Македонски форум за електроника

Стручна литература => Документи => Topic started by: GigaWatt on 15.02.2013, Friday, 03:09:24

Title: Димензии на пластичната изолациска фолија под ППК-то од компјутерско напојување
Post by: GigaWatt on 15.02.2013, Friday, 03:09:24
Еве ги димензиите на пластичната фолија што се поставува под главната (всушност, единствената) плочка на PC PSU ;). На времето, задолжително се ставаа, сега, се помалку и помалку ги гледам :(, само во поскапите напојувања ги има (3000 денари па нагоре), дури и во напојувањата од средна класа (1500 денари до 3000 денари) престанаа да ги ставаат :(. Во најевтините напојувања (600, 700 денари), веќе воопшто ги нема :(. Како и да е, не е лошо да стои ова фолија, па дури може да ставите и две ;). Како изолациона фолија може да искористите графоскопска фолија, од оние малку подебелите (не оние што се тенки колку пластични кеси). Овие фолии не се прескапи, околу 10 денари е еден лист А4 формат. Ги има во различни бои, но бојата не е важна, можете било која боја да искористите. Во електрониката парчиња од овие фолии често се користат како предни проѕирни плочи за LED дисплеи. Со ова, се додава на уредите доза на професионална изработка на кутијата ;D. Еве како изгледаат црвени LED дисплеи со зелена графоскопска фолија ;).

(http://img27.imageshack.us/img27/3272/sdc10586g.jpg)

Инаку, за оние кои не знаат или не сватија од претходниот текст, станува збор за оваа фолија ;).

(http://1.bp.blogspot.com/-PLMdVOXzec0/UR2027AzWJI/AAAAAAAAACc/5MR5ucnptF0/s1600/dsrEAwd.jpg)

(http://1.bp.blogspot.com/-YhJeV8dxDf8/UR2016qaztI/AAAAAAAAACQ/3iLGIDckQT8/s1600/gtaWahI.jpg)

(http://3.bp.blogspot.com/-lp8aGrrHTQQ/UR201n6jPdI/AAAAAAAAACM/6XzrnFXQjJE/s1600/bRrvvr6.jpg)

Порано, во поевтините изведби на компјутерски напојувања, фолијата имаше само долен дел. Во поскапите изведби, фолијата имаше и странични додатни делови (нешто како додатни „крила“ кои се виткаа под агол од 90 степени од основата на фолијата).

Цртани се во CorelDRAW X4, а во арвивата се спакувани CDR фајлови за CorelDRAW X4 и CorelDRAW 8.0 (за оние кои не ги користат поновите верзии од CorelDRAW), како и експортирани PDF верзии од оваа скица во кои ја има само основата, основата и едно „крило“ и основата и двете „крила“ ;). Димензиите на скицата не се дадени во PDF верзиите, но ако го испечатите нацртаното на A4 лист, печатеното ќе ги има оригиналните димензии ;). Висината на крилата е 8cm (80mm), а по желба може да ги скратувате или продолжувате сите димензии во CorelDRAW или било кој друг програм за векторско цртање и обработка ;). Димензиите важат за стандардно ATX компјутерско PSU.