Дали можи да поконкретно да ми кажите за кое APEX станува збор и дали можи шема .
APEX има толку многу засилувачи, предзасилувачи, напојувања, заштити и сл. што неодамна на еден друг форум пиша дека ни он сам не може крај да им фати на сите...
Значи, сурфај, барај, споредувај, и одбери самиот нешто според твоите потреби.
Друг добар избор би бил некој од засилувачите од ЕЛЕКТОР, исто и тие се проверени и докажани, мислам дека имаа и неколку наменети баш за вуфери.
И уште една работа, ако купуваш делови кај нас, пред се излезните транзистори, да знаеш дека 102,3% ќе добиеш кинески фалсификати, кои покасно или порано (или одма) ќе прегорат. Чаре е да ги нарачаш од реномирани добавувачи од надвор или да ги извадиш од фабрички засилувачи.
Пошто за вуфер во принцип не ти треба некој којзнае каков Hi-Fi, може да размислиш и за D-класа, имаше баш од APEX едно 200W, мислам D200 се викаше...