red, green, blue) можат да се добијат повеќе бои. Дали некој има идеја како би се испрограмирал pic за една диода да се преливаат боите. Би требало да е едноставно доклу може преку пикот да се менува напонот на излезите па со тоа да се контролира колку ќе свети црвено и како постепено да се пали сино. Односно да не биде дирекно 0 или 1. Дали некој знае како е синтаксата за PIC C да може да се контролира напонот?
-
Тоа што ти треба тебе за промена на интензитетот на сјајноста на секоја боја посебно се постигнува со PWM (Pulse Width Modulation). Може да се направи софтверски а има PIC микроконтролери кои имаат хардверски PWM модул и се менува интензитетот едноставно со број од 0 до 255 (максимум).
-
А дали може да се прошири да биде поголем со повеќе лед диоди до кај 400-500 да не е минијатурен 1 метар ширина и 10-20см висина.
-
Нажалост не :( иначе би било супер. Едино ако Борче смисли некоја друга шема која ке има + уште некое интегрално коло :)
-
Може со користење на сериски пренос на податоци и штифт-регистри.
-
Да, тоа ќе биде друг проект ;)
-
Јас имам шема за со 245 лед диоди ама за неа треба и програма ке ставам после слики,ако некој ја има сретнато и ако има програма нека пиши.
-
Ќе отвориш нова тема за твојата шема.
-
Што може да е проблемот што мене не ми се појавува доле во прозорчето можност да го едитирам текстот?
(http://i226.photobucket.com/albums/dd117/lodr_zi/problem_pic.jpg)
-
Или не ти е наместен точниот микроконтролер (види каде што пишува PIC 16F628 на сликата) или имаш прастара верзија на софтверот ICProg :)
-
Како што се гледа од претходната слика, тоа е се во ред, верзија 1.06B, наместен е 16F628, ама во прозорчето Eeprom Data гледај што има (односно нема >:()
-
Ама тука треба сам да пополниш :D
имаш упатство на прва страна како се пополнува ;D
-
Е да ;D, јас мислев дека со програмата под дифолт си доаѓа нешто напишано, сега е ОК, се си проработи... 8)
-
Стави слики, видео да видиме... :)
-
PIC_0010.AVI (http://www.youtube.com/watch?v=NI13kLNmj7w#)
-
хахаха, браво LordZi иначе ако не е тајна колку пари те фати се???
-
0 ден., се си имав по дома...;D :o
-
Мило ми е вака кога гледам како се користат моите дизајни и сите се среќни :)
-
Супер е! Јас го направив ама чека да го испрограмирам пикот само.
LordZi ти со кој тип на програматор го имаш испрограмирано пикот? Сакам да направам нов па ми треба совет :)
-
Со JDM (со помош на додатокот за 16F628), го спржи без проблеми 8)
Борче, има ли опција да се преправи кодот на диодите да се покажува време (како на часовник) или превише барам :)???
-
Бидејќи просторот во микроконтролерот со кодот е искористен до бајт! во истата програма не. Може да направам друга програма на истиот хардвер да работи и како саат но нема копчиња и нема можност да се подеси што значи треба да се менува и шемата. А и на нет има доста проекти за часовници со PIC и жално е да правите ЛЕД матрица само за саат :)
-
сега па премногу ке барам...ама па прегеска си го украсував куќиштето со лед диоди и сега ми текна напред на куќиштето да му ставам вакво нешто...ама па да може уредот да се уклучи на сериска порта (или па на usb дека немам паралелен порт...) и да има програма на компјутерот со што ке можам да си го мењам текстот кога сакам...ви текнува што мислам???
-
Ти пак стави му го дисплејот на куќиштето, напојување 5V земи од PC-то, а текстот мењај го преку пик-от, со секое вклучување на PC-то ќе се вклучува и дисплејот... ;)
-
Така ќе треба програматорот да е поврзан со пикот постојано...
-
вака нешто за часовник баравте
One 5x7 Led Dot Matrix Clock (http://www.youtube.com/watch?v=bpmCWl8aaXw&feature=player_embedded#)
http://picnote.blogspot.com/2008/08/5x7-led-dot-matrix-clock-using-only-one.html
-
Хаха, интересно, иако не ми се свиѓа што прво ги покажува па ги паузира саатите, па минутите, па секундите, поубаво ќе изгледа да ги скролува цело време... :)
-
да ги скрола да, а и па поголем дисплеј да се направи...и со поевтин пик да се направи.....
-
И крила да има и да лета и да пее, хехехе... ;) Шала на страна, можеле да стават послаб (поевтин) пик.
-
Дали мозе да го направам овој лед дисплеј со лед диоди од 1W или да ги искористам за нешто друго дајте нешто идеја.
-
може но треба да се стават транзистори!Дека диодите влечат многу струја така да ќе прегори ПИЦот!
А инаку купи си ЛЕД диоди што ќе ти се од 1 ват!
-
би сакал да го изработам уредов како проектна задача по практична настава,што мислите да не е некако многу прост,а би користел зелени диоди од 3,5V 20mA дали би можело со овие да се изработи без да изгори пикот.
-
мислам дека еден има направено со бели ЛЕД па нема проблем :) не би требало да има проблеми
-
аха ок а бидејки ке се напоојува од адаптер да му ставам еден LM7805?
-
аха ок а бидејки ке се напоојува од адаптер да му ставам еден LM7805?
Стави му еден 7805 од 11 денари ;)
Ја му ставив 7806
-
moze da sestavi LM7805 no pred negostavi dioda da ne ti pregori ako go povrzes obratno napiojuvaneto!!Kako sakas stavi jas imam doma od ASWO 7805 za 11 denari si kupiv 40 parcinja ;D
PS. Piisu/vam od mobilen!!
ПИШУВАЈ КИРИЛИЦА!
-
што мислите дали овој програматор би бил добар за да го програмирам пикот,иначе нацртав PCB за шемава ако сакате да ја аплоудирам.
еве линк од програматорот
http://feng3.cool.ne.jp/en/rcd.html
-
што мислите дали овој програматор би бил добар за да го програмирам пикот,иначе нацртав PCB за шемава ако сакате да ја аплоудирам.
Ехеееееее, уште прашуваш, се разбира дека сакаме, зошто некој да се мачи да прави ППК ако некој веќе го има направено ;).
-
би можело но јас не би ја ставил лед диодата, пошто ќе трга струја која тешко се добива од портот и би можело да произлезе со неуспех
-
Конечно наскоро ке биде во функција мојата ЛЕД порака и ке ставам видео клип на форумот. Само чекам Борче да ми се јави оти тој ми ги програмира фамозните пикови што кај мене не сакаа да се програмираат :D
-
Кој рече дека има ППК нека стави, да не се мачам.
-
нема ппк колку што видов
сите правиме на прото борд ( перфорирана )
-
Хммм сум помешал теми али борче очигледно има ППК...
-
Не нема. Јас ја правив ЛЕД пораката уште тогаш па немаше такво нешто
-
јас имам нацртано ППК,утре ако имам време ке ја поставам.
-
Pri programiranje na PIC 16F628 so IC prog i JDM programatorot go javuva sledniot problem:
Verify failed at address 0000H!
Pomos?
(se izvinuvam za nekoistenjeto na mak podrska, ama nemam vo kompjuterov, nitu mozam da instaliram)
-
И кај мене така правеше со тие пикови па затоа му ги дадов на колегата да ги испрограмира.
-
пробај замени го кондезаторот C2 со 470uF.
-
Eve i sega probav so PIC 16F877, preku adapter i go dade istiot ERROR.
Izgleda e do programatorot, ne bi trebalo da e do PICovite.
(se izvinuvam za nekoistenjeto na mak podrska, ama nemam vo kompjuterov, nitu mozam da instaliram)
-
nitu mozam da instaliram
Можеш можеш. На форумот има објаснување како да инсталираш кирилица.
-
и мене ми го јавува тој проблем често провери дали има на MCLR пинот 13 волти и дали имаш напојување од 5В
друго дали ти е наместен на точниот порт од компјутерот ..
-
Конечно проработе и мојата ЛЕД порака.
(http://pic.mk/images/led.png)
-
еее ај сега со среќа да си ја користиш после толку време :)
-
Фала друже :)
-
Оооо, честитки за успешната реализација... ;D
-
фала фала, да си направиш ЛЕД порака ако немаш направено бидејки е супер работа. За Devil знам дека има направено.
-
Сега уште да имаше некоја брокерска фирма и супер, ќе имаше каде да го примениш, хахахахаах ;D ;D ;D.
Како и да е, со среќа да си го користиш ;D ;).
-
Фала, си имам направено и супер ми е... ;) ;D
-
Честито колеги иако не сум на ваше ниво ;) ...
-
Фала, си имам направено и супер ми е... ;) ;D
e да сега видов, извини :)
Честито колеги иако не сум на ваше ниво ;) ...
Фала. Па никој не се родил со знаења... сите ние учиме и тука сме да си помогнеме, ако правиш што да треба слободно прашувај.
Имате сите реп+
-
Супер изработено,сега уште во некое поубаво кутивче. :)
-
мило ми е што ти проработе да се надеваме дека и мојата ке работи ;D
-
фала дечки за убавите зборови. Шемата е супер едноставна и така е направена да може секој без никаков проблем да ја состави, нема повеке чипови, кристал, тастери. Топ шема е! Само да го програмирате пикот и се друго е лесно.
-
епа ке пробам со овој RCD програматор,ако работи со него добро ако не во школо имаме програматор од емитер ке видам на него сигурно ке може да се испрограмира.
-
Ме интересира вие што ја имате направено ЛЕД поракава а и другите што се разбирате во микроконтролери, како ја напојувате ЛЕД пораката? Дали може со адаптерче од пазар ? Моментално користам комплетно исфилтриран напон без ич брум ама неможам тоа напојување да го користам цело време бидејки ми треба и за други работи па ме интересира ако уклучам на адаптер дали брумот од него може да му наштети на пикот или не?
-
За да се осигураш дека никогаш нека да имаш повеќе од 5 волти што може да го прегорат пикот, стави си 7805 стабилизатор, не се скапи. Што се однесува до исправувачот, грец и кондензатор 470 - 1000uF ќе ти бркаат работа ;)
-
Браво за сработеното, супер изгледа! ;)
Преку стабилизаторот нема да има проблем. Јас му имам ставено 7806 за посјајно да ми светат диодите, а инаку го напојувам од батерија 9V.
-
па нели пиковите работат на максимален напон од 5,5V???
-
и јас планирам да го напојувам со адаптер,ама ке има можност да се напојува и со 9V батерија,7005 обвезно да ставиш.
-
За да се осигураш дека никогаш нека да имаш повеќе од 5 волти што може да го прегорат пикот, стави си 7805 стабилизатор, не се скапи. Што се однесува до исправувачот, грец и кондензатор 470 - 1000uF ќе ти бркаат работа ;)
7806 имам ставено, тој ке си стои, но ме интересира дали е добро да е напојува пикот со адаптер купен од пазар или мора да го користам напојувањето со комплетно исфилтриран напон? Иначе знаете за каков адаптер мислам, тие црните што се со регулација од 3-12V. Дали брумот од адаптерот е проблем или не?
-
Нема да има проблем... :)
-
7806 имам ставено, тој ке си стои, но ме интересира дали е добро да е напојува пикот со адаптер купен од пазар или мора да го користам напојувањето со комплетно исфилтриран напон? Иначе знаете за каков адаптер мислам, тие црните што се со регулација од 3-12V. Дали брумот од адаптерот е проблем или не?
Па некогаш може да прави, особено кај микроконтролери и ВФ техника, така да подобро е да стои стабилизаторче ;).
-
Ама види, во тој адаптер има некаков стабилизатор, од 4 диоди кои заменуваат грец и електролит од 100 или 1000uF па дали тоа е доволно? Бидејки кога ке поврзам предавател на адаптер бруми сигналот како да е генератор за брум а не предавател.
-
Ама види, во тој адаптер има некаков стабилизатор, од 4 диоди кои заменуваат грец и електролит од 100 или 1000uF па дали тоа е доволно? Бидејки кога ке поврзам предавател на адаптер бруми сигналот како да е генератор за брум а не предавател.
Тоа заради тоа што ВФ техниката и дигиталните кола (особено микроконтролерите) бара многу стабилен и испеглан напон, а во евтините изведби на адаптери од пазарче најчесто нема интегрирани стабилизатори, а и да има, чисто се сомневам дека имаат некаков квалитет ;S. Врзи го истиот предавател за компјутерско напојување и да видиме дали ќе бруи ;) ;D.
-
и сега како да ја напојувам ЛЕД поракава, мора со скапото напојување кое ми треба и за други работи...
-
и сега како да ја напојувам ЛЕД поракава, мора да скапото напојување кое ми треба и за други работи...
Па земи некое трафо малечко од неколку волти 9-12,за струја незнам дали ќе биде доволно 200мА или по јако и стави му грец од 1 ампер потоа на регулатор LM7805 и неколку кондензатори некој 1000uF 10V или помал и 2-3 кондензатора од 100nF и мислам дека нема да имаш проблем со напојувањето. ;D
-
и сега како да ја напојувам ЛЕД поракава, мора да скапото напојување кое ми треба и за други работи...
Не, доволно е само да додадеш еднен стабилизатор 78XX и можеш и така да тераш, само стави еден каоиндезатор од 470nF (па може и 1uF) после стабилизаторот ;) (ако PIC-от директно ги „драјва“ LED диодите, ако само побудува транзистори, може и од 100nF кондензатор да му ставиш после 78XX).
-
Пред некој ден гледав едно видео.. неможам да го најдам сега... што направил дечкото за да се дуплира бројот на диодите.. значи пола се како во нашиот случај а пола се обратно поврзани во матрицата, и кога ќе „врти“ софтверот и ќе ги вклучува соодветните диоди, ќе рачуна на тоа дека на тие од пола натаму обратно треба да им пушти напон... Малку лошо објаснив али се надевам ке разберете. Можда некој ќе се најде и ќе го имплементира ова.....
-
Не е лоша идеата е супер иако се комплицира матрицата и се намалува реално сјајноста за пола!
-
мислиш некако како негатив да бидат поврзни тие другите лед диоди??
-
А зошто би се намалила сјајноста, поради поголемиот број на диоди или?
-
поради поголемиот број на диоди или?
Да, PIC-от ќе треба да ги напојува сите нив, па поради тоа неговата максимална излезна струја ќе треба да се подели на повеќе диоди, па поради тоа ќе се намали сјајноста ;).
-
да ама најверојатно работи импулсно, иди како во момент да свети само една диода, ама тоа е толку брзо што не се осеќа
-
да ама најверојатно работи импулсно, иди како во момент да свети само една диода, ама тоа е толку брзо што не се осеќа
Па нормално дека така оди, ама пак, треба да може да испорача доволно струја за дупло повеќе диоди :S, тоа е проблемот :S.
-
еве ППК за плочлава,цртана е во PCB Wizard
-
еве ППК за плочлава,цртана е во PCB Wizard
А да ја експортира некој како слика или во PDF, сепак не користат сите PCB Wizard :S.
-
Тоа би било супер бидејки ни јас не можам да ја видам вака
-
епа ке си симнете PCB нај убаво испага во PCB еве ја пробав некако ги ставив во ворд,ама квалитетот не е тој тој, ппк е во вистинска големина и не треба да се превртува.позз
-
зошто има отпорници и кондензатори?
-
па пишува таму,тие отпорниците се ставени како премостивања,значи каде што има отпорници ставаш зичка или некој сличен проводник,а кондезаторите се во склоп со 7805,првиот е 0,33uF а фториот 0,1uF.
-
кондезаторите се во склоп со 7805,првиот е 0,33uF а фториот 0,1uF.
на шемата од Борче и кај мене ги нема кондензаторите на 7806 па работи :)
-
па знам дека ке работи и без тие,ама ај да не биде сега од 2 елемента,бидејќи ја правам за семинарска и проектна задача по пракса ;D
-
па знам дека ке работи и без тие,ама ај да не биде сега од 2 елемента,бидејќи ја правам за семинарска и проектна задача по пракса ;D
па што не направиш нешто друго за проектна по пракса,како на пример мојата 5*5*5 ЛЕД коцка со текст,инаку проектна по пракса не е на крај на година???
-
па незз дали ке има делови за неа,иначе ова некако интересно ми дојде па решив да си го правам,абе пр. Дејан ни рече дека треба да биде до крај на месецов готово.
-
па незз дали ке има делови за неа,иначе ова некако интересно ми дојде па решив да си го правам,абе пр. Дејан ни рече дека треба да биде до крај на месецов готово.
Колега ти у птт си? ;D
-
да да во птт.
-
Да бе малечко ние сме 4-5 кај Петре сме ;)
-
Па што не кажете бе колеги хах,дај да се најдеме/видиме... ;D Вие која година сте? :D
-
Да бе малечко ние сме 4-5 клас, кај Петре сме ;)
-
Е,бе шизици,заедно учите,во исто училиште а не се знаете!? :D Со кого јас се дружам :D :D :D
-
Помалку офф топик, отворете си нова тема во општо во забава негде и таму зборувајте за тоа
-
па незз дали ке има делови за неа,иначе ова некако интересно ми дојде па решив да си го правам,абе пр. Дејан ни рече дека треба да биде до крај на месецов готово.
имам дома плочка,и драјвери ако сакаш само диоди фалат!Па ако ти сакаш да ти го дадам!
-
веке го запишав овој склоп,ако заглавам околу програмирањето тогаш ке те барам да помагаш иначе фала на понудата ;D
-
Дали кодот за брзина се пишува на крајот од текстот,а кодот за трепкање се пишува после буквата што сакаме да трепка,и поточно во кој дел треба да ги внесам кодовите?
-
кодот се пишува на почетокот, пред да почнеш со што било друго да пишуваш
кодот се пишува во она дата полето најдолу
-
значи во примерот на борче нема никаков код на почетокот напишано,и како треба да го напишам кодот,како 000d или 00h,ова е кодот за пофторување и како што рабрав се става на крајот од текстот,а за трепкање е 010d го пишувам на почетокот,не ми е баш јасно бидејки прв пат работам со ова така да не ми замеравајте ;D
-
вака значи на сликава
(http://i15.servimg.com/u/f15/11/55/30/56/scroll10.jpg)
кај шо пиши Address EEPROM Data се пишува пораката која сакаш да излези
во примеров од левата страна прв код е 49 тоа е I буквата, а брзината е наместена на некоја стандардна , значи на тоа место пишуваш 0А а до него 2F ова ти е нормална брзина и да не ја напишеш оваа команда колото работи со оваа брзина ова му е некој стандард, за да ја зголемиш или намалиш брзината го менуваш кодот 2F ( 1F 2F 3F ... FF )
онај кодот 00h се става на крајот и служи за повторување на цела порака
-
ок сватив,ке пробам неделава да го програмирам,па ке ви кажам што сум направил.а devil има реп+ од мене :)
-
што направи Влатко??Го програмира ли?
-
во понеделник,не беше професорот вчера во школо,шо направи со миле?
-
Дали некој пробал да внеси текст за лед пораката преку програмот PICkit 2 v2.60 ?
-
јас немам пробано ама би требало да можи
-
нели доле има едни точки и кога пишуваш на нивно место се испишуваат букви. Но со овој програм точките не се менуваат, пиши колку сакаш ама тие не се менуваат во букви.
-
земи пишувај се шо ти треба во ICProg сними го Hex фајлот и со ова само префрли го во пикот
-
земи пишувај се шо ти треба во ICProg сними го Hex фајлот и со ова само префрли го во пикот
Паметно! Фала ти, имаш реп+ за ова :)
Сега напишав текст на друг PIC16F628 и кога ке ја приклучам на напон ЛЕД пораката горниот ред од ЛЕ диоди свети се додека првата буква не помине (нели се движат буквите) а на крај кога ке заврши текстот не се повторува пак туку светат 3 ЛЕД и така останува се додека не ја рестартирам ЛЕД пораката. Што може да е работата?
-
да на го заборави кодот за повторување на пораката ?
-
да на го заборави кодот за повторување на пораката ?
Да да, тоа било :) Него при уклучување што се појавува таа линија не знам што е, немам можност да го снимам ама кога ке го пуштам нели текстот иде од десно кон лево, е сега замисли дека првата буква од текстот само што почнала да иде од десно кон лево а нај горнот ред од ЛЕД свети (цела линија) па ова ме нервира и не знам што е.
-
да не имаш краток спој т.е. цел горен ред од диоди да не ти е поврзан.Може имаш,побарај!
-
да не имаш краток спој т.е. цел горен ред од диоди да не ти е поврзан.Може имаш,побарај!
не, таа линија стои се додека не помине првата буква а после нема проблем се си е добро потоа... и после нели се повторува пораката е тогаш ја нема линијата.
-
а тебе кога ќе го пиштиш текстот ти се појавува само на почетокот таа горна линија да свети?И послем кога ќе пројде првиот карактер се гаси?
-
да де :)
ај ако не ке направам снимка па ке закачам ама не знам кога ке можам
-
Влатко,сега само што го програмирав ПИЦот и проработе.
Кога го програмиравме на системот кај мене,диодите нели идеа од горе надоле,ПортаБ така правеше
сега цело време си иде од горе надоле.Нема проблем.Мислам дека е решен проблемот. ;D
-
фала боги,грешката била кај мене,односно кога сум го пишувал кодот сум направил неколку грешки,сега гледам сум се поправил,донеси го утре пикот па да спремам едно видео.
-
Ако може некој по опширно да напише вовед за оваа тема и принцип на работа ми треба за елаборат ! фала однапред
-
све ти е опишано во првиот пост,е сега за проектот најди нешто по опширно за пикот.
-
јас ќе тикажам на кратко а авторот на темата повеќе
значи тука користиш матрикс контрола, значи во одреден временски интервал свети само една диода, но тоа ти е со толку гома брзина што нашите очи не го препознаваат тој ефект.
Диодите како што гледаш поврзани се на сите пинови освем на 4,5 и 14 пин, 5 пин и 14 пин се напојување, а 4 пин мислам дека е само за влез и од тука не може да се вади сигнал (ех да можеше ќе беше 11х5).
Софтверот/ програмот за пикот е така направен да користи ASCII Комади, значи чита што си му пишал во меморијата и гледа кој карактер на што код одговара, тој код после го испраќа на портите, пр за да испише коса црта ( ова е пример само !!) му вика уклучи ги портовите RA0, RA1, RA2, RA3, RA4 ги уклучува последователно овие и праќа податок на другите порти
како што се RB3-RB7 ама така што во еден момент има само по 2 порти уклучени, една порта е на ниско ниво друга порта е на високо ниво, за да се добие тој матрикс ефект, пошто за да се уклучуваат сите диоди истовремено нема сила микроконтролерот, ќе требаше да се користат транзистори и малку поинаку да се изведи.
Оти не се користат отпорници ?
епа во самата градба на програмата за микрокотролерот портите може да се наместат со Pull up или pull down , или да се наместат на високо ниво ( како отпорник да си поврзал на секоја порта) или на нсико ниво (отпорник према маса ) и да се симулира „вештачки“ отпорник
или втора можност е да се користи PWM модулација за да се намали на доволно ниво ...
-
Oдлично имаш објаснато, научив работи кои не ги знаев. реп+ за постот :)
-
Ако ја има некој нацртано шемата во sprintlayout од 10х5 ЛЕД порака нека ја стави во темава. ;) :)
-
Борче дали во иднина може да не почастиш со LED порака со поголема резолуција :) мислам на 8х20 или така нешто ?
-
Борче дали во иднина може да не почастиш со LED порака со поголема резолуција :) мислам на 8х20 или така нешто ?
Te бре чоек што ќе ти 20х8 ;D?Тоа ќе треба едно 160 диоди,+ уште едно 10 резерва да не скуваш некоја :D :D.Божем продавница ќе отвараш па на влезот да ставиш таков „giant“ дисплеј хахах :D :D ;D ;D
-
мало е тоа,чим е со 160 ЛЕД диоди :P :D :D
-
ту ту неможам да му се изнагледам на проектов, матрицата е готова до пола а утре да тркнам да купам уште 20 диоди и PIC....а понатаму мора да направиме 8х94 :) :)
-
проектов е дефинитивно топ проект :)
-
луѓе има мала грешка во pcb што го имам јас нацртано,утре ке ја поставам поправената верзија.
Споено мислење: [time]28 Декември 2010, 11:43:49[/time]
еве ја конечната верзија,испробана од мене работи без проблеми.дизајнот е во PCB Wizard 3.5
Споено мислење: 29.12.2010, Wednesday, 16:47:58
еве го и во ворд,идете диркетно на принт се е наместено.
до модераторите,ставете ја ппк во првиот линк.
-
еве и некоја слика од уредот,има и видео ама е со слаб квалитет.
(http://i290.photobucket.com/albums/ll245/VLATKO-FIAT/th_IMG_2618.jpg) (http://s290.photobucket.com/albums/ll245/VLATKO-FIAT/?action=view¤t=IMG_2618.jpg)(http://i290.photobucket.com/albums/ll245/VLATKO-FIAT/th_IMG_2622.jpg) (http://s290.photobucket.com/albums/ll245/VLATKO-FIAT/?action=view¤t=IMG_2622.jpg)(http://i290.photobucket.com/albums/ll245/VLATKO-FIAT/th_IMG_2624.jpg) (http://s290.photobucket.com/albums/ll245/VLATKO-FIAT/?action=view¤t=IMG_2624.jpg)
10X5 LED message (http://www.youtube.com/watch?v=o887j7j9SkU#)
-
ај да му се невиди.Од кај си ја нашол кутијата?Топ
Реп плус за ова
-
Браво Влатче ја видов и нашколо лед поракава и баш е добра :) ;) Респект плус колега ;)
-
ама да знаеш кој му ја програмира :P ;D ;D
-
кутијава е од OKW ;D иначе благодарение до SKOLS што ми го испрограмира пикот.иначе во план сум да си го направам pickit2 па ке видиме.
-
Браво за ЛЕД пораката
-
Има ли некаде да се купи ваков уред со 10х5 диоди и колку би чинело ?
Исто така може ли повеќе пати да се програмира и како се поврзува со компјутер ?
-
Има да се купи во една продавнца (несмеам да правам реклама) ама е 1500 ден. ама е SMD технологија :(
-
Ај во пп за која продавница станува збор и што сакаше да кажеш со СМД технологија? Не се програмира на овој начин ?
-
еее само што го направив, и сум мн задоволен а сега ке го ставам во кутивче и одма на ѕид ;D
Споено мислење: 09.01.2011, Sunday, 02:03:48
ке ставам слики деновиве ;)
-
ајде,чекаме.
-
ЛЕД пораката е во продавницата кај Тефик
-
што тоа?Која ЛЕД порака?
-
Дај ако сакате означете ги деловите на плочкава кој каде треба да биде поставен ;)
фала однапред ;)
(http://pic.mk/thumbs/ledpor1294690627.jpg) (http://pic.mk/?v=ledpor1294690627.jpg)
И дали чини овај програматор за PIC-от PIC16F628 ???
http://electronicseverywhere.blogspot.com/2010/02/jdm-programmer.html
-
Илче тоа не е шема,плочка е тоа ;) :D
ја немам,ама Влатко ја има
-
би било интересно некој да нацрта плочка во СМД верзија ;D
Споено мислење: 06.02.2011, Sunday, 01:43:37
http://www.pic.mk/?v=0302201112.jpg
http://www.pic.mk/?v=0302201296953355.jpg
еве ја мојата порака ;D
-
е па ај со среќа да си ја користиш :D
иначе луѓе вие што ја имате направено поракава кај ја имате ставено??? или во кутија со други плочки ви скапува???
-
мене ми стои на работна маса и намерно не ја ставам во кутија, вака поубаво ми изгледа :D
-
би било интересно некој да нацрта плочка во СМД верзија ;D
Споено мислење: [time]06 Февруари 2011, 01:43:37[/time]
http://www.pic.mk/?v=0302201112.jpg
http://www.pic.mk/?v=0302201296953355.jpg
еве ја мојата порака ;D
За смд верзија ќе пробам да го нацртам кога ќе имам време ;)
Супер изработено ;), но дали има некој нацртано кој дел или некое мовче кај теба да стои, дај ставете некоја слика, па да пробам да цртам во смд верзија :D ;) :)
-
денеска додека си играв,направив ЛЕД дисплеј порака 8*24 со PIC16F877.Само што внесував текст директно во програмата,а не во ЕЕПРОМОТ. :DКористев како што е на Борче без отпорници а дисплеите ги најдов од пракса Еве од каде пробав со програмата и проработе од прва!!
http://www.picbasic.co.uk/forum/showthread.php?t=10834
-
браво сколс....јас пробав да нацртам во смд верзија во Sprin layaut но бидејки е демо неможам да го зачувам, па го праев преку paint ама го избришав...се црта за максимум 20 мин ;)
Споено мислење: 09.02.2011, Wednesday, 01:21:26
еве како отприлика би требало да изгледа
http://pic.mk/?v=untitl1297211193.
-
добро е,само имаш грешка кај PICот,тој треба да биде смд а не Дип т.е. треба куќиштето да биде понабиено
-
нема да го личи ако е СМД направено, треба многу премостувања да се прават. може например микроконтролерот да биде СМД и стабилизаторот, а лед диодите да се најобични through hole за да не се гледа дополнителната електроника...
-
браво сколс....јас пробав да нацртам во смд верзија во Sprin layaut но бидејки е демо неможам да го зачувам, па го праев преку paint ама го избришав...се црта за максимум 20 мин ;)
Споено мислење: 09.02.2011, Wednesday, 01:21:26
еве како отприлика би требало да изгледа
http://pic.mk/?v=untitl1297211193.
Кракувај го Sprint layout -от и ке ти зачувува фајлови и ке можиш да принташ ;)
извинете за офф топик ;)
-
знам дека е грешката во куќиштето на пикот ама ја правев набрзина и нема многу мостови освен на диодите, иначе немам време за да го кракувам сеа Sprint layout, извинете и од мене за офф топик :D
-
имам проблем со поракава, изгледа стварно не ме сака...ја направив и пикот го програмирав повеќе од 10 пати со различни текстови и супер работи, а хекс фајловите ги зачував во компјутер...но пред некој ден дојдов дома и сакав да напишам нов текст и нејќеше да проработи а го програмирам со Easy Pic6, го програмирав со старите хексови и пак нејќе...во што може да биде проблемот ??? ??? :S
-
пикот ако можеш да го пробаш на некоја проста програма дали работи, дека стварно нема што да се зафркне на овој проект...
-
да работи пикот го програмирав уште 5 пати, ама за ова нејќе нешто иако пред 2 дена беше све ок ???
-
провери се,дали има напон потребен,дали батеријата ти е слаба итн.Истотака види до кодот да не ти е проблемот.Може да е тој.Првин симни го овој од форум,програмирај го во микроконтролерот,ако не работи..незнам што може да биде,ако работи-значи ти е погрешно напишана програмата. ;) ;D
-
провери се,дали има напон потребен,дали батеријата ти е слаба итн.Истотака види до кодот да не ти е проблемот.Може да е тој.Првин симни го овој од форум,програмирај го во микроконтролерот,ако не работи..незнам што може да биде,ако работи-значи ти е погрешно напишана програмата. ;) ;D
све е ок, ти викам го програмирав со старите хексови и тие претходно работеа а сега нејќат, а на Easy pic6 покажуваше на порта Б како се движат диодите а сега ниедна не светнува :S
-
имаш 7805,види да не е случајно изгорено? пробај ги диодите дали работат,да ен се тие изгорени
-
све пробав колега, буквално све и се работи...ај ке пробам со програматорот на СКОЛС па ке видиме :)
-
денеска додека си играв,направив ЛЕД дисплеј порака 8*24 со PIC16F877.Само што внесував текст директно во програмата,а не во ЕЕПРОМОТ. :DКористев како што е на Борче без отпорници а дисплеите ги најдов од пракса Еве од каде пробав со програмата и проработе од прва!! http://www.picbasic.co.uk/forum/showthread.php?t=10834
зошто не ставиш видео да видиме сите што имаш направано?
-
Дали ќе може некој да постави шема во која ќе го има и регулаторот за напон во неа обележан ;) :)
Оти оваа првата од BorceBT, регулаторот за напонот го нема во шемата :-\ ;)
-
Дали ќе може некој да постави шема во која ќе го има и тријакот во неа обележан ;) :)
Оти оваа првата од BorceBT тријакот го нема во шемата :-\ ;)
кој триак ?
да не си ја згрешил случајно темата, нема тука триак, на видеото се гледа има регулатор за напонот ништо друго :)
-
Дали ќе може некој да постави шема во која ќе го има и тријакот во неа обележан ;) :)
Оти оваа првата од BorceBT тријакот го нема во шемата :-\ ;)
кој триак ?
да не си ја згрешил случајно темата, нема тука триак, на видеото се гледа има регулатор за напонот ништо друго :)
Епа тој регулаторот, го нема во шемата од BorceBT ;)
Едит за постот подолу : набрзина пишев па затоа напишав тријак, сега е поправено ;)
-
па стави му еден, направи со 7805 и додади го не е проблем тоа :)
-
ако го напојуваш на 9 волти батерија мораш да ставиш регулатор 7805 а ако имаш 5волти од батерија тогаш не ти треба ;)
-
Колеги,ја направив поракава ама не е добра :-\.Земав диоди залемив се тоа,го испрограмирав пикот ама нај долниот ред ми трепкаат некои диоди што не треба и со тоа се се меша >:( ;D.Иначе ставив 7805,и го напојувам со добро исфилтрирано напојување,ама не бива,исто пробав и со 9V батерија пак истото...Хексот што го внесов е од девил,тој на првата страна-креативен хекс што е...Пробав со 2 различни пикови пак ништо,дури и сменив текстот пак истото,до што е работата?
-
Имаш некој спој во матрицата или не се поврзани лед диодите како што треба, провери ги со инструмент ;).
-
Имаш некој спој во матрицата или не се поврзани лед диодите како што треба, провери ги со инструмент ;).
Не е до тоа,само што ја прелемив се е ок.Него ова ме чуди,на напојување пуштам напон 4,2V и супер си е,малце да светат лед диодите,и нема грешка нема некоја диода да ме зеза,а а го појачам напонот над 4,2V одма почнува долниот ред диоди да шара ;D
-
да тоа прави со 16F628A но со 16F628/04 не прави. Ова лично го имам видено и за овој проблем веке пишував на овој форум. Таа линија се појавува и за кратко време ја снемува.
-
да тоа прави со 16F628A но со 16F628/04 не прави. Ова лично го имам видено и за овој проблем веке пишував на овој форум. Таа линија се појавува и за кратко време ја снемува.
Еве сега се среди,од кога го напојувам со адаптер за мобилен ;D.Како и да е се среди проблемот,без паника хахаха :D :D
-
ако сакаш да го напојуваш со друго напојување ке мора да одвоиш тешки пари кои се троцифрена бројка денари па да го купуш тој пик. Сега боли глава ама тоа е тоа :D ;D
-
Само што го финиширав,му ставив и еден црвен плексиглас врз тоа лед диодите ;D
-
Здраво на сите
еве и јас малце се помачив и од прва ми профонкционира пораакава
суперрр е
ја направив со диоди кои се ласерски и изгледа прекрасно изгледа од далеку може да се чита
поздрав
-
со среќа да си ај користиш :)
стави некое сличе да видиме
-
еве некој клип од телефон направен
се гледа матрицата
поздрав и фала ;D
-
Еве ви плочка направена со Sprint Layout , R=1k1 ( се надевам дека ми е точна )
-
лед диодите прави ги со 1.8 до 2мм големина на крукчињата оти после нема да можиш да ги лемиш ко ќе ја избушиш плочата
исто најмала големина на дупче нека ти е 1.6мм рачунај 1мм од бургијата ќе ти оди :)
ако е многу слабо после нама да може убаво да се залеми и ќе ти се откачуваат диодите :)
цртај со послаба линија, најслаба што можеш да користиш во хоби услови е 0.3мм послабо од тоа не е препорачливо :)
кога ставаш од тие конекциите, гледај прави да се :), поубаво изгледа жичката(краткоспојникот) ако е направо отколку да е рашетан низ плоча
-
лед диодите прави ги со 1.8 до 2мм големина на крукчињата оти после нема да можиш да ги лемиш ко ќе ја избушиш плочата
исто најмала големина на дупче нека ти е 1.6мм рачунај 1мм од бургијата ќе ти оди :)
ако е многу слабо после нама да може убаво да се залеми и ќе ти се откачуваат диодите :)
цртај со послаба линија, најслаба што можеш да користиш во хоби услови е 0.3мм послабо од тоа не е препорачливо :)
кога ставаш од тие конекциите, гледај прави да се :), поубаво изгледа жичката(краткоспојникот) ако е направо отколку да е рашетан низ плоча
Цртав со 0.6 зашо ќе го напојувам со 9 волти батерија али чим може и со 0.3 во ред е . А само кажи ми какви вредности да ставам за кондензаторите и каков транзистор .
-
кондензаторите се стандардни од 100nF, а транзистор нема на шемта, ако мислиш на регулатор тогаш треба да ставиш 7805 пошто максималниот работен напон на интегралецот е околу 5V
(до кај 8 оди ама греее и има можност да прегори)
пред да го лемиш регулаторот провери го распоредот на нозете каков му е, кој пин што му е
околу тоа со водовите
http://elektronika-mk.net/index.php?topic=3288.0 (http://elektronika-mk.net/index.php?topic=3288.0)
-
ќе прави проблем со PIC16F628А ?? :/
-
ќе прави проблем со PIC16F628А ?? :/
Нема да прави,јас ја имам направено пораката со 628А.
-
ќе прави проблем со PIC16F628А ?? :/
незначителни проблеми како појава на цртичка на почетокот и сл.
-
И јас го имам правено со 16F628А и нема никаков проблем, ни цртичка , ништо, си работи супер... ;)
-
Здраво
и кај мене е со 16ф628а и работи супер
и на адаптер од 12 волти со 7805
поздрав
-
Преправена плочката, кој сака нека зима :))
-
А Зашто кај мене има отпорници , кондензатори и регулатор а кај шемата нема ништо ?
-
кондензатори има за стабилизирање на напонот,има и стабилизатор на 5волти и отпорници од 1ком за да не се преоптоварува микроконтролерот.Ти поубаво е да ги ставиш отпорниците за да не ти грее микроконтролерот. :)
-
кондензатори има за стабилизирање на напонот,има и стабилизатор на 5волти и отпорници од 1ком за да не се преоптоварува микроконтролерот.Ти поубаво е да ги ставиш отпорниците за да не ти грее микроконтролерот. :)
а нели во 16F628 има вградени LED драјвери ? Ај кај 12F675 нема ама кај овој...
-
има вградени отпорници :)
затоа не се става надворешен, но сепак некогаш се случува да некои диоди светат повеќе од другите, па затоа вака со отпорник надворешен ќе се ограничи струјата и сите исто ќе си светат
-
Јас немам ставено отпорници па супер си работи... ;)
-
да, ни јас немам ставено. како што борче ја направил шемата така ја направив и тоа ставив 7806 за посјајно да светат диодите па нема проблем за пикот.
-
Имам проблем , го напраив цело али не ми работи го свртев и регулаторот не работи и напојувањето + и - пак не работи глеам за некој краток спој но нема.
-
Имам проблем , го напраив цело али не ми работи го свртев и регулаторот не работи и напојувањето + и - пак не работи глеам за некој краток спој но нема.
провери дали има напон од +5волти на потребните пинови за напојување на микроконтролерот.Исто така дали ти е добро програмиран микроконтролерот,може тоа да е проблем.
-
Па го препрограмирав 2-3 пати и на програматорот пишува дека е Совршено програмирано и јас ок . и го вадам и го ставам , иначе на пиновите не можам да видам зашто немам волтметар
-
Па го препрограмирав 2-3 пати и на програматорот пишува дека е Совршено програмирано и јас ок . и го вадам и го ставам , иначе на пиновите не можам да видам зашто немам волтметар
не се работи денес и утре бидејки се големи празници... исто и недела. извинете за оф топикот.
-
Да не заборави да внесеш порака во епромот кога го програмираше пикот, мене не ми работеше првиот пат поради тоа?
-
пишав и таму срекна нова и со мали и со големи не сака нешто :/ ќе набавам волтметар ќе видам дали дава 5 волти таму
-
Прегледај ја плочката уште еднаш и спореди со шемата, да не имаш негде грешка. И обавезно да си набавиш унимер, за почеток може и некој ефтин од пазар.
-
А да не е до кондензаторите , јас стаив два од 0,33 uF а треба едниот 0,33uF а другиот 0,1uF ??
-
Ако се на стабилизаторот нема врска, тие се само за филтрација на напонот, може и без нив.
-
Cobe aј провери ја убаво плочката види дали е исправна и пиши бидејки и јас ќе го правам да знам дали да ја симнам оваа или нова да цртам ;)
-
најдобро направи на монтажна, малце ќе се помачиш ама и да направиш грешка можеш да корегираш во секој момент, за разлика од правената плочка ако е грешна тогаш фрли ја во канта.
-
На батеријата од 9 волти дава 7.50 , а кај пиновите 0.03 Волти .Незнам дали е до плочката или до нешто друго
-
Едно офф топик прашање- имено,маливе електроничари прашуваат колку би чинело да се направи целата ова порака со ЛЕД и колку чини програмирање на еден PIC ?
-
ако добиеш попуст за купување на ЛЕДовите ке ти се фати по 3 денари, а тоа е 150 денари вкупно. Микроконтролерот е 130-150 денари, зависи кај ке купуш, монтажната плочка ти е околу 60 денари. 7805/6 е 20 ден. и еден струен чек 20 ден. Програмирањето, бесплатно е :) барем јас не земам пари за тоа.
-
Јас по 5 денари ги купив лед-овите у БТ електроник и 11 денари е регулаторот
-
не смее да ве фати повеќе од 300 денари :)
регулатор не мора ако се напојува на 5V, ако немате регулатор 7805 ставете транзистор зенерка и отпорничиња (сами направете си регулатор) диодите се по 2-3денари за 3мм и 4-5 денари за 5мм
пикот во похумани продавници 110- 130 денари
-
мене само пикот ме фати 230-240 денари од Гац, така да пазете каде купувате!
-
Ми успеа ! Фала ви на сите што ми помагавте , видео утре :)
-
Ми успеа ! Фала ви на сите што ми помагавте , видео утре :)
ок :) да те потцетиме само
-
Еве линк али не е тоа што мислев дека ќе биде , пак имам грешка некако буквите не ми испаѓаат т.е. буквите само долните 4 реда зафаќаат , до што би можело да биде ?
Иначе пишува cobe marinkovik srekna nova godina
10х5 ЛЕД порака со PIC16F628 cobe (http://www.youtube.com/watch?v=Rh7qkdFsQGM#)
-
Имаш грешка во поврзувањето на лед диодите со пикот, затоа ти се испомешани карактерите, провери ги уште еднаш.
-
да имаш грешка провери си убаво :)
-
Прв и втор ред ги сменив и сеа супер е :)))
-
Стави сега едно видео како што треба ;) :).
-
Еве го , и сеа нешто 4твртиот ред меѓу буквите трепкаат ледовите али доста е , доволно е за прв проект :))
Led poraka :D (http://www.youtube.com/watch?v=wpX-Tm8Pe1E#)
-
Не се откажувај :), најверојатно при лемење си направил краток спој помеѓу некоја диода од четвртиот ред со некоја друга, ако (кога ќе ;)) набавиш инструмент испитај ги сите диоди од четвртиот ред да не се допира некоја кај што не треба.
-
имам набавено , сега ќе проверам
-
јас за 2 саати скоро го направив...за слики/видео кога ке се монтира ке има :)
-
Јас сега правам една LED порака. Побрзо иде сега од кога ја правев првата LED порака пред една година... рутина :)
-
Дали некој знае како да се додаде шифт регистри и да се модифицира софтверот за да се добие поголема порака со повеке ЛЕ диоди ?
-
Еве слики од ЛЕД пораката која ми ја поклони Дх-ер! Благодарност од екипата на ТРЕНД-компјутери!
(http://pic.mk/images/8lA4c.jpg)
(http://pic.mk/images/5L6nd.jpg)
(http://pic.mk/images/E71U.jpg)
(http://pic.mk/images/J0lqw.jpg)
П.С. Само да видите какво решение најдов за на излог! ;) ;D
-
Oдлично си ја сместил! Со Здравје да се служиш и добра реклама нека прави LED пораката :)
-
Да, само стави ги сликите на некој надворешен хост, да се гледаат поубаво ;).
-
Само што дојдов и немав време за друго да направам! ;D ;D ;D
-
дали може ова да се направи со PIC16F84 или со PIC16F877 ???
-
дали може ова да се направи со PIC16F84 или со PIC16F877 ???
имаш шема за ЛЕД порака исто од Борче за PIC16F84, засукај ракавите и побарај :D лесно ке ја најдеш
-
имам набавено , сега ќе проверам
ако си ја правел со PCB јас што го дизајнирав има грешка на 18 и 17 пин,премости ги еден со друг и ке работи,значи водот од 18 пин премости го на 17 и обратно
-
дечки имам еден проблем со буквата Ч... неможам никако да е напишам за да излези... пробав на сите начини... `... ~... :.. ;... ^... и ништо... мала помош ?
-
Во полето лево каде што е кодот (од EEPROM-от) директно впиши ја како 7B (тоа е кодот за голема Ч)
-
Дечки еве го и од мене проектчево немам коментар суопер е :)
10x5 LED message -PIC16f628A (http://www.youtube.com/watch?v=mUglvywPX6k#)
-
Епа, ајде, со среќа да си го користиш ;).
-
Фала фала ;D
-
Штотуку го изработив проектов, го одбрав овој проект за матура, но имам еден мал проблем во врска со програмирањето на кодот.
Доколку можи некој да го види и да ми кажи дали е се во ред со кодот.На него пишува школо, градот, изработено од: име-презиме, срце, тепкање на срцето и рестарт(истотака и за празно место не знаам дали е точно напишано).Не знам дали е се во ред бидејќи немам некој да ми помогни во врска со програмирањево, а и не знам дали убаво сум разбрал се како што треба во постот од Борче.
Благодарам.
(http://imageshack.us/photo/my-images/593/20130315001727.jpg/)
-
Во hex фајлот го имаш напишано следниов текст:
oemuc ,,sv naum ohridki ohrid izraboteno od: moetoimeiprezime .. .
Испрограмирај го PIC-от и пробај.
-
Во hex фајлот го имаш напишано следниов текст:
oemuc ,,sv naum ohridki ohrid izraboteno od: moetoimeiprezime .. .
Испрограмирај го PIC-от и пробај.
Знам дека ова го напишав, прашањево ми беше дали е се во ред со пишувањето.Срцето на крајот, трепкањето и рестарт на крајот се со точки, не знаам дали треба така или нешто друго треба да се напиши..
Како и да е, утре ке го програмирам па ќе пишам:)
-
Знам дека ова го напишав, прашањево ми беше дали е се во ред со пишувањето.Срцето на крајот, трепкањето и рестарт на крајот се со точки, не знаам дали треба така или нешто друго треба да се напиши..
Скоро секој hex едитор ги јавува симболите кои не спаѓаат во стандардниот ASCII код како точки. Инаку, може да подесиш под определени hex едитори, hex кодот да го интерпретира како Unicode или UTF-8. Тогаш можеби и ќе го јави срцето на крај како срце, а не точка.
-
Скоро секој hex едитор ги јавува симболите кои не спаѓаат во стандардниот ASCII код како точки. Инаку, може да подесиш под определени hex едитори, hex кодот да го интерпретира како Unicode или UTF-8. Тогаш можеби и ќе го јави срцето на крај како срце, а не точка.
Може да ми дадете инструкција како да го направам тоа?
Или пак некој ако можи да ми го среди фајлот, срце, трепкање и рестарт, би му бил многу благодарен.Како што пишав за матура ми е и не сакам да направам некоја грешка :)
-
Може да ми дадете инструкција како да го направам тоа?
Или пак некој ако можи да ми го среди фајлот, срце, трепкање и рестарт, би му бил многу благодарен.Како што пишав за матура ми е и не сакам да направам некоја грешка :)
Нели рече дека си го подесил на крајот да има срце? Прво испробај дали ќе работи, ако работи, нема проблем, ако не работи, пиши, ќе видиме што може да направиме ;).
Не знам дали софверот на BorceBT има поддршка за Unicode и UTF-8 карактери. Ако може да се прикажуваат кирилични букви, најверојатно има поддршка за Unicode или UTF-8. Тогаш би требало да поддржува и Extended ASCII и само треба да видиш кој hex код (двоцифрен хесадецимален код, односно byte) одговара на кој симбол (има такви табели online) и да ја впишеш таа вредност во hex едиторот на местото на кое треба да стои срцето ;).
-
Дали воопшто го проба склопот дека работи? Пробај го со овој .hex што си го ставил, ако работи како што треба после лесно се менува текстот во епромот.
-
Го испрограмирав пикот, арно ама нешто не е во ред, го приклучив на 8 волти на напонски исправувач и се намали на 2.5-3 волти.Проверив со мултиметар дали има некаде краток спој но никаде на најдов.
Инаку спрема оваа шема го правев.
Не знам што да правам веќе, нерви искинав, до следната недела треба да ја предадам :((((
-
Ако не ти е проблем, стави некоја слика да видиме што си направил.
-
Ако не ти е проблем, стави некоја слика да видиме што си направил.
Не беше ич проблем тоа, ама за жал со крш телефон сум моментално и не вади убава слика, утре или другиден доколку сум во можност да најдам апарат ке поставам слики :)
-
Што користиш за напојување на уредот, ако е обичен адаптер, можеби не дава доволно јака струја, па затоа може да паѓа напонот.
-
Што користиш за напојување на уредот, ако е обичен адаптер, можеби не дава доволно јака струја, па затоа може да паѓа напонот.
(http://i1086.photobucket.com/albums/j460/transkop/IMG_0007-1.jpg)
Пробав со школскиот, пробав и со батерија од 9в но ништо :(
-
Тогаш мора да има нешто погрешно поврзано или некоја неисправна компонента.
-
Што користиш за напојување на уредот, ако е обичен адаптер, можеби не дава доволно јака струја, па затоа може да паѓа напонот.
Да, ова дефинитивно е можно.
Ја разгледав можтажната шема што си ја post-ирал неколку post-ови претходно. Според шемата, обратно ти се врзани +Vcc и -Vee (+Vdd и -Vss или GND). Искрено, не знам на памет кој пин е за + а кој за - (GND) кај PIC16F628, така да, подобро симни си datasheet, за да видиш дали грешно ги имаш врзано ;).
-
Тогаш мора да има нешто погрешно поврзано или некоја неисправна компонента.
Што знам што му е, ке проверам сега до диодите да не е нешто ама неверувам.Доколку можи некој нека ја разгледа шемата..
-
На PIC16F628 на пин бр. 5 треба да биде маса (GND, Vss, 0V), а на пин 14 треба да биде +5V (Vdd).
-
На PIC16F628 на пин бр. 5 треба да биде маса (GND, Vss, 0V), а на пин 14 треба да биде +5V (Vdd).
Значит, - е +, а + е - .Пробав обатно но пак немат знаци..
-
Како проба обратно? Ако е грешката на плочката, тогаш треба да ги исечеш бакарните водови што носат напон до PIC-от и да ги преспоиш правилно со жици. Ако си пробал вака и пак не работи, тогаш може да изгорел PIC-от од обратен напон. Извади го PIC-от и пробај пак да го испрограмираш, ако не сака да се програмира, значи дефинитивно е расипан.
-
Како проба обратно? Ако е грешката на плочката, тогаш треба да ги исечеш бакарните водови што носат напон до PIC-от и да ги преспоиш правилно со жици. Ако си пробал вака и пак не работи, тогаш може да изгорел PIC-от од обратен напон. Извади го PIC-от и пробај пак да го испрограмираш, ако не сака да се програмира, значи дефинитивно е расипан.
Го вчитав после тоа преку Ic prog, се си беше во ред..
-
(http://i1072.photobucket.com/albums/w368/zzaann/5x10LED_zps051dda30.jpg)
Каде што е означено со бел Х треба да ги исечеш водовите и да им ги замениш местата.
-
Конечно проработија диодите, но текстот некако не мие во ред т.е. најдолните диоди не светат а и не се испишува текст убаво.Пак има некој проблем :((((((
(http://imageshack.us/photo/my-images/849/20130315001727.jpg/)
-
Најдолниот ред е поврзан на пинот бр. 3 од PIC-от, а тој пин е PORT A4, кој што е Open Drain Output и не може да даде напон, туку може само да преспои према GND. Сега гледам дека твојата плочка е предвидена за PIC16F819, а не за PIC16F628. Зошто не направи плочка според шемата во првата порака од оваа тема?
-
Најдолниот ред е поврзан на пинот бр. 3 од PIC-от, а тој пин е PORT A4, кој што е Open Drain Output и не може да даде напон, туку може само да преспои према GND. Сега гледам дека твојата плочка е предвидена за PIC16F819, а не за PIC16F628. Зошто не направи плочка според шемата во првата порака од оваа тема?
Бидејќи мислам дека беа повеќе шеми, не знаев која, ја прецртав т.е. ми ја прецртаја..
Дали е оваа шема во ред? Кој е плус, кој е минус, да не направам пак утка после кој ќе си игра, веќе немам нерви, сеа се треба одпоново да правам.
-
Не е добро, пак нема да свети последниот ред.
-
Не е добро, пак нема да свети последниот ред.
Со која да правам, не знам веќе?
-
Прочитај ја темата повторно, има неколку членови што го изработиле овој уред и добро им работи, види според која шема тие работеле.
-
Прочитај ја темата повторно, има неколку членови што го изработиле овој уред и добро им работи, види според која шема тие работеле.
Па спрема таа шема што викам јас ти ми викаш дека нее во ред, последнава шема е од Cobe.
-
Работи според оригиналната шема и работи го со PIC16F628.
-
Плочката нацртана од Cobe има премногу грешки. Прво беше грешката со обратен напон, потоа на првиот и вториот ред им се заменети местата (пин17 и пин18), и најпосле сите LED диоди се наопаку.
Корегирај ги овие грешки и уредот ќе работи.
-
Плочката нацртана од Cobe има премногу грешки. Прво беше грешката со обратен напон, потоа на првиот и вториот ред им се заменети местата (пин17 и пин18), и најпосле сите LED диоди се наопаку.
Корегирај ги овие грешки и уредот ќе работи.
Дали сега е во ред?
-
Гледам дека се мачиш, еве од мене шема, но запази го напонот и мене ми е направена за диоди од 3mm.
-
Со која програма се отвара овој фајл lay6 ?
-
Sprint Layout 6.0
-
Еве и од мене шема и изглед на плочка.
EDIT: По барање на jovce. додаден е изглед на плочка со здебелени водови.
-
Благодарам и на двајцата за помошта, ке ја искористам шемата од Жан, се надевам Бобан нема да ми замери, некако ми се виде полесна, а и не треба да менувам диоди 5мм во спринт, да не направам пак некоја утка :D.
Жан дали ја имаш во .lay формат или слично? Доколку ја имаш, ако можиш прати ми го фајлот.
Уште еднаш благодарам :D
-
Немам во .lay формат, јас користам Altium Designer за цртање шеми и плочки. Ако го имаш тој програм, ќе го аплоадирам pcb фајлот.
-
Немам во .lay формат, јас користам Altium Designer за цртање шеми и плочки. Ако го имаш тој програм, ќе го аплоадирам pcb фајлот.
Ја спуштив Aлтиум, прати го, ваљда ке се снајдам :)
-
Повели :)
-
Конечно да ја средам вежбата, барем видов текст, сеа треба само софтверски да се поправи, мада првиот пат кога ја пуштив се си беше во ред со долните диоди, сега некако ми светкаат.Ќе поставам видео за да ја воочите разликата.
Некој ако може да го потсреди кодот, намето Оемуц ми пишува Емуц и една од диодите постојано свети (сум лапнал и една буква, но тоа го средив), а и ова со трепкањево долу.
Патем благодарност до сите на форумов кои ми помогнаа, а најголема благодарност до Devil и Zan.
led matrix (http://www.youtube.com/watch?v=ZSFy6O-wBE4#ws)
(http://imageshack.us/f/42/20130326122848.jpg/)
(http://imageshack.us/photo/my-images/199/20130326122904.jpg/)
-
Видеото е private.
-
Видеото е private.
Средив, некое решение за ова со буквите во најдолниот дел на второто видео ?
-
Имаш спој помеѓу некои диоди, провери уште еднаш со инструмент според шемата и кога ќе го отстраниш ќе се чита како што треба... ;)
-
Дечки знам дека враќам многу касно, но тоа не значи дека го заборавив форумов: си средив работа и си отидов. Немав интернет, а исто така му помагав и на другарчињата кои имаа полесни проекти, а имаа помало знаење, се спремав малку и за матурата.
Поминав со највисока оценка и проектот ми го побараа од школо па им го поклонив, исто така го изрекламирав и форумов пред сите :)
Голема благодарност до сите членови кои ми помогнаа за да го направам проектов :)
-
Поминав со највисока оценка и проектот ми го побараа од школо па им го поклонив, исто така го изрекламирав и форумов пред сите :)
Голема благодарност до сите членови кои ми помогнаа за да го направам проектов :)
Благодарност и до тебе за рекламата ;).
-
Го направив ова за пријател од америка, како е спакувано видете и дајте некој коментар
(http://elektronika-mk.net/index.php?action=dlattach;topic=420.0;attach=11765)
-
Многу убаво браво. :D ;D
-
Па, да бидам искрен, комбинацијата на дрво и LED диоди не ми е баш омилена, јас на пример, би го извел со обични сијалички. Се разбира, и брзината на движењето на буквите од рекламата ќе треба да биде поспора, ама па ќе има автентичен „старински“ изглед ;). Од друга страна, тогаш пак ќе имаш проблем со прегорување на сијаличките ;D.
Околу обработеното парче дрво, мислам дека е супер ;).
-
5 до 12 беше правено и неможев да го преправам. а и за какви сијалички мислиш?? онакви што се со жаречко влакно мислиш???
-
Да да, на такви мислам ;). Си можел да искористиш некои помоќни, да ги работиш на понизок напон, па да не откажуваат баш така лесно ;).