Аналогна електроника > Сè останато

Простирање и практичен домет на радио сигнали

(1/21) > >>

BorceBT:
Ова што овде ќе го напишам ниту го има некаде вака средено ниту ќе го каже некој целосно бидејќи премногу фактори се во игра, сепак во реалноста едноставно ни треба едноставен опис па макар тој опис да важел само за „нормални“ услови. Значи:

1. Фрекфенциите од 30KHz до 3MHz замисли ги како магла. Значи покривањето на областа со тие фрекфенции е слично како да има облак локален (магла). Тоа е добро ама како и маглата тие фрекфенции неможат да влезат во згради и автомобили поради тоа што брановата должина им е голема и не ги „собира“ да се протнат низ прозорците. Буквално. Бидејќи фрекфенцијата е ниска воздухот не им смета и се простираат многу далеку меѓутоа има проблем, бидејќи брановата должина им е голема треба и големи антени (пеесетина, сто метри на предавател) за да има ефективност на предавателот и таа снага што ја има да може да ја зрачи.

2. Фрекфенции од 3MHz до 30MHz. Замисли ги како ветер, значи може да дува, се одбива од згради и дрва и планини меѓутоа после одбивањето дел од силата се впива а дел од силата се пренасочува на сите правци (како ветерот).
Овие фрекфенции се сеуште со преголема бранова должина за да можат да „влезат“ во згради додека иако антените се пократки сепак треба да се неколку метри големи што претставува сепак проблем за домашна комуникација. Фрекфенцијата им е релативно ниска и воздухот не ги запира и се простираат исто на многу далеку.

3. Фрекфенции од 30MHz до 300MHz. Замисли ги како светлина од сијалица. Светлоста може да се одбива од предмети меѓутоа ако е јака и да е покриена од зграда сепак се гледа сјај околу зградата иако не ја гледаш сијалицата. Ова е описно како се простираат тие бранови со таа фрекфенција. Антените можат да бидат пократки (и под 1метар) бидејќи брановата должина е помала. Воздухот малку им смета и ги слабее на поголема далечина но не премногу.

4. Фрекфенции од 300MHz нагоре. Замисли ги како ласерска светлина. Ако немаш видливост помеѓу предавателот и приемникот колку сакаш моќ и да имаш нема да „го видиш ласерот“ т. е. нема да се „фатат“. Може да се фатат ако нормално сигналот го одбиеш од некој предмет (зграда или рефлектор - лим). На овие фрекфенции воздухот значително им смета и слабеењето со далечината е поголемо од другите фрекфенции.

Домет 1:

Фрекфенциите под 1. и 2. со големи антени се фаќаат многу добро на пример во цел град. Меѓутоа поради јонизираноста на атмосверата дел од тој „електромагнетен облак“ што се зрачи од антената се одбива од јоносверата и може да се фати на илјадници километри. И обратно. Тоа најчесто се случува навечер кога на средни или кратки бранови (1 и 2) може да се фатат странски радио станици одбиени од јоносверата. Ова може да предизвика голем проблем ако ти засмета некоја странска радио станица баш на фрекфенцијата на некоја локална радио станица.

Фрекфенциите под 3. и 4. и со помали антени се фаќаат добро и со малку поголема снага (неколку вати до неколку десетини вати) може да се покрие исто цел град. Овие фрекфенции се премногу големи и на нив не делува јоносверата и не се сличува одбивање на сигналите на странски радија да дојдат локално што ги прави погодни за локална радио дифузија и линкови.

Домет 2:

Дометот зависи од:

1. Снага на предавателот;
2. Антените (појачување или слабеење);
3. Теренот (овде спаѓаат и препреките).

1. Снагата и не е толку битна ако имаш добри антени и супер терен и видливост. На пример - сателитите може да се 5W, оддалечени 30.000Км и сепак да се фаќаат оти: Имаат супер антени и е отворен простор нема препрека (небо). Ама најчесто во град никогаш не е идеално и за тоа е потребна малку повеќе снага. А зошто снага? Па бидејќи ако е доволно моќен предавателот да и после на пример 30 одбивања на сигналот од планини и згради е доволно јак да се фати тогаш има покривање на цел град во секое ќоше со сигнал. Мислам дека е јасно сега зошто комерцијалните радија користат од 50 до 500W по градовите, за да се фаќаат на пример и во визбите.

На пример за линк до 5Км со средно добри антени и видливост доволен е 1W а до 15Км може ќе ти треба барем 10W бидејќи има доста воздух помеѓу и нешто друго што се вика фреснелова зона ама за тоа не пишувам сега.

2. Антени.
Многу луѓе мислат дека поголема антена е подобра. Не, антената треба да има големина во зависност од брановата должина на сигналот што треба да го примаме или тука приближно. Наједноставна антена и често доволно добра е дипол. За дипол може да се прочита и на википедија, идеата е дека диполот се зема дека има засилување 0 т.е. дека секоја друга антена се мери према него. Одма да кажам дека никоја антена всушност и нема засилување. Привидното засилување на некој тип на антена (на пример јаги) доаѓа од тоа што наместо таа антена да праќа (или прима) во сите правци во една рамнина (како диполот) таа повеќе праќа (или прима) во еден правец ама поконцентрирани бранови. тоа е супер за линк. Меѓутоа јаги антената е многу тешко да се направи точно и треба доста алуминиум и мерења така да треба да се бара алтернатива во панелните антени или хеликоидните антени (и тие се насочени). Во глобала: ако фаќа барем малку сигнал со дипол, со насочена антена ќе биде супер.

3. Терен. Најдобро е да има оптичка видливост меѓу приемникот и предавателот. Ако тоа не е можно се користи фрекфенција од 3. тип (види најгоре) и се става појак предавател (барем неколку пати појак, во зависност од тоа колку се скриени приемникот и предавателот, се прават експерименти).

3.а Препреки. Значи на почеток да кажам дека за радиобрановите на одредена фрекфенција не е препрека баш како што гледаме ние луѓето светлина па да ни препречи на пример ѕид. Кога ќе проба да помине радио бран преку ѕид, две работи се во игра: колку ѕидот ќе апсорбира радио бранови (цементот) и колку ќе рефлектира (арматурата). Бидејќи ѕидот не е цел железен значи радио фрекфенција со мала бранова должина (неколку сантиметри) ќе се протне меѓу арматурата и ќе биде ослабен од цементот но важно ќе помине нешто. Значи, со аналогијата на ласерот за простирањето на тие високи фрекфенции ѕидовите изгледаат всушност како мрежи (арматурата) а не како скроз непровиден објект. Меѓутоа и после 3, 4 или 5 ѕида сигнал веќе ќе нема.

За мобилните. Тие кај нас работат на 900MHz и зрачат со 2W максимум. Мобилните станици зрачат со 50-70W бидејќи мораат да покријат поширок спектар на фрекфенции одеднаш (да опслужат повеќе мобилни телефони одеднаш) и има антени насочени (на сите 4 страни), панелни антени што имаат засилување и до 19db што значи дека сигналот кој таа антена го слуша од мобилниот телефон би му дошол како да е дојден од уред што има 100W моќност. Епа не е ни чудо што мобилните телефони се фаќаат и по визби и на 10 тина километри.

Фрекфенцијата од 2.4GHz е супер за одбивање и фокусирање бидејќи има многу мала бранова должина. Сателитската антена од 120см е супер антена за неа доколку се стави „обична“ антена во нејзиниот фокус со што може значително да се продолжи дометот на WiFi мрежите.

DX-er:
Имам едно прашање, за ФМ сигнал се вика дека со 1W се покрива 1km и тоа е како некое правило кое сум го слушнал повеке пати па ме интересира на што се мисли?

Дали со 1w  ке се изгуби сосем сигналот на 1km при оптичка видливост?

Дали со 1w ке се изгуби сосем сигналот на 1km при немање оптичка видливост поради присуство на куќи?

Дали со 1w почне маааалкуцка да шушти на 1км при оптичка видливост?

Дали со 1w почне маааалкуцка да шушти на 1км при немање оптичка видливост поради присуство на куќи?

BorceBT:
Нема најточно но во урбана средина најточно би било второто.

DX-er:
а нешто како...
на 1km ке се изгуби стереото при оптичка видливост?
или на 1км при скенирање (tuning) радиото нема да застане на таа станица?

BorceBT:
Оптичката видливост не е проблем, проблем е дали предавателот ќе се фаќа добро во урбана средина и внатре во становите и во куќите. Со 1W со убава антена во урбана средина веќе и на 500 метри ќе имаш проблем и нема да се фаќаш без мрдање на антената во домовите. Тоа како „правило“ 1W-1Km е лошо и на 1Km со 1W сигурно нема да се фаќаш во домот внатре низ куќи а на улица е можно (ама тоа не ти треба, треба да се фаќаш секаде, дури и во визбите и за тоа ти треба мин. 10W за километар).

Navigation

[0] Message Index

[#] Next page

Go to full version