Македонски форум за електроника
Останато => Мерна опрема => Topic started by: filipmkd on 01.05.2011, Sunday, 18:44:19
-
Имам пробувано повеќе ЕСР метри па дури и фабрички ..... но како овој ЕСР инструмент не мери никој друг.. и дури е многу компактен оди одлично во комбинација со стрелка од SUNWA ефтините инструменти..... имам изработено околу 20-30 примерока .... па кој сака да поправа електронски апарати да го изработи оти е многу ефтин и едноставен:
(http://elektronika-mk.net/index.php?action=dlattach;topic=5190.0;attach=12932)
http://members.shaw.ca/swstuff/esrmeter.html
-
Го изработив и функционира но со разни кондензатори (од 1мф до 10000мф)покажува на омаската скала од 18 до 25 оми дали нешто не функционира или јас не сум наишол на некој исушен кондензатор или пак е нешто трето .
Всушност како треба да се чита на скалата на сунва инструментите.
-
Отпорникот од 10 K замени го со 1K и стави тример за да го подесиш инструментот
-
Сега е поосетлив и покажува околу 4 оми за добри кондензатори .
Тримерот да го поставам како на влез за засилувач према инструментот за да го подесам ?
-
Дада за кога ке ги споиш мерните жици да го израмниш на 0 оми
-
Еве ги сите потребни фајлови на едно место, да не мора да ги симнувате еден по еден од сајтот, заедно со текстот ;).
http://app.box.com/s/b95ch8j4we25c03fwp880d6jc05tjwoj
http://www.asuswebstorage.com/navigate/s/6DE21B0881964DDE89BF3A9D593D386AW
-
Ќе пробам па ќе ти напишам , се размислувам да му направам константен извор на напон од 5 волти зошто со тек на врема опаѓа од батерии , инаку е многу добар стварно ги мери во дел од скалата многу корисна работа досега испофрлав еден куп кондензатори што мислев дека се добри .
Знаеш колку може да те за*бава кондензатор како елемент во коло а да незнаеш за што се работи ;D
-
Да да .... без него не се може .... сервисирам телевизори и други електронски апарати и повеќето дефекти се суви електролити посебно кај телевизорите ... пц напојуванја матични плочи ....
( За напојуванје можеш да искористиш полнач од мобилен 5 в и ке немаш никаков проблем како во мојот случај....
-
Добра идеја за полначот.
Стрелката на инструментот неможам да ја дотерам на нула дури и со тримерот , покажува околу 2.5 оми максимум , те послушав и предходно и го сменив отпорникот од 10 К со 1 К па дури и го краткоспоив но никако да ја дотерам на 0 . Имаш некоја идеја . Да не е транзисторот со мал степен на појачување или батериите се празни.
Ќе пробам со полначот па ќе видиме.
Ако ти текнува идеја кажи .
Си ги изработил 20 па сигурно ги знаеш на памет
-
Да не е транзисторот со мал степен на појачување или батериите се празни.
Сигурно го стави 2N2222? Да не стави некоја негова замена? Можеш да пробаш место него да ставиш некој оптонаменски opamp или некој друг општонаменски транзистор, или смени ги отпорниците кои го дефинираат засилувањето на транзисторот ;). Може и тоа да е проблемот, засилувањето да не е баш погодено.
Има мерни точки во определени места, според шемата, ги добиваш баш тие вредности на напоните во мерните точки?
-
Сигурно е 2н2222 во метално куќиште само не му го проверив степенот на појачување пред да го монтирам , исто ми текна за отпорниците кои го дефинираат степенот на појачување но немав време да пробувам , ќе пробам покасно можно е да е до батериите , на инструментот за мерење му е при крај батеријата па не покажува точна волтажа на батериите ми покажува 6.8 волти a треба да биде 4,8 така да ќе пробам со адаптер .
-
Сигурно е 2н2222 во метално куќиште само не му го проверив степенот на појачување пред да го монтирам , исто ми текна за отпорниците кои го дефинираат степенот на појачување но немав време да пробувам , ќе пробам покасно можно е да е до батериите , на инструментот за мерење му е при крај батеријата па не покажува точна волтажа на батериите ми покажува 6.8 волти a треба да биде 4,8 така да ќе пробам со адаптер .
кажи ми што треба да појачаш? Каков сигнал, која фрекфенција?
2N2222 и BC547 засилуваат само NF сигнали.
-
кажи ми што треба да појачаш? Каков сигнал, која фрекфенција?
2N2222 и BC547 засилуваат само NF сигнали.
Па не е баш НФ, не е ни баш ВФ, некаде околу 150KHz треба да биде ;).
-
ај пробај со 2N2219, тој е добар и за RF
-
Ќе пробам ама се мислам дека ќе да е до напојувањето , најдов полначи за телефон 4.9 и 4.8 волти околу 500, 600 милиампери
Споено мислење: 08.06.2011, Wednesday, 20:22:18
Го направив и го сколпив . ;)
Било до напојувањето како што се сомневав .
Му намонтирав полнач за мобилен , кога е оптеретен дава напон околу 5.5 волти .
Се штелува и функционира супер .
Само ме нервира што немав потенциометар од 25 К па му ставив од 33К па малку е преосетлив на штелување.
Уште да го замолам авторот да објасни наједноставно и попрецизно кои кондензатори да ги рачунам за исушени .
пошто јас немам искуство со ваков вид на мерна опрема. :D
-
И јас го изработив овој еср метар не сака да работи, неможев да најдам интеграл 74HC14N и му ставив
HD74LS14P дали овој интеграл може да ја брака оваа работа или треба да го барам оргиналниот.
-
И јас го изработив овој еср метар не сака да работи, неможев да најдам интеграл 74HC14N и му ставив
HD74LS14P дали овој интеграл може да ја брака оваа работа или треба да го барам оргиналниот.
Не би требало тоа да биде проблемот, логичките порти се исти, се разликува само производителот. Фреквенцијата на осцилирање не е превисока, така да, не би требало тоа да влијае на изборот на логичката порта ;).
-
Сакам да го изработам овој ЕСР метар, но не сакам да биде вака аналоген (со стрелка) или пак дигитален (со дисплеј) него сакам да биде т.н. со ВУ метар. Поточно со 6 или со 3 лед диоди, нешто слично на ова:
-2 црвени
-2 жолти
-2 зелени или пак со по една лед. Па дали може ова некако да се изведе со диодиве наједноставно ?
-
Целта на ЕСР метарот е - прецизност.Затоа се употребуваат аналогни инструменти со стрелка.Колку поголем и попрецизен толку подобро.Дигиталните се поскапи,а ова што ти сакаш да го направиш нема врска,само за око диодите ке светкаат убави,а резултат само од памет. ;D
-
Целта на ЕСР метарот е - прецизност.Затоа се употребуваат аналогни инструменти со стрелка.Колку поголем и попрецизен толку подобро.Дигиталните се поскапи,а ова што ти сакаш да го направиш нема врска,само за око диодите ке светкаат убави,а резултат само од памет. ;D
Тоа со диодите е Blue Ring Tester исто и тоа го имам направено тоа служи за мерење на завојници и трансформатори а за ЕСР мора да биде или со стрелка или со дисплеј поздрав
-
Тоа со диодите е Blue Ring Tester исто и тоа го имам направено тоа служи за мерење на завојници и трансформатори а за ЕСР мора да биде или со стрелка или со дисплеј поздрав
Па не, ама во принцип читањето е попрецизно, така да, подобро е да е со дисплеј или со стрелка да биде. Ако е со LED диоди, ќе треба прво да го баждариш, па да дознеш дали навистина е таа вредноста, па ова, па она...
-
Благодарам, па тогаш ако го правам да биде аналогно, како поевтина варијанта, а ова со лед диодите замислата ми беше да и тоа биде како и овие прецизно, но изгледа ќе има работа малку појче :)
-
може да биде прецизно ако поставиш 100-200 лед диоди и секоја диода покажува некое минимално ниво :)
со тоа ќе го зголемиш дијапазонот со кој би се прикажала вредноста :P
-
ехеех е убаво, еден најлон диоди и едно 2 илјадарки :D
-
Дали некој знае од каде би можел да набавам аналоген мерач (значи зборувам само за онаа кутија со стрелка) не знам како се вика.., и колку пари би чинело ?
(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/Moving_Coil_Meters.jpg)
-
Ги има во BT електроника, околу 150 денари се. Има секакви, со какви сакаш скали ;). Се разбира, може и твоја скала да си направиш ;).
-
Еве го и мојот ESR метар, конечно го спакував во кутија ;). Иначе го споредував со дигиталниот, потполно исто покажуваат, овој ќе го користам за брза проверка на електролити директно на плоча, а тие што е сомнителни одат на прецизно мерење со дигиталниот... ;)
(https://s25.postimg.cc/3v1p6exen/PIC_0002-34.jpg) (https://postimages.org/)
(https://s25.postimg.cc/npnqsjkbz/PIC_0001-39.jpg) (https://postimages.org/)
-
ESR метар е феноменална работа. Не е тешко не е ни скапо да се направи ваква корисна работа. Вашите изработки се одлични :)
-
Како и секогаш, одлична изработка LordZi ;).
-
Lordzi по која шема праеше, ќе можи да клајш ако имаш готова? ;)
Фала однапред, поз :)
-
Понапред во темата имаш се што ти треба ;).
http://elektronika-mk.net/index.php?topic=5190.msg50262#msg50262 (http://elektronika-mk.net/index.php?topic=5190.msg50262#msg50262)
-
LordZi дали ESR метарот може да ги мери сите кондензатори независно од големината на капацитетот?
-
LordZi дали ESR метарот може да ги мери сите кондензатори независно од големината на капацитетот?
Да, има и табела на максимални вредности на ESR факторот на електролитските кондензатори. За други типови на кондензатори, не. Изолаторот е подруг кај другите типови на кондензатори, затоа ;).
http://elektronika-mk.net/index.php?topic=1655.msg18933#msg18933
-
Да, ги мери сите електролити без оглед на капацитетот.
-
Го направив ESR метарот...(ја подесив фреквенцијата на 156 Khz како што е кажано, со тоа што отпорникот од R1=1k, го заменив со повеќе обртен потенциометар исто од 1k).
Ја подесив мерејќи на 2пин на интегралното коло и маса .
http://members.shaw.ca/swstuff/esrmeter.html
Проблемот е следниов :
Кога ја баждарев скалата ,отпорник од 2 оми (1+1 сериски) дава многу мал отклон на стрелката од нулата,одприлика 3mm.
Дајте совет околу ова .... максимум на скалата може да измери околу 134 оми.
Поздрав !!!
ADMIN: Во иднина кодирај си ги сам линковите за да не се караме
Споено мислење: 11.05.2012, Friday, 18:14:05
Во ред,заборавив :)
-
Пробај смени го транзисторот, јас пробав неколку различни и со сите имаше различен отклон за 1ом (тие со поголемо засилување имаа поголем отклон), на крај оставив ВС109С што имаше засилување околу 800, максимумот на скалата е околу 30оми.
-
Извини што не се јавив одма многу сум во гужва.
Еве сега го променив 2n222 со bc109 како што ми кажа меѓутоа се доби нешто минимално ,а крајната отпорност на скалата покажува 75 оми.
Некој друг транзистор со поголемо засилување ако не ти е тешко да ми предложиш...
Со bc 109 добив отклон околу 4mm од нулата и многу ми е ситно.
-
Не верувам дека ќе добиеш нешто многу поголем отклон за 1 ом од овој сега, и кај мене е така, овој ЕСР метар не е наменет за многу прецизно мерење туку пред се за брзо испитување електролити директно на плочка, без одлемување. Пробај смени неколку различни ВС109С, по можност од различно производство, и остави го тој со кој стрелката ќе има најголем отклон.
-
Да не е случајно проблемот што R11=2к2,R12=100ohm и R17=10к ги заменив од причина што немав максимален отклон на нулата од скалата туку стрелката доаѓаше нешто помалку од пола кога ке ги споев пипалиците.Па ставив R11=6,5k,R12=47ohm,R17=1k
-
Сигурен си дека инструментот со вртлива намотка е наменет за мерење на 50uA-ски струи? Можно е да не можеш да добие целосен отклон ако инструментот е наменет за мерење на поголеми струи. Исто така, пробај со замена на сигналните диоди 1N4148 со некои германиумски диоди, брзи силициумски диоди (до 1А, од switching напојувања или од телевизори) или со некои Шотки диоди (исто, до 1A, иако и ова вредност е голема, но најчесто по стари уреди, само 1A Шотки диоди или појаки се наоѓаат, особено во switching напојувања од PC, таму скоро сите Шотки диоди се со максимални струи многу поголеми 1A, но нема проблем, може и такви да поставиш колку за тест, па потоа да си најдеш некои други помали, или може и тие да ги оставиш ;D, ако не ти пречи габаритноста на диодите ;)).
-
И јас ги менував отпорниците доста, ама не ми текнува кои вредности ставив, треба малку експериментирање и со нив. Исто пробав наместо 4148 да ставам ВАТ42, ама немаше никаква промена во отклонот па ги оставив овие 4148.
-
Благодарам за советот ке видам.
-
Отпорникот што е 10к замени го со краткоспојник а на место на 2n2222 можеш ставиш 2n2219 пробано работи ... и стави стрелка од SUNWA аналогните инструменти голем не од малите и ке работи. А диодите 1n4148 никако не ги менувај бидејќи тие се сигнални диоди нема да работи со други. Инструментот во АЛФА ЕЛЕКТРОНИК SUNWA e 350 денари
-
А диодите 1n4148 никако не ги менувај бидејќи тие се сигнални диоди нема да работи со други.
Намерно пишав да ги смени диодите (поточно, да проба со други диоди) со Шотки или германиумски, па дури и брзи силициумски, бидејќи сите овие имаат помал пад на напон дури и од сигналните 1N4148 ;). Шотките и германиумските сигурно имаат помал пад на напон, за брзите силициумски, не сум сигурен, но не е на одмет да проба и со нив ;). Сепак, станува збор за 100KHz сигнал кој треба да го исправат ;).
-
Го сменив транзисторот со 2n2219 како што кажа filipmkd ,кратко спојник му ставив на отпорникот R17 меѓутоа ја поминува и нулата ,и со транзисторов добив подобрување со 10 оми отпорник околу 40 % од скалата а со 47 оми едвај се движи ,скалата ми остана истата од помал инструмент со тоа што сега ќе треба одпоново да ја пребаждарам бидејќи предходните мерења со ова сега не се сложуваат .
Во наредниве денови ќе прикачам некоја слика.... :)
-
Нулата и треба да ја помине, после со потенциометарот ќе го дотераш да покажува 0 со кратко споен влез, а иначе тое е отприлика максимумот што го добив и јас, кај мене едвај се поместува стрелката со отпорник 27оми, со 10 оми има негде околу 45% отклон. Колку што се сеќавам, ставив потенциометар од 2к наместо 25к за дотерување на нулата.
Како и да е, ова е супер инструмент за брза проверка на електролити без одлемување, ќе ти се најде во многу прилики... ;) :)
-
Кој може нека постави ПДФ фајл со повеќе плочки за изработка на еср метарот да биде мирор за печатење со пегла
-
Дали за овој ЕСР метар аналогниот иструмент мора да биде SUNWA и дали може да се користи аналоген иструмент за мерење на струи до 100uА ?
-
Ако имаш стави аналоген инструмант од 100uA и направи ги следните измени на шемата, ако не стави SUNWA, може и од малите, јас ставив таков, ама треба малце експериментирање со вредностите на отпорниците.
(сликата е преземена од електроника.ба)
(http://i226.photobucket.com/albums/dd117/lodr_zi/rasporedelemenata.jpg)
Во прилог имаш и ПДФ фајл со изгледот на плочката, испечати ја во мирор и со зум од 100%.
-
И R1=1k замени го со 1к повекеобртен за да ја наштелуваш фрекфенцијата 156кhz.
Ќе заборавев се мери на втор пин и маса од интегралецот.
-
Здраво.Имам руски аналоген инст. кој не е во исправна состојба.Е сега на преклопникот има подрачје од 1000 мили ампери.Дали ќе можи да се искористи мерачот со шемата погоре која има измени?
-
Нема да може така, 1000 мили-ампери се 1А, тебе ти треба инструмент со осетливост од 50 микро-ампери, т.е. 0,5 мили-ампери. Види дали ја пишува осетливоста на инструментот, голема е веројатноста дека можеш да го искористиш ако го врзеш директно само инструментот.
-
LorZi најдов Iskra MI7043 инструмент со прегорена електроника.Колку што можам да видам пишува дека има осетливост од 50 микро-ампери.Сепак ќе побарам и твое мислење бидејќи го имаш изработено и го знаеш како диши
-
Ако е инструментот 50uA таман ќе ти одговара, направи ја оригиналната верзија без измените и терај... ;)
-
Го изработив овој ЕСР метар според измените на LordZi за аналоген инструмент за мерење на струја до 100 mA јас ставив инструмент на искра BN1 , место 2N2222 ставиф KSP2222A бидејки го немав тој транзистор а место 74HC14N имам ставено SN74HC14N. Проблемот е во тоа што скопот нескака да функционира поточно отклонот на стрелката е само еден милиметар со кусо врзани шилци за мерење ??? Ве молам за помош до што може да биде проблемот ? :-[
-
Провери да не имаш спој или прекин на ППК, погрешно поставен дел и сл. Сигурен си во осетливоста на инструментот?
-
Сите водови на ППК се доби нема споеви и сите елементи на неа се исправно поставени ке ја сликам неа и иструментот и ке поставам слики ;)
Споено мислење: [time]24 Февруари 2013, 02:03:02[/time]
Еве слики од аналогниот инструмент и ППК со поставени елементи на неа ;D
(http://i226.photobucket.com/albums/dd117/lodr_zi/semi%20za%20forum/24022013115_zpsf8e0b6d8.jpg)
(http://i226.photobucket.com/albums/dd117/lodr_zi/semi%20za%20forum/24022013120_zps5af81da5.jpg)
(http://i226.photobucket.com/albums/dd117/lodr_zi/semi%20za%20forum/24022013122_zpsf62c3060.jpg)
-
Имаш унимер со фреквенцметар на него?
-
Инструментот колку што гледам е 100mA, тоа е многу повеќе од потребните 0,5mA, најверојатно затоа е толку неосетлив, иако вака кога гледам и плочката и лемењето ми се многу сомнителни... :o
-
Немам таков унимер за да ја измерам френкфенцијата но најверојатно проблемот е до аналогниот инструмент мојот е 100 мили ампера а во овој проект е потребно инструмент од 50 до 100 микро ампера ;D ке се потрудам да најдам таков инструмент па ке пишам што биднало ;D Ви благодарам на помошта ;)
-
Денес завршив уште еден ESR-метар, овој ќе биде resident кај мене во работилница ;), пред некое време начекав на бувљак одличен инструмент со поголеми димензии - 11х9cm - како створен за ESR-метар :), едина мана му беше осетливоста од 1mA за полна скала, додека според шемата треба инструмент со осетливост 50-100uA, значи десет пати помалце. Бидејќи не може да се зголеми напонот на напојување на целиот склоп (интегралецот работи на 5V), донесов повисок напон на колекторот од транзисторот и сега без проблем го тера и овој инструмент, единствено треба малце експериментирање со вредноста на отпорниците во колото на транзисторот и R17 (кој што јас не го ни ставив, само потенциометар 2к2). Исто и транзисторот е пожелно да има поголемо засилување, јас ставив оригинален BC109C производство на ST кој имаше засилување над 900.
Значи, за сите што имаат понеосетливи инструменти и сакаат да ги искористат за ESR-метар, изгледот на модифицираната ППК е закачен најдоле, како и ППК од напојувањето за него.
(https://s25.postimg.cc/bnscyey8v/IMAG0422_zps2de0ded6.jpg) (https://postimages.org/)
(https://s25.postimg.cc/47t3cm2tr/IMAG0423_zps32c03697.jpg) (https://postimages.org/)
-
Одлична изработка, како и секогаш ;).
-
туу мислиш фабрички дизајн
-
Спремам и преносна верзија од овој ESR метар, чекај тек да го видиш тоа... ;) 8)
-
Super-dali ti ja pravese kutijata ili kupena, imas li apkan kako ti e zastrafen kapakot od mobil.
-
Кутијата е од некој стар коректор на напон, само префарбана, капакот од внатрешната страна има заварено ушки на кои се штрафи со долниот дел.
-
Од мене имаш 5+ за ESR-МЕТАРОТ браво само така ова веќе ми се свиѓа
-
Одлична изработка LordZi, со здравје да го користиш ;).
-
Ова го пронајдов на еден руски сајт:
http://elwo.ru/publ/izmeritel_ehps_kondensatorov/1-1-0-550
Дали некој можеби пробал ваква модификација на унимер бидејки ова е едноставен а моќен додаток?
Многу од елементиве како калемот, транзисторот, па и диодите ми се нејасни или кај нас ги нема.
-
Бидејки си нов -само опомена -прочитај како се кодираат сајтови! Вака како што си го ставил не е исправно!!
-
Ова го пронајдов на еден руски сајт:
http://elwo.ru/publ/izmeritel_ehps_kondensatorov/1-1-0-550
Дали некој можеби пробал ваква модификација на унимер бидејки ова е едноставен а моќен додаток?
Многу од елементиве како калемот, транзисторот, па и диодите ми се нејасни или кај нас ги нема.
Хммммм... интересна идеја, но сепак би сакал да го имам како посебен инструмент ;).
-
GigaWatt дали би можел да ги одгатнеш елементите со ознаки кој се на нашиов пазар. Најконкретно ме интересира тој калемот т.е трансформаторче каде може да се набави, како и ознака на транзисторот и диодите соодветни на наш пазар.
-
Трафото мораш сам да го моташ,нема на пазар,така Русите работат. ;D
Транзисторот е РNP стави пример ВС 287,отпорникот во колекторот може да се намалува ако не работи добро.Трафото се мота на феритно јадро долго 10 мм и пресек 6х 3 мм ( правоаголно). Сооднос 11 : 1,а конкретно 88 намотки ,0,13 мм бакарна лак жица ,намот до намот, секундар 8 намотки 0,5 мм бакарна жица.со изолација помеѓу нив.Диодоте се шотки.
Сепак и јас сум запосебен инструмент да си направиш.
-
Да, ова е релативно едноставен и евтин ESR метар кај кој изведбата мене ми беше со користење на фабрички аналоген инструмент од кој беше извадена оригиналната плочка и залепен кругот за подесување опсег, а беа искористени само приклучоците, инструментот и тримерот за нулирање, еве како изгледа:
(http://elektronika-mk.net/index.php?action=dlattach;topic=5190.0;attach=12934)
(http://elektronika-mk.net/index.php?action=dlattach;topic=5190.0;attach=12937)
-
Ич да не му се секираш, поубаво работи на батерија, троши многу мала струја и тоа само кога е вклучен.
Инструментот е одличен, особено ако работиш почесто со електроника, за брзо и едноставно откривање на неисправни електролитски кондензатори.
Трафото можеш да го најдеш секаде особено во “Алфа електроник“ Битола, испраќаат и по пошта.
Пароизведен е во УСА одамна...
Со среќа