Македонски форум за електроника

Електронски уреди => Бела техника => Topic started by: Syrus on 03.12.2010, Friday, 10:49:27

Title: Мотор од фрижидер
Post by: Syrus on 03.12.2010, Friday, 10:49:27
Имам еден стар фрижидер кој не работеше, пред некој ден го извадив неговиот мотор и го приклучувам во струја не дава никаков сигнал. комшијата ми вели дека немора да значи дека е изгорен можеби е цркнато тоа релето што е на него е сега кажете ми како да го проверам
Title: Одг: Мотор од фрижидер
Post by: MarkoMK on 03.12.2010, Friday, 11:50:12
Епа пробај најди го релето, и расклопи некој капак ако има за да дојдеш до самиот мотор. Па после можеш да го испиташ релето, или да го врзеш директно на струја (без реле).
За секој случај, користи сјалица во серија (има на форумов како се поврзува) случајно да не има краток спој негде.
И не е лошо некоја слика да поставиш да видиме точно за што станува збор.


До администрација: Темава би требало да се премести во „Бела техника“
Title: Одг: Мотор од фрижидер
Post by: DX-er on 03.12.2010, Friday, 12:05:07

До администрација: Темава би требало да се премести во „Бела техника“
Фала за потцетувањето, темата е преместена
Title: Одг: Мотор од фрижидер
Post by: SKOLS_OLD on 03.12.2010, Friday, 12:31:52
зашто не ставиш кондензатор?
Title: Одг: Мотор од фрижидер
Post by: GigaWatt on 03.12.2010, Friday, 16:24:23
зашто не ставиш кондензатор?

Постарите фрижидери немаа кондензатори во секцијата за „палење“ на моторот, мислам дека само поновите имаат, иако не ми е јасно за што служат, сум го извадил кондензаторот и пак работи фрижидерот, можеби за фазна компензација е или за филтрирање на напонот, кој знае :S.
Title: Одг: Мотор од фрижидер
Post by: vrukiot on 04.12.2010, Saturday, 00:56:45
Не ти треба ништо значи исто така мене ми беше рокнат потенциометарот за брзината на моторот го извадив и го приклучив дирекно, нема некаков потенциометар и одлично работи ми служи како компресор  ;D  ;D
Title: Одг: Мотор од фрижидер
Post by: Syrus on 04.12.2010, Saturday, 11:36:43
Ееете тука сме и мене ми треба за компресор затоа и го извадив , а тој кондензатор што го спомнавте е против пречки, да не му смета на телевизорот, радиото итн. додека работат
Title: Одг: Мотор од фрижидер
Post by: GigaWatt on 04.12.2010, Saturday, 17:13:38
Ееете тука сме и мене ми треба за компресор затоа и го извадив , а тој кондензатор што го спомнавте е против пречки, да не му смета на телевизорот, радиото итн. додека работат

Како што претпостатвував, филтер е ;).
Title: Одг: Мотор од фрижидер
Post by: Jove on 04.12.2010, Saturday, 22:39:34
имаш репутација за ова незнаев дека е за попречување на сметњи ама мојот стар бесе блиску до еден стар телевизор во село и не му правесе проблем  :-\ :-\
Title: Одг: Мотор од фрижидер
Post by: GigaWatt on 05.12.2010, Sunday, 16:56:19
имаш репутација за ова незнаев дека е за попречување на сметњи ама мојот стар бесе блиску до еден стар телевизор во село и не му правесе проблем  :-\ :-\

Тоа е повеќе како „за секој случај“, не значи дека секој мотор од фрижидер ќе прави проблеми на други уреди ;).
Title: Одг: Мотор од фрижидер
Post by: didy on 08.12.2010, Wednesday, 20:18:50
За стартување на мотор од фрижидер се користи струјно реле и при самото стартување поточно затворање на контактот од термостатот моторот добива 220 болти но за да се покрене има потреба од помошна намотка која е вклучена една секунда максимално и потоа пак се исклучува, истиот ефект се постигнува и со ПТЦ отпорник, во почеток “влече“ поголема струја и помошната намотка е активна потоа струјата низ нејзе намалува и не врши никаква функција, постарите верзии на мотори користеа кондензатор за фазно поместување, како кај моторите за перални.
Title: Одг: Мотор од фрижидер
Post by: batka on 13.12.2010, Monday, 09:10:28
То бе Диди,како од книга,седи + реп од мене! :D
Title: Одг: Мотор од фрижидер
Post by: bicikle on 16.12.2010, Thursday, 23:13:54
колку што иам поправано фризидери, прво ако сакаш да го користиш башка од целиот склоп, најарно ти е термостатор да го спојш кратко. Е после кај што влагаат жицине имат едно како кутивче, што значи треба да го расклопиш. Не цел мотор, само кутивчето. Во него има два контакта, а помегу нив има "желефце" налик на паричка или ако сакаш батерија од оние сплесканине. Тоа го иам само кај економични, т.е. штедливи фрижидри, што би требало да значи дека на ладно материјалот помеѓу контактите се збира, и не спроведува. Исто така од сама старост , може овие делови да се кородирани, и да не спроведуваат. Најарно ќе ти е да ги спојш директни, само пази да не ги спијш со шасијата од моторот. А кондензаторот појма нема за што е, ама знам дека кај машини за перење игра колема улога, па може и тука да прави проблрм, доколку е предвидено да има кондензатор. Ако си во моност т.е. ако треба да стои кондензатор не е лошо да му ставиш нов, СО ИСТА ВРЕДНОСТ, во најскап случај е 1000 денари...
Title: Одг: Мотор од фрижидер
Post by: Syrus on 16.12.2010, Thursday, 23:16:48
Ама мене ми се сечени жиците од термостатот
Title: Одг: Мотор од фрижидер
Post by: bicikle on 16.12.2010, Thursday, 23:33:37
Епа пробај вака:
Земи друго 220-волтно кабле и поврзи ги директно на мотор, верува дека ти се мотат некој баел.
претежно се 3 жилни, но за проба и 2 жилно ке ти брка работа.
Исто така, како што предходно еден од форумџиите напиша, не ќе  е лошо некоја фотка, барем каде што  жиците излагаат од мотор

Споено мислење: 16.12.2010, Thursday, 23:43:43
П.С. Колку што се секавам на конекторот од моторот има 3 излези, само на 2 од нив работи, а мислам дека 2 се краткоспоени, што значи дека ако донесиш 220волти ан краткоспоените ќе напрајш беља, па затоа ако имаш унимер, провери ги, или ако имаш неко 200+ вати трансформатор кој дава 80 или повеке волти, пробај преку него. Во краен случај поврзи сериски  греалка пегла или друг "пасивен" ел.уред, а може и 2-3 меѓусебно паралелно врзани сијалици (само со жица, не неонки или сл.) па откако ќе поврзиш све, приклучи го во штекер. Помеѓу пробите, односно преместување на жиците, ОБАВЕЗНО исклучи све од штекер.
Title: Одг: Мотор од фрижидер
Post by: stealek on 03.02.2011, Thursday, 02:12:01
motorot ima tri kontakti eden e zaednicki drugiot e raboten a tretiot e starten ,odnosno motorot e so dve namotki ,so unimer izmeri gi odporite , potoa najmaliot odpor koristi go kako start dodeka sredniot kako raboten
Title: Одг: Мотор од фрижидер
Post by: DX-er on 03.02.2011, Thursday, 12:51:20
stealek бидејки си нов на форумот само да ти препорачам да го посетиш следниот линк: http://elektronika-mk.net/index.php?topic=4.0 (http://elektronika-mk.net/index.php?topic=4.0) на кој се наоѓаат упатствата и правилата за користење на форумов.
Title: Одг: Мотор од фрижидер
Post by: maci on 08.06.2011, Wednesday, 11:20:11
може моторот да е зарибан.заглавен со тек на време ако не се користел и да има навлезено влага во него=крај.
Title: Re: Мотор од фрижидер
Post by: blizzard on 01.09.2019, Sunday, 10:30:59
„Bicikle,  дали ако на фрижидерот му има дојдено струја 380 волти од штекер, освен трагото можел да изгори и моротот? Мене ова ми се случи, едно 15 минути фрижидерот работеше ама поради високиот напон прикина, трафото сигурно е отидено, дали можда и моторот и како да проверам?

фала однапред

позз
Title: Re: Мотор од фрижидер
Post by: bicikle on 01.09.2019, Sunday, 12:30:12
Значи трафото е од електрониката, мораш прво трафо да мениш, на винклер верувам дека ќе поминиш поефтио, со неколку стотки.
Моторот може да се провери т..е да го врзиш директно, и да видиш дали работи и дали троши струја колку што има наведено на него. Ова е рутинска проверка, би требало мајсторот лесно да ја изведе, и ако троши струја онолку колку што пишува на почетор, моторот е во добра кондиција. Е сега дали прегорел или не меѓувреме, не можам да кажам со сигурност, но ме чуди како не испаднале осигурачите. Доколку поминеш само со трафо, побарај од мајсторот да намести додатен осигурач, макар и топлив (50 денара е), чим си имаш работа со такви стручњаци :)
Пробај да побараш надокнада за оштета од евн, но за тоа како оди јас појма немам.
Title: Re: Мотор од фрижидер
Post by: blizzard on 01.09.2019, Sunday, 13:27:24
препорачај винклер за трафото.

220-240в влез, 16.5 со 13.5 излез...или ако некој има ново со тие спецификаици.

фала на одговорот!
Title: Re: Мотор од фрижидер
Post by: Toma on 01.09.2019, Sunday, 14:26:21
220-240в влез, 16.5 со 13.5 излез...или ако некој има ново со тие спецификаици.

Таков, со тие податоци нема !
Title: Re: Мотор од фрижидер
Post by: bicikle on 01.09.2019, Sunday, 15:44:59
Ти кажаја, Китан од кисела вода.
Провери го прво моторот. Прати некоја слика, модел од фрижидерот... Такво теаво што дава 13,5 и 16,5 волти не пости, може да дава 0-13,5 и 0-16,5; -13,5-0-16,5 или 0-13,5-16,5 но исто така мора да има дефинирана моќост, а вака ти ништо не си кажал.
Сепак да не фрлаш пар џабе, прво провери го моторот т.е. компресорот.
Title: Re: Мотор од фрижидер
Post by: GigaWatt on 01.09.2019, Sunday, 15:52:27
@blizzard: Не мора во две различни теми да пишуваш, особено не некоја во која се дискутира за мотори за фрижиер, а ти бараш заменско трафо за контролната електроника.

Коментарите од оваа тема ќе се бришат бидејќи се апсолутно неповрзани со темата.