Author Topic: Драјвер за високонапонско трафо  (Read 1323 times)

Offline ivica.s

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 369
  • Gender: Male
  • RF Guru
    • Регистрирај се и заработи на envato.com
Драјвер за високонапонско трафо
« Opened on 12.11.2011, Saturday, 13:34:11 (Edited 12.11.2011, Saturday, 19:03:48) »
Имав едно AC високонапонско трафо дома и се мислев да му направам добар драјвер, па се одлучив за оваа шема:




Шемата не е ништо посебно, 555 кој осцилира во астабилен мод и преку двата транзистори го “вози“ IRF540 мосфетот. Морам да напоменам дека оригиналниот примар од трафото го извадив и на негово место намотав 7 намотки изолирана жица извадена од 2,5 мм кабел за инсталација. Мосфетот се загрева многу, ама е поставен на огромен ладилник и нема гајле.  ;)

Исто пробав на паралелно на примарот да ставам  кондезатор од 470 нанофаради за да работи трафото во резонанција, и вака мосфетот не се загрева, ама напонот на секундарот е помал за сметка на поголемата струја, лаковите делуваат помоќно и се пожешки,  усвитуваат и топат тенка жица  :o

Инаку на 25 волти драјверов влече околу 3,5 ампери кога е наместен со тримерите за највисок напон на излез, а при влечење на лакови околу 6 ампера, веројатано дека на 6 ампера напојувањето има  струјно ограничување.  По далечината на која фрла искра, мислам дека излезниот напон е околу 20 kV, а фреквенцијата на работа на која дава највисок напон е 81 KHz.


Еве неколку слики:










Плазма топка со две сијалици  :)





Напомена до сите кои планираат да прават нешто слично, бидете внимателни, ова не е играчка.


Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6340
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Моментално е паднат серверот каде што се хостирани сликите, затоа избегавајте да ставате слики на pic.mk, ставајте на други посигурни сервери
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline ivica.s

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 369
  • Gender: Male
  • RF Guru
    • Регистрирај се и заработи на envato.com
Моментално е паднат серверот каде што се хостирани сликите, затоа избегавајте да ставате слики на pic.mk, ставајте на други посигурни сервери


Средено, на друг хост ги ставив сликите.

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6340
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Браво за сработеното и за објаснувањето.
П.С. Овој тип на теми ке носат најмногу поени за влез во ВИП делот.
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.