Македонски форум за електроника
Останато => Алат => Topic started by: ShAdOw on 03.03.2013, Sunday, 02:27:39
-
Станица за лемење со аналогна регулација на температурата. Доста е едноставна и лесна за изработка, има одлична регулација на температурата и е стабилна при работа на подолг временски период. Користи стандардна рачка со работен напон од 24V од типот на Solomon, HQ, Gordak и сл. За напојување користи трансформатор 220/24V 50W. Во продолжение имате шема, слики од изработената лемна станица, распоред на пинови кај рачка за лемење и во атачмент монтажна и pcb за полесна изработка на оваа многу корисна и најчесто употребувана алатка во електрониката :).
(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/0x4E4F001/analog_soldering_station_01.jpg)
(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/0x4E4F001/analog_soldering_station_02.jpg)
(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/0x4E4F001/analog_soldering_station_03.jpg)
(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/0x4E4F001/analog_soldering_station_04.jpg)
Извор:
http://kesatnet.com/sviprojekti/121-analog-soldering-station.html
-
ја има некој направено оваа станица? :)
-
Да,јас знам барем десетмина. 8)
-
во тој случај ке ја правам и јас :)
-
Мала разлика со шемата од емитер.
-
Здраво ја направив станицата но цело време работи на максимум лед диодата не се исклучува би требело кога ке постигне одредена температура да се исклучи заедно со греачот
-
Сајтот е паднат. Еве го текстот заедно со шемите, провери, можеби нешто имаш пропуштено.
https://app.box.com/s/6kkz1rfxfvv32wwotprw
https://www.asuswebstorage.com/navigate/s/CB6FA750FBE64FC3BC9D7174DCAE0D85Y
-
Сајтот не е паднат преместен е од .com на .me
http://kesatnet.me/analogna-lemna-stanica/
-
Дечки би ја правел лемнава станица, ми изгледа едноставна, и би купил рачка од алфа електроник, има ефтинки, не ми треба мене за некоја професионална работа како за поправка на ТВ и сл... ми треба колку да сменам на матична плоча некој конектрои, кондензатори и сл, или за да поправам некое напојување.
Е сеа, гледам дека треба трафо 24V 50W, јас имам едно добро трафо 24V али не знам колку вати е, трафото е извадено од стар систем.
-
Еве ти таблица па види,според пресекот на јадрото,колкава е јачината на трафото.
-
Во ред, е сеа др ми е прашањево, дали ги има некој сите овие потребни делчиња, освем, кондензаторите, трафото и рачката, ако ги има некој, до колку пари би ме фалите, и да му ги купам ?!
-
А зошто да ги купуваш од некој кога може да си купиш нови од продавница, вака грубо само деловите мислам дека не би биле повеќе од 150-200ден.
-
Дечки прикрај сум со лемнава станица, е сеа се мислам која рачка да ја земам
http://alfaelektronik.mk/store/products/list.php
Видете ги рачкиве па препорачајте една од нив, но сепак дали би пасирала таја плавата рачка?
-
Најверојатно ќе одговара ако термопарот кој се користи одговара со онај наведениот на шемата и има иста или слична моќност со ист напон како и горенапоменатата.
-
Динг... проблем со трафото што го имав...
Е сеа, дали може некако со трафа од комп напојувања да се среди, или од трафа од монитори ?!
Веројатно .... сигурно 24 волти ке ги добијам на било кој начин со било кој трафа, но финтава е дали би ги добил над 50W :/
-
Динг... проблем со трафото што го имав...
Е сеа, дали може некако со трафа од комп напојувања да се среди, или од трафа од монитори ?!
Веројатно .... сигурно 24 волти ке ги добијам на било кој начин со било кој трафа, но финтава е дали би ги добил над 50W :/
Очигледно не си баш запознаен со начинот на работа на напојувањата кај компјутерите и мониторите.Трансформаторите кои работат во нив не можат да се употребат за таква намена.Има повеќе постови за тоа(побарај под SMPS напојувања).
-
Ухх...., не се изјаснав баш доволно точно на што и како мислам, знам јас дека трафото како трафо од напојување тешко дека ке го искористиш за некоја намена или пак трафо од монитор..
Конкретно мислев на друго но така испаѓа каша попара така да, ке барам соодветно трафо или на крај краева ке премотам некое и завршена приказна..
Сепак ако има некој такво трафо по дома, ако не му треба го замолувам нека пише што поскоро.. (ке ме спаси и со време и со нерви)
-
Пиши во делот Огласи- Купувам!
-
Компјутерското напојување дава 12V максимално, со измени дава малку повеќе, ама во никој случај не би одел на 24V, затоа што самата градба на напојувањето е наменета за 12V а не за 24, така да одредени делови ќе треба да се менуваат, трафото да се премотува, ова не е обично трафо каде што со едноставна формула ќе си пресметаш се што ти треба
-
Мислев на тоа да, 2 комплетни плочки од напојување... т.е тоа е напојувањето, е сеа во едно куќиште од напојување можи да се испопикаат 2 плочки(пробано и користени тие 24 волти за др намена), ама тоа е мислам матканици и губење време, можда може да се постигне некој резултат али..... сепак најдобро е по мое да се оди на стандардното односно си земаш едно трафо и завршена работа.
-
Мала разлика со шемата од емитер.
Да не случајно ти се наоѓа шемата од емитер?
Ја имам плочката но никаде не можам да го најдам тој број, ако евентулано некој го има би му бил многу благодарен доколку ми го сликне тој дел.
-
Пиши во кој број е и ќе ја добиеш. Ако не знаеш, пребарај на сајтот на емитер, може и според ознаката на плочката...
-
Пиши во кој број е и ќе ја добиеш. Ако не знаеш, пребарај на сајтот на емитер, може и според ознаката на плочката...
Се работи за ЕМИТЕР 2/2002. Фала многу!
-
Провери мејл...
-
Провери мејл...
Стигна. Фала уште еднаш.