Author Topic: Поправка на Yaesu FT-50R  (Read 395 times)

Offline stiffy

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 490
  • Gender: Male
  • ак сакам.
Поправка на Yaesu FT-50R
« Opened on 17.07.2023, Monday, 14:06:29 »
Темава е поправка на Yaesu FT-50R. Станицата ја добив на поклон и имаше неколку проблеми како лоши контакти на батерија, цркнат звучник и немав никаква реакција на PTT тастер.

Проблемот со контактите на батеријата беше чистење на pogo пиновите кои остваруваа контакт и додавање на 1мм дебели плочки бакар на конекциите за да ја зголемам напрегнатоста на пиновите.

Расипаниот звучник го заменив со физички помал звучник од стар лаптоп со исти карактеристики - 0.5W 8ohm. Со ова ја изгубив водоотпорноста затоа што заптивката е планирана за исти звучник.

Тастерот и конекциите до него беа исправни.
Најдов service manual на интернет во кој шо имаше целосни шеми од каде што тргнав. Прво се посомневав на Q2017 кој што невалидно го измерив.

Побарав совет на страна на ФБ од каде што добив добар одговор:
Quote
Одговорен за ПТТ е Q2017 на CNTL Unit плочката. Измери ги напоните на дигиталниот транзистор па јави. Вредностите во заграда се за TX состојба. Колекторот на TX треба да има 3V, и е директно поврзан на пин 95 на процесорот кој е одговорен за ПТТ.
Ова ги потврди моите сомнежи.

Процедурата беше од прилика вака:

Мерев транзистор - pre biased  е па немав валидни вредности.

Го извадив транзисторот за секој случај, пак џабе, има внатре отпорници

Го заменив со pdtc143tt (2x10k на база и емитер) за разлика од dtc144eu 2x47k

На база напонот беше 30mV, при предаја 0V

Сфатив дека некој ја влече линијата, по претпоставка ја пробав зенерката  заштитната зенерка D2012 - DTZ5.1A TT11

Залемив обична зенерка со жичени изводи, уклучив, цело време беше во TX, при притискање на тастер беше во rx (што беше малку нелогично).Па претпоставив дека транзисторот кој го заменив беше со прениски вредности на отпорници.

Го вратив стариот транзистор, PTT функционираше.

Најдов смд зенерка за да можам да ја спаковам BZX384B5V1-HE3-08, ја склопив станицата и се работи.