Македонски форум за електроника

Останато => Мерна опрема => Topic started by: batka on 28.01.2011, Friday, 16:44:56

Title: Дигитален ЛЦР метар за СМД компоненти
Post by: batka on 28.01.2011, Friday, 16:44:56
Овој дигитален ЛЦР метар со многу добри карактеристики ми го испратија од една фирма од Хрватска ,на проба.Има доста добри мерни карактеристики ( ги ставам во прилог!) ,а цената не е формирана ама кај нас би била скоро 15о ЕУ ( не сум сигурен сто-насто!).Убавината е што мери смд компоненти,дури и да не ги одлемуваш. Пипалките се позлатени ,има три батерии,може да мери како ЕСР метар кондензатори до 4999 мФ.
Ова е само информација за нов производ на светски пазар.
Title: Одг: Дигитален ЛЦР метар за СМД компоненти
Post by: Bojan on 28.01.2011, Friday, 17:11:04
незнам кај гледав ваков ЛЦР метар, ама како и да е супер работа е, ептен е fancy :D
Title: Одг: Дигитален ЛЦР метар за СМД компоненти
Post by: GigaWatt on 29.01.2011, Saturday, 04:40:45
Прескап е, што знам... јас лично не би го купил, за тие пари ќе земам посебен L и C метар со многу поголем опсег. Повеќето од нив не мерат SMD компоненти (или мерат со модификација на мерните сонди ;D), но нивната вкупна цена е помала од 150 евра. Мада, морам да признаам дека како производ е доста компактен и пренослив, што е голема предност, барем кога станува збор за преносливи мерни инстрменти ;), така да, барем на тоа поле, има еден голем плус ;).
Title: Одг: Дигитален ЛЦР метар за СМД компоненти
Post by: Bojan on 29.01.2011, Saturday, 05:33:53
има едни како штипчиња се за мерење на смд компоненти во логинг гледав...