Македонски форум за електроника
Аналогна електроника => Видео техника => Topic started by: BOBAN on 24.10.2011, Monday, 20:40:47
-
Дали има некој шема за лед ламба со повеќе лед диоди за на 12 волти акумулатор
нешто слично на ова:
(http://pic.mk/images/ledlamp.jpg)
-
Не е ништо сложено,ти требаат само лед диодите и неколку отпорници...Колку лед диоди планираш да „потрошиш“ за една ламба? ;D
-
Побарај по Форумот ,имаш цел куп такви шеми!!
Споено мислење: [time]24 Октомври 2011, 20:31:49[/time]
Еве ти неколку шеми иако,треба малку да те оставам да се помачиш и побараш.Ама ,ајде,да не се лутиме >:(
Споено мислење: 24.10.2011, Monday, 21:51:52
Еден оф топик кој би требало да најде место: За новите членови на Форумот важи дека не треба да бидат мрзеливи,туку прво треба да ги разгледаат постарите теми ,еве како за ЛЕД ламби,за појачувачи,за некој други теми и шеми за кои повекепати се пишувало,се дискутирало итн.Да не се повторуваме по стопати со исти или слични шеми.Значи,малку прошетајте по Форумот и разгледајте ги постарите теми и постови.Ако нешто ви треба ,не значи дека тоа веке не било на дискусија,па прво побарајте,а ако не ви е нешто јасно тогаш прашувајте.
-
батка, немој да викаш дека сум мрзелив.. барав под името `лед ламба` `led lamba` на еднонасочен напон да се напојува со акомулатор до кај 12 волти немам време да седнам убаво да разбарам од тема до тема, сепак фала за шемиве
-
И јас сакав една таква да направам, како на сликата, имам направено една за на 220В. Ама сеа сакам некоја на 12В. За да си ги ставам како осветлување на плафон. Имам едни на 12 волти, ама некако глупа светлина даваат, мислам дека со овие ќе биде подобро.
-
Не е ништо сложено,ти требаат само лед диодите и неколку отпорници...Колку лед диоди планираш да „потрошиш“ за една ламба? ;D
па 10-20 диоди нормално дека нема 100 да ставам па ич та не светат на акомулатор
-
Не е ништо сложено,ти требаат само лед диодите и неколку отпорници...Колку лед диоди планираш да „потрошиш“ за една ламба? ;D
па 10-20 диоди нормално дека нема 100 да ставам па ич та не светат на акомулатор
Oди на страницава имаш калкулатор за отпорници,при одреден напон колку оми да е отпорникот,и на колку диоди се разбира ;D
http://ledcalculator.net/
-
има по продавници такви ламби, језда се 500 и некој денар, ама светат у пм, и на 220V се уклучуваат...и ти викаш ке ги уклучуваш на акумулатор, а дома ке ги ставаш....некако не ми е тоа баш логично...
-
Тој што вика дека ќе ги уклучува на акомулатор е друг, а јас сакам да ставам дома такви.
-
Тој што вика дека ќе ги уклучува на акомулатор е друг, а јас сакам да ставам дома такви.
ауч, грешка....ако ти е за по дома побарај по продавници такви сијалици што се како халогенки, може се малце поскапи ама светат ептен јако, неможеш во нив да гледаш скоро, а ако ги правиш со обични лед диоди ептен слабо ке ти светат...
-
има по продавници такви ламби, језда се 500 и некој денар, ама светат у пм, и на 220V се уклучуваат...и ти викаш ке ги уклучуваш на акумулатор, а дома ке ги ставаш....некако не ми е тоа баш логично...
Tие ламби мислам дека имаат специјален драјвер,па затоа по јако светат,не се само со отпорници ;D
-
такви се лед диодите, има електроника во нив, ама само за да се намали напонот на 12V....
-
Има посебни импулсни напојувања со контролер за LED диодите во тие ламби, еден таков контролер е HVLED805.
-
Еве шема за 1W LED драјвер со транзистори ;D
(http://3.bp.blogspot.com/_FdGFE8NBDgc/TB943xlu9OI/AAAAAAAADb8/ksBmbtpZvBM/s1600/1w-led-driver-circuit-diagram.jpg)
-
и колку пари е онај 1w лед драјвер
-
и колку пари е онај 1w лед драјвер
Te бре па ти како божем правиш 500W-ен засилувач,па колку пари е :D ;D.Не верувам да те фати повеќе од 100-150ден,транзисторите еве 20ден,отпорниците 10ден,кондензаторите 20ден и калемот 50ден(зависи каде ќе го купиш) 20+10+20+50=100ден грубо,можеби и поефтино ќе те фати... ;D
-
абе диодана од 1 ват
-
абе диодана од 1 ват
Aaaa eпа си пишал лед драјвер...А лед драјвер и диодата не е исто.Незнам точно цена,ама мислам дека можеш,пример со 10 обични диоди да ја замениш таа од 1W.
и колку пари е онај 1w лед драјвер
-
На која шема поточно мислиш, има повеќе шеми поставено батка
доколку ти е за во автомобил, има едни лед диоди (тоа се повеќе модули) во форма на плоча
составени се ос SMD лед диоди и поклопени се со прозирен силикон, мислам дека една таква плоча е 3-3,6W и на интернет може да се најде за до кај 5$, имаат по околу 20-25 лед диоди и работаат на 12V
-
повеќето од нив нема да работаат
пошто една диода работи на напон од 3V, во шемите скоро сегде се сериски поврзани повеќе диоди, што значи пр. ако имаш 5 диоди сериски поврзано треба напон од 15V и 20mA струја, ако се ама 10 диоди ти треба веќе напон од 30V, со што тие шеми отпаѓаат
мора да внимаваш кога ги поставуваш диодите да имаат некаква заштита, бидејќи лед диодите не се троми како обични светилки, прилично мало зголемување на напонот од напојувањето може да доведе до нивно горење, најдобро е доколку ги групираш, по 3 диоди и тие групи од по 3 диоди ги поврзиш паралелно, а на почетокот од каде што ќе земаат напојување ставиш некој регулатор кој ќе ги заштити од преголеми напони
во зависност од тоа колку лед диоди сакаш да ставиш таков регулатор треба да поставиш
ако правиш како што ти пишам тогаш ти треба 7809 регулатор со тоа што максимална струја која може да потече низ овај регулатор е 1А
-
7809 ти е напонски регулатор којшто струјата од 12 волти (од акомулатор) ќе ти ја намали на 9 волти, со што ќе можеш да ја изведеш твојат замисла за распоредот на диодите.
-
Имаш 3 продавници од каде можеш да го набавиш.Цената му е негде 15-20ден,зависи каде ќе го купиш.Имаш во гац,кај скопјанка,доле во подвожњакот,после имаш во БТ кај југодрво и логинг во беверли хилс.
-
(od mob)
blagodarime stefan, uste da mi kazes kade da go nabavam? na vremeto koga bev sredno znam imase prodavnica dole vo mnt od kaj bankite i pozadi univerzalna postojat li uste?
ЕиП беше таа, веќе две или три години не работи :S.
Инаку, шемата може да се изведе и полесно, со редици од диоди од (на пример) 3 или 4 во серија, и потоа, такви редици да се постават во паралела со тоа што секоја гранка (секоја серија) ќе има по еден отпорник за пад на напон и ограничување на струјата низ LED диодите. Може и со обични LED диоди од запалки да се изведе тоа. Но може и со помоќни, оние што се од 1W или повеќе. Само што ќе треба да се дознае падот на напонот на LED диодата кој е, па да се прават пресметките (колку ќе има во серија, колкава моќност ќе бидат отпорниците, итн.) потоа врз база на тоа ;).
-
Темата ке биде затворена!