Македонски форум за електроника

Останато => Сам свој мајстор => Topic started by: Mkdsime on 09.06.2019, Sunday, 00:38:37

Title: Поправка на ефтина механичка вага за телесна тежина
Post by: Mkdsime on 09.06.2019, Sunday, 00:38:37
Вага купена од пазарче служеше некоја година и почна да кочи, заглавува при мерење.
Еве ја вагата

(http://www.mediafire.com/convkey/3598/l4ia98d4c19w3wfzg.jpg)

Од задната страна има два федери којшто треба да се откачат, а потоа при составувањето за закачување потребни се мали шпицангли.
Еве го расипаниот дел, изеден е затоа што е од алуминиум ???

(http://www.mediafire.com/convkey/ab81/lgr0x8h48vfewk5zg.jpg)

Шпицестиот дел го ишмирглав околу 1мм за да го скратам малку. (не беше тешко, рачно шмирглање)
Со скратувањето тој дел се симна надолу со што другиот дел од механизмот сега има свежи заби за работа. Од десната страна на сликата, правиот запчаник е од потврд материјал и во овој случај врши улога ѝ на пила, партали прави на алуминиумскиот запчаник :)

Поправката не е долготрајна па по следното расипување време е за дигитална вага  :D

(http://www.mediafire.com/convkey/2602/g2altxwpt22ai7szg.jpg)

(http://www.mediafire.com/convkey/2edd/xxjm3zr11zxjtd5zg.jpg)
Title: Re: Поправка на ефтина механичка вага за телесна тежина
Post by: GigaWatt on 09.06.2019, Sunday, 01:04:51
Со скратувањето тој дел се симна надолу со што другиот дел од механизмот сега има свежи заби за работа. Од десната страна на сликата, правиот запчаник е од потврд материјал и во овој случај врши улога ѝ на пила, партали прави на алуминиумскиот запчаник :)

Најлошо е кога ова ќе го направат >:(... со колеги на работа баш сме правеле муабет за вакви ситуации. Еден колега има фрлено две бормашини поради оваа причина :-\... мислам дека, конкретно алатот, намерно го прават со ваков пренос >:(. Не дека не можат да го направат од железо/челик преносот, туку за побрзо да се изеде преносот, за да купиш нова бормашина, шмишајбна, што и да е ::). И кога го спомнувам ова, мислам на овие петпарачниве алати, Кинеските... се разбира, ова е недозволиво кај brand name алати (Makita, DeWalt, Milwaukee, Hitachi, итн.).

Поправката не е долготрајна па по следното расипување време е за дигитална вага  :D

Не се скапи, 600 или 700 денари, така нешто :). Само барај некоја која работи со литиумска копчеста батерија, како за BIOS-и од компјутери (повеќето се вакви, ама јас кога ја земав мојата, имаше и некои модели кои беа со 2 x 1.5V AAA батерии, немој ни под разно да ги разгледуваш овие). Супер се, точно мерат, немаат механизми, што значи дека практично и нема што да се расипа, освен ако не го скршиш стаклото, така да... мислам дека моментално се подобар избор од механичките :).