Македонски форум за електроника
Други технологии => Електроенергетика => Topic started by: batka on 13.10.2011, Thursday, 15:58:16
-
Едноставен,мал ,практичен,употреблив претварач за неонка 12/220V за 40 W неонка.Шемата ја испробавме и има два веке вакви уреда.Ставете прегорена неонка .
-
Со англискиот сум катастрофа,а и гоогле тешко преведува, ако добро сватив L1 и L2 се мотаат со жица дебелина 1.2мм и 20 навивки, али L3 500 навивки ли има :o, а на сликата како што гледам за Л3 е извлечена само една подолга жица?
Батка?
-
Да,500 намотки е ама 0,8 мм пресек со тоа да калемот не е предсатвен како калем ,ами како жица за да се гледаат долните калеми под него.
-
L3 се мота над L1 и L2....
-
Во ред е, јасно ми е како се мота.
Фала за одговорите ;)
-
Сакам да прашам дали може тој инвертер да го користам за лемило од 30 вати или ако не може да се користи за тоа ке замолам некој да ми даде шема од 12волти на 220волти 30 вати за лемило
-
нема да може да се користи. а за шема немам некоја проверена шема за да ти дадам, ке треба некој друг да ти даде :D
-
Сакам да прашам дали може тој инвертер да го користам за лемило од 30 вати или ако не може да се користи за тоа ке замолам некој да ми даде шема од 12волти на 220волти 30 вати за лемило
Не е препорачливо лемило да врзуваш на претворувач.Тоа се однесува и на други грејни тела.Подобра варијанта е да си купиш лемило на 12V.
-
Сакам да прашам дали може тој инвертер да го користам за лемило од 30 вати или ако не може да се користи за тоа ке замолам некој да ми даде шема од 12волти на 220волти 30 вати за лемило
Не е препорачливо лемило да врзуваш на претворувач.Тоа се однесува и на други грејни тела.Подобра варијанта е да си купиш лемило на 12V.
за грејни тела да не се уклучуваат на претворувач заради тоа што на почеток влечат поголема струја заради тоа не е препорачливо или има некоја друга причина за тоа???
-
http://www.eleccircuit.com/efficient-flyback-driver-circuit-by-ic-555-irf510/
Ќе го мениш трафото 9-220 50 вати ќе ставиш 2 транзистори излезни , двата преку отпорници со 2222-ката ќе го штелниш на потенциометрите и леми- пробано. има различити шеми и на форумов.
http://elektronika-mk.net/index.php?topic=8182.0 (http://elektronika-mk.net/index.php?topic=8182.0)
http://elektronika-mk.net/index.php?topic=4089.0 (http://elektronika-mk.net/index.php?topic=4089.0)
http://elektronika-mk.net/index.php?topic=417.msg1784#msg1784 (http://elektronika-mk.net/index.php?topic=417.msg1784#msg1784)
исто и овај го имам направено (од последниот линк)
(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/circui10.jpg)
-
за грејни тела да не се уклучуваат на претворувач заради тоа што на почеток влечат поголема струја заради тоа не е препорачливо или има некоја друга причина за тоа???
Не ја разгледав шемата детално, но обично овие инвертори работат на база на високофреквентни осцилации кои ќе генерираат определено електромагнетно зрачење, а земајќи ја во предвид и формата на лемилото, може да делува како антена и да индуцира електромагнетно поле со определена јачина во уредите со кои се леми со леткумот, па тоа електромагнетно поле ќе индуцира напон со определена вредност и ако станува збор за дигитални CMOS кола и MOSFET транзистори, има големи шанси да го изгориш уредот додека лемиш ;D. Овој ефект го нема кога леткумот работи на стандарден мрежен напон со фреквенција од 50Hz бидејќи фреквенцијата е ниска ;).
Ова што го пишав е по некоја моја логика, искрено, не сум пробал да врзам леткум за ваков инвертор ;D. Ако некој има повеќе информации, нека пише дали грешам или не ;) ;D.
-
Не грешиш! И на фабричките претворувачи 12/24V- 220V AC постои стандардна дознака дека на вакви инвертори не смеат да се вклучуваат грејни тела.Имавме случај човек врзал решо од 100W на инвертор од 500W .Во првиот случај не се случило ништо,ама кога повторно го вклучил,се задимил инвертерот.И гаранцијата не му ја признаа.
-
Тоа се случува бидејќи грејните тела во првиот момент (моментот на вклучување) повлекуваат многу голема јачина на струја, многу пати поголема од декларираната, па затоа и му изгорел инверторот. Ова нема да се случи кај обичен леткум со релативно мала моќност (од прилика 30, 40W), но сепак, не е препорачливо да се врзува за инвертор.
-
Дали таа шема ке работи за моите потреби ?????
http://elektronika-mk.net/index.php?topic=4089.0 (http://elektronika-mk.net/index.php?topic=4089.0)
-
Па мислам дека добро ти кажав дека на НИЕДЕН инвертор ,без голем ризик, не можеш да поврзеш грејно тело,во случајот летком.Ако мислиш да пробаш - направи било каков и пробај,дури и излезниот напон не мора 220V да биде ,може и помал! 8) ;)
Имаш леткоми кои работат на 12 V!! Купи си таков - ем помал трошок и си го решил проблемот.
-
ти кажав го има напрајно тој со цда4047 и со не555.. прво на сијалица ќе наштимаш одоко, некоја 60 или 40ватна со влакно и леми... до сега не ми цркнало ништо. Може да цркне на неколку десетици мгхз но и самите кола се до кеои 5-6 мгхз.. И треба леткумот да е некои 200-300 вати за ефектот да биде толку драстичен. Ова со неонкава ја немам правено
-
мислам дека би можело да се пушти леткумот преку димер на почетокот, за полека да се загрее а потоа да се премости димерот.
-
Па можеби, ама па и тоа е замарање. Најдобро е она што го пиша batka, купете си леткуми на 12V, тоа е наједноставно решение во вакви случаи.
-
Па богами да најпаметно да си купите леткум за 12 волти.Ѓи има сега доста.Никогаш до сега не сум видел некој леткум на инвертор од 12 волти да поврзува пошто има една мана леткумите повлекуваат поголема струја како и многуте други машини како на пример бормашините пошто се реактивни потрошувачи.Но сепак не е таа некоа преголема струја и у принцип теоретски може да издржи некој појак инвертор.Но во пракса не сум видел уште тоа некој да го прави. ;) ;)
-
ќе ставиш 50 ватно трафо- повеќе од 50 вати нема да влече, башка не влече кој знае колку повеќе, нема да влече 200 вати сигурно. треба трафото да е добро димензионирано, исто и уредот да е добро наштиман, кај мене не гори ни во краток спој, има на колекторот отпорник од 2,7 оми, така да повеќе од 12/2=6а нема да протече, додека два транзистори крепат 10а и нема никаков проблем. Не сум сретнал летком на 12в, додуша не сум ни побарал, ама претварачот ми брка и други работи така да нема потреба да земам летом од 12в или да го фрлам инверторот.
-
Па добро ти си знаеш.Инаку има леткуми за дванаесет волти ама тешко се наоѓаат.Инаку мислам дека имаше во конрард електроник. ;) ;)
-
Мислам дека одамна темава отиде во офф топик!! Започна како претворувач за неонка ,а прејде во расправа за претворувач за летком!!Ако сакате да расправате за тоа отворете нова тема!! Тамава не ја затворам ако има некој за тоа да расправа,другото ке го бришеме.
-
Не сакав и јас да пишувам толку во последниот топик многу се расприкажавме а темата е сосема друго.Простете батка ;D