Македонски форум за електроника
Аналогна електроника => Аудио техника => Звучници => Topic started by: mikromk on 23.09.2021, Thursday, 14:25:48
-
По подолго време се зафатив со еден поголем проект.
Се работи за тросистемски звучници и активна скретница за нив кои се комплет DIY ,а појацалата се три исти Denoni 50W
Бас звучниците(B&W 8 ") сместени се во посебни кутии со волумен од 30литри.Кутиите се изработени од балтичка шперплоча 18 мм,
појачани од внатре,маската е од орев.Лакирање шелак.Кутиите за среднотонец(Davis 13)и високотонец(Davis ili B&W) се посебни и уште работам на нивниот краен изглед.За проба се ставени во стари кутии со волумен од 5л.
Активната скретница е вметнав во еден EQ кој може да се користи или да се прескокне.Резот на фреквенции е 300Hz и 4500Hz фиксен.
Се надевам дека слики ке има утре.
-
(https://i.imgur.com/XjlPPI0.jpg)
(https://i.imgur.com/0WDaxXD.jpg)
-
Во посебни кутии ќе бидат високотонецот и среднотонецот?
-
Да, љубов од студенски денови Kef 105
Во тоа време сосема нов поглед на звучни кутии, прекрасен дизајн како уметнички така и конструктивен за тоа време.
Засега имам само две скици ,едно класично решение ,друго Арт Деко со кутии од инох полутопки и орев предна плоча.
-
Колега браво, одлично изгледа, баш ме интересира како ќе изгледа се заедно во комплет.
-
И задолжително забава за крај ;D.
ПС: Не одбивам забава ако ме поканат ;D ;D ;D.
-
За забаваа секогаш спремни.Охридска пастрмка во Поградец во секое време.
-
се прифаќа :D
-
Арт деко варијанта
Полутопките инокс високополиран направени се за проба но не се полирани ,чекаат на ред,дрвото орев се разбира,лак шелак
(https://i.imgur.com/FQEmRwC.jpg)
-
Еве како би изгледале од предна страна.
Последна варијанта е класицна кутија ,
Сигурно за да се одлучам ќе треба време.
Прифаќам секакви предлози,
(https://i.imgur.com/RJbAvkU.jpg)
-
Средната комбинација мене ми е најубава, ама последната е најлесна за правење.
-
Баш тоа сакав и јас да пишам, средната ми е некако најубава :). И не мора да биде многу тешка за правење, може да се направи од пластични цевки за одвод, па врз нив да се залепи фурнир за да личи на дрво ;)... мада, не верувам дека имаат некои добри звучни карактеристики, LOL :D.
А како ги направи полутопките? Со полни парчиња метал и CNC?
-
Полутопките се изработени од инокс со длабоко извлекување(од едно парце лим во алат) дебелина на лимот е 1 мм.
Самата форма ги прави многу цврсти и компактни.
Кутиите за среднотонци и високотонци воопшто не треба на се резонантно мртви .Тоа се однесува за бас кутии.Ова најдобро се гледа и од програмите за пресметка на волумен на звучни кутии,кое се пресметуваат врз основа на ТС параметри ,а дијаграмот завршува на 500Hz.Има квалитетни среднотонци кои се продаваат заедно со обични пластични кутии.Во принцип за среднотонци од 4 до 6 инчи доволен е волумен од 3 литри. Високотонците се затворени и исто звучат дали се во кутија или не.Останато е дел на пропаганда и дизајн.
-
Кутијта за срднотонецот изблецена и полирана до висок сјај.
Ако нкој се занимава со фотографија знае колку е тешко да се слика полиран инох.
Високотонците и среднотонците за проба ги ставив во обична кутија за проба,кој ќе чека да ги завршам кутиите како што сакам.
Впечатоци после подолго слушање.
(https://i.imgur.com/nwlPcm7.jpg)
-
Верувај... не сакаш да ми го чуеш првиот впечаток ;D ;D ;D... ми лични на иноксиран цилиндер (шапка).
Ај, да не зборам повеќе ;D ;D ;D, за твоја душа си ги правиш ;).
-
како го извлече? Епа, како шапка и треба да изгледа..
-
Се извлекуваат во алат и на 400т преса.
Искористив алат за посадка за мраз,во кој се става шише вино.
Кога ќе биде готов склопот ќе го пробаме како го лади виното.
-
Може.
посадка - сад? Со калапи е така, фактишки се притиска ? Ја пушчи некое видео ако имаш при рака. Фала.
-
Немозев да оделеам а да не пробам еден DIY проект на Davis,кога ги имам звучниците.
Добив 6 среднотонци Davis 13KLV5 и два високотонци TW26, извадени од оригинални кутии Davis комплет со свртници и материјал за дампирање.
Кутијата е Davis Kelly, со 3 л волумен и друг високотонец TW19(поефтин), свртница 6db. Имав кутии кои одговараат и ги сместив звучниците.
Сакав да направам споредба со кутии кои ги имам и ги слушам на работа на биро од PC .
Слики има и од активната свртница која ја ставив во кутија од EQ и трите појачала DENON UPO 250.
Останав должен за ведео како се извлекува сад.
Импресии од звучниците од понеделник
(https://i.imgur.com/4eQsQRo.jpg)
(https://i.imgur.com/YeRMldu.jpg)
(https://i.imgur.com/EhNrLCZ.jpg)
(https://i.imgur.com/SKhDPFF.jpg)
-
Ама ова се изгледа бас-среднотонци, не се само среднотонци, така? И како звучат?
ПС: EQ-то ти е на криво :P ;D.
-
За се во право,го исправив EQ но неосетив разлика во звукот
По карактеристиките се гледа дека слободно можат да се користат и како бас-среднотонци, а цената на нови е околу 100 еур/број
Звучниците се од оригинал Davis acoustics Val de fontenay ,од кои имам се,свртници со терминали,штрфчиња и материјал за дампирање.
За жал немав можност да ги слушам оригиналните кутии.Кутиите беа комплет распаднати.
Многу малу има информации за оваа фирма , се работи за фамилијарна фирма од 30 вработени кои уште сами ги прават звучниците комплет .
Према малку достапни информации се во класа на Scanspeak Discovery 10F/4424G.Проблем е што како половни лутрија е да ги најдеш.
Споредба правам со кутии кои се слични по волумен и дијаметар на бас-среднотонецот .
Што слушам за споредба ,дого време и тоа ми е некаков репер.
-Рок музикa, HAIR(Aquarius),The Rolling Stones(Melody),Korni grupa(Put na istok),Vlatko Stefanovski i Miroslav Tadic ( Jovano Jovanke)
-Синфониска популарна музика, The Danish National Symphony Orchestra (Ennio Morricone)
-Наши,Тоше Проески(Зајди ,Зајди),Тоше и Аки(Јесен у мени)
На прво слушање од неколку сати,
-B&W 2001 звучник од долна нивна класа,монотон и со спор одзив,може да помине за рок музика
-B&W LM1 неспоредливо подобри од 2001,добро раздвојубање на инструменти и вокали одлично,можат да сеслушаат без замор цел ден,
затоа и до сега беа мој избор за звучници за на работно биро
-Davis Kelly(моите) изненаден во однос на среднотонскиот дел ,одзив брз и одсечен ,незаморен за слушање,супер се носеше со Синфонискиот дел
Морам да ги послушам уште малку,но Davis ако малку поекспериментирам со свртницата и дампирањето, би биле мои звучници за на работно биро.
Општо за сите, неможе да се очекува длабок и одсечен бас од овие звучници со пречник од 5“,затоа се најдобри како задни звучници или за на работно Биро (ако имаш голема).
За високите тонови не сум меродавен(над 60 год ) кој мисли поинаку а е над 50 год ,убаво е да направи преглед.
Од оваа причина правам систем со активна свртница да можам лесно да ги повисувам високите тонови кои ми недоставуваат.
-
Да да, 5" е сосема доволно за на работна маса ;).
Па, убаво, детално објаснето... изгледа ќе ги бидне маливе :).