Дечки направив нешто што колку толку ми брка работа, го намонтирав на машината и работи. Еве ја шемата:
Значи тајмерот е со 555 го најдов на еден сајт. Наместо да биде стално вклучен (да правам напојување) па сигналниот напон од 220 В да го носам преку оптокаплер, направив капацитивно напојување кое веднаш чим се појави сигналниот напон од 220 волти го активира тајмерот и релето уклучува после 3-4 сек - ставив и потенциометар место отпорникот така да си го регулирам тоа време.
До тука е се добро АМА...
Имам проблем. Доколку циклусот на машината е многу краток (што зависи од процесот на производство и се движи од 5 сек. до 2-3 мин.- не се случува често ама може да се случи..) нема време да ми се испразни кондензаторот во напојувачкиот дел и се збунува понатаму 555-ката и не работи..
Значи да не го тупам многу,.. прашањето ми е дали има некое коло кога ќе снема напон да ми го испразни кондензаторот??
Споено мислење: 30.07.2011, Saturday, 19:21:03
Заборавив да кажам - отпорникот што е означен со црвено го ставив да се празни побргу кондензаторот, ама не е тоа тоа
)