Македонски форум за електроника

Аналогна електроника => Аудио техника => Сè останато => Topic started by: batka on 27.12.2010, Monday, 08:41:28

Title: Мерење јачина на вашиот појачувач
Post by: batka on 27.12.2010, Monday, 08:41:28
Многумина поставуваат прашање: колку  вати има појачувачот? Ако сакате да дознаете,инструментот во раце,ставете го на наизменичен напон и мерите на излезот( на звучникот!) на појачувачот,Потоа вредностите споредете ги на оние од таблицата и ке знаете колку е јак вашиот ценет ( понекогаш и преценет! ;)) појачувач.
Некогаш ке се изненадите,а некогаш ке ви дојде мислата: мислев дека е појак!? :D :D :D :D
Title: Одг: Мерење јачина на вашиот појачувач
Post by: daniel spasovski on 27.12.2010, Monday, 08:42:14
А за на 4 ома Батка  :D ??
Title: Одг: Мерење јачина на вашиот појачувач
Post by: batka on 27.12.2010, Monday, 08:43:45
Многу лесно се пресметува : множи со 1,73 ! :D :D :D
Title: Одг: Мерење јачина на вашиот појачувач
Post by: daniel spasovski on 27.12.2010, Monday, 08:44:40
Наизменичниот напон кој ке го измерам на излез го множам со 1.73  :D ??
Title: Одг: Мерење јачина на вашиот појачувач
Post by: batka on 27.12.2010, Monday, 08:49:15
Проста математика : ако на 8 оми добиеш 20  волти = 50 вати .Ако истиот напон го добиеш на 4 ома излегува 50 +(20 Х 1,73) = 84,6 вати
Title: Одг: Мерење јачина на вашиот појачувач
Post by: daniel spasovski on 27.12.2010, Monday, 08:52:08
Да Батка 20 волти добив  :D ама не те разбирам како на 4 ома ??? Јас со унимерот мерев директно без звучник на излез  :P
Title: Одг: Мерење јачина на вашиот појачувач
Post by: batka on 27.12.2010, Monday, 08:56:38
Е.па мораш на оптоварување да мериш - да има приклучено звучник!
Title: Одг: Мерење јачина на вашиот појачувач
Post by: daniel spasovski on 27.12.2010, Monday, 08:59:17
Еее голема штета зашто немам доволно јак звучник за да го мерам на максимум  :o
Title: Одг: Мерење јачина на вашиот појачувач
Post by: batka on 27.12.2010, Monday, 09:05:00
Мораш на оптоварување да мериш инаку нема ефект.Впрочем,напон се мери на потрошувач ( звучникот е потрошувач ) и мора да се јави мал пад на напон  во сразмер со  отпорноста на потрошувачот. Еве и еден директен аналоген ватметар кој го исправува напонот на звучник во едносмерен ,а потоа со аналоген инструмент,кој треба да се избаждари, директно ја покажува силата во вати!

Споено мислење: 27.12.2010, Monday, 09:09:07
офф топик: немам доволно голем звучник за да го пробам појачалото :D Колегата некна купи кола (половна) и вели : сега немам пари за бензин! Џабе ти 300 вати појачувач ,ако немаш звучници за да го работиш!! ;D ;D ;)
Title: Одг: Мерење јачина на вашиот појачувач
Post by: danix01 on 27.12.2010, Monday, 09:32:33
Дали оваа важи и за мостните засилувачи?
Title: Одг: Мерење јачина на вашиот појачувач
Post by: Devil on 27.12.2010, Monday, 10:35:35
јас вака мерам
земам извор кој дава 1кхз, го приклучувам на влез ставам напојувањето онолку колку што трга пр. 12В мерам струјата која е, после го уклучувам осцилоскопот на излез и мерам на што струја иде в крај, значи до дека не стигне во клипинг, па после множам струја напон и имам моќност
се разбира користам вештачки отпор на излез за колку толку да е поточно мерењето ;D
Title: Одг: Мерење јачина на вашиот појачувач
Post by: danix01 on 27.12.2010, Monday, 11:28:00
користам унимер кој не екојзне колку квалитетен (кинески) и кога мерам вредноста осцилира показува вредности од 9 до 13 волти ...дали да земам средна вредност или највисока вредност
Title: Одг: Мерење јачина на вашиот појачувач
Post by: ivica.s on 27.12.2010, Monday, 13:27:46
користам унимер кој не екојзне колку квалитетен (кинески) и кога мерам вредноста осцилира показува вредности од 9 до 13 волти ...дали да земам средна вредност или највисока вредност

Земи некој отпорник од 5 до 10 вати, со вредност од 3,9 или 8,2 оми (зависи за какви звучки ти е предвиден засилувачот) и поврзи го на  излезот од засилувачот. Е сега ако засилувачот ти е повеќе од 10 вати некаде до кај 50, отпорникот стави го во тегла со вода за да не прегрее. За поголеми моќности може да ставиш 10 отпорници од 39 или 82 оми паралелно врзани  :D

На влез пушти синусен сигнал (исклучиво синусен, со музика не може да измериш) околу 100 Hz од звучна карта и унимерот намести го за мерење на наизменичен напон и измери колку напон има на излезот.

Моќноста ти е:
 
Измерениот напон на квадрат/отпорот (3,9 или 8,2)

Ова е наједноставниот начин на мерење на моќност на засилувачи што го знам  ;)

Title: Одг: Мерење јачина на вашиот појачувач
Post by: Malecko on 27.12.2010, Monday, 13:29:23
користам унимер кој не екојзне колку квалитетен (кинески) и кога мерам вредноста осцилира показува вредности од 9 до 13 волти ...дали да земам средна вредност или највисока вредност

Земи некој отпорник од 5 до 10 вати, со вредност од 3,9 или 8,2 оми (зависи за какви звучки ти е предвиден засилувачот) и поврзи го на  излезот од засилувачот. Е сега ако засилувачот ти е повеќе од 10 вати некаде до кај 50, отпорникот стави го во тегла со вода за да не прегрее. За поголеми моќности може да ставиш 10 отпорници од 39 или 82 оми паралелно врзани  :D

На влез пушти синусен сигнал (исклучиво синусен, со музика не може да измериш) околу 100 Hz од звучна карта и унимерот намести го за мерење на наизменичен напон и измери колку напон има на излезот.

Моќноста ти е:
 
Измерениот напон на квадрат/отпорот (3,9 или 8,2)

Ова е наједноставниот начин на мерење на моќност на засилувачи што го знам  ;)


Шефе имаш +реп. за инфово! ;) :D
Title: Одг: Мерење јачина на вашиот појачувач
Post by: batka on 27.12.2010, Monday, 18:40:34
Не мора средна вредност - може да го земеш максимумот!Најдобро се мери со 50 Хз тон синусен од некој трафо! За води и тегли  е дискутабилно :D(вода и струја не мешајте подобро! :D).Ова со осцилоскопот е прифатливо,ама нема секој и секаде осцилоскоп! Затоа ограничете се аматрески на описот( +- некој ват не е ништо).Иначе после или утре ( не знам кога ке стасам дома) ке ставам шема на најверодостоен мерач во аматерски услови(со два инструмента) :едниот ја мери снагата,а вториот,дисторзијата-изобличувањето на појачувачот! Ако ви е неопходно направете го оној аналоген ват метар и споредете го со некој веке калибриран фабрички појачувач.Ито се мери силата и кај мостните споеви,разлика нема.
Title: Одг: Мерење јачина на вашиот појачувач
Post by: bicikle on 28.12.2010, Tuesday, 00:08:21
Eх добра тема, не сум во можност сега ке напишам деновие збор-два. Инаку Девил горее долу добро има објаснато, во случај да се има осцилоскоп  :)
Title: Одг: Мерење јачина на вашиот појачувач
Post by: batka on 28.12.2010, Tuesday, 08:01:44
Еве ја шемата-50 хз се пуштаат на појачувачот (синус) од мрежа и се става паралелно со звучникот  склоп со два инструмента ,Првиот преку мал индуктивитет и тример 500 оми ја мери силата ( во вати).Тоа е волтметар кој мери до 100 волти.Вториот инстр. преку блок и две диоди во спој за дуплирање на напонот добива едносмерен напон.Калибрацијата се состои во тоа што се мери јачината на некој појачувач,се споредува со таблицата  и се подесува со тримерот на скалата на инстр. во вати ( вие сами ке си нацртате скала! ;)).Другиот инструмент се подесува да покажува приближно исто со првиот.Дисторзијата се покажува со големината на отстапувањето на стрелката на овој вториот инструмент од нормалната сила,колку поголемо отстапување - толку повеке дисторзија,односно изобличување!

(http://elektronika-mk.net/index.php?action=dlattach;topic=3407.0;attach=2188)
Title: Одг: Мерење јачина на вашиот појачувач
Post by: bicikle on 30.12.2010, Thursday, 04:03:01
Бидејќи осцилоспо е скапа инвестиција, па доколку не го поседувате, влезот од звучната картичка може да послужи како социлоскоп, барем за вакви мерења, и мерења на фрекфенции од 20 до 12кхз -теоретски до 20, но мислам на повисоките фрекфенции дека ќе има излобличувања. Покрај тоа што за тхд+н се користи сигнал од 1 кхз,за мерење само на снагата може да се користи синусен сигнл од 50хз.Зошто синусен и зошто од 50хз. синусен затоа што само синусниот сигнал ја дава снагата во една точка, а од 50хз затоа што е наједноставо за добивање. На начинот кој ќе го опишам во продолжение имам мерено повеќе засулувачи, и горе-долу се покажа добар. За добивање на сигналот се користи 9в 05-5W (може и по јак, ама нема смисла) кој преку адаптер на својот излез дава 1.5В Р.М.С. , што  е доволно за максимална побуда на повеќето засилувачи. Занчи на влезот од овој адаптер се поврзува трансформаторче од 6-12в ац, преку напонските делители и потенциометарот излезниот сигнал се нагодува на о,75в(750мв) р.м.с. или 0.2в (200мв) доколку има предзасилувач-се мери со волтметар. Потоа на излез не треба да има ништо приклучено, и се мери напонот. Спрема добиениот напон паралелно на излезот од засилувачот се поврзува соодветно адаптерот наменат за овој дел. На пример ако добиете напон од 28в, масата т.е. нулата треба да се приклучи на к6, плисот на к5. Поренциометарот се поставува на минимум. Се приклучува во влезот "line in" од звучната картичка. За следење на добиениот сигнал се пушта некое програмче за аудо обработка. Јас го користам Cool edit pro, но може и друго. Со вртење на потенциометарот од адаптерот приклучен ан излез од засилувачот, треба да се појави синусоида. На влез од 750мв врвовите не треба да се засечени. Доколу се, намалете го адаптерот за добивање на сиглал(на влезот од појачалото). Со мало попуштање на истиот треба  синусоидата да се деформира, т.е. на врвовите да се добие рамна линија. доколку се пушти до максимум ќе се добие правоаголен сигнал, што претставува максимална привидна моќ на засилувачот, но не препорачувам да го пуштате до тој степен, може да изгори велзот на засилувачот. Кога ќе почне мало затапување на врвовите од синусоидата, тоа значи дека зацилувачот валга во клип, па се натака претставува само дисторзија, односно неупотреблив сигнал, што би требало да значи дека треба да застаните со попуштање. На споменатиот програм иам две линии кои ги означуваат врвовите. па се над нив може да доведе до дисторзиај од звучната картица или самиот софтвер. Затоа мислам дека на синусоида со 2/3 од максимумот може да се видат сите засекувања на вровите, и не е потребно поголемен влезен сигнал на звучната картичка, односно потенциометарот на адаптерот наменет за излезот од засилувачот и звучната нема портеба да го пуштате до максимум. после овие нагодувања, се вади кабелто што го носи прилагодениот сигнал до звучната картичка, се исклучува аудиозасилувачот и ан негов излез, паралелно со адаптерот се поврзува отпорнк со еквивалентна импенданса на звучникот. Потенциометарот од адаптерот за сигнал на засулвачот,(тој со трафото) се  намалува на отприлика 1/2 од тоа што беше до сега. Отпорникот треба да е соодветно димензиониран за да ја издрѓи струјата од засилувачот. Може да се користи комбинација до повеќе отпорници за добивање на соодветна снага на отпорниците. Откако ги поврзавме отпорниците и го намаливме сигналот, се поврзува адаптерот на звучната картичка. се поврзува волтмерат на излезот на засилувачот. откако ќе го пуштиме и засилувачот, постепено го зголемуваме влезниот сигнал се додека на мониторот не забележиме отсекувања на синусоидата. Истовремено температурата на отпорниците не треба да биде прекумерна, т.е. треба да може да ги доприте со рака, без последици(без да се изгорите). На самиот почеток од овие засекувања засилувачот го дава својот максимум. Се натака е само дисторзија и изобличување. Во овој момент исто така може да го нагодите и VU метарот доколку го има. Се чита и запишува вредноста на напонот излерена од волтметарот. сега може да се намали сигналот на засилувачот до минимум, да се исклучи адаптерот од звучната и да се исклучи засилувачот. Да претпоставиме дека сме излериле напон од 24в, користејќи отпорник од 4 ома, односно засилувачот е наменет за 4 омски звучниси. Прво напонот се дели со отпорот, за да се добие сртујата, т.е. 24/4=6 (омов закон).  Моќноста е производ од напонот и струјата(P=UxI), односно P=24*6=144, Значи засилувачот има моќ од 144 вати, пред да почне да деформира. Шемата која е дадена може да ја отворите со експрес пцб, исто како и да ја преправате по ваши желби и потреби со овој програм (во Express pcb ја правев), a на местата предвидени за носење на жици кои го поврзуваат уреддот може да ставите конектори кои ќе ви го олеснат ставањето/ваѓањето на жиците.
Уредот е наменет за засилувачи до кои на својот излез даваат синусен анпон до 100волти. За повисок напон мислам дека нема потреба.