Author Topic: Потребна ми е шема за сигнализација за оптоварување на напојување  (Read 2552 times)

Offline Z31GH

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 714
  • Gender: Male
Не знам како можам да го изведам ова и затоа ако некој може да ми помогне би бил многу благодарен. Сакам едно 13.8 V 30 А напојување да го довршам. Да речеме дека потрошувачот би надминал 25А, дали може да се изведе напојувањето да изпушти звучен или светлосен сигнал?
Hams do it! With Frequency

Trolko

  • Guest
Одг: Потребна ми е шема за сигнализација за &
« Reply #1 on 07.02.2014, Friday, 22:53:12 (Edited 07.02.2014, Friday, 23:07:19) »
Не знам како можам да го изведам ова и затоа ако некој може да ми помогне би бил многу благодарен. Сакам едно 13.8 V 30 А напојување да го довршам. Да речеме дека потрошувачот би надминал 25А, дали може да се изведе напојувањето да изпушти звучен или светлосен сигнал?

Па, јас би одел вака: Пред напонската регулација стави отпорник кој ќе изиграда shunt. Од него ќе ја мериш струјата која би ти одела во напонскиот регулатор, а воедно и струјата што ќе биде на крај испорачана на потрошувачот. Не верувам дека регулаторот би *јадел* многу струја, па може да сметаш дека целата струја што влегува во регулаторот ќе влезе и во потрошувачот.

Информацијата од струјата би ја носел на компаратор/операциски, на кој на едниот крај би имало референца (пример TL431-ка), така да кога информацијата за струјата (соодветно скалирана) ќе надмине вредност подесена со референцата на компараторот би дала соодветен сигнал, кој понатаму може да го носиш на ледица, титкач, ротационо светло, сирена ... :-)

Ако ми дадеш информации за колкав напон очекуваш пред регулација (пред регулација до 13.8 волти), минимален напон пред него и ако знаеш струја што ќе ја троши напонскиот регулатор, би ти издизајнирал едно решение :-)

73 de Z32AL

Споено мислење: 07.02.2014, Friday, 23:07:19
Само малку тие 35-те ампери ме плашат ... ќе треба многу ниска вредност на отпорник, некаде во 0.01 OHM регионот, имаш RLC мост каде што би можел да измериш толку ниска вредност на отпор па да одиш со неколку прстени на жица наместо отпорник ? :-)

Offline Z31GH

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 714
  • Gender: Male
Z32AL, благодарам на одговорот.

што се однесува на напонот, тој ќе биде фиксен на 13,8v

73 de Z31GH
Hams do it! With Frequency

Trolko

  • Guest
Z32AL, благодарам на одговорот.

што се однесува на напонот, тој ќе биде фиксен на 13,8v

73 de Z31GH

Да ама напонот пред регулаторот ? Колкава ќе е неговата максимална вредност, а колкава минималната ?

Offline Z31GH

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 714
  • Gender: Male
Вака значи....потребните делови скоро сите ги имам, сеуште не е почнат , трансформаторот дава 19 волти, а ќе се прави по оваа шема


Треба уште моќни отпорници од 0,1 ом во алуминско куќиште да најдам и да го завршам. Кутијата ми е готова, еве некоја слика од изработка на кутијата...



вака искрено не знам кој би бил напонот пред регулатор


Споено мислење: 08.02.2014, Saturday, 00:38:08
знам дека има тиристор како заштита сепак би сакал да има и збучен сигнал ако достигне 25А
Hams do it! With Frequency

Trolko

  • Guest
Океј, значи големичок ќе е : 19V (ваљда RMS), значи 26 Vpp-(2*пад на диода(~1V)) = 24V

Ќе пишам тука штом го направам, најверојатно вечерва или утре ;)

Offline Z31GH

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 714
  • Gender: Male
благодарам Z32AL, не мораш да брзаш. Јас за секој случај ќе го измерам напонотза посигурно.

Поздрав до радиоклуб ЕХО Z37E и Z37M од штип  ;)
Hams do it! With Frequency

Trolko

  • Guest
благодарам Z32AL, не мораш да брзаш. Јас за секој случај ќе го измерам напонотза посигурно.

Поздрав до радиоклуб ЕХО Z37E и Z37M од штип  ;)

Фала на поздрави :-)

За жал ретко се гледам со Z37M затоа што студирам во Скопје, а Z37E мислам дека нема активни членови откако си заминав :-(

Споено мислење: [time]08 Февруари 2014, 03:59:00[/time]
Нешто вака би изгледало, треба да ги пресметам вредностите на компонентите само



Споено мислење: [time]08 Февруари 2014, 15:12:38[/time]
Just a note:

5-те волти за референцата најдобро е да се донесат од друго место, а не од главниот трансформатор. Најди некој стар полнач за мобилен или нешто компатибилно :-)

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Ова електронски е во ред,ама кога се работи за 25-30А многу работи се поинакви.Шентот треба да го набавиш готов,скапечок е ,ама нема друго.Е сега и времето на реакција - од 25 до 30А  струјата е само 5А и може за дел од секунда да порасне.Прашањето ми е зошто и звучна индикација? Можеби поедноставно е само светлосна индикација да ставиш.

Trolko

  • Guest
Ова електронски е во ред,ама кога се работи за 25-30А многу работи се поинакви.Шентот треба да го набавиш готов,скапечок е ,ама нема друго.Е сега и времето на реакција - од 25 до 30А  струјата е само 5А и може за дел од секунда да порасне.Прашањето ми е зошто и звучна индикација? Можеби поедноставно е само светлосна индикација да ставиш.

Па... има друга можност, да се искористи специфично наменет струен трансформатор за DC струја. Најдобрите ги прави швајцарската LEM компанија, но тие се *10 пати од обична жица, измерена за соодветната отпорност :-)

Колку што разбрав ова е само за индикација, така да времето на пораст (кое е ограничено од граничната фрекфенција на операциските) е незначително, како ѝ да е - диодата ќе трепне. Доколку од овој систем треба да се реализира заштита, тогаш TI имаат бонбончиња операциски со кои имам искуство со Vin(rise) = 1000V/uS =))) Па може таква замена да се направи :))