Да тоа е точно, сигналите емитувани пред пр. 15 години сеуште се некаде во универзумот, само што се со многу слаб интензитет и треба да има некоја развиена цивилизација барем како нашава за да поседува радио телескопи кои би го уловиле тој сигнал а потоа и да го декодираат. Шансите за тоа се минимални, бидејки во тој момент кога се емитувал сигналот на таа телевизина на пример МТВ1, РТС1, БТВ, ЕТ... земјината топка била во одредена положба и сигналот се емитувал со одреден правец, по секунда сигналот го менува правецот и емитува во друга насока, така да колку они ке ја гледаат така телевизија? Милисекунда до секунда и ништо повеќе... таман неколку фрема колку да го видат логото на телевизијата. Друго нешто, од нашава земја се емитуваат многу сигнали на иста фрекфенција така да кај нив би се појавила интерференција од сигнали кои не би можеле да се декодираат или ке може но отежнато. Тоа со јоносверата нема врска, и ако сигналот е VHF, на пример при емитувањето на сигналот голем дел иде во загуби а дел се рефлектира од јоносверата, така да при второто одбивање веќе ке биде по слаб, третиот пак ке се изгуби во целост. Загубите се бидејки ја пробива и продолжува некаде во космосот, а дел се впива во земјата и водите и се дисперзира во мала топлина.
Временската машина према мене нема шанса да се измисли од проста причина. Дали можеш да се вратиш во времето и да си го убиеш пра дедото ? Нели е јасно?
nsu дали можеш да ми најдеш некое инфо, за тоа што си го видел или прочитал за тој што фатил стар сигнал на ЈРТ ?
Моја претпоставка е дека некој радио пират си емитувал сигнал со тоа лого на ЈРТ