Македонски форум за електроника
Останато => Мерна опрема => Topic started by: Devil on 01.11.2009, Sunday, 22:26:10
-
ЛЦ метар со PIC16F84A
Многу едноставен уред кој би требало повеќето од нас/ вас да го имаат во својата работилница.
Цел проект се базира на добро познатиот PIC16F84A микроконтролер од микрочип, и на LM311 напонскиот компаратор кој со помош на кондензаторот Ccal и на калмот L е генератор на фреквенција, која подоцна преку приклучениот калем/ кондензатор се менува. Оваа фреквенција се отчитува со помош на пикот кој ја преработува и ја дава на LCD дисплејот.
Значи точноста на целиод уред зависи директно од калемот L и кондензаторот Ccal, колку поточни ќе бидат овие два елементи толку по прецизен уред ќе имате. Кондензаторот Ccal од 1000pF гледајте да биде со поголем работен напон, бидејќи тие се со помало отстапување :)
Можете да користите каков било LCD дисплеј од наведените
2x8, 1x16 или како во мојот случај 2x16
На самата плоча ( и во шемата ) има посебни џампери кој го одобруваат користењето на дисплеите од типот 2x8
Исто така има уште еден џампер кој не ми е сеуште познат и мене која функција ја има, ама најверојатно е дека со него може да се прикажува фреквенцијата при мерењето ( треба да се проба ).
Постои копче „ZERO“ со чија помош уредот се калибрира, ако сакаме да го калибрираме уредот да биде на нула при мерењето на кондензатори тогаш точките каде што се сместува кондензаторот реба да останат отворени. Ако сакаме да го калибрираме уредот при мерење на индуктивитет, тогаш точките каде што се става испитуваниот елемент треба да бидат кратко споени.
Исто така постои и копче BL кое служи доколку вашиот дисплеј има позадинско светло да го вклучите.
При изработка на уредот користете квалитетни елементи со точни вредности.
Пред да го стартовате во употреба проверете ги сите лемни споеви убаво поради можност од грешки ( не се вели за џабе два пати мери еднаш сечи ).
За интегралните кола пожелно е да се користи подножје.
Документацијата, шемата , готов изглед на печатената плоча и потребните .hex фајлови за програмирање на пикот можете да ги превземете од тука:
http://www.bruno.netstrefa.com.pl/radio/projekt/lcmeter/index.htm
Hex фајловите за програмирање на пикот може да се симнат директно од тука
http://sp7dqr.internetdsl.pl/downloads/lc_meter_zrodla.zip
овие 2 фајла се на полски со тоа што едниот е малку не стабилен ќе варира цело време, се разбира ќе ја добиете точната вредност но 2те последни цифри ќе се менуваат нонстоп.
Стабилна верзија од ова има во VIP делот, исто така за некое време ќе биде доставена и пробна македонска верзија која исто така ќе биде во VIP делот.
Резултати од мерењата
Кондензатори
1. блок кондензатор 220nF-- резултат =220.7nF
2. блокче од 150nF 10% -- резултат 166.2nF
3. керамички од 100nF --- резултат 95.54nF
4. хартиен кондензатор (ехаха стар) од 10nF 10% --- резултат 9.6nF
5. керамички од 6pF --резултат 5.6pF
6. некој непознат ( нема ништо на него црвен е по боја ) -- 130nF
Калеми
1. калем од 50mH-- резултат 50.12mH
2. калем од100uH -- резултат 94.01uH
3. калем од 145uH -- резултат 145.7uH
4. некоја жица намотана ;D -- резултат 21.4uH
Некоја слика од готовиот уред
(http://i14.servimg.com/u/f14/12/64/31/28/dsc00010.jpg) (http://i14.servimg.com/u/f14/12/64/31/28/dsc00011.jpg)
(http://i14.servimg.com/u/f14/12/64/31/28/dsc00012.jpg) (http://i14.servimg.com/u/f14/12/64/31/28/dsc00013.jpg)
На последната слика десно се гледа пораката „ Over Range“ таа се појавува при мерење на индуктиност ако местата за испитување на елементот се отворени, а кај капацитивност ако се кратко споени.
-
ова може да се користи и за регулација на омажата кај дипол антена :)
-
Хаха, не :) за тоа ти треба Antenna Analyzer или барем VF Винстонов мост.
-
како што кажува името
ова е од темата
http://elektronika-mk.net/index.php?topic=154.0 (http://elektronika-mk.net/index.php?topic=154.0)
значи се работи за кодот за програмирање на пикот
во таа тема е на полски
а тука можете да го најдете преведен на македонски ;D
Едно големо ФАЛА на Борче кој ми помогна околу средувањето
п.с има еден мал баг, остануваат 2 цифри цело време и то пишува eg цело време но во скоро ќе биде поправено и тоа и ќе го добиете и новиот фајл.
-
Стабилен код, без осцилации на цифрите со убава прецизност, мене ми проработи од прва без никакви проблеми
hex кодот го има во атачмент
-
Ваков ЛЦ метар направив во прва година!!!Тој од Емитер!!!и добро работи но сакам и овој да го правам со 1*16 ЛЦД дисплеј!!
-
Браво за сработеното, многу корисен а едноставен инструмент. И јас планирам да правам за брзо...
-
море ако имаш шо ќе ти е уште еден :)
корисен само што не можам да го работам, му го извадив дисплејот и така стое сега не можам да го користам :(
-
Зошто му го извади? ;D Kaј го смести сега?
-
незнам ми требаше нешто со паралелниот порт си играв
и сега така стое :)
-
Го изработив инструментов, работи само не знам да го калибрирам. Прво џамперите како што кажа Devil LK2 е за да се подеси каков LCD користиш a LK1 немам врска зошто е.
1. Кога LK1 e споено покажува некој бројки 00000000, 00000001 (на подрачје L) и 00062102 и постојано се менува со приближни вредности (на подрачје C).
2. Kога LK1 не е споено и инструментот поставен на подрачје за капацитивност покажува C = XXX nF/pF и вредноста постојано се менува, кога изводите за мерење ке се спојат покажува -838.8 nF. Кога е наместено на подрачје за индуктивност пишува Nadvor od opseg а кога ќе се спојад изводите за мерење ке се спојат L = 0.00 uH.
Се е измешно... Копчето Zero не знам зошто служи... помош ???
-
епа тоа копче зеро е за калибрација
тие џамперите не ти користат, тоа се само за одбирање каков дисплеј имаш ..
тоа македонската пробна верзија не ја користи
евети една постабилна
http://hotfile.com/dl/76390070/b04685b/LC_METER.HEX.html
јас ова го користам и супер е
-
Еве го и на форумов upload-иран .hex фајлот, дека е мал, а на hotfile можно е и да го избришат ;).
-
sakam da izrabotam SMD verzija od LC metarov!!Da ne saka nekoj. plocki za istiot!?
Pisyvam od mobilen nemam mak podrska
-
Фала Devil но пробав и со оваа програма, исто е. :( До што може да биде?
-
има неколку верзии од истава програма се вртат по нет, оваа што ја наведив погоре е прилично стабилна и јас неа ја користам
стабилноста зависи пред се од компонентите кој ги користиш
дали кристалот е со таа верзија
дали кондензаторот од 1000pF е со мала толеранција
калемот .....
-
Кристалот ми е од 4 MHz, овде се бара да се направи резонатор со додавање 2 кондензаторчиња од по 22pF, јас ставив од по 27. Не верувам дека тоа прави проблем.
Пригушницата нема стандардна од 82 uH и ставив две сериски од 47+33 uH.
Кондензаторот Ccal од 1n е со 3kV работен напон... :-\
-
3kV??Od kade go najde?
-
skols со што лемиш смд техника со обицен леткум или со воздух???///
-
со обичен може да се леми, јас со обичен лемам...не е толку тешко како што викаат сите :D утре-задутре ке ставам слики од тоа што имам смд лемено...и тоа прв пат лемам смд у мои 19 години...
-
со обичен може да се леми, јас со обичен лемам...не е толку тешко како што викаат сите :D утре-задутре ке ставам слики од тоа што имам смд лемено...и тоа прв пат лемам смд у мои 19 години...
E aко де за се има првпат,освен ако не заеб*ш нешто :D.
Споено мислење: 22.10.2010, Friday, 03:09:09
A има ли некоја шема,истава ама место со LCD дисплеј,да биде со LED дисплеј? :)
-
skols со што лемиш смд техника со обицен леткум или со воздух???///
Лемам со обичен леткум,првин го местам убаво делчето.Откога ќе го наместам со малце калајче капнувам на првиот и последниот пин,убаво се на место поставени и со калај(ама ептен малку) ги лемам останатите пиинови од делот!Па потоа со онаа бакарна жица за одлемување ја поставувам и го вадам преостанатиот калај!
Споено мислење: 22.10.2010, Friday, 10:36:34
[
Споено мислење: 22.10.2010, Friday, 03:09:09
A има ли некоја шема,истава ама место со LCD дисплеј,да биде со LED дисплеј? :)
Мислам дека има но треба да го прочешлаш нетот!Подобар ЛЦметар е со дисплеј!Инаку видов во Конрад дека имаат метри кои мерат капацитет,отпор,индуктивност...и. што уште не!

Цена некоја? ;D

И мене ме интересира, ама ме интересира дали имаат само L метар или евентуално LC метар ;).
-
имаат за индуктивност,отпорност и капацитивност!Цената беше 1800 денари!
-
каде се наоѓа Конрад?
-
Градски Трговски Центар прв кат!На местото на пицеријата Плава Лагуна!
-
Интересна направа :) сакам да го направам овој уред. Ме интересираат неколку работи:
тој потенциометарот од 10k за што служи?
JRC-23 што е тоа и дали го има во некоја од скопските продавници?
Тешко е да се најде 1000pF кондензатори ?
Плочката како да ја штампам, колку на колку cm ?
-
Интересна направа :) сакам да го направам овој уред. Ме интересираат неколку работи:
тој потенциометарот од 10k за што служи?
JRC-23 што е тоа и дали го има во некоја од скопските продавници?
Тешко е да се најде 1000pF кондензатори ?
1.Тој ваљда е нешто за подесување-калибрирање.. ;D
2.JRC-23 ти е реле мислам дека е single pole double throw ама ај нека каже даташитот http://pdf1.alldatasheet.com/datasheet-pdf/view/143548/ETC1/JRC-23F.html
3.Можно е да се најде,ама јас мислам дека со кондензатор од 1nF ќе завршиш работа. ;) ;D
-
1. Тоа е за контрастот на лцд дисплејот
2. Релето е малечко реле за 5V напон на намотка таму негде 4-6 нозе има ( незнам точно колку му се ) вакво реле имам видено на постарите модеми кој беа вградени во самите компјутери, како картички што се додаваат, нешто слично на мрежна картичка, баш со таман работен напон и таман распоред на нозе
3. тој од 1000pF е исто со 1nF само нека е за поголем работен напон, ако треба и со кратки жички поврзете го после на плоча
-
фала за одговорите,
На сликата има една диода која на монтажната не е обележана, која е таа?
-
Нај обична диода за заштита на релето...
-
вероватно е 1N4148 :)
-
да таква е :)
и не е за заштита на релето туку за заштита на целиот склоп од релето пошто при работа на релето се индуцира некоја струја која после може да прави некој проблем вака таја струја се носи на маса и се поништува
-
Направив список на делови, ако некој друг сака да го прави LC метарот па да не ги препишува од сликата.
100n (4)
1000pF (2) поголема волтажа
22Pf (2)
10Uf (4)
100k (3)
47K (2)
1k
10k
33 оми
10k пот.
1N4001
1N4148
82uH
JRC-23
4MHz
7805
DIL9
LM311
16F84A
-
да таква е :)
и не е за заштита на релето туку за заштита на целиот склоп од релето пошто при работа на релето се индуцира некоја струја која после може да прави некој проблем вака таја струја се носи на маса и се поништува
Flyback диоди се викаат тие, заштита за повратна струја од намотка, а секое реле има намотка (нели ;)), па при гасењето на релето можно е да се индуцира голем напон на краевите на намотката, што може да повлече голема струја од некој друг дел од колото и нешто да изгори, па поради тоа се става таа flyback диода, за да напонот што ќе се јави на краевите на намотката да индуцира струја во затворено коло овозможено од диодата ;).
-
а само ова не го разбирам, LK1 и LK2 се линкови од жица или тастери?
-
тоа се џампери и не ти требаат, односно требаат во зависност од тоа каков дисплеј имаш
прочитај 1 пост
-
сакам да го направам овој склоп но ме зачуди ова Ccal, тоа е тип на кондензатор или ?
-
не така е само означен
-
денес го досредив, го спакував во поубава кутија пошто претходно беше во мало кутивче и се напојуваше од батерија, ама некако брзо ја празнеше батеријата, сега има барем трансформатор и се напојува од мрежа :)
еве некое сличе, инаку на една слика има еден син кондензатор што мерам, тој ви е од 1000pF 400V :)
(http://pic.mk/thumbs/dscn05001.jpg) (http://pic.mk/?v=dscn05001.jpg)
(http://pic.mk/thumbs/dscn05081.jpg) (http://pic.mk/?v=dscn05081.jpg)
работна маса после работа :) (средено е, пред некој ден средував )
(http://pic.mk/thumbs/dscn05101.jpg) (http://pic.mk/?v=dscn05101.jpg)
-
ааа,многу добро си го направил.А кутијата од каде ја купи??
-
Браво, супер си го средил :)
-
од алфа ја зедов, негде 120-150 денари беше, измеѓу тука нешто :)
-
Одлично си го направил Devil :), реп+ :D.
-
Одлично си го направил Devil :), реп+ :D.
Хаха,заборавивте дека е изгасена рапутацијата.Господ здравје да ви даде што ја изгасивте хаха :D :D :D
-
што е ова масава цела растурена бе??? ц ц ц...иначе супер си го средил...само ептен дупки си направил околу прекидачот...
-
одлично е со здравје да си се служиш :D
-
што е ова масава цела растурена бе??? ц ц ц...иначе супер си го средил...само ептен дупки си направил околу прекидачот...
абе требаше едни други прекинувачи помали да ставам и плус повеќе прекинувачи и тастери беа планирани, ама не успеав да ги најдам кај се зафрлени и ставив тоа што имав привремено :)
така да то е то, ќе му залепам некоја самолеплива хартија :)
-
Опааааа, ај со среќа да си го користиш ;): Од колку до колку му е мерното подрачје за кондензаторите и калемите?
-
незнам точно треба да препроверам па ќе ти кажам
-
луѓе сега сакам ваков LC метар да правам според шемата од ѓаволот што ја ставил на првата страна ама па релето ме мачи...тоа работи на струја од 40mA, па да не ми цркне пикот....???
-
2 години до сега и сеуште не е цркнат :), не би требало да ти цркни, најди си некое реле за помала струја, стави рид реле, не мора баш вакво, мислам дека рид релињата се за помали напони и струи
-
ја го и мојот LC метар, направен пред 10 минути...утре ке си добие кутија некоја....
(http://pic.mk/thumbs/dscn0772.jpg) (http://pic.mk/?v=dscn0772.jpg)
:D ама па кога ке го ставам да мери капацитивност цело време вика over range и му закачив калем да видам што ке пишува...и пишува 1nF...некој да помага што би му било маката???
-
Подобро да го правеше тој LCF метарот од EPE...Има доста голем опсег,а и сличен е со овој,мислам со 628А беше...
-
дај линк нешто или прати по порака да видам што чудо е тоа...ако тоа ми фаќа око и тој може да го правам :D
-
дај линк нешто или прати по порака да видам што чудо е тоа...ако тоа ми фаќа око и тој може да го правам :D
Побарај ја шемата во EPE февруари 2003г. ;) ;D
-
Бојан,читај:
На последната слика десно се гледа пораката „ Over Range“ таа се појавува при мерење на индуктиност ако местата за испитување на елементот се отворени, а кај капацитивност ако се кратко споени.
Ова Девил го пишал,па барај грешка или на плочка или краткоспојник.Можно е и до тој преклопникот
-
^^^ тој ке оди на штрафцигер :) од епе ке го доправам утре...треба уште 4 кондензатори да му ставам и ако проработи од прва во кутија да го ставам :)
-
ете го и мојот LC метар конечно го сместив во кутија.
(http://pic.mk/thumbs/image01310058596.jpg) (http://pic.mk/?v=image01310058596.jpg)
ете тука мерам контензатор од 10нф
(http://pic.mk/thumbs/image0195.jpg) (http://pic.mk/?v=image0195.jpg)
(http://pic.mk/thumbs/image0194.jpg) (http://pic.mk/?v=image0194.jpg)
и ете го во кутија сместен:)
(http://pic.mk/thumbs/image0252.jpg) (http://pic.mk/?v=image0252.jpg)

По која шема го правеше ?
-
по оваја шема што е на првата страна.
(http://pic.mk/thumbs/lcmetersch.gif) (http://pic.mk/?v=lcmetersch.gif)
-
Ај честито, со здравје да си го користиш... ;D
-
дај линк нешто или прати по порака да видам што чудо е тоа...ако тоа ми фаќа око и тој може да го правам :D
Побарај ја шемата во EPE февруари 2003г. ;) ;D
кој е тој од ЕРЕ?Дај линк да видам што е тоа
-
дај линк нешто или прати по порака да видам што чудо е тоа...ако тоа ми фаќа око и тој може да го правам :D
Побарај ја шемата во EPE февруари 2003г. ;) ;D
кој е тој од ЕРЕ?Дај линк да видам што е тоа
Од кај да ти најдам линк ;D,побарај го на торент ;) :D
-
имате линкови во делот од списанија, од таму симнете си го потребниот број, последното мое мислење со линкот кој го наведов во него ги има сите броеви, симнете си од таму :)
А и не е од февруари 2003, туку 2004 ;D
-
ај линк,да не барам на памет :P ::)
-
http://elektronika-mk.net/index.php?topic=426.0 (http://elektronika-mk.net/index.php?topic=426.0)
последното мислење
само прво видете тука што викаат луѓето, не се баш најзадоволни од чудово, на повеќето не им работи
http://www.edaboard.com/thread13584.html

Цела тема ја прочитав ;D,требало да се прави некоја модификација околу тоа CD интегралчето и ќе работело добро...

и треба да се става друг .hex фајлче за да работи како што треба :)
-
Бојан го направи овој LCF метарот од EPE? ;D
-
Бојан го направи овој LCF метарот од EPE? ;D
да, ама ИЧ не сум задоволен од него, така да ке го правам тој од емитер....
-
Бојан го направи овој LCF метарот од EPE? ;D
да, ама ИЧ не сум задоволен од него, така да ке го правам тој од емитер....
Тоа те прашував,и јас го направив и тешко работи,не мери капацитет а и со индуктивноста слабо стои...Дури додадов и една посебна плочка,како модификација за да работи правилно ама тинки,ни со тоа не пркна,тогаш па се сврте,почна да мери капацитет а се зае*а мерењето на калеми ;D.И со друг хекс пробав ама пак без успешно. >:( :(
-
јас со некои други 2-3 пробав ама пак не го бива....едноставно е предобар за да постои такво нешто... :/
-
јас со некои други 2-3 пробав ама пак не го бива....едноставно е предобар за да постои такво нешто... :/
Хах,тоа да ;D.Него тој од емитер,од кој број е?И што мерни опсези има? :D
-
Бојан го направи овој LCF метарот од EPE? ;D
да, ама ИЧ не сум задоволен од него, така да ке го правам тој од емитер....
Тоа те прашував,и јас го направив и тешко работи,не мери капацитет а и со индуктивноста слабо стои...Дури додадов и една посебна плочка,како модификација за да работи правилно ама тинки,ни со тоа не пркна,тогаш па се сврте,почна да мери капацитет а се зае*а мерењето на калеми ;D.И со друг хекс пробав ама пак без успешно. >:( :(
За кој LC метар зборите, овој ли http://elektronika-mk.net/index.php?topic=154.msg342#msg342 (http://elektronika-mk.net/index.php?topic=154.msg342#msg342) ?
-
Збориме за тој од EPE магазинот,ама шит е,така да никој да не се нафаќа да го прави! ;D
Иначе еве линк од тој:
http://elektron.uw.hu/elektro/PIC/LCF_meter/LCF.pdf
-
aaaaa добро ок е, оти знам дека LC метарот од првиот пост е солиден и си ја извршува работата сосем добро ама лошо сум ве сватил па за тоа така прашав >:(