Македонски форум за електроника
Останато => Мерна опрема => Topic started by: LordZi on 01.12.2012, Saturday, 17:48:48
-
Овој склоп служи за испитување флајбек-трафа, отклонски калеми и сл., имам прочитано добри критики за него, па ме интересираше дали некој го има направено или го користи, да сподели свои искуства со него...
-
Истиот инструмент го имам направено два пати, еден за мене и еден за мој пријател кој се бави со поправка на тв уреди и друга електроника. Инструментот си ја врши својата работа и својата функција без никакви проблеми. Пријателот ми кажуваше дека во дадени моменти многу му се има најдено во поправка на тв уредите односно му има спасувано многу BU-а. Испитувањето на флајбек-трафоата е многу лесно и многу точно кажува во каква состојба е истото. Во споредба на елементите кои ги содржи односно цената и прецизното мерење на трафоата (мислам на лед индикаторот), инструментот е премногу ефтин и би требало секој кој се бави со оваа проблематика да го има во својата работилница. Плочката ја правев со ExpressPCB и со Eagle, ќе ги побарам каде ми се некаде во компјутерот и ќе ги прикачам, па ако некој сака да го направи инструментот ќе има готов проект и нема да се измачува ;D.
-
Значи според твоето искуство уредот си ја врши работата, тоа сакав да го знам... ;)
Ако ја најдеш плочката, обавезно закачија ја тука (иако може да се прецрта од ПДФ-то).
-
Од мене со препорака! Сега го правев и го правам уште еднаш ( немам шт.плоча!).Комплет делови во Алфа -без плочка се 120-130 ден( + поштарината,се разбира).Ги имате плочките и во мирор,ако некому му треба ( оригинална големина е 51х67 мм).
-
Еве го мојот готов инструмент кој сеуште не е ставен во кутија
(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/0112121845.jpg)
(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/0112121844.jpg)
(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/0112121841.jpg)
и еве ја шемата и плочката
-
Ако можеш напиши нешто повеќе околу начинот на употреба, на кои изводи го спојуваш од трафото, дали претходно го одлемуваш од плочката, дали си тестирал отклонски калеми со него итн.
-
Ако мене ми е поставено прашањето- инструментот е проверен,го имаше 2003 и во некој број на ЕМИТЕР,а се работи за проверка на ВН трансформатори и други калеми со поттикнување на осцилации ( мислам дека беа 7 во секунда) и сега го врзувате трафото(може и да не се вади од плоча) и го вклучувате на приклучоците.Пробајте го тоа и со исправна намотка ( на крај на написот е даден пример за вежбање- направете калем на јадро и пробајте!) и треба да светат најмалку 7 диоди.Ако е под 5 диоди веке трафото не е во ред ,а ако има 2-3 диоди да светат - тогаш не чини! Ако ниедна диода не свети е во краток спој! Толку накратко. 8)Секако може и отклонски систем да се тестира доколку го рачунаш како калем.Испразнете ги кондензаторите само да не доживеете струен удар предходно.Како што реков не мора да го вадите трафото.Посебно може примарот,а потоа и секундарот да го третирате ( за секундарот намот по намот !)