Author Topic: Поправка на дигитална вага  (Read 673 times)

Offline MarkoMK

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1001
  • Gender: Male
Поправка на дигитална вага
« Opened on 29.08.2010, Sunday, 21:24:18 »
Дали некој има искуство со дигитални ваги (за мерење луѓе)?

Ја купив од бувљак, имаше многу, спакувани беа, ама изгледа фабричка грешка имале...

Значи проблемот е кога ќе застанеш, се појавуваат бројките како што треба, прво 00.0, и после почнуваат да се појавуваат некои рандом бројки.
Експериментално (со притискање со рака) видов дека до отприлика 40 кг си функционира ОК, а проблемот настанува над тоа (бидејќи јас имам многу над тоа:), и тогаш бројките почнуваат да „рипаат“ горе доле.

Внатре има еден интегралец и четири сензори на секоја ногарка. Сите жици од сензорите доаѓаат во интегралецот и тоа е се.
Еве ја сликав целата вага и еден од сензорите од блиску, па ако некој има идеја нека каже..

Code: [Select]
http://www.pic.mk/?v=2208201013.jpg
Code: [Select]
http://www.pic.mk/?v=2208201283110560.jpg
Code: [Select]
http://www.pic.mk/?v=2208201283110586.jpg
Code: [Select]
http://www.pic.mk/?v=2208201283110604.jpg
Ваљда добро ги кодирав линковите.. (да не ме караат администраторите..)
Life is too short to remove USB safely ..

Offline BorceBT

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1826
  • Gender: Male
    • www.trajkovski.net
Моја претпоставка е дека ваква вага би направиле или со пиезо или со хал сензори. Бидејќи одат по 3 жици кон сензорите поверојатно е дека се работи за хал сензори. Проблемот пробај да го најдеш вака: Дали работи вагата со откачени сите сензори освен еден? Ако не тогаш мери на излезите од секој сензор што напон се добива на различна килажа (тежина) и види дали некој од сензорите всушност внатре во себе има проблем и над таа килажа од 40км почнува да прави „спој“ и почнува да полудува. Ако е така тогаш ќе знаеш дека е проблем некој од сензорите. Ако не друга работа што можеш да па провериш е напојувањето на микроконтролерот дали е добро и стабилно (од батеријата), дали батеријата е добра и има добар контакт и дали кристалот е добар (пробај замени го ако може да се замени). Освен ова грешката може да е во самиот микроконтролер (програмата) и за тоа нема лек.
Никогаш неможеш да знаеш се, но секогаш можеш да знаеш повеќе.

Offline MarkoMK

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1001
  • Gender: Male
Борче, правев некои експерименти со вагава, изгледа проблемот е до сензорите.

 Сите имаат по 3 извода, и врзани се некако сериски (ако треба ќе нацртам и како) и од сите 12 изводи до процесорот се комбинираат во 4. Претпоставувам дека ова е за да нема проблем доколку не се застане на средина, за да автоматски се балансира на која страна од вагата и да застанеш.

Е сега јас застанував со целата тежина на секој од четирите сензори, и на еден од нив ми покажа проближно добро - вредноста линеарно се намалуваше и зголемуваше до отприлика мојата тежина.

Со другите 3 имаше проблеми. Едниот веднаш покажува "L" на дисплејот - претпоставувам оверлоад.
Едниот покажува премали вредности, а другиот го прави она рандом со бројките. Изгледа процесорот е добар, нечинат 3 сензори :( :(
Life is too short to remove USB safely ..

Offline BorceBT

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1826
  • Gender: Male
    • www.trajkovski.net
Одг: Поправка на дигитална вага
« Reply #3 on 15.09.2010, Wednesday, 09:29:48 »
жалам, такви сензори сигурно неможат да се набават.
Никогаш неможеш да знаеш се, но секогаш можеш да знаеш повеќе.