Македонски форум за електроника

Останато => Мерна опрема => Topic started by: MetallicA on 07.09.2013, Saturday, 14:35:18

Title: DIY осцилоскоп!
Post by: MetallicA on 07.09.2013, Saturday, 14:35:18
на интернет најдов една интерсна шема за осилоскоп  ;D, па си велам ај да ја објавам на форумов може некој да ја направи ;D ;D инаку еве линк, комплетната изградба заедно со шемата ја има на instructables
Code: [Select]
http://www.instructables.com/id/Mullard-Pupils-Oscilloscope/?ALLSTEPSа еве уште една
Code: [Select]
http://www.electronixandmore.com/projects/simplescope/па ако некој успее да најде ваква црт нека проба да го направи  ;D
Title: Одг: осцилоскоп!
Post by: Jovicar on 07.09.2013, Saturday, 15:33:02
Поарно куписи готов осцилоскоп, додека го направиш овој косата ќе ти обеле, не е исплатливо да се прави по мое мислење. имаш евтини на ибеј.
Title: Одг: осцилоскоп!
Post by: MetallicA on 07.09.2013, Saturday, 16:43:43
па не е финтата да го купиш  ;D сега скоро се може да се купи, ама не е тоа тоа, поинтересно е кога ке го направиш  ;D
Title: Одг: осцилоскоп!
Post by: Trolko on 07.09.2013, Saturday, 16:51:19
па не е финтата да го купиш  ;D сега скоро се може да се купи, ама не е тоа тоа, поинтересно е кога ке го направиш  ;D

И ќе има употреблива вредност што се наближува кон нула :)
Title: Одг: осцилоскоп!
Post by: MetallicA on 07.09.2013, Saturday, 16:52:40
па не е финтата да го купиш  ;D сега скоро се може да се купи, ама не е тоа тоа, поинтересно е кога ке го направиш  ;D

И ќе има употреблива вредност што се наближува кон нула :)
те молам кажи ми како ке има употреблива вредност нула ?  ::) според тебе оние волтметрите и амперметрите со пикови се бескорисни  ::)
Title: Одг: DIY осцилоскоп!
Post by: GigaWatt on 07.09.2013, Saturday, 17:20:48
Поарно куписи готов осцилоскоп, додека го направиш овој косата ќе ти обеле, не е исплатливо да се прави по мое мислење. имаш евтини на ибеј.

За евтини, евтини се ;D. Проблемот е што shipping до тука е 3 пати поскап од нивната цена ;D.

@Metallica: Го видов осцилоскопот и шемата. Ова чудо, освен да ти прикаже бранова форма, друго не може да направи, а и брановата форма што ќе ја прикаже, колку ќе биде прецизна... тоа е дискутабилно. Ни растер има, ни временски поделби, ни фокус, ни интензитет на зрак, ни тригер опции, нема два канала... практично неупотреблив е за денешните потреби. Горна гранична феквенција... не верувам дека е повеќе од 1MHz, а и таа кој знае како ќе ја прикаже. Освен ако не го користиш како "real life Winamp oscilloscope" ;D, друга примена не верувам дека ќе му најдеш ;).
Title: Одг: DIY осцилоскоп!
Post by: MetallicA on 07.09.2013, Saturday, 17:25:08
цената за испорака највеке зависи од каде ке го порачуваш, има некои и со бесплатна поштарина  ;D инаку ова може да се искомбинира со фрекфенциометар и да се добие некаков си осцилоскоп, али како што реков главната намена ке му биде за убивање на досадата, пример ако имаш баш таква црт вреди бидејки сите делови се лесни за наогање  ;D значи не бидете песимисти, јас ја објавив шемата ако сака некој да ја проба, а сега колку е корисна или точна тое е друга работа  ;D
Title: Одг: осцилоскоп!
Post by: Trolko on 07.09.2013, Saturday, 17:37:12
те молам кажи ми како ке има употреблива вредност нула ?  ::) според тебе оние волтметрите и амперметрите со пикови се бескорисни  ::)

Така, што ќе измериш ? Или само ќе ти мрдка нешто/трепка ? Тоа го сакаш ? Инструменти со микроконтролери се корисни затоа што ти даваат корисна информација. Овој осцилоскоп нема да ти даде корисна информација.
Title: Одг: DIY осцилоскоп!
Post by: MetallicA on 07.09.2013, Saturday, 17:40:02
значи тоа што ја гледаш формата на бранот е бескорисна информација така ?  ::). и да и микроконтролерите имаат граници.
Title: Одг: DIY осцилоскоп!
Post by: GigaWatt on 07.09.2013, Saturday, 17:42:47
цената за испорака највеке зависи од каде ке го порачуваш, има некои и со бесплатна поштарина  ;D

И јас барав вакви, ама не најдов ;D. Ајде, еве најди, баш да видам која цена се ;).

инаку ова може да се искомбинира со фрекфенциометар и да се добие некаков си осцилоскоп, али како што реков главната намена ке му биде за убивање на досадата, пример ако имаш баш таква црт вреди бидејки сите делови се лесни за наогање  ;D значи не бидете песимисти, јас ја објавив шемата ако сака некој да ја проба, а сега колку е корисна или точна тое е друга работа  ;D

Никој не кажа дека не може да се искомбинира со додатни инструменти и да биде... колку-толку корисен. Може, но според мене, тоа се многу пари и труд вложени во нешто што може да се купи... скапо е, ама го има да се купи. Башка што, ваква цевка... не верувам дека некој во Македонија ја има :S.

Не ме сваќај погрешно ;). Темата нека си стои ;). Ако некој реши да го прави, ОК, одлично, ама не верувам дека ќе има некоја корист од ова :S. Целата поента на мерен инструмент е да покаже нешто што не можеш да го видиш со „голо око“. До некаде, и овој осцилоскоп го прави тоа, ама не прикажува ниеден друг параметар кој скоро сите осцилоскопи ги прикажуваат, тоа ми беше поентата ;). Не е секогаш само финтата „да ги видам брановите форми“, многу често важно е и да можеш да измериш периода (фревенција), да видиш колкав е сигналот од пик до пик, итн. ;).
Title: Одг: DIY осцилоскоп!
Post by: MetallicA on 07.09.2013, Saturday, 17:50:45
има и со бесплатна поштарина, е сега цената на пример наместо да му е 250долари ке му биде 300  ;D секако ги даваш парите.  :) па секако дека е многу труд. и многу пари, ама доколку имаш барем дел од деловите нема да ти испадне гавол и пол, и на крај ако не нешто корисно барем ке добиеш нешто интересно.  ;D но секако тоа е избор на секој поединец дали ке го прави или не. колку што се секавам некој имаше објавено осцилоскоп со пик и дисплеј од нокиа со никаква друга функција освен брановата форма (ако се добро секавам), и никому ништо а овде се нафрлифте, па ова не чини, де ова не чини, па никого не го присилувам да го прави  8) :)
Title: Одг: DIY осцилоскоп!
Post by: Devil on 07.09.2013, Saturday, 18:35:00
Едно време и јас бев загреан вака како тебе да си направам дома осцилоскоп, тролко е во право.
Овај осцилоскоп ќе биде многу ограничен, во опсег на kHz што во суштина не ти брка работа, ќе дадеш многу пари за на крај да се разочараш, ова не го сваќај ти како навреда, ние само ти даваме добронамерни совети, а твое е дали ќе не послушаш или ќе си тераш по свое, тоа не се обидуваме да постигнеме (да наметниме некое мислење) а и не ни сакаме.

Подобро зачувај некој денар куписи еден половен, оти вака ќе ги фрлиш парите и на крај ќе си викаш како не си купив некој „професионален“ (?!)

Можеш да го изработиш од ќеф онака, да направиш некој генератор со 2 фреквенции и да ти прикажува лисажиеви фигури колку за ќеф :P
А тоа со микроконтролерите, во конкретниов случај се по корисни, прикажуваат нешто што е корисно за тој што го има уредот, осцилоскопот ќе прикажува форми, на помали фреквенции, ама на високите поради не линеарности верувам дека правоаголната ќе ти биде синусоидална..

Ти си знаеш наше е да коментираме твое е да работиш :P
Title: Одг: DIY осцилоскоп!
Post by: GigaWatt on 07.09.2013, Saturday, 18:45:57
има и со бесплатна поштарина, е сега цената на пример наместо да му е 250долари ке му биде 300  ;D секако ги даваш парите.  :) па секако дека е многу труд. и многу пари, ама доколку имаш барем дел од деловите нема да ти испадне гавол и пол, и на крај ако не нешто корисно барем ке добиеш нешто интересно.  ;D

Тоа и ми беше поентата. Само ќе добиеш „нешто интересно“. И навистина ќе биде така ;). Не сакам да те разочарувам, ама навистина ќе биде така :S.

колку што се секавам некој имаше објавено осцилоскоп со пик и дисплеј од нокиа со никаква друга функција освен брановата форма (ако се добро секавам), и никому ништо а овде се нафрлифте, па ова не чини, де ова не чини, па никого не го присилувам да го прави  8) :)

Да, имаше еден таков проект. Но, барем е мал и деловите, освен микроконтролерот, можеш да ги „најдеш по дома“, така да, до некаде барем се исплати. Ај иди најди ја оваа цевка ;D. Искрено, навистина мислам дека ја нема никој во Македонија ;D. Ако ја има, нека пише, баш ме интересира од каде ја нашол ;D. А да ја нарачаш цевката... види ги цените на ebay ;D. Под 35 долари цевка нема ;D. За 70 долари ќе си купиш осцилоскоп со LCD екран и со опсег до 4MHz ;).

Мое лично мислење: овој тип на опрема не се прави, се купува ;). Има некои работи кои може да ги направиш, ама не и ова :S.
Title: Одг: DIY осцилоскоп!
Post by: MetallicA on 07.09.2013, Saturday, 18:55:05
полека, лошо се разбравме  ;D јас не реков дека ке го правам  ;D јас ова го постирав онака може некој ке сака. инаку кога би земал осцилоскоп, би купил на старо наместо самоградба, али сега за сега не ми треба  ;D
Title: Одг: DIY осцилоскоп!
Post by: MarkoMK on 07.09.2013, Saturday, 20:24:21
И јас пред неколку години бев ептен загреан за самоградба на осцилоскоп.. Скоро сите шеми на итнернет што можеа да се најдат ги имав, те од стар телевизор, па некој на компјутер што се приклучува, па имаше на ибеј некои ефтини до 1 Mhz... И на крај си купив половен аналоген за 150 евра ми брка работа...
А после тоа најдов на бувљак за 1500 ден. :( ама ми го зема еден тип „пред нос“, ама и така и така не ми требаше веќе имав. ;D ;D
Title: Одг: DIY осцилоскоп!
Post by: batka on 07.09.2013, Saturday, 23:50:05
Прво ,се слагам дека вакви уреди не се за самоградба,бидејки треба  да бидат во секој случај калибрирани со соодветни еталони,без тоа се е во домен на фантазија,Друго,има на пазарот доста евтини уреди и трето во самоградба навистина би поминал поскапо од купечки,а конструкцијата е неизвесна.Сум работел со PICO, ама тоа не е тоа- цевка си е цевка.
Title: Одг: осцилоскоп!
Post by: Jovicar on 08.09.2013, Sunday, 00:45:56
па не е финтата да го купиш  ;D сега скоро се може да се купи, ама не е тоа тоа, поинтересно е кога ке го направиш  ;D
Знам металика и јас сум како тебе се сакам сам да си направам, и ова го имам пробувано  ;) Али толку труд на крајот ништо не искочи. плус го правев со помош и од професро по практична настава. сите елементи од школото ги користевме, лета по некоја точка се губи  ;) не е тоа тоа.