Македонски форум за електроника

Други технологии => Електроенергетика => Topic started by: sorabotnik on 10.10.2012, Wednesday, 21:35:01

Title: Греач за гранитни плочки од кантал жица
Post by: sorabotnik on 10.10.2012, Wednesday, 21:35:01
Здраво,

Сакам да изведам алтернативно греење за во мојата работна просторија која има димензии 2,3м х 2,3м со висина на плафонот од 2,8м.

Целат ми е во една вдлабнатина во зидот да поставам гранитни плочки кој имаат изглед на декоративен камен. Овие плочки кој веќе ги имам се со димензии 60см х 30см. Имаат висока температурна отпорност и се продаваат за обложување околу камини, печки ...
Целата работа е во тоа што откако тие ќе се загреат, многу полека се ладат а со тоа е долг период зрачат топлина во просторијата.

Планирам тоа да го изведам со кантал жица-греач.
Целта ми е да ја поставам првин нејзе на претходно подготвена подлога а потоа да ги залепам врз неа гранитните плочки.

Е сега, имам неколку прашања:

1. Каде да најдам таква жица?
2. Која дебелина на жица да купам и како да рачунам со должина од 5м да ми троши максимум 500w?
3. Дали може да се користи и бакарна жица бидејки се сеќавам дека со таква поставена помеѓу два најлона порано правеа и продаваа подно греење за под тепих?

Ве молам за помош зашто сум тотален лаик кој има идеја и желба, а немам никакво познавање од оваа работа?

Фала.
Title: Одг: Греач за гранитни плочки од кантал жица
Post by: Gestak on 10.10.2012, Wednesday, 23:30:41
За такважица незнам дали ке најш,само знам дека таква жица има во електрични ќебиња за зимно време. И едно врем во едни теписони имаше,за ќебиња електрични знам стандард оние што се 2м на 1,5м имаше 80W до 200W со поголеми димензии е сега за жица дали се продава таква незнам...
Title: Одг: Греач за гранитни плочки од кантал жица
Post by: najdo on 11.10.2012, Thursday, 11:39:10
Има како нема, во Скопје има 100%, прашај некој кој се занимават со греачи и греење ке знај кај да те упати.
Title: Одг: Греач за гранитни плочки од кантал жица
Post by: bicikle on 11.10.2012, Thursday, 13:56:48
Мпој предлог е да отидеш на бувљак вторник или петок, тамо имам гледано бакарни жици за греење под. Ако нема соодветни димензии, можеш да ја преуредиш жицата за да ти одговара на плочите. Кантал или це-ка жица има по греачи од фен, калорифери, греачи од бољер од релна за шпорет.... Патем тие се вжештуваат многу, па брзо ќе прегорат, но може да се врзат два греачи сериски со што ќе се намали топлината и потрошувачката... Иста така, ако дозволува просторот, можеш да ставиш греачи за релна, тие се дизајнирани да издржат и повисоки температури, но подобро е да поставиш некој термостат на самата плоча.
Title: Одг: Греач за гранитни плочки од кантал жица
Post by: sorabotnik on 11.10.2012, Thursday, 19:33:50

Фала на сите за помошта.
Кажи ми само нешто, викаш дека тие жици многу се вжештуваат. Па не ли е логично дека нема да се вжештуваат бидејќи топлината ќе ја предаваат на телото на кое се поставени и така ќе го загреваат него?
Освен тоа кажете ми како се рачуна колку струја троши еден греач?
На пример имам греач од бојлер или жица-греач од фен. Е сега, имам и уред за мерење (мултимер или како и да се вика). Знам некако требаше да се постави за мерење отпор (ом) па потоа од добиената вреднос преку некоја формула се добиваше потрошувачката на струја. Е како точно беше тоа за да измерам колку струја троши тој греач?
Исто така, како да израчунам која должина на кантал или бакарна жица за подно греење ќе ми треба за да добијам греач со потрошувачка од 500w?

Извинете на неукоста ама ако не прашам - како ќе научам?  :D
Title: Одг: Греач за гранитни плочки од кантал жица
Post by: bicikle on 11.10.2012, Thursday, 21:10:15
Жицата во бољерот или фенот направена е да се лади со разладен флуид(вода или воздух), додека ако ги ставиш истите на гранит ладењето значително ќе се намали. Исто како кај фенот, и греачот кај релната се лади со воздух, но воздухот циркулира значително помалце одколку кај фенот- намалено е ладењето на грачот.
За да се избегне овој проблем, предложив да врзиш два греачи од бољер или фен сериски.... или ако ставиш од релна ќе го врзиш нај нормално, така мислам е наједноставно.
Претежно пишува колкава моќност има на самиот грач. Инаку, напонот го делиш со отпорот и добиениот разултат го множиш со напонот. Патем отпорот се разликува драстично на 50 степени и на 500 степени.  
Code: [Select]
http://www.pelicanwire.com/formulas-resistance/ohms-law-calculator/
Code: [Select]
http://www.niwire.com/service/heating-wire-calculation/