Македонски форум за електроника
Електронски уреди => Бела техника => Topic started by: LordZi on 22.07.2014, Tuesday, 13:55:41
-
Кога ќе се вклучи климата на дисплејот дава грешка Е7, според мајсторот тоа е проблем со електрониката и не се прави, туку се менува цела плочка. Ја извадив плочката, изгледа како на сликата(само овде е изваден епромот):
(http://i226.photobucket.com/albums/dd117/lodr_zi/IMAG0655_zpsf0e684d3.jpg) (http://s226.photobucket.com/user/lodr_zi/media/IMAG0655_zpsf0e684d3.jpg.html)
Визуелно нема ништо прегорено, дури ни потемнето од греење, напоните 5V за логиката и 14V за релињата ги има и доаѓаат до процесорот, епромот и сегде кај што треба. Тријакот BT136 се покажа добар но за секој случај го сменив, го проверив и оптотријакот MOC3021 со сијалица, работи и тој, сите транзисторчиња и диоди се исправни. Епромот го исчитав, има нешто во него, не се све нули, кристалот за процесорот осцилира на 32,7хх кHz колку што треба. Го сменив и ULN2003A, нема никаква промена, пак дава Е7.
Има некој искуство со ваков дефект или идeа некоја...?
-
Кога ќе се вклучи климата на дисплејот дава грешка Е7, според мајсторот тоа е проблем со електрониката и не се прави, туку се менува цела плочка.
Вака прават сите сервисери на клими бидејќи не се разбираат од „деликатна“ (попрецизно, нисконапонска) електроника ;D.
Околу брендот и моделот на климата, случајно да не е Gorenje KGS 34 RAVEN или RVN?
Околу конкретниот проблем... треба да се најде што означува тој код. Сервисно упатство ќе помогне многу во конкретната ситуација.
Ако можеш, испиши ги сите ознаки на плочката кои мислиш дека означуваат нешто, бидејќи пребарување на VESTELLCD-C на Google не извади ништо корисно. Овие контролни плочки обично се направени од подизведувачи и се користат во повеќе модели и брендови на клими, така да, можно е од некаде да се најде шема со некое скратено сервисно упатсво за оваа контролна плочка. Исто така, не е лошо да ги пишеш ознаките на процесорот, можно е да најдеме нешто корисно online, од dump-ови до шеми или нешто друго корисно ;). Ќе треба да ја одлепиш онаа белана налепница, тoа е интерна ознака на производителот, а често знаат така да прават и за да ги скријат оригиналните ознаки на интегрираното коло. За секој случај, сликај го прво процесорот со белата налепница бидејќи, кој знае, можно е подоцна да притребаат тие ознаките на налепницата за нешто ;D.
-
Околу брендот и моделот на климата, случајно да не Gorenje KGS 34 RAVEN или RVN?
Мајсторот се качуваше да ја прочита ознаката на климата, можно е да утнал некоја буква, така ми издиктира-така запишав, јас знаеш дека не сум во состојба да се пентарам по скали да проверам... ;)
На плочката нема некои други ознаки, освен тие што се гледаат на сликата. Иначе мене ми личи дека е исправна, дека маката е негде во надворешната, кога ја местеа климата на времето не ја изолираа убаво, дел од кабелот со години стои на сонце и снег, не можам да видам убаво, ми делува како пропаднат на тоа место, ама мајсторот упорно тврди дека не е до тоа. Ми спомна дека имало некои универзални плочки за клими, ќе пробаме со таква, па ќе пишам дали се решил проблемот.
-
Колку е стара климата, и дали кога ке ја вклучиш со даљинското уклучуе компресорот, доколку уклуче дали е проверен притисокот на фреонот.
Споено мислење: [time]22 Јули 2014, 22:16:35[/time]
Ако нешто ова помогне
http://www.kontrolkalemi.com/forum/konu/t%C3%BCm-klima-ar%C4%B1za-kodlar%C4%B1.39340/page-10
-
А ознаките на процесорот кои се?
-
http://www.fanzo.org/forum/viewtopic.php?p=187698#p187698
http://www.fanzo.org/forum/viewtopic.php?p=83734#p83734
-
Според овие линковите од Toma (фала ;)) изгледа дека проблемот е епромот, сега уште да најдам дамп или кодови што се внесуваат преку далечинскиот... :P
Споено мислење: 24.07.2014, Thursday, 10:17:16
Благодарение на колега од Fanzo форумот кој ми ги даде кодовите, ги внесов преку далечинското и проработе климата.
Ако му требаат на некој ги има закачено подоле.
-
Ова е добро одработена тема,особено соработката помеѓу колегите и финишот со несебично дадените кодови од страна на Лордзи.Вака би требало да завршуваат повеќето побарувања - со решение поставено за пример и наука на останатите,а не она * си го решив проблемот*!
-
Кодовите не се мое дело, и мене несебично ми ги дадоа, па ги споделувам тука... ;)
-
Тоа е најмал проблем,важно е што решението не си го задржа за себе! ;)
-
Го имам истиот проблем на ист клима уред, дали ги има некој кодовите и како да ги внесам. Благодарам.
-
Оваа треба да е решенито што му е постирано и на LordZi!
(https://i.imgur.com/ViGSKLe.png)
IZVADIŠ BATERIJU PRITISNEŠ C+ i C-[TEMP+ i TEMP- VRATI BATERIJU I POMOĆU OSTALIH DUGMICA UKUCAJ KOD IZ TABELE
Ја вадиш батеријата па притисни C+ i C-[TEMP+ i TEMP] па врати ја батеријата и со помош на останатите копчиња внеси го кодот од табелата!
http://fanzo.org/forum/viewtopic.php?p=67777#p67777
-
Да, но имам проблем најверојатно не е оригиналното далечинско, затоа не ми дава опција за да го напишам кодот
-
Еве како изгледа оригиналното далечинско од мојата клима:
(https://i.postimg.cc/xjMSVXVj/WP-20191211-001.jpg) (https://postimg.cc/mhLnQ2rK)
-
Сега немам дилема околу далечинското тоа е истото. Ме интересира дали на екранот од далечинското треба да излези опција за да се запиши кодот.
-
Искрено, не се сеќавам, одамна беше, се си мислам дека излегуваше опција и со некој од тастерите се подесуваа бројки/букви од кодот на екранот од далечинското, ама не сум сигурен.
-
Претпотавувам дека после оваа ќе ти е појасно (под услов ти лично да го имаш користено уредот).
Податоците во заградите се за климатизери со импулсно напојување !!!
Сервис
Отстранете ја батеријата од далечинскиот управувач, потоа притиснете ги C + и C- истовремено и вметнете ја батеријата, внесете ја првата линија и притиснете MODE, потоа внесете ја втората линија и притиснете ON / OFF.
-
Проблемот решен, имаше проблем во C+ дугмето го средив и климата е пуштена во употреба.Ви благодарам.
-
A што проблем беше со копчето?
Заглавено или...?