Author Topic: По-опширно околу правилото број 3.5  (Read 1919 times)

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6340
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
По-опширно околу правилото број 3.5
« Opened on 31.12.2010, Friday, 02:00:39 (Edited 03.01.2012, Tuesday, 18:35:42) »
Тоа што е означено со црвено е тоа што не треба да го применувате, со зелено е доброто и тоа треба да го применувате а пак тој текст што е болдиран да му обрнете внимание.

Генерално правилата се почитуваат од страна на нашите членови и тоа е податок кој не радува нас како администратори и модератори. Се помалце и помалце се прекршоците од членовите, а најчесто се работи за ненамерно кршење на одредено правило, таков е примерот со правилото:
3.4 Описите на насловите на ново отворените теми да го опишуваат она што е во темата
Добар наслов е: ФМ УКБ предавател (50mW)
Лош наслов е: Предавател
Ако барате шема за лош наслов е Шема или Шема? а добар наслов е Ми треба шема


Како за пример ке наведам неколју случаеви и тоа, да речеме дека сакате некој колега од форумот да ви помогне да дојдете до шема за аудио засилувач со TDA2030 а вие отварате нова тема и пишувате Аудио засилувач со TDA2030 и внатре во самата тема пишете дека ви треба шема. Пазете тоа е лош наслов а сосем добар наслов би бил доколку напишете Ми треба шема за аудио засилувач со TDA2030
Или пак ако сакате да објавите некоја тема, како да си направите термометар со пик, ке напишете Барам шема за термометар или пак Шема за термометар, кој е подобар наслов? Вториот е исправен а првиот наслов би бил смешен.

Досегашното искуство ми кажува дека членовите најчесто го испуштаат тоа Ми треба ххх ххххх хххх

Да повторам, ако сакам да објавам нова тема дека ми треба некоја шема за ФМ предавател од 1W и за наслов пишам ФМ Предавател од 1W, тоа е лош наслов а да напишам Ми треба шема за ФМ Предавател од 1W е веке добар наслов

Исто така доколку некој напише несоодветен наслов како на пример FM предавател 1W и некој од администраторите или модераторите му рече да си го поправи насловот и членот додаде само еден прашалник после лошиот наслов тоа би изгледало вака: FM предавател 1W? ТОА Е ЛОШ НАСЛОВ
Значи додавање на прашалник после лош наслов не го средува насловот. Насловот се средува ако напишете Ми треба шема.........., Ми треба помош........, Сакам ваше мислење........ или се друго што би било во согласност со правилата

Затоа да го почитуваме и ова правило и со тоа да придонесеме да темите на форумот да бидат средени и разбирливи на прв поглед.

Благодарам за издвоеното време и на разбирањето.
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.