@Batka , @slidermc
Се слагам со двајцата, комплетно. Ако има потреба од (пример) 150W/8omi снага , подобро еден добар моно блок одколку стерео 2X100W па врзани во мостна врска. Од мое практично искуство , никогаш не свири двапати појако мостната врска од стерео, а теоретски (на хартија) би требало да е така. Имам правено со TDA7294 bridege , TDA2030 bridge и TDA7265 bridge. Најоптимално напојување за TDA7294 во мостна врска е 2 x 18 V AC за на минимум 8оми , што ми е премногу ,,млако'', ако земеме во предвид дека максималното напојување е 100V , симетрично. Поагајќи од тука, се прашувам , практично (не теоретски) колко појако ке свири мостната врска за разлика од обична (моно) верзија , ако напојувањето е симетрично 2 X 40 V DC напон. Дали во мостна врска ке добиеме 1/3 повеке.