Најди некоја изгорена матична со овакви конектори и извади ги - најефтино е.Видов и конектор-адаптери од оптички на пин-конектори ,само беа скапечки : 180 ден.за парче,само не се секавам во кој каталог беше.Беше некоја фирма од СК.
Ми беше интересна темава, па вчера на јутуб гледав видео содршини како се инсталираат конекторите на оптичките кабли.
Еве едно видео од корисник (со Др. титула), како дома си ги инсталирал конекторите на оптичкиот кабел (за сопствена потреба) :
Второто видео е од промотор на фирма која нуди кабелски инфраструктурни решенија:
Интересен е вториот пример, кој е надополнет со објаснување што е добар оптички кабел при проверката на оптичкото влакно, со фибер оптички микроском (дел од видео лентата од 6:45 минути до 7:30 минути).
Со тоа добивам представа дека , ако порано за аудио опрема се бараа позлатени конектори, во овој случај при купување на позлатени конектори или Тошлинк кабел со позлатени конектори, позлатените се само за декорација. Најважен е квалитетот на влакното и доволно е да избирете пластичните конектори. Ако оптичкото влакно е заникаде (ѓубре), тој кабел се фрла.
Но еве , во најновата техника која се продава, има само влезови за Тошлинк кабел. Оваа тема е одамна отворена , па ме интересира:
Дали некој има направено Тошлинк кабел ? Од каде би се набавиле кабелот или конекторите ? Итн, итн , ...
Интересно е да споредиме различни искуства.