Author Topic: Дали е сеуште активно радио аматерството?  (Read 2315 times)

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12890
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Дали е сеуште активно радио аматерството?
« Opened on 18.06.2014, Wednesday, 06:48:47 (Edited 18.06.2014, Wednesday, 07:04:48) »
Не мислев дека ќе отворам ваква тема, но еве...

Не сакам да бидам сватен погрешно, немам ништо против сите оние кои сеуште работат и придонесуваат на ова на поле, ама... со денешниве начини на комуникација, некако... не знам, не гледам поента. Не викам дека треба да се заборави овој начин на комуникација, но навистина ме интересира, дали сеуште има луѓе кои се активни на ова поле? Знам дека ги има, но колку се? Двајца, тројца, петторица ???.

Порано, можеби и бил единствен начин на комуникација, но сега... некако не гледам поента... освен ако не може да разменам бинарен сигнал на овој начин, бидејќи веќе се е бинарно, некако не гледам поента да кажам „еј, знаете што, направив муабет со некој од Нов Зеланд“. Секој ден илјадници луѓе прават муабет со некој пријател или некој нивни близок од Нов Зеланд и тоа не е ништо ново. Е, ама ако тоа си го направил со твоја опрема и антена, е тоа е... подвиг ???.

Од моја гледна точка, аналогниот начин на комуникација е мртов и нема да се врати. Имаше предности, но за жал... мртов е. Полека но сигурно, умира. И јас сум поборник за аналогните начини на комуникација (сметам дека определени начини на комуникација треба бескомпромисно да останат аналогни), но... за жал, светот не мисли така.

Пред некој ден здогледав еден мој соработник како гледа фудбал на неговиот телефон... а на буквално 10 метри од него имаше телевизор. Го прашав „зошто гледаш фудбал на телефон, ене ти ти телевизор“... ми одговори „... кој ќе станува сега...“.

Мое лично мислење: Луѓето стануваат се по мрзливи и по мрзливи. Оние кои комуницираат на овој начин (аналогно, преку антени и слични „орудија“ - се извинувам за изразот, повторно, не сакам да бидам сватен погрешно) ќе бидат сметани за „одметници“ (freaks). Ова нема да го диктираат големите фирми и компании производители на оваа цела плеада на модерни уреди... ова ќе го диктираат оние кои се поддржувачи на тие компании и производители (човечкото око е незаситно). Во превод, сите „обични смртници“. Сите оние кои ги гледате со телефоните во раце како гледаат youtube, сите оние кои го сметаат за предност фактот дека „сум достапен секаде, во секое време, на секоја мрежа“... а по некое време, овој број на луѓе ќе биде 90% од светската популација... ако не и повеќе.

Совет: Не сакате да згасне аналогниот начин на комуникација? Сакате да постојат луѓе кои ќе го продолжат тој начин на живот? Борете се за тоа. Да бидеме искрени, кај и да е ќе згасне. Ако не за 10, 15, 20 години... за неколку децении, ќе згасне сосема. Постарите поради X причини нема да го пренесат знаењето на помладите, оние кои се помали ќе бидат преокупирани со текови проблеми за да го применат она нешто ситно што го научиле од постарите, и по некое време... аш. Дур да трепнеш, никој нема да знае што е тоа AM... или ќе се смеат во стилот на „па ова го учев во прва година средно“... само спомнато како историјат, ништо повеќе од тоа.

Ќе ви дадам еден пример, како може да се „убедат“ моќниците да ја почитуваат вашата волја: Пред 2002, 2003-та година, Телеком (T-Home) беше единствен интернет провајдер во Македонија. Нудеа само dial-up и ISDN интернет конекции до корисниците. Во 2002, поради се поголемата побарувачка за bandwidth од страна на корисниците, иако им немаше конкуренција, почнаа да ги нудат привите ADSL пакети за корисниците. ISDN почна да умира и во МК (во светот веќе одамна беше мртов, ама во Македонија... како што знаеме, споро се движат работите). Првите пакети нудеа неоганичен (без лимит) bandwidth со спецификации: 256kbps downstream, 64kbps upstream (можно е да грешам, не сум сигурен околу спецификацииве, но не мислам дека се разликуваа драстично). Пакетите беа прилично скапи, по 2500 денари месечно (или тука некаде, плус или минус 500 денари). Корисниците на ADSL пакетите (поточно, пакетот) почнаа да ги „јадат“ линковите на Телеком. Филмови, музика... што се не се разменуваше. Во тој период, дури и провајдерите, сеуште плаќаа по GB сообраќај (не како сега, по bandwidth). Телеком ја увиде грешката која ја направија. Не го предвидеа ова. Договорите беа на 2 години, но во самите договори пишуваше дека Телеком им нуди неограничен интернет со декларираната брзина на корисниците на ADSL пакетите. Без разлика, Телеком решија да го прекршат ова правило. Воведоа 50GB bandwidth лимит (можно е да беше повеќе или помалку, не ме земајте за збор) за сите корисници на ADSL конекциите. Корисниците се побунија бидејќи во договорите им беше наведено: негограничен интернет за фиксен bandwidth. Имаше тужења, судови, судници, ретко кој од адвокатите или судиите знаеше што е тоа bandwidth, а камо ли нешто повеќе ::)... ова траеше неколку месеци и Телеком не сакаа да попуштат. И наеднаш... Телеком излегоа со јавна изјава дека за сите стари корсници, кои веќе ги имаат потпишано договорите, ќе важи правилото за неограничен bandwidth, но за новите, истото правило нема да важи, при што во договорот ќе биде сменета каузулата за неограничен bandwidth. Знаете што ги натера на овој чекој ;) ;D? Три DDOS напади кои им ги бутнаа серверите и цела Македонија немаше интернет цели три дена по ред по секој напад. This wasn't a big deal back then, тогаш немаше секој Македонец дома интернет конекција, така да, многу малку луѓе дознаа за овие напади. Повеќето мислеа „аааа... пак е пребукирана мрежата на Телеком, не може да добијам IP“. Телеком сватија дека по некое време, некој ќе „сконат што е муабетот“, дека не може да си ги држат серверите стабилни и дека има „фаци“ во Македонија кои може индиректно да ги натераат да се покорат на нивните желби... во споредба со месеци судски спорови ::).

Мислам дека слични „гестови“ треба да се направат и во однос на радио аматерството. Да и се стави на јавноста на знаење дека оваа технологија не е мртва. Hint: Ако еден емитува пиратски сигнал или попречува радио сообраќај, ќе го фатат. Ако ова го прават сототици... нема шанси (практично гледано има, но... ајде фати ги сите ;D). Само треба да бидете обединети ;). Една овца не прави стадо ;).

Нека не ве обесхрабрува ситуацијата околу вас. Секоја промена во моменталните општествени рамки се гледа како „напад“ на општествениот поредок. Ќе го дадам како пример правото за гласање на жените. Порано, такво нешто се едначело со богохуљење... „како може една жена да има исти права како мене, маж“. Но сега, сосема нормално е ако се види жена зад гласачка кутија ;). Секој чекор напред бара определени жртви. Да не ги споменувам нашите преродбеници и револуционери (иако дел од нив можеби се превртуваат во гроб сега, но... ако не повеќе барем имале добра замисла ;)).

ПС: Ако грешам околу радио аматерската ситуација во Македонија, па и пошироко, околу се она што претходно го пишав, однапред се извинувам. Не се разбирам во радио техника.

Во секој случај, се надевам дека барем на некој му вадхнав надеж за било што што смета дека треба се смени ;).
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline Z3nesto

  • Ентузијаст
  • **
  • Posts: 83
Пишував пола час и на крај го избришав одговорот :) и сега ме мрзи да пишувам пак од почеток,затоа ќе скратам.

@GigaWatt Ми се допадна твојот напис. Радиоаматерството се обидува да се помрдне од „мртва точка“ и се надевам дека ќе се успее.
Јас се активирав после 6-7 години пауза и верувај дека кога пред 2 дена уклучив радио станица се почувствував исто како пред 18 години кога прв седнав да одржувам врски со светот. И секој пат тоа чувство (барем кај мене) е исто.

Радиоаматерството имаше свој подем кога беше мода во Скопје да имаш радиостаница. Во принцип тоа беа цели фамилии, или другари кои користеа симплекс фрекфенции за да се слушаат со баба и дедо, со другарите за излегување и сл.

Денес џабе ќе се најавуваш дека си уклучен на репетитор, затоа што и тие што те слушаат знаат да го повикуаат дедо, баба, мама, тато... За нив е ирелевантна информацијата дека ти си уклучен, дека се јавуваш од (можеби) позади очите на Господ и дека можеби ти треба и некоја помош. (Пред 20 и кусур години, радиоаматер од Тетово со џип спасуваше деца од планинарски дом на Китка, на свој трошок и никогаш не побара ништо, благодарноста кон него стигна отпосле со тоа што му забранија да работи затоа што не обновил дозвола на време и не доби позитивно мислење од полиција за да добие дозвола за набавка на радиостаница и дозвола за работа - во едно дамнешно време и тоа требаше, чаршиските кодоши да кажат дека си добар човек за да добиеш некаква си потврда за да купиш радиостаница).

Реално класични курсеви веќе не постојат и се се сведува на тоа да се иде на натправар (најчесто во 8мо одделение) да се освои награда и да се аплицира за стипендија. И сето тоа благодарение на амбициозни родители и нивните „кој ќе станува сега“ деца и се се завршува тука.

Да не збориме дека ова е и скап хоби. Исто како вицот, спонзорушите слушнаа колку чини еден трактор па веќе BMW не ги интересира :)

Не е веќе модерно ти да си фраер затоа што си научил нешто за антени, за транзистори и диоди, за радио станици, затоа што си останал до 4 сабајле и 1000 пати си го повтори својот повикувачки знак за да те слушне некоја си Grecia во Венецуела. Денес е модерно да и го најдеш фејсбукот на Grecia и да ја манијачиш (која патем е ептен згодна женска ;) ) а не да ја прашаш колку ја чинела изработката на антени затоа што за секој банд девојката има 3-6 елементни Yagi антени. Ти си фрик, асоцијален (затоа што не малтретираш со нив некоја „бубалица“), будала си и си го трошиш времето.

Може многу да се коментира на оваа тема... Она што го знам за сигурно е дека радиоаматерите се обидуваат да се помрднат од мртва точка и да се вклучат во институциите кои реално би можеле да имаат бенефит од ова хоби и неговите фанатици :)

Мене ми требаа 3 дена да добијам дозвола за работа и повикувачки знак. Сепак некој некаде имал слух и ја олеснил работата, останува да се обучуваат луѓе, да не се плашат затоа што не е само AM, SSB и CW за работа на радио станица.

Се користат веќе неколку дигитални модови за работа, најчесто кај EME и MS врски - за ова друг пат, затоа што имам доста пропуштено од новите часови за радиооператорство :)

Како резервна варијанта аналогниот начин на комуникација никогаш нема да умре.

Радиоаматерството е активно, само до кога?!

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6340
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Не само вицот за спонзорушите и DX-ing преку FB од далечни земји, има и многу други примери. Порано каде и да патував низ Европа си носев радивце со среднобранов тјунер за да слушам навечер радио Скопје, и да бидам во тек со збиднувањата во мојата држава. Имаше и мртви зони, имаше и фединг, имаше и интерференција но сепак нешто ке разберев :) Ајде некаде имаа и сателитски антени па си гледав MKTV SAT за да бидам во тек. Сега времињата се тотално променети. Сега потребен ти е мобилен телефон и пристап до интернет кој го има речиси насекаде. Се конектираш и слушаш радиа од Скопје, и цела Македонија, гледаш телевизија во живо исто преку интернет. Барем нема фединг, интерференции, и мртви зони. Претпоставувам дека исто ке биде и со радиоаматеризмот. Сметам дека мобилната телефонија и интернетот придонесоа за сево ова.
Доколку се уќине аналогниот сигнал во радиоаматерството тоа воопшто нема да ми се допаѓа, а за жал можно е и тоа да се случи доколку производителите на радио станици одлучат да произведуваат станици исклучиво за дигитална емисија на сигнал. Тоа може да се случи доколку ЕУ им наложи (исто како и со аналогната терестијална и сателитска ТВ, и исто како со АМ, SW, LW радиото) на производителите да произведуваат само такви станици за европскиот пазар. Не мора да е ЕУ, може да е светската радиодифузна унија.

Друго нешто, не мора да си радио ентузијаст и да мора да си радиоаматер, може си ентузијаст по ФМ/АМ предаватели. Кај нас таквите ентузијасти се потиснати и не смеат да работат бидејки и 1mW не е дозволен да се емитува без дозвола, додека во некои други држави сосем легално е да се емитува до 10W во урбани средини и 100W во рурални места. Тие ги нарекуваат непрофитабилни локални радиа. Често пати таквите радиа имаат по интересна содржина од комерцијалните и им се сериозна конкуренција. Зошто агенцијата за електронски комуникации (АЕК) не го разгледа ова па и да го спроведе и кај нас?
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12890
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Ти си фрик, асоцијален (затоа што не малтретираш со нив некоја „бубалица“), будала си и си го трошиш времето.

Токму ова ми беше поентата. И ова не важи само за радиоаматерството, важи општо, за секое хоби или наука за која многу луѓе викаат дека „веќе нема поента да се работи на тоа поле“. Темата не беше насочена само кон радио аматерството... можеби така почна и најмногу е поврзана со радио аматерството, но имав намера да и дадам и малку по општо значење (конкретно, електрониката и се што е поврзано со неа).

Како резервна варијанта аналогниот начин на комуникација никогаш нема да умре.

Токму тоа е и проблемот. Како резервна варијатна... ова значи дека ќе смее да се користи само кога сите останати начини на комуникација ќе откажат. А кој ќе ги обучува и образува оние лица кои ќе треба да работат со онаа аналогна опрема која ќе се користи како резервна варијанта? На крајот пак ќе се сведе обуката само на воени и полициски лица. Ајде, еве сега сеуште има луѓе кои се разбираат и знаат како функционира аналогната опрема, кои и се предности, недостатоци, „цаки“, итн. Што правиме за 10, 15, 20 години од сега кога и тие луѓе ќе бидат престари или можеби нема веќе да бидат меѓу нас?

Не знам колку сте свесни, но многу голем дел од луѓето не знаат како функционираат мобилните телефони. Извршете една кратка анкета на улица. Поголемиот дел од одговорите кои ќе ги добиете ќе бидат во стилот на „па сателит ми го порвзува разговорот со оној на кој му вртам“. Општо, со сета оваа модерна технологија, луѓето се повеќе заглупавуваат и не се интересираат како нешто функционира... додека функционира, се е одлично, никој не се интересира. Кога ќе престане да функционира, сите дигаат паника и очајно се обраќаат кон оние кои знаат како се тоа функционира.

Поентата ми е дека мора назад да си го вратите статусот кој сте го имале пред неколку децении. Мора да си го вратите назад „просторот за дишење“, за експериментирање, за унапредување на вашето знаење.

Мислам дека предлогот на DX-er не е лош и дека треба да се разгледа. Од сегашен аспект, на ова се гледа како радио пиратство, но сметам дека не е лош предлогот. Зошто само еден радио медиум да добива бесплатна лиценца секоја година (по default, ја добива студентско радио)? Зошто да има толку ригорозни казни за обично експериментирање? Сметам дека овие прашања треба да се покренат не само пред АЕК туку и пред СРД. Но треба да бидат поставени од правилните луѓе. Нема да имаат ефект ако бидат поставени од „обични смртници“ (луѓе кои не се инволвирани во радио техниката). Радио аматерите, оние се тие кои треба да ги покренат овие прашања. Ако и радио аматерите не бидат ислушани, треба да си најдете адекватен начин за протест (прочитајте го примерот со Телеком од првиот post ;)).
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Да ви одговорам јас на сите тројца по ред: ова што Вие тројцата сега го заговарате ,јас го *бабакав* пред 10 години ( и повеќе). Со Бубе од Битола ,кој е велешки зет и  имаше дури и опција да се пресели во Велес,неколку пати разговаравме и за активирање на радио-клубот во Велес,зашто имам и дозвола и барање на неколку институции во Велес.Но,проблем е што нема заинтересирани ( барем 10 луге!).Дури и за простории ке средам,опрема имаме,намештај... Но,ако треба  тоа да го работам само за себе,а други да гледаат сеир,е не ми треба тоа.
Најголемиот проблем не се средствата и финансиите,туку ентузијазмот и желбата.Сегашниве генерации размислуваат како Гига Ват( ;)) и тоа е реалност.Но,друга работа е битна- токму овие генерации не се заинтересирани за техника и техничката култура ја сведуваат со учење на компјутерот и мобилниот. Ја пратев целата ситуација во врска со поплавите во Босна и Србија.Радио-аматерите беа активни и тие беа главни носители на многу пораки,извештаи,во кризните ситуации,кога немаше струја,мобилните беа неми,немаше компјутери.За,жал ,реалноста е поразителна кај нас,кога само два -три клуба се активни ,неколку поединци ,нема RMZO мрежа... Треба ли и нас да не снајде таква непогода па да сватиме дека треба да имаме радио-аматери?И многу поразвиени земји инвестираат во радио-аматеризмот и знаат дека мораат да имаат *златна резерва*.И УСА и Русија восвоите војни структури имаат телеграфисти,телепринтеристи.Не е тоа бадијала.
За комерцијални радија  мислам дека сме далеку од реалност,бидејќи веднаш би преминале во* фејзбук-клубови* или * поздрави и честитки* радија.Во Скопје имаше едно такво радио во една Гимназија,ама  на крај многу неславно заврши. 8)

Offline nsu

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1306
Одг: Дали е сеуште активно радио аматерството?
« Reply #5 on 18.06.2014, Wednesday, 17:57:11 (Edited 21.07.2014, Monday, 21:57:30) »
Да ви одговорам јас на сите тројца по ред: ова што Вие тројцата сега го заговарате ,јас го *бабакав* пред 10 години ( и повеќе). Со Бубе од Битола ,кој е велешки зет и  имаше дури и опција да се пресели во Велес,неколку пати разговаравме и за активирање на радио-клубот во Велес,зашто имам и дозвола и барање на неколку институции во Велес.Но,проблем е што нема заинтересирани ( барем 10 луге!).Дури и за простории ке средам,опрема имаме,намештај... Но,ако треба  тоа да го работам само за себе,а други да гледаат сеир,е не ми треба тоа.
Најголемиот проблем не се средствата и финансиите,туку ентузијазмот и желбата.Сегашниве генерации размислуваат како Гига Ват( ;)) и тоа е реалност.Но,друга работа е битна- токму овие генерации не се заинтересирани за техника и техничката култура ја сведуваат со учење на компјутерот и мобилниот. Ја пратев целата ситуација во врска со поплавите во Босна и Србија.Радио-аматерите беа активни и тие беа главни носители на многу пораки,извештаи,во кризните ситуации,кога немаше струја,мобилните беа неми,немаше компјутери.За,жал ,реалноста е поразителна кај нас,кога само два -три клуба се активни ,неколку поединци ,нема RMZO мрежа... Треба ли и нас да не снајде таква непогода па да сватиме дека треба да имаме радио-аматери?И многу поразвиени земји инвестираат во радио-аматеризмот и знаат дека мораат да имаат *златна резерва*.И УСА и Русија восвоите војни структури имаат телеграфисти,телепринтеристи.Не е тоа бадијала.
За комерцијални радија  мислам дека сме далеку од реалност,бидејќи веднаш би преминале во* фејзбук-клубови* или * поздрави и честитки* радија.Во Скопје имаше едно такво радио во една Гимназија,ама  на крај многу неславно заврши. 8)
Многу убаво кажа батка радиаматеризмот никогаш нема да запре.Според мене радиоаматеризмот е многу нешто интересно.Баталете ФБ.Ова е сосема друго нешто.
Quote
За комерцијални радија  мислам дека сме далеку од реалност,бидејќи веднаш би преминале во* фејзбук-клубови* или * поздрави и честитки* радија.Во Скопје имаше едно такво радио во една Гимназија,ама  на крај многу неславно заврши. Ладен
Батка да не мислите на радиото што го имале во Орце Николов.Тоа порано било и електро училиште. ;D.Ако грешам поправете ме.
Кога си на дното во животот ќе дознаеш колку малку пријатели имаш

Offline Z3nesto

  • Ентузијаст
  • **
  • Posts: 83
@batka од извори блиски до некои институции знам дека сериозно се спрема РМЗО и ништо чудно најдоцна за година дена да се направи и некоја поголема вежба.

Точно е дека Русија и Америка чуваат телеграфисти и телепринтеристи во своите армии. Незнам за Америка меѓутоа Русија пред 10тина години сеуште активно обучуваше телеграфисти во армија и околу 50% од врските почиваа на аналогна комуникација.
Чисто за споредба, вчера додека имаше невреме во Велес мојот мобилен немаше мрежа :) додека во таква ситуација R7 е секогаш достапен, од Велес дури и со рачна радиостаница.

Offline nsu

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1306
Одг: Дали е сеуште активно радио аматерството?
« Reply #7 on 18.06.2014, Wednesday, 18:19:44 (Edited 18.06.2014, Wednesday, 18:42:43) »
@batka од извори блиски до некои институции знам дека сериозно се спрема РМЗО и ништо чудно најдоцна за година дена да се направи и некоја поголема вежба.

Точно е дека Русија и Америка чуваат телеграфисти и телепринтеристи во своите армии. Незнам за Америка меѓутоа Русија пред 10тина години сеуште активно обучуваше телеграфисти во армија и околу 50% од врските почиваа на аналогна комуникација.
Чисто за споредба, вчера додека имаше невреме во Велес мојот мобилен немаше мрежа :) додека во таква ситуација R7 е секогаш достапен, од Велес дури и со рачна радиостаница.
Така така ако ништо друго барем во временски непогоди се на помош.Еве скопскиот Р4 се фаќа и со 3 вати снага од местото каде јас живеам.Р7 е малце подалеку на солунска глава е.Р3 на пониква и доста други репетитори.Јако е чуството кога тастуваш и го отпушташ тастерот за предавање и репетиторот ќе ти врати со тон.И плус не за џабе е поговоркана на Американските радиоаматери When all else fails amateur radio works. ;D.Но за да ги фаќаш сите репетитори потребна ти е добра антена нормално.Сепак не е евтино треба да имаш и станици кои не се воопшто евтини.Им се восхитувам на тие кои имаат опрема за повише подрачја сепак доста и финансии потрошиле за тоа.
Кога си на дното во животот ќе дознаеш колку малку пријатели имаш

Offline Z31GH

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 714
  • Gender: Male
Одг: Дали е сеуште активно радио аматерств
« Reply #8 on 18.06.2014, Wednesday, 18:42:14 (Edited 18.06.2014, Wednesday, 19:19:01) »
Темата е за пофалба, секоја чест за гигават. Внимателно го прочитав секој пост и ќе се трудам да одговорам на начин како што јас ги гледам работите.
Според мене никој нема право на радиоаматерите да им го скрати правото на аналогнен сигнал. А со тоа и производителите на радиостаници ќе продолжат да произведуваат радиостаници кој емитуваат аналоген сигнал, поради тоа што тие фирми опстојуваат дека има радиоаматери. Во светот има околу 3.000 000 радиоаматери, не може туку така да им забраниш да работат. зрачењето на радиостаниците не е опасно, нема јонизирачко зрачење и со тоа нема опасност по здравјето. Е сега ова е најважното: Во денешно време радиоаматерите го негуваат ова хоби заради забава. Никој нема право да ти забрани начин на забава кој те исполнува. Гигават спомна интернет како начин на комуникација. Тоа е ок, и јас со радиоаматери контактирам и преку интернет. Но јас не го доживувам тоа како успех, преку интернет. Секој радиоаматер е исполнет кога ќе направи далечна радиоврска преку радиостаница, сам да си ја подеси фреквенцијата или да се помачи да улови некој радиоаматер во етерот, да се бори со пречките во сигналот, да ја подесува фино за да се слушнат чисто  Ете тоа е успех. Тоа не би било интересно кај дигиталниот мод, подесуваш само фреквенција на тастатура и готовооооооооооооооо. Тоа мене не би ми било интересно. Може ќе ме помислите будала, но радиоаматерите многу допринесоа во новите општества, на крај краева тие ја решија втората светска војна, со дешифрирање на кодирани врски, дешифрирањето на ЕНИГМА, шпионажата и така натаму. Не гледам никаква причина да ги откоренат радиоаматерите со некаква наредба дека не смеат да емитуваат повеќе аналоген сигнал. и не верувам дека то ќе се случи. Секоја година има се помалку и помалку радиоаматери, а тоа и светот малку го загрижува. Тие се секаде први, за време на војни, елементарни непогоди, спасувачки екипи и буквално сегде кога комуникациите на државата ќе откажат. Не се плашете нема никој да ја укине аналогната комуникација за радиоаматерите, тоа нема да се случи.

Со други зборови, радиоаматеризмот е хоби во ова време, никому не му пречи, не се заработува од ова, не е опасно по здравјето, на радиоаматерите ова му е забава и не верувам дека некој ќе се обиде тоа да го уништи, не би било во корист за никого
Hams do it! With Frequency

Offline Z3nesto

  • Ентузијаст
  • **
  • Posts: 83
Така така ако ништо друго барем во временски непогоди се на помош.Еве скопскиот Р4 се фаќа и со 3 вати снага од местото каде јас живеам.Р7 е малце подалеку на солунска глава е.Р3 на пониква и доста други репетитори.Јако е чуството кога тастуваш и го отпушташ тастерот за предавање и репетиторот ќе ти врати со тон..

Значи ти си тој што го таста R4 без зборење?! :D R3 е симнат ама треба да се врати на Пониква

Offline nsu

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1306
Одг: Дали е сеуште активно радио аматерството?
« Reply #10 on 18.06.2014, Wednesday, 20:50:38 (Edited 21.07.2014, Monday, 22:00:35) »
Епа тоа е ми беше мерак да видам дали работат стисни отпушти бам работи.Готово више не пробувам.Ви се извинувам ако сум сметал ;)
Кога си на дното во животот ќе дознаеш колку малку пријатели имаш

Offline Z31GH

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 714
  • Gender: Male
Nsu, штракаш, а? Да знаеш само колку се лутат радиоаматерите на тоа :) хахаха, пред 4 години прилепчани наместија 0 во Прилеп и јас примав одличен сигнал во Битола. По еден месец го исклучија репетиторот и до ден денес не е уклучен. Кога го прашав Z31PP оти е исклучен ми вели: "абе Љубе само штракачи го побудуваат репетиторот, од ум ме извадија Таа именка или поим штракачисе одомаќине кај нас радиоаматерите. За да не бидеш само штракач можам да ти помогнам или обучам за да положиш радиоаматерски испит. Ги имам прашањата, ра ако си заинтересиран кажи, ти стојам на располагање ;)
Hams do it! With Frequency

Offline Z3nesto

  • Ентузијаст
  • **
  • Posts: 83
Имаше еден радиоаматер пред 15тина години, знаеше сам да си прави муабет со штракачите.
Не поминуваш... Не, не те слушам.... Збориш ли воопшто?... Да не си во визба? :D

Offline nsu

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1306
Одг: Дали е сеуште активно радио аматерството?
« Reply #13 on 18.06.2014, Wednesday, 21:25:32 (Edited 18.06.2014, Wednesday, 21:28:55) »
Сигурно дека ќе полагам е сега кога ми кажавте вака се разочарав.Тоа дека ја поправав станицата.А немав фреквенцметар да видам дали осцилира па викам ај да пуштам па ако го копчам репетиторот ако не не.Тоа признавам го направив десетина пати во месец мај и нема више никад да го направам ради вакви штети што ви нанесувале.Не знаев дека има штракачи.Ау готово сум згрешил неколку пати више не.Ако чуете да штрака некој на Р4 знаете дека тоа не сум јас.Никогаш не сум сакал на некого да му одмогнам туку да му помогнам.Благодарам Z31GH ќе ве исконтактирам кога ќе полагам тоест пред тоа секако дека сум заинтересиран.Готово две недели не штракав и нема ни да штракам више.Јас тоа го правев еднаш дневно страв ми беше баш од ова да не се лути некој.Уште еднаш длабоко ви се извинувам дур не положам не пробувам ништо зошто само штета може да правам.Тоа го заклучив.Се извинувам на сите радио аматери на форумов :-[ :-[.Така да више штракање од мене нема никогаш да има да се разбереме јас не сум штракач но ете ме приметија само неколку пати што сум го направил тоа.Целта не ми беше да се зафркавам со некого туку само пробував дали работи станицата.Кога нема човек инструменти така е.Ме чуле само на Р4 станицата со појака ватажа не ми е наштелована а и не мислам да ја правам нормално дур не положам значи не во брзо време.Мислам не сега одма но ќе биде.Така да од мене такви работи нема да се прават више.  73
Кога си на дното во животот ќе дознаеш колку малку пријатели имаш

Offline Zan

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 883
Сигурно дека ќе полагам е сега кога ми кажавте вака се разочарав.Тоа дека ја поправав станицата.А немав фреквенцметар да видам дали осцилира па викам ај да пуштам па ако го копчам репетиторот ако не не.Тоа признавам го направив десетина пати во месец мај и нема више никад да го направам ради вакви штети што ви нанесувале.Не знаев дека има штракачи.Ау готово сум згрешил неколку пати више не.Ако чуете да штрака некој на Р4 знаете дека тоа не сум јас.Никогаш не сум сакал на некого да му одмогнам туку да му помогнам.Благодарам Z31GH ќе ве исконтактирам кога ќе полагам тоест пред тоа секако дека сум заинтересиран.Готово две недели не штракав и нема ни да штракам више.Јас тоа го правев еднаш дневно страв ми беше баш од ова да не се лути некој.Уште еднаш длабоко ви се извинувам дур не положам не пробувам ништо зошто само штета може да правам.Тоа го заклучив.Се извинувам на сите радио аматери на форумов :-[ :-[.Така да више штракање од мене нема никогаш да има да се разбереме јас не сум штракач но ете ме приметија само неколку пати што сум го направил тоа.Целта не ми беше да се зафркавам со некого туку само пробував дали работи станицата.Кога нема човек инструменти така е.Ме чуле само на Р4 станицата со појака ватажа не ми е наштелована а и не мислам да ја правам нормално дур не положам значи не во брзо време.Мислам не сега одма но ќе биде.Така да од мене такви работи нема да се прават више.  73

Можеше да кажеш се во една реченица:
- Да, јас бев, се извинувам, нема да се повтори.
Жан