Аналогна електроника > Инструменти

Проблем со бас засилувач

(1/2) > >>

RoCk-Er:
Ај здраво! Вчера купив половен комбо бас засилувач Fame Megatone PL-60B, функционира ок (колку шо го прочепкав) и единствена забелешка за сега е тоа што доколку го пуштам погласно, на пониските фреквенции се јавува некое грчење, како да тресе звучникот, според мене лабаво нешто во конструкцијата. Тоа го заклучив бидејќи кога ќе го притиснам звучникот од страната кај обрачот, кај што е прицврстен за предната плоча, грчењето се губи. Дали некој имал сличен проблем?

munja:
Извади ја металната мрежа за заштита провери дали звучникот е добро стегнат ако е стегнат пробај без неа дали ке ги има истите звуци ако ги нема значи до мрежата, врати ја назад и потруди се добро да ја стегнеш.

batka:
Проблемот е во звучникоту(издуван е!),веројатно е одлепуван,можеби премотуван и не е добро залепен.Извади го звучникот и пробај со рака и визулено дали  мембраната ,спајдерот и калотата се добро залепени.Акоа имаш пробај го појачувачот и на друг звучник за да се увериш.

RoCk-Er:
До мрежата не е - проверено. Батка за звучникот шо викаш колку шо можам да проценам не е издуван, али сепак ќе го извадам и ќе проверам. Сепак мислам дека или не е стегнат добро или дрвото е попуштено на споевите некаде па затоа има некои вибрации. Ако не се снајдам ќе те барам да го ѕирнеш (и ја сум од Велес) за стручно мислење, ако не ти е проблем  :).

didy:
Би требало да се разлкува звукот од “мумлање“ на кутијата од ниски фрекфенции, или стругање на намотот во процепот на магнетот, ако има одлепување и изгубено концентричност на намотот.
Ќе биде метален звукот.
Ќе ја средите со Батка, па отсвири му една на уфце, да се развесели :)

Navigation

[0] Message Index

[#] Next page

Go to full version