Па вака треба жици да тегниш
Жици е полесно да монтираш од цевки. Можеш како сакаш да ги пушташ, плус може и да висат, свитливи се, отпорни на сонце, не се толку дебели, итн.
Абе сега ти е таман 50 литра.... xD
Да да, таман е, нема проблем
. Брзо се загрева, тоа му е голема предност
. За што и да ти треба, за 20, 25 минути имаш целосно загреан бојлер на „двојка“ (од прилика), а тоа е повеќе од доволно топла вода за да кога ја измешаш со ладна, да имаш вода за едно бањање, плус и останува.
Фрижидерите секако се економични, таков им е принципот, фризојте не знам што ти се ...
Не не, постарите модели повеќе струја им трошат моторите. Не ради друго, повеќе гееја моторите. Ене гледам колку грее моторот на фризот нов што го земав и на тој пред него што го имав. Кога работеше моторот, на тој стариот (претходниот), не можеше да го допреш, чуреше. Овој сега, новиов, no frost... едвај загрева... топол е, ама далеку од жежок, а повеќе лади во однос на претходниот. Ставаш од пластикине со вода за коцки лед, за еден час е целосно замрзната водата. Со претходниот, ехееееее, дур да замрзне, може и 3, 4 часа да поминат... и тоа само за да не тече од тоа пластиката, инаку внатре не е замрзната.
Не не, поефикасни се новиве, нема збор. Сметката за струја сама си кажува. Немам ништо сменето друго, освен фрижидерот и фризот, од лани до сега. Претходно плаќав 3000 до 3500, зависи дали е лето или зима. Од тогаш наваму, откако сменив фриз и фрижидер од 2000 до 2500. Последниов месец ми дојде 2900, ама знам зошто, ради климата, почесто ја пуштавме последниов месец, многу топло беше.
Има фотонапонски панели со димензии 600мм х 1200 мм ,напон 70V, 1A ЦЕНА 10ЕУР овде во Македонија.
Поврзуваш три сериски и добиваш 210V . Број на вакви модули према потреба и место на поставување. Ги поврзуваш дирекно на греачот.
И што добиваш? 210V (плус, тоа е еднонасочен, за да биде еквивалентен на наизменичен, треба со корен од 2 да ја делиш таа вредност, што значи дека ќе треба 5 да врзеш, односно (5 * 70) / 1.41 = 350 / 1.41 = 248V~) и 1A. Ај жити се, кажи ми што ќе праиш со 1A на 248V
. 250W моќност... максимум осмина од моќноста на 2KW греач, колку што скоро сите бојлери имаат
. Ќе ги гњавиш панелите само, ништо нема да постигнеш.
Значи, треба да врзеш по 8 во паралела, па тие 8 потоа со по 5 такви исти 8 паралелно врзани... значи 40 панели треба да земеш за еден бојлер
... ако имаш и нива твоја до зградата, да, се исплати
.
Плус, ова решение функционира само преку ден... односно дур има сонце... кога ќе снема, топки кантарови, топла вода нема
... барем не преку овој систем.
Тој е акумулатор на топлина кога ќе се загрее примарниот бојлер на потребна температура.
Значи јас неам друга работа, само бојлери ќе стаам низ станот
.
Види... овие решенија се добри, ама за во куќа. За во стан, не иде така. На располагање го имаш просторот во станот, евентуално нешто надворешен дел за ако ставиш клима и толку. Немам намера да го полнам станот само со бојлери, примарен, секундарен, ваков таков... плукни му се ако треба да го препраам цел стан за 200 денари минус на сметка за струја.
Кај ги има овие кај нас, да не си утнал една нула можда?
Ова е башка муабет, 100% е утната една нула... 10 евра 70V панел
.
Мое лично мислење за проблемот со високи сметки за струја поради бојлери е беспредметно. Грејте си бојлер на евтина тарифа (сеуште ја има) и така ќе заштедите.
Евентуално, ако ви дозволуваат финансиите и просторот, монтриајте си бојлер на плин. Има и такви. Не се скапи системите, преправки има минимални, а боца менувате еднаш на 2 или 3 месеци, зависи колку често се бањате. Вујко ми има ваков ставено, живее заедно со братучетка ми и братучед ми. Братучетка ми сигурно се бања барем еднаш дневно, вујко ми братучед ми... два пати, три пати неделно... зависи од годишно време. Епа со такво трошење, 500 денари за плин фрлаа еднаш на 2 до 3 месеци.