Македонски форум за електроника

Други технологии => Електроенергетика => Topic started by: bicikle on 27.03.2018, Tuesday, 00:52:48

Title: Помош за прекинат проводник
Post by: bicikle on 27.03.2018, Tuesday, 00:52:48
Имам штекер трифазен за шпорет, али само на 2 фази има напон, едната е "мртва".
Од дозната ги престегнав жиците, осигурачите се проверени(и во ред) а на другитенштекери си има региларно 3 фази. Претпоставувам кабелот е во прекин, ама како би се открило освен со копање?
Првично беше викнат електричар, ама ништо, па решив сал да барам решение. Може и препорака за мајстор што ќе се нафати да го отклони дефектот.
Title: Re: Помош за прекинат проводник
Post by: GigaWatt on 27.03.2018, Tuesday, 02:00:13
Прво провери каде е прекинот. Извади ги сите три осигурувачи (јас не би го работел она што следува ако имаш електромагнетни осигурувачи, би работел само со топливи, каде што можам физички да го извадам осигурувачот) и краткоспои една од неисправните фази со една од исправните фази во штекерот и проверувај дел по дел, дозна по дозна, оди кон штекерот и гледај во која секција ќе јави краток спој меѓу двете фази (со унимер на beeper подрачје). Ако и по последната дозна не јави никаков beep, проблемот е најверојатно по последната дозна, меѓу последната дозна и штекерот. За да бидеш 100% сигурен, краткоспои ги истите два фази во дозната и види дали ќе јави краток спој меѓу двете фази кај осигурувачите. Ако јави, каблите од таа дозна до осигурувачите се исправни, проблемот е од таа дозна до штекерот. Притоа, за ниедна од проверките нема потреба да ги одмотуваш каблите еден од друг, дури ни изолир траката во дозните не мора да ја вадиш ако имаш мерни врвови со игли.

Ова треба да се работи многу претпазливо! Во никој случај не треба да се остават работите на случајност ниту пак да се почнува со мерење без притоа да се провери дали на краевите на проводниците има висок напон! Мерење со инструмент, особено дигитален, нема да даде валиден резултат. Многу често енергетските кабли се поставуваат еден до друг и се јавува преслушување од еден на друг вод, а дигиталните инструменти се прилично осетливи и овој брум може да го регистрираат како напон меѓу два проводника. И фазометар не е валиден индикатор дали на определен проводник има фаза или не. За брзи проверки, да врши работа, како на пример да установите дали е изгорен осигурувач или не, но за да не оставите место за двоумење, најдобро овој тест да се прави со потрошувач (сијалица поставена меѓу нулата и фазите кои планирате да ги проверувате).

Бидете внимателни, високиот напон од енергетската мрежа е опасен по живот! Секогаш превземете ги сите мерки за безбедност и најважно, секогаш нека има некој друг возрасен присутен до вас додека работите!
Title: Re: Помош за прекинат проводник
Post by: bicikle on 27.03.2018, Tuesday, 13:18:29
Да да ја разбирам опасноста. Инаку од досегашните мерења до дозна има напон на сите три фази, проблемот е од дозна до шпорет. Фалите лесно се вадат кај мене, ги извадив, и сакав да проверам жицата од штекерот дали ќе направи "бип" на некоја од жиците на дозната, со осигурачите, но никаде не направи. За да биде по зезната ситуацијата штекерот е во плочки, па ако копам се сомневам дека ќе најдам идентични плочки, инаку до сега ќе беше ископано, што според мене е најсигурен начин, но не и нај елегантно решение.  Не знам како да "одам" по кабли визуелно да проверам дали случајно некој пред мене бушел во ѕидот па ја прекинач жицата. Инаку прилично сум сигурен која е жицата од дозната што е прекината, ама освен со копање не знам како би го лоцирал прекинот, да не копам по цел вод него само кај што е потребно.
Title: Re: Помош за прекинат проводник
Post by: Bojan on 27.03.2018, Tuesday, 13:21:10
јас би ја проверил дозната кај што е поврзан тој штекер. би требало негде над штекерот да биде да видиш таму дали има напон на трите фази. и дали имаш нешто во последно време закачувано на ѕид кај што требало да бушиш дупки па да не си го закачил кабелот.
Title: Re: Помош за прекинат проводник
Post by: bicikle on 27.03.2018, Tuesday, 14:14:18
Јас немам, така го зачекав, а пред мене Бог знае кој што бушел...
Две дозни има во собата(кујната), двете го проверив али не најдов ништо конкретно.
Си мислам да ја закачам жицата на генератор на шум или на високо фрекфентно трафо па со нешто да барам, додека останатата инсталација е исклучена? Држи вода така или...?
Title: Re: Помош за прекинат проводник
Post by: GigaWatt on 27.03.2018, Tuesday, 15:25:58
Фалите лесно се вадат кај мене, ги извадив, и сакав да проверам жицата од штекерот дали ќе направи "бип" на некоја од жиците на дозната, со осигурачите, но никаде не направи.

Чекај, сакаш да кажеш дека осигурувачите на фазите ги извади, на фазите снема напон, ама ако пробаш да видиш дали од осигурувачите доаѓаат кабли на сите три фази, ниедна не реагира ???. Ај провери да не случајно допираш со сондата на другата страна на осигурувачите (не од прекинатата туку од „живата“), да не случајно бараш жица каде што не треба да има ;D.

Си мислам да ја закачам жицата на генератор на шум или на високо фрекфентно трафо па со нешто да барам, додека останатата инсталација е исклучена? Држи вода така или...?

А да си го земеш ова и да не му ја мислиш многу ;). Проверува и насока на движење на кабелот, не се секирај ;).

Code: [Select]
http://elektronika-mk.net/index.php?topic=7350.msg122961#msg122961
Title: Re: Помош за прекинат проводник
Post by: Hahahaha on 27.03.2018, Tuesday, 17:42:40
Чим во дозна има, најчесто ваков проблем кај што не сакаат да се копа по плочките сме го ресавале со умртвување на тој кабел, исклучување од дозна и потоа пуштање нов кабел во каналче, преку места каде што нема до толку да се гледа.
Title: Re: Помош за прекинат проводник
Post by: GigaWatt on 27.03.2018, Tuesday, 18:01:38
Па и јас тоа сакав да го предложам. Преку канал, нема ни да се познава што е ;).

А дури и ако не го правиш тоа преку каналче, секогаш може да копаш од дозната по ќошевите од кујната и така да стигнеш до штекерот ;).
Title: Re: Помош за прекинат проводник
Post by: bicikle on 27.03.2018, Tuesday, 20:14:49
Се мислев да припуштам жица друга ама некако ми е последна опција.
Инаку вака направив:
Кај мене се од новиве осигурачи(ел.маг.)
Ги извадив жиците што носат 220в од бандера и ги изолирав. Т.е. трите фази ги остстранив, остана нулата(земјаа е нулована).
Зедов подолга жица, едната страна ја споив со мртватажица на штекерот, другата на едниот извод од унимер. Со другиот извод ја барав прво во дозната па после во  осигурачите(од двете страни, засеклј случај и кај нулата проверив)
Секаде покажа о.к.
По мое видување некаде е скината.
Искрено мислев дека овие апаратчињава се "ѓавол и пол" али нај верјатно ќе му се направи бај :)
Title: Re: Помош за прекинат проводник
Post by: GigaWatt on 28.03.2018, Wednesday, 02:37:11
Зедов подолга жица, едната страна ја споив со мртватажица на штекерот, другата на едниот извод од унимер. Со другиот извод ја барав прво во дозната па после во  осигурачите(од двете страни, засеклј случај и кај нулата проверив)
Секаде покажа о.к.

Не разбирам што сакаш да кажеш со ова „секаде покажа ОК“. Ја најде жицата или не ја најде па заклучи дека таа е таа која мора да е скината ???.
Title: Re: Помош за прекинат проводник
Post by: bicikle on 28.03.2018, Wednesday, 08:32:45
Ах лошо сум пишал Отворено Коло (о.к)  :)
Бидејќи никаде не покажа било каков отпор дојдов до таков заклучок, друго не ми текина што може да е. Кога мерев ја извадив и од штекер, т.е. другава жица ја врзав директно на неа, да не случајно зеза штекерот.
Title: Re: Помош за прекинат проводник
Post by: GigaWatt on 28.03.2018, Wednesday, 11:14:09
Чекај, значи покажува отоворено коло и од дозна до осигурувачи и од штекер до дозна?
Title: Re: Помош за прекинат проводник
Post by: bicikle on 28.03.2018, Wednesday, 16:20:01
Не не. Од штекер до одигурачи и од штекер до дозна, значи едниот крај ич не го чепкам, си стои цело време врзан в штекер.
Затоа предпоставив дека има прекин од штекер до дозна.
Title: Re: Помош за прекинат проводник
Post by: GigaWatt on 28.03.2018, Wednesday, 17:25:09
Добро, ОК, ајде, мериш така, но кој е резултатот ???.

Штекер <--> Дозна <--> Осигурувач == Резултат ???

Дозна <--> Осигурувач == Резултат ???


Под резултат мислам на тоа бипка, не бипка.
Title: Re: Помош за прекинат проводник
Post by: bicikle on 28.03.2018, Wednesday, 17:35:43
Епа од штекер не бипка ни на дозна ни на осигурачи, а дозна <--> осигурачи не мерев...
Title: Re: Помош за прекинат проводник
Post by: GigaWatt on 28.03.2018, Wednesday, 23:23:56
Епа логично е, како што имаш ти пишано, најверојатно прекинот е од штекер до дозна. Не верувам дека има на две места прекин еден ист кабел ;).

        XX         OK
Штекер <--> Дозна <--> Осигурувач
Title: Re: Помош за прекинат проводник
Post by: xantox on 29.03.2018, Thursday, 10:57:19
bicikle ова е типичен пример на расипан телефон. Пре конфузно.
Ај те молам логички објасни:
Доколку
...али само на 2 фази има напон, едната е "мртва".
Како тогаш
Секаде покажа о.к.
а разбравме дека о.к е open line?!
1. Дали воопшто си на правата дозна?
2. Доколку има прекин во кабел, прекинот сигурно не настанал сам од себе. Кабли обично се поставуваат по права линија од дозна до штекер. Види каде има штраф, типла, висечки елемент, полица.... на таа линија и тука ти е проблемот. Штемувај само тука, спои ја жицата што е прекината со мост и стави на тоа место дозна за да маскираш.
3. Ако несакаш да копаш ти дадоа предлог со каналица
4. Ако несакаш ни да копаш ни каналица да ставаш, шпоретот секогаш можеш да го поврзеш само на две фази. Нормално ќе си провериш дали можат каблите да носат толкава ампеража, а и осигурувачот на таа линија.
Title: Re: Помош за прекинат проводник
Post by: GigaWatt on 29.03.2018, Thursday, 11:27:05
Кабли обично се поставуваат по права линија од дозна до штекер.

Права линија ???. Јас мислев дека се оди под прави агли (од дозна хоризонтално до локацијата која планираш да го ставаш штекерот, потоа одиш надолу, вертикално).

Знам дека во новиве згради знаат да пуштаат „хипотенузи“ од дозна до штекер, за да заштедат на кабел.
Title: Re: Помош за прекинат проводник
Post by: bicikle on 30.03.2018, Friday, 10:30:53
Зградава е пред земјотресот :) Или 40 год пред моето постоење, кој знае како се каблите, кој и каде бушел, 10 пати е реновирана од тогаш :) Капак на се, било еден стан, па се надоградувала зградава па се направиле 2 сана, па после ми е продадена мене :)
Да, сега шпоретот р на 2 фази, ама паѓаат осигурачи. Ем на 2х1,5 жица не би шибнал 7 kw, поготово не на жица 50 години.
Другите 2 фази и нулата се во таа дозна што ја мерев и фазата која недозтига.
Како и да е, нека палат кинезиве бродот, да стигне "марифетов" да видам со него што ќе биде, па ако не најдам ни тоогаш, ќе чекам подобро време кога ќе се реноовира цела кујна ќе ги сменам и каблите комплет раат глаата да ми биде. 
Title: Re: Помош за прекинат проводник
Post by: GigaWatt on 30.03.2018, Friday, 16:17:36
Има и апликација за мобилен, метал детектор, ако ептен ти се брза, ама не знам колку е ефикасна за наоѓање на кабли.
Title: Re: Помош за прекинат проводник
Post by: bicikle on 30.03.2018, Friday, 19:00:57
Го погоди чоекот :)
Ако имаш линк ео апликација арно, инаку тешко дека ќе најдам сам....
Title: Re: Помош за прекинат проводник
Post by: GigaWatt on 30.03.2018, Friday, 23:36:55
Не сум користел до сега вакво нешто, само сум чул дека има, не сум ни видел, така да, не гарантирам за резултатите ;D.

Инаку, најдов неколку апликации, овие ми изгледаа нај ОК ;).


Voltage Detector

Code: [Select]
http://app.box.com/s/0k6asqaecg0r9weks87z3aobw9067p96
Code: [Select]
http://www.asuswebstorage.com/navigate/s/C64E558BF94142E08390C0A088167C8DW
Metal Detector

Code: [Select]
http://app.box.com/s/azc7nbu6s42pmc46r05uz3aya05db11j
Code: [Select]
http://www.asuswebstorage.com/navigate/s/AD51542B27F143DE9DF244C7EC249C17W
Stud Detector

Code: [Select]
http://app.box.com/s/e43xy1tgten6uzulsbk1ax237dn2pmso
Code: [Select]
http://www.asuswebstorage.com/navigate/s/7BE06DCFD53A431B98F0963C488FF46AW

Апликациите може да ги инсталираш лесно со помош на следниот сајт.

Code: [Select]
http://www.apkinstall.com/
И ќе напоменам дека апликациите не се тестирани. Последните две ги има на PlayStore, ама првата ја нема, така да, не знам дали има скриено нешто во неа или не... мада, и од PlayStore ако е, тоа не е гаранција дека е legit, има еден тон scam апликации и на PlayStore. Јас обично прво ги тестирам во виртуелна машина, ама сега немав време да го направам тоа. Освен тоа, не знам дали ќе се подигнат ако ги немаат адекватните сензори (претпоставувам антена за Wi-Fi).
Title: Re: Помош за прекинат проводник
Post by: bicikle on 31.03.2018, Saturday, 11:34:06
Се уходав со форматисање мобилни, немам гајле :)
Мада некои што ги инсталирав ми бараа магнетен сензор, али ќе ги пробам и наведенит, не дека ми се брза него одљубопитност :)
Title: Re: Помош за прекинат проводник
Post by: GigaWatt on 31.03.2018, Saturday, 19:38:10
Не знаев дека во телефониве има и магнетен сензор... мислев дека само се пренаменува антената за Wi-Fi ???.
Title: Re: Помош за прекинат проводник
Post by: bicikle on 01.04.2018, Sunday, 02:19:21
Чим има компас (на некои)...
Title: Re: Помош за прекинат проводник
Post by: Zdravkovski on 01.04.2018, Sunday, 19:05:36
ајде одмене едно хардкор решение:

ако на ѕидот од кујната и едната е другата страна се твои не се од друг стан (пр. едната страна ти е кујната ѕидот со плочки а другата страна од ѕидот ти е спална детска...малтарисан) предлог да не се кршат плочки а да се пушти друг кабел е дупење низ дозната (разводна кутија) и низ штекот од страната на кујната а од другата да се исштема колку да се пушти еден 5х2.5мм2.

+позитивна страна на предлогот е што плочките ќе се спасат од кршење
-негативна страна ќе треба да се малтари, глетува другата страна од ѕидот

едит:  се извинувам сум згрешил и сум пишал дизна наместо дозна (разводна кутија) поправено
Title: Re: Помош за прекинат проводник
Post by: bicikle on 02.04.2018, Monday, 01:32:33
Малтерисување ќе има секако... Повеќе или помалце.
Инаку живеам во зграда и кујната е од кај заедниките скали. И да имам можност да копам, 40цм е тула( полна цигла) плус 10-15 цм малтер, поарно плочли да лепам :)
Али во секлј случај ти е топ муабетот кај што се преграденк ѕидовите со гипсани плочи, тие како алва се сечат :)
Ех на времето "грло" било измишљотина, инаку ако дојде до копање/реновирање, тури грлото тука, смени цел кабел и раат си, ама што е тука е.