Македонски форум за електроника

Електронски уреди => Бела техника => Topic started by: JovanOH on 24.07.2012, Tuesday, 01:28:05

Title: Проблем со кондензатори на монофазен мотор
Post by: JovanOH on 24.07.2012, Tuesday, 01:28:05
Дедо ми во село има поставено систем за наводнување. Пумпата за вода на системот е монофазен мотор со мојќност од 2,2KW. Е сега проблемот е во тоа што кондензаторите на моторот секоја сезона ги заменува со нови. Има два кондензатори со капацитивност од 40uF+/-5%  450VAC. Старите кондензатори јас ги мерев и едниот покашува 40,5uF а другиот 40,2uF, а со нив не работи новите не ги имам измерено. Е сега ако може некој да ми помогне со тоа дали изборот на капацитивноста на кондензаторите е исправен (40uF) или во нешто друго е проблемот. Кондезнаторите се слични како првиот и третиот на сликата од линкот, дали тој штраф што е на кондезаторот треба да се приклучи на заземјување или пак на некој друг вод (фаза,нула) или пак служу само за прицврстување на самиот кондензатор.

Code: [Select]
http://www.google.com/imgres?q=capacitor+big&start=115&um=1&hl=en&tbm=isch&tbnid=jtMqh6-5cuN4DM:&imgrefurl=http://greatcool.elecmap.com/product-Capacitors/11293/motor-capacitor.html&docid=heP-xq5RKsr-vM&imgurl=http://img.elecmap.com/photo/product/11293/big-motor-capacitor.jpg&w=640&h=480&ei=g9sNULGxI-SM4gSDj4HQAQ&zoom=1&iact=hc&vpx=825&vpy=364&dur=1864&hovh=194&hovw=259&tx=242&ty=139&sig=106761570121953693837&page=4&tbnh=130&tbnw=173&ndsp=40&ved=1t:429,r:4,s:115,i:144&biw=1600&bih=750
Ако темата не е на соодветно место извинете од напред до администраторите.
Title: Одг: Проблем со кондензатори на монофазен мотор
Post by: GigaWatt on 24.07.2012, Tuesday, 03:33:50
Мислам дека шрафовите се само за прицврстување и не се поврзани со нитуеден од изводите на кондензаторот. Вакви кондензатори можеш да најдеш кај компресори (мотори) на фрижидери и се користат за стартување на моторот. Претпоставувам дека слична (или иста функција) имаат и во оваа ситуација. Како се врзани кондензаторите, сериски, паралелно? Ако се паралелно, можно е да треба да додадеш повеќе кондензатори бијдеќи моторот е прилично моќен. За разлика од овој мотор, моторите кај фрижидерите и клима уредите се барем дупло послаби (не знам точно во кои граници се движи моќноста на компресорите кај фрижидерите и клима уредите, но не верувам да се повеќе од 800W... кој знае повеќе нека пише).

Во секој случај, за стартување на моторите кај фрижидерите и клима уредите се користи еден ваков кондензатор со капацитивност од 47uF/250V~ (или барем на мојот фрижидер беше толкав, не знам, можеби се користат и некои со поголема или помала капацитивност врз база на моќноста на моторот на фрижидерот), а бидејќи нивната моќност е многу помала од моќноста на овој мотор за наводнување, следува дека треба да се додадат повеќе кондензатори во паралела или да се најде некој кондензатор со поголема капацитивност. Треба да се проба со (на пример) 200uF/250V~ или 470uF/250V~ (ако воопшто постојат волку големи кондензатори за оваа намена) и да се направи споредба, дали ќе бидат употребливи само една сезона или повеќе.

Ако има некој да допише нешто или да ме искорегира, нема проблем ;). Ова е некое знаење кое го имам стекнато расправајќи се со мои уреди за разладување ;D, така да, далеку сум од искусен на оваа проблематика ;).
Title: Одг: Проблем со кондензатори на монофазен мотор
Post by: JovanOH on 24.07.2012, Tuesday, 12:02:12
А дали е можно ESR факторот на кондензаторот да не е во ред иако при мерење на капацитивноста тие покажуваат ''добра" вредност? Затоа што старите кондензатори не се ниту визуелно оштетени во смисла на надуен кондензаторот, напукната пластиката... Ниту пак нивната вредност е далеку од 40uF во случајов 40,5uF и 40,2uF.
Title: Одг: Проблем со кондензатори на монофазен мотор
Post by: Devil on 24.07.2012, Tuesday, 14:48:25
може, и тоа најчесто е проблемот со некои кондензатори имаат неубава ESR вредност и покрај тоа што тие се со точен капацитет
Title: Одг: Проблем со кондензатори на монофазен мотор
Post by: GigaWatt on 24.07.2012, Tuesday, 15:02:44
Да, ама колку што знам овие кондензатори не се електролитски, пластични се ;), наменети се за наизменичен напон ;).
Title: Одг: Проблем со кондензатори на монофазен мотор
Post by: Zdravkovski on 24.07.2012, Tuesday, 16:38:12
како прво за да не правиш непотребни трошоци пред да купиш нов кондензатор треба да ја прочиташ табличката на моторот на која освен снагата во KW, напонот на напојување, дали е три фазен или монофазен, бројот на вртежите....  ја има и вредноста на кондензаторот.
фторо како што ти напишаа и погоре штрафот служи единствено да се прицврсти кондензаторот
трето кондензаторот се поврзува сериски со помошната намотка на моторот
и за крај да кондензаторите се за наименичен напон и според она кое ти си го напишал твојот кондензатор треба да се до кај 150 ден. за парче