Македонски форум за електроника
Дигитална електроника => Микроконтролери => Topic started by: BorceBT on 06.01.2010, Wednesday, 20:19:51
-
Бидејќи долги години веќе го користам, овде ќе го претставам JDM програматорот за PIC фамилијата на микрокотролери кој ги поддржува (директно или со адаптер) скоро сите стари и нови PIC контролери.
Шемата е следна:
(http://elektronika-mk.net/index.php?action=dlattach;topic=399.0;attach=12697)
Плочката може да ја направите и сами бидејќи шемата воошто не е комплицирана а може уредот да го направите и на универзална плочка со поврзување. Сепак, ако имате можност да направите еве една можна плочка за овој уред:
(http://elektronika-mk.net/index.php?action=dlattach;topic=399.0;attach=12699)
Распоредот на елементите на плочката:
(http://elektronika-mk.net/index.php?action=dlattach;topic=399.0;attach=12701)
Конекторот означен со P2 на плочката е оригинално предвиден за адаптери но за тоа потоа.
Еден готов JDM програматор направен на универзална плоча со голем конектор за серискиот порт (DB25, вие најверојатно ќе користите мал DB9) е даден на следната фотографија:
(http://elektronika-mk.net/index.php?action=dlattach;topic=399.0;attach=12703)
За поврзување со COM портот (серискиот порт) на компјутерот ќе ви помогне следната слика (следете ги имињата на сигналите на шемата со имињата на сигналите нацртани тука:
(http://elektronika-mk.net/index.php?action=dlattach;topic=399.0;attach=12705)
Со ова засега можете да ги програмирате повеќето 18 пински PIC микроконтролери како што е PIC16F84 и 8 пинските како што се PIC12C508 / PIC12C509. Како додатен плус е тоа што можете да ги програмирате и 24Cxx 8 пински EEPROM мемории (декодирање на авто радија?).
Адаптерите за програмирање на другите видови на PIC микроконтролери следуваат во наредниот пост.
-
Адаптерите на подолната слика се дизајнирани од мене и се за успешно програмирање на скоро сите видови на останати PIC микроконтролери кои доаѓаат во следниве куќишта:
DIL8 (PIC12F629 / PIC12F675 итн.);
DIL18 (PIC16F627 / PIC16F628 / PIC16F87 / PIC16F88 итн.);
DIL28 (PIC16F873 / PIC16F876 итн.);
DIL40 (PIC16F874 / PIC16F877 / 18Fxxx итн.).
(http://elektronika-mk.net/index.php?action=dlattach;topic=399.0;attach=12707)
Адаптерите најлесно се прават (освен на плочка) со користење на две DIL подножја, едното за подножјето што се наоѓа на самиот JDM програматор (лемите одозгора на пиновите) а другото за ставање на PIC микроконтролерот кој се програмира (лемите одоздола на пиновите).
Еве на следнава слика неколку домашно подготвени адаптери направени со залепени две подножја поврзани со жички и залиени со пластика:
(http://elektronika-mk.net/index.php?action=dlattach;topic=399.0;attach=12709)
Доколку ви треба адаптер за EEPROM мемории од типот 93Cxx (декодирање на авто радија, телевизори и слично) тогаш го користите следниот адаптер:
(http://elektronika-mk.net/index.php?action=dlattach;topic=399.0;attach=12711)
Пиновите на сликата одговараат со следните пинови од подножјето на JDM програматорот:
MCLR - 4
Vdd - 14
Gnd - 5
Clock - 13
Data - 12
Софтверот за програмирање и неговото подесување ќе следуваат во наредниот пост.
-
Постојат повеќе софтвери за програмирање кои го поддржуваат JDM програматорот а најпопуларни два се ICProg и WinPic800. И двата се бесплатни.
Првиот можете да го симнете од овде:
http://www.ic-prog.com/icprog106B.zip
Вториот можете да го симнете од овде:
http://www.winpic800.com//descargas/WinPic800.zip
Начинот на работа со првиот (ICProg) ќе биде објаснет тука додека за начинот на работа со вториот (WinPic800) ќе мора да читате сами.
Пред да го стартувате ICProg пожелно е да го имате инсталирано специјалниот драјвер за сериски порт кој е направен за ICProg. Тој драјвер можете да го симнете од овде:
http://www.ic-prog.com/icprog_driver.zip
Фајлот icprog.sys го снимате во истиот фолдер каде што се наоѓа програмата ICProg.exe.
По стартувањето на програмата ви се појавува корисничкиот интерфејс кој би требало да е јасен:
(http://elektronika-mk.net/index.php?action=dlattach;topic=399.0;attach=12713)
Значи прво го подесувате хардверот:
Притискате F3 и во прозорецот избирате тип на програматор JDM, избирате Direct I/O интерфејс, сите чек боксови ги оставате празни (исклучени), избирате COM порт на кој ви е поврзан програматорот и подесувате I/O Delay. Овде е битно да се напомене дека I/O Delay помало од 3 не се препорачува, 5 би требало да работи на сите компјутери а ако не работи ќе пробате со 10. Засега оставете го на 5 а ако подоцна увидите дека работи и на 3 разликата е што ќе програмирате побрзо. Притискате ОК за да ги снимите промените.
Сега избирате Settings-->Options.
Во прозорецот го барате табот Misc и во него го избирате само чек боксот Enable NT/2000/XP Driver
Напомена дека ова е потребно доколку имате Windows NT, Windows 2000 или Windows XP. Доколку работите на Windows 98 (можеби компјутерот за програмирање на микроконтролери ви е постар) оваа опција оставете ја исклучена.
Со ова подесувањата се завршени. Исклучете ја и повторно вклучете ја програмата.
За да програмирате прво од листата избирате тип на микрокотролер (или EEPROM меморија доколку програмирате таква работа) и потоа со притискање на CTRL-O го избирате вашиот HEX фајл кој треба да го програмирате. Притискате F5 за да почне процесот на програмирање. Ако се е како што треба (правилно направен и поврзан JDM програматор, исправен микроконтролер, добро подесен програм, драјверот ставен и I/O Delay вредност пробана дека работи) тогаш би требало да добиете Verify Successful порака. Доколку Ви се случи грешка проверете се дали е во ред. Проблеми во програмирањето може да настанат при следниве работи:
1. Многу бавен компјутер или бавен сериски порт, пробајте зголемете го I/O Delay или дури пробајте Windows API наместо Direct I/O.
2. Серискиот порт на тој компјутер е многу слаб, пробајте на друг (пожелно постар) компјутер.
3. Користите сериски порт на лаптоп или користите USB to Serial конвертор. Која било од овие две комбинации нема да програмира воошто или ќе дава грешки при верификација.
-
Ова е мојата идеа за програмирање на 93Cxx EEPROM мемории
(http://i14.servimg.com/u/f14/12/64/31/28/th/adapte11.png) (http://www.servimg.com/image_preview.php?i=80&u=12643128)
-
Го направив програматорот, но кога ке го поврзам со ПЦ на сериал прорт( со женско-женско ) кабел, одма почнуват да светат црвената и жолтата ЛЕД. На страната од кадешто е проектот пиши дека црвената е за напојување, жолтата за такт, а за зелената пиши Program. Ако го има некој направено склопот или некој шо можи да поможи, нека повели слободно.
(http://i42.tinypic.com/119ymhc.jpg)
(http://i43.tinypic.com/aey87r.jpg)
(http://i44.tinypic.com/v8lbtf.jpg)
(http://i42.tinypic.com/iger6w.jpg)
(http://i40.tinypic.com/15ed0ee.jpg)
Споено мислење: 17.12.2011, Saturday, 19:46:17
До Администрацијата: Се извинувам, темата требаше да ја објавм во " Ваши Креации".
-
јас имам JDM програматор и со него успешно скоро сите микроконтролери ги програмирам, но мојот не е правен по оваа верзија која ја постира ти, него по таа од борче (види погоре)
стави го линкот или шемата да видиме што како
-
Еве
http://www.circuit-projects.com/microcontroller/pic-and-eeprom-programmer.html
Споено мислење: 17.12.2011, Saturday, 20:07:23
Заборавив да кажам дека по друг проект е.
-
гледам дека е под друг, провери дали елементите ти се правилно поставени,
пробај без микроконтролер дали на MCLR линијата ќе добише 13V (околу 13 треба да е )
после провери Vcc дали е на 5V
-
Ама јас без микроконтролер го пробвав, има тоа некоја врска ?
-
не, не би требало да има никаква врска, доколку е неисправен и го приклучиш на микроконтролер големи се шансите да го оштетитш микроконтролерот
доколку се е исправно ќе работи и без микроконтролер, само програмата која ја користиш ќе ти појавува грешка при запишување
-
Ме буни сега ова жолтата ЛЕД, не би требало да свети според проектот, иначе кога треба та да свети ?
-
незнам кога треба да свети, мојот е без лед диоди пошто секој додаток трга струја, струја која компјутерот на серискиот порт тешко може да ја испорача
-
Ова МCLR шо претставува, во програмата (IC prog) шо ја користам има Хардвер Тест, кога ке го штиклирам то, се гасат црвената и жолтата, а се пали зелената. Така треба да биди, или кажи шо треба да измерат, кој пинови.
-
А го проба ли дали работи? Да не збориме за џабе, земи програмирај некој пик, може си е добар програматорот...
-
Него пробав дали работи оти неам никаков пик ... понеделник ке одам до алфа и ке земам, ама дека во проектот пиши дека треба само црвената да свети то ме буни.
-
MCLR е 13V програмски напон, кога тој напон ќе се донеси на пинот од микроконтролерот кој е означен со тоа, тогаш микроконтролерот влегува во програмски мод, доколку овај напон е помал од одредено ниво (најчесто 8V) микроконтролерот не може да влезе во тој програмски мод.
Некои програматори користат LVP тоа програмирање со мал напон, поточно кај пиковите има еден пин кој е означен со LVP кога на овај пин при програмирање ќе се донесе 5V тогаш на MCLR пинот не мора да има 13V, може да се и 5V, но ако го поставите вака микроконтролерот, тогаш тој пин назначен со LVP нема да можите повеќе да го користите :).....
симни WinPIC PIC programmer
во него има можност да со штиклирање си избериш кој сигнал да ти го даде на излез ( за тестирање) можеш поединечно да го уклучуваш 13V 5V clock и data (не сум сигурен за последново)
-
Здраво јас сум нов на форумов и сакам да го правам JDMпрограматорот што е постиран од борче и сакам да прашам зошто е тој џекот со 10пинови ако сака некој да казе благодарам однапред?
-
Здраво јас сум нов на форумов и сакам да го правам JDMпрограматорот што е постиран од борче и сакам да прашам зошто е тој џекот со 10пинови ако сака некој да казе благодарам однапред?
Таму се приклучуваат адаптери односно подножја за пикови кои не можат дирекно да се стават на 18-пинското подножје кое е на плочката - што значи, на пример ако не планираш да програмираш поголеми пикови можеш слободно да го изоставиш тој „џек“. ;)
-
па кога ги гледаш на адаптерите се машки пиновите и на џекот се машки како тогаш ги поврзува?
-
па кога ги гледаш на адаптерите се машки пиновите и на џекот се машки како тогаш ги поврзува?
На сликите нема прикажано адаптер за тој конектор.
Тие адаптери што се на сликите се приклучуваат на 18-пинското подножје
Тој конектор (10-пинскиот) можеш да го користиш во случај да си направиш ти подножје што ќе го приклучиш таму, на пример за некој ЕЕПРОМ или сл..
-
јас имам изработено 2 типа на адаптери за вакво тип на програматори (поточно може да се користат за сите типови на програматори)
еве да видиш
ова е најновата верзија
http://elektronika-mk.net/index.php?topic=340.msg61542#msg61542 (http://elektronika-mk.net/index.php?topic=340.msg61542#msg61542)
имаш кога ќе го симнеш и отвориш со Sprint Layout 5.0 ќе видиш внатре има некој објаснувања
-
Здраво, зедов да програмирам PIC12F675 микроконтролер откако ке заврши пренесувањето на хекс фајлот ( откако ке се наполнат тие цртичките ) а на програматорот свети зелената лед излегва прозорче и вели : No "Oscilator Calibration Value" found. Do you want to use the value from file (3FFFh) instead ? . Па тој шо знај нека помага оти прв пат програмирам.
Споено мислење: 09.01.2012, Monday, 12:12:05
А кога го приклучив програматорот на пц со микроконтролерот на него не светеше ниедна диода, а ако го нема програматорот свети црвената шо е дека му иди струја и шолтата за такт.
-
Си ги избришал калибрациските битови, пред да почне програмирањето ти дава едно прозорче кај што треба да стиснеш No, ако кликнеш Yes се бришат, ти изгледа си стиснал тоа. Побарај на форумот имаше негде како се враќаат, ама не е баш едноставно, ќе се помачиш малце.
-
Кај ке ги најдам жити се, некоја насока во која локација да барам.
-
Имаш опција Пребарај, користи ја...
-
прашај некој кој има PicKit2 дали ќе сака да ти помогне, мислам дека кај него имаше можност да се вратат назад тие калибрациони битови
не сум сигурен, но мислам дека имаше
-
ако е 1 микроконтролер нема што да се замара да ги враќа битовите, ако се работи за повеке, е тогаш во ред.
-
Еден микроконтролер е само, ама како шо рече Гига дека илегвало прозорец со Јес и Но и требало Но да се прицни нема врска то. Јас ја зафркнав работата со тоа што микроконтролерот го кладов во лежиштето на друга и обратна локација, изгледа поради тоа е.
-
можно е да е расипано :)
а дали софтвеорт го препознава чипот ?!
ако го препознава може да се замени пак тој калибрационен бит, ако не го препознава џабе ти е :)
-
Па ваљда го препознава, а програматорот можи да е оштетен нешто ?
-
се разбира дека може да се оштети пошто тој е многу осетлива работа
-
Значи зедов нов микроконтолер, го поставив точно на лежиштето, прицкам F5 излегва прозорче: Do you want realy to programing this microkontroler. Има Yes и No, мавам Yes, се полнат едни цртички и пак вади и ми вели : No "Oscilator Calibration Value" found. Do you want to use the value from file (3FFFh) instead ? . До шо да е ова ако знај некој ?
-
со која програма работиш ?
кој софтвер го користиш IC-Prog или некј друг ?
-
No "Oscilator Calibration Value" found. Do you want to use the value from file (3FFFh) instead ?
Чим ќе ти го даде ова обавезно стисни No и ќе си продолжи програмирањето најнормално, ако стиснеш Yes пак ќе ги избришеш калибрациските битови.
-
IC-prog го користам, иначе ке пробам ко шо вели гига, се надевам дека ке се испрограмира.
Споено мислење: [time]12 Јануари 2012, 22:23:46[/time]
Сега пробав ама пак излегва онај прозорецо шо кажва дека програмирањето е неуспешно.
Споено мислење: 14.01.2012, Saturday, 03:30:12
Тукушто пробав, и со програматор врзан на ПЦ и без него, во IC-prog опциите како што се Избриши,Програмирај и Прочитај се извршуваат исто ( како да кажва дека е врзан програматорот и се програмира ). И без микроконтролер и програматор пак го вади она со калибрациските битови, сеа кој калибрациски кога ни програматор нема поврзано а камоли микроконтролерот, па изгледа нешто не функционира како шо треба.
-
може некој да ми каже што значи ова нешто и што точно можиш да програмираш :) :) :)
-
Може да се програмираат микро контролери од производителот Microchip, и незнам дали може да се програмираат некои мемории. исто овој програматор се поврзува на сериската порта од компјутерот...
-
за тоа знам дека се поврзувам со компјутер ме интересира што можеш да програмираш
-
за тоа знам дека се поврзувам со компјутер ме интересира што можеш да програмираш
Може да се програмираат микро контролери од производителот Microchip, и незнам дали може да се програмираат некои мемории. исто овој програматор се поврзува на сериската порта од компјутерот...
може да се програмираат микроконтролери од фамилијата PIС
-
за тоа знам дека се поврзувам со компјутер ме интересира што можеш да програмираш
Земи малку побарај постари постови на Форумов ,има надолго и нашироко опишано што ,како и зошто се програнира на програматориве.
-
Здраво на сите јас сум нов на форумот :D
Го имам напраено ЈДМ програматорот
- Користам ИЦ прог ( сетиран по туторијалот од форумот)
Кога ќе го поврзам и кога ќе изберам Read чита и објавува нули... Претходно испрограмиран пик исто така јавува нули, а кога е празно лежиштето од програмерот тогаш појавува 3ФФФ...
Никако да започнам со програмирање на пикот... Се појавува проблем при верификација 000h
Некој со сличен или ист проблем?
-
Програматорот го поврзуваш на сериски порт или на USB to Serial Converter?
Ако е вториот случај, може да има проблеми.
-
Програматорот го поврзуваш на сериски порт или на USB to Serial Converter?
Ако е вториот случај, може да има проблеми.
Пробав прво го поврзав на сериски порт дб9 потоа на сериски дб25(мислам дека 25 беше онај што е поголем како што е оргинална шемата) али несака да проработи..
-
Ако можеш постави шема од програматорот и слика од тоа што ти го имаш направено, па да видиме подобро.
Инаку DB25 конекторот е паралелен (LPT) порт, веќе долго време не се користи таков конектор за сериски порт.
-
Ако можеш постави шема од програматорот и слика од тоа што ти го имаш направено, па да видиме подобро.
Инаку DB25 конекторот е паралелен (LPT) порт, веќе долго време не се користи таков конектор за сериски порт.
Цртана ми е плочката во Sprint Layout 5.0 јас планирав да го ставам проектот можеби некој не ќе мораше да црта, да губи време, но кога увидов дека не работи.... се предомислив :D Нема проблем ке поставам слика исто така и проектот.
Исто така што заборавив да кажам на сериски порт при активиран клок (хардвер тест) вадеше околу 8 волти и затоа го променив на паралелен порт...
-
На кој оперативен систем работиш?
-
На кој оперативен систем работиш?
Win XP ... Мислам дека е во ред бидејќи го имам активирано и онаа опција што е во options-misc
-
Во тој случај, би требало да е се во ред со софтверот. Проблемот е најверојатно некоја грешка во програматорот.
-
провери си го хардверот, овај проблем се појавува при неправилно поврзување, неправилни елементи и слично, не можи да воспостави врска ...
јас имам еден JDM кој редовно го правам (што за поклон што за продажба..) до сега промаш ми немал :D
ако не успееш да го направиш ќе ти пратам во sprint layout да си го испечатиш
-
провери си го хардверот, овај проблем се појавува при неправилно поврзување, неправилни елементи и слично, не можи да воспостави врска ...
јас имам еден JDM кој редовно го правам (што за поклон што за продажба..) до сега промаш ми немал :D
ако не успееш да го направиш ќе ти пратам во sprint layout да си го испечатиш
Благодарам за заинтересираноста да ми помогнете,
ако не е проблем дали ќе можеш да ми ја пратиш шемата во спринт?
-
Вака изгледа мојот uJDM (микро јдм) програматор што го користев порано. Сега користам PICkit2.
(http://i1072.photobucket.com/albums/w368/zzaann/uJDMProgrammer_zpsc30a7e5c.jpg)
Споено мислење: 05.01.2013, Saturday, 16:06:01
Шема и изглед на плочка.
-
Вака изгледа мојот uJDM (микро јдм) програматор што го користев порано. Сега користам PICkit2.
(http://i1072.photobucket.com/albums/w368/zzaann/uJDMProgrammer_zpsc30a7e5c.jpg)
Споено мислење: 05.01.2013, Saturday, 16:06:01
Шема и изглед на плочка.
Борчам ПИЈАЧЕ :D
Благодарам :)
-
Еве ти ја и плочката од првата страна нацртана во sprint layout, спремна за печатење, проверена е и практично, работи 100%.
Иначе ако си направиш пиккит2 клон, ќе си заштедиш многу маки во иднина... ;)
-
Благодарам средив работа со програматорот што ми го испрати Зан, едноставен, лесен за изработка и што е најважно фукнционален!
Поздрав
-
и јас го направив овај програматор од жан, но кај мене не работи, кога го ставам програматорот лед сијалличката свети, но програмата не го препознава програматорот, и ми пишува pic not connected. да не знае некој што би можел да биде проблемот. баш сега пробав со winpic800, овде го препознава пикот но не може да се програмира .
-
Програматорот работи на Windows XP 100%. Може да имаш проблем со некој неиспавен или погршно поставен дел, спој или прекин на водовите на плочката или несоодветен кабел за сериски порт.
-
прво ги бев поставил зенерката и 1н4148 погрешно т.е. обратно ;D но потоа им ги сменив местата, сега е ок конструкцијата, го проверив со лупа нема нигде спој, можеби не сака бидејки пробав од windows 7?. утре ке пробам на win xp па ке видам што како. :)
-
Не ми е јасно зошто БорчеБТ користи друго подножје со 18 пина и плус транзистор и отпорник кога веќе има 18 пинско подножје на плочката на јдм програматоров објавен во првиот пост.ја направив плочката од ЈДМ,сакам да направам и друга плочка на една да бидат сите адаптери и ги поврзам со оваја главнава па ме збуни ова со пиновиве и оваја 18 и другава 18 зошто вака.
-
http://elektronika-mk.net/index.php?topic=340.msg97416#msg97416 (http://elektronika-mk.net/index.php?topic=340.msg97416#msg97416)
тука имаш повеќе видови на подножја цртани во SprintLayout 5.0
-
Не ми е јасно зошто БорчеБТ користи друго подножје со 18 пина и плус транзистор и отпорник кога веќе има 18 пинско подножје на плочката на јдм програматоров објавен во првиот пост.ја направив плочката од ЈДМ,сакам да направам и друга плочка на една да бидат сите адаптери и ги поврзам со оваја главнава па ме збуни ова со пиновиве и оваја 18 и другава 18 зошто вака.
Микроконтролерите кои имаат вграден осцилатор (на пример PIC16F628) после првото програмирање ја започнуваат работата на програмата и неможе повторно да се програмираат преку JDM. Затоа јас конструирав специјален адаптер кој содржи транзистор кој ја блокира работата на програмот (микроконтролерот го држи во ресет) за да може да се програмираат овие типови на нови микроконтролери. Оригиналниот JDM програматор ја нема оваа можност и затоа веќе не го користат ама со овие адаптери може сеуште да се користи. Овие адаптери иначе ги има прикажано само овде пошто се мој дизајн.
-
Фала БорчеБТ го изработив овај програматор и еден од адаптерите на девил бидеќи се сите подножја на една плочка и успешно функционира,испробано веќе со 16ф84,и 16ф628.и со овај програматор би го препорачал winpic800,бидеќи сам го детектира кој пик микроконтролер е ставен за програмирање,но сепак кој како е навикнат,важно брка работа позз.
Споено мислење: [time]18 Октомври 2014, 15:00:27[/time]
Еве како излезе во кутивче ЈДМ - кутија од далинско од стар аналоген ресивер.
(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/0x4E4F001/Pt9UKpu.jpg)
-
Па може некому да притребува...
http://postimg.cc/gallery/1bok4xuwm/
-
Нищо пари а много работа ми свърши
http://sigma-shop.com/manuals/jdm_manual.pdf
Па това че лепим-клепим.. некогаш! Универсальный программатор для микроконтроллеров PIC и AVR http://meandr.org/archives/25832
-
Го има некој изработено последниов програматор?
Како се покажал,сакам и јас да го изработам?
-
Многумина го имаат направено и добро функционира, иако е веќе застарен, подобро направи си го пик-китот...