се приклучува на ав влез или на rf
Искрено не знам, прочитај го написот, но по изгледот на шемата, најверојатно се приклучува на AV влез на телевизорот. Можно е некој кој има стари црно-бели Руски телевзорчиња да има проблем со ова (бидејќи тие немаа AV влез, а искрено, пред 20 години, дури и да ви бил во боја телевизорот и да не бил Руски, ретко кој од нив имаше AV влез, особено оние што беа произведени во бивша Југославија, Ei Nis и Iskra), но има решение и за овој проблем, и тоа две можни решенија
.
Прво решение: ќе си купите од пазарче евтин AV to RF конвертор (наједноставно).
Второ решение: ќе си симнете сервисна шема од телевизорот на кој сакате да го приклучите uScope-от и ќе ја анализирате. По долготрајна анализа, ќе видите каде може и каде е најприкладно да се „внесе“ композитниот видео сигнал (најчесто по PAL степенот од телевизорот) и ќе го „скинет“ водот, ќе ставите преклопник, и ќе го внесете композитниот (AV) виде сигнал
. Можеби ќе треба да направите мали преправки на шемата од TV-то (додавање или одземање на компоненти, итн, тоа веќе зависи од шемата на самиот телевизор и како се верзува PAL степенот со останатите степени од телевизорот), но во принцип, би требало да функционира
. Потоа, со обичен преклопник (двополен прекидач), ќе си бирате дали да доаѓа сигнал од PAL степенот (со што можете да гледате телевизија) или дали да гледате AV сигнал
. Малку се тешки овие преправки, бараат анализа и познавање од принципот на работа на телевизорите со катодна цевка, но не се неизводливи
. Ова би го препорачал само на поискусните членови. За почеток, и првата опција не е лоша
.
Само како ке биде генериран видео сигналот, дали е PAL ?
Како што реков, врз база на шемата мислам дека е AV сигнал, ама не ме земајте за збор, прочитајте го текстот, и јас го немам прочитано :S.
За што може да се користи овој осцилоскоп? До 500КХз, но за што поконкретно?
За прикажување на брановата форма на било каков тип на сигнали со максимална фреквенција од 500KHz. Тука спаѓаат такт сигналите во телевизиските приемници за хоризонтално и вертикално отклонување на електронскиот млаз и аудио сигналите... можеби и некои RF сигнали кои имаат ниска фреквенција (не знам AM опсегот до каде е, но доколку е до 500KHz, може да се прикаже RF сигналот преку овој осцилоскоп на екран од TV
). На крајот на краиштата „колку пари, толку музика“, но како за почетен (прв осцилоскоп) што некогаш би го имале, одличен е проектот
. За околу 500 или 600 денари би имале начин (ако не повеќе) барем да ги гледате брановите форми на сигналите, што некогаш е повеќе од доволно
.
Проектот е испробан, функционира (не од мене, други го имаат пробано, плус, издаден е во списание, што би требало да биде повеќе од доволен услов дека проектот е исправен), под услов да ги користите оние компоненти кои авторот ги има наведено (ова особено важи за кристалот, на повисока или пониска фреквенција фреквенција, софтверот за PIC-от треба малку да се модифицира за да функционира правилно :S).
Ќе може ли да работи со кристалче од 27,145MHz?
Најверојатно не, прочитај го написот, има и модификација со кристал од 28.496MHz, со модифициран софтвер за таа фреквенција на работа, во принцип, со менување на фреквенцијата мора да се менува и софтверот :S.