Инаку многу нема да коментирам околу овој проблем, бидејќи на многу форуми а и во стручната литература е објаснето кој дел од ел. коло се вика бафер а кој предзасилувач. Самиот збор предзасилувач кажува дека прави некое предзасилување а не како во вашиов случај придушување. За излезната импенданса за колото (бафер) има формула за пресметка. и не е вистина дека таа е помала ако во дадениов случај (како кај вас R1>R2)
Како и да е,...
Погледајтеги двете шеми за предзасилувачи кои се дадени погоре од моја страна.
На едната е прикажан лампашки предзасилувач (tube preamplifier) со ecc88 (6922; 6dj8), а на другата предзасилувач со Руската војна двојна триода 6n23p.
И во двата случаи се работи за одлични предзасилувачи.
Првиот дел од триодата (1/2-ecc88) во првата шема се работи за предзасилувач, а вториот заокружен дел (1/2-ecc88) од триодата е бафер (DC-follower). Сето тоа е направено да се добие засилување од околу 32dB на слабиот аудиосигнал, а со баферот да се намали излезната импенданса на околу 300оми се со цел да не се оптоварува влезот на аудиозасилувачот на моќност, а воедно не настанат и други компликации. За кои несакани компликации се работи ќе ми треба многу простор и време за објаснување. Па товариши тоа е така, топла вода јас не измислив, таа одавна постои...
Поздрав до сите и многу се извинувам ако некој има чувство дека е навреден, бидејќи во никој случај немав таква намера.
Сакав само некои работи да се попрецизни, појасни и подефинирани.
Cheers!
П.С.
Дека се ова што го реков дека е така препорачувам да ги посетете web страниве:
http://www.valvewizard.co.uk/cathodyne.html
http://www.valvewizard.co.uk/dccf.html
Devil : Последна опомена, наредната опомена ќе повлече санкции!!!
Научи ги веќе еднаш правилата на форумов, доволно време го посетуваш!